You are on page 1of 2

ЏОВАНИ БОКАЧО - ДЕКАМЕРОН

Џовани Бокачо
– роден во Париз (потекло од Фиренца), па семејството се вратило во Фиренца;
– учителот Џовани Мацуоли му развил љубов кон Данте;
– по желба на татко му учел за трговец и за канонското право ( немал интерес);
– ги проучувал делата на античките писатели;
– на 14 г. отишол во Неапол, на дворецот на кралот Роберт Анжујски, кој му станал
пријател и мецена (останал 13 г.);
– се вљубил во вонбрачната ќерка на кралот и ја опишал во делата како Фјамета;
– оваа љубов станала дел од неговиот живот (а не платонска);
– се вратил во Фиренца, се занимавал со политика и дипломатски мисии;
– пријател со Петрарка;
– го проучувал животот на Данте и ја толкувал „Божeствената комедија“ на јавни
предавања;
– умрел во Черталд.
Творештво:
„Филоколо“ – роман во проза (љубовно-авантуристички);
„Филистрато“ – спев во стихови (Тројанската војна);
„Љубовна визија“, „Фјамета“ – раскази, автобиографски;
„За геналогијата на боговите“ – грчка митологија;
„За знаменитите жени“ – продолжение на зборникот на Петрарка;
„Лавиринт на љубовта“ – сатирично дело VS жените, според „Божествената комедија“;
„Животот на Данте“ – биографија (недовршена);
„Декамерон“ – новели, стекнал светска слава.
Декамерон
„Декамерон“ претставува заокружена збирка раскази што авторот го постигнал со
воведниот дел, односно „Уводната новела“. Во неа Бокачо го прикажува својот
концепт на збирката.Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе
(7 жени и 3 мажи) се засолнуваат во една куќа (се повлекуваат во карантин) и за да не
им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да
прават.
1. Композиција: 100 новели (поделени на 10 глави), а сите ги поврзува воведната
новела „Седумте девојки и трите момчиња“, како стожер на делото.
2. Содржина: Групата девојки и момчиња во време на епидемија на чума ја напуштаат
Фиренца и се засолнуваат во една вила во околината. Секој ден, секој член
раскажувал по една новела. Останале 10 дена и раскажале 100 новели. Секој ден
одбирале крал или кралица на денот, кој раководел со забавата и одбирал тема.
Според темите тие се поделени на:
1 ден – нема одредена тема – кралица е Пампинеа
2 ден – неприлика со среќен крај – кралица е Филомена
3 ден – за двомислени луѓе – кралица е Немфиле
4 ден – за несреќната љубов – крал е Филострат
5 ден – за среќната љубов – кралица е Фијамета
6 ден – за оние кои биле итри и досетнно се спасиле – кралица е Елиза
7 ден – за жените кои го изневериле мажот – крал е Дионес
8 ден – исмејувањата на мажите од жените и обратно – кралица е Лаурета
9 ден – слободна тема – кралица е Емелија
10 ден – за правилните постапки – крал е Помфил
Во „Декамерон“ се прикажани многу настани, ликови и случки. Освен според
деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите може да ги
поделиме во неколку групи.
3. Многу личности и настани – од разни класи и професии.
4. Новелите се делат во 3 групи:
I група: куси новели за некоја остроумна изрека што на јунакот му помага да се
извлече од тешкотија или непријатна ситуација.
Новелата „Форезе и Ѓото“.
II група: новели за големи добродетелства во кои се слави великодушноста,
дарежливоста и безрезервната љубов.
Новелата „ Маркизот од Салуцо“- сопружничка љубов и покорност (сиромашната
селанка Гризелда и маркизот Гвалтиери).
III група: новели за чудни пресврти на судбината и превртливост на среќата.
5. Во „Декамерон“ има многу хумористични и сатирични новели во кои се критикуваат
лакомоста, нечесноста, нискиот морал, лицемерието и суеверието.
6. Идеја: Величење на сè што е човечко, спонтано и природно.
Еднаквост на луѓето со различна интелигенција и карактер.

You might also like