You are on page 1of 3

Декамерон од Џовани Бокачо

Делото ,,Декамерон” е средновековно алегориско дело, познато по


љубовните приказни, напишано од италијанскиот писател Џовани Бокачо.
Делото е напишано од 1352 до 1354 год., и со него почнува историјата на
италијанксата уметничка проза, со него започнува една нова епоха во
западноевропската литература. Бокачо со Декамерон го пишува
народниот дух на италијанската ренесанса, одраз на неговото време, на
луѓето и на животот, чиј составен дел бил и самиот тој. Хуманизмот и
ренесансата во европската литература ќе ја обележат Данте Алигери,
Франческо Петрарка и Џовани Бокачо.
Протагонисти на ова дело се седум девојки и три момчиња. Во Фиренца
владее епидемија на чума и тие бегајќи од неа се засолнуваат во вила во
околината и го поминуваат времето во прошетки, игри и раскажување
новели. Секој ден , секој член од дружината раскажува по една новела,а
во вилата остануваат десет дена, и за тоа време раскажуваат сто новели.
Секој ден одбираат кралица и крал на денот, кој раководел со забавата и
раскажувањето на новели, како и одбирањето на тема. Темите и мотивите
на новелите се разновидни и во нив се забележани многу времиња,
настани и случки, личности и претставници на разни професии и
занимања, од најразлични социјални и економски класи и сталежи.
Новелите можат да се поделат во неколку групи. А интересно е да се
напомене дека Бокачо секоја своја новела ја звршува со поука.
Првата група е со куси новели во кои се раскажува за некоја остроумна
исрека, краток и брз одговор на јунакот со кој се извелкуава од тешка
ситуација. Оваа група е обележана со приказната ,, Форезе и Џото“, како и
приказните ,,Итрината на Кикибио”, ,,Франческа и Огелдалото”, ,,Гвидо
Кавалканти” и ,,Пекарот Чисти”. Приказната за Форезе и Џото за видни
граѓани, кои исто толку биле и грди. Форезе бил вешт во законите и бил
сметан за ризница на граѓанско право, а Џото бил најдобриот сликар. Еден
ден додека и двајцата се враќале од своите имоти, почнува да врне дожд
и тие се засолнуваат кај некој селанец, кој им дал две стари гуњи и шапки
и тие го продолжуваат својот пат. Од кога престанува дождот тие
разговараат и Форезе гледајќи колку е грд Џото, иако не е помалку и тој
самиот му вели: ,,Џото, да наидеме случајно на некој туѓинец што не те
видел никогаш, мислиш ли дека би поверувал дека ти си најдобриот
сликар на светот, како што си навистина?”, a Џото му
одговара: ,,Господине мислам дека би поверувал, ако, гледајќи во вас,
поверува дека ја знаете азбуката!”.
Втората група е за големите добродетелстава, во кои како етички
категории се истакнуваат љубовта, пријателството и другарството,
несебичноста и великодушноста. Овде спаѓаат новелите како ,,Маркизот
од Салуцо” и ,,Приказната за соколот”. Во ,,Маркизот од Салуцо“ се
зборува за Маркизот Гвалтиери кој ја зема сиромашната Гризелда, ќерка
на Џанукуле за жена. Таа ниту еднаш не му се протиставува на мажот кој ја
понижува и ја тера да се соблече гола пред сватовите, потоа и ги зема
децата, донесува нова жена во домот, а таа само молчи и трпи. Тоа се е
направено за Гвалтиери да ја искуша Гризелда, а кога ќе види со каков
добар нарав е тој пак ја зема за жена, и ги враќа децата и повторно ја
прави госпоѓа.
Третата група е за чудните пресврти на судбината, за превртливоста на
среќата. Овде преовладува хумористичноста и сатирата, која произлегува
со ниските човечки нагони, кои се среќаваат кај калуѓертие и
свештениците. Овде е карактеристична новелата ,,Фра Чипола и светиот
јаглен”. Секоја година Фра Чипола собира милост што му ја
даваат ,,будалите”. Едно попладне ги повикува граѓаните да дојдат пред
цркваат и да го исполант долгот кон нивниот господар, свети Антонио и
им ветува дека ќе им покаже предув од крилото на архангелот Гаврил,
што му паднува во собата на Богородица кога доаѓа да и каже за
безгрешното зачнување. Но, заради својот слуга Гучо Извалканиот, кој
зборувал со слугинката Нута, младите итромани Џовани и Бјаџо му го
заменуваат папагалскиот пердув со јаглен. За да се извелче од ситуацијата
тој вели дека наместо предувот ќе им го покаже јагленот ,,на кој се печел
свети Лавирентиј“ и го измамува народот. А младичите му ја откриле
својаат шега и му го враќаат перото кое и идната година ќе му донесе не
помалку корист одошто денот кога го прави истото дело со јагленот.
Бокачо е писател на граѓанската класа на Фиренца. Тој е писател –
родоначалник на италијанската уметничка проза која непосредно извира
и живо ги одразува животот и луѓето и јазичното богатство на
Фирентиското говорно подрачје, тој е реалистичен раскажувач и ја
прикажува човечката стварност. Декамерон” е дело со антиклерикален
карактер, затоа што неговата сатира е насочена кон лажнаат чистота на
свештениците. Декамерон исто така носи и голема етичка порака,
величејќи се што е човечко, спонтано и природно. Бокачо ги слави човекот
и животот, но исто така ги критикува за сите негативности, лаги, злоби и
лицемерија.

You might also like