You are on page 1of 2

,,Хамлет“ од Вилијам Шекспир

Делото ,,Хамлет” е трагично англиско дело напишано од Вилијам


Шекспир во периодот од 1599 и 1601 година. Драмата ни раскажува за
данскиот принц Хамлет, кој сака одмазда за својот татко убиен од чичко
му Клавидиј кој станува крал на Данска и ја зема мајката на Хамлет за
жена.
Дејството во оваа драма се изведува во Елисинот, има немир заради
можен напад од норвешкиот крал Фортинбрас. Делото почнува со тоа што
некои од стражарите на кралството гледаат сениште во дворот на
кралството што е во ликот на покојниот крал Хамлет. Тие го известуваат
приијателот на принцот Хамлет, Хорацио за да го види. Потоа стражарите
Марсело и Бернандо, заедно со Хорацио му пренесуваат за таа глетка на
Хамлет. Хамлет е многу тажен поради смртта на својот татко и свадбата на
својата мајка со чичко му. Тој следната ноќ оди да види дали тоа
навистина е татко му. Тој ја глеада сенката на својот татко во војничка
униформа и потоа оди да разговара со него. Татко му му кажува за тоа
како чичко му го убива со посипување отров во неговото уво додека спие.
Тој бара син му да го одмазди бидејќи Клавидиј го убива грешен пред да
може да се исповеда за своите гревови. Но, тој бара од Хамлет да не ја
повредува својата мајка. Потоа принцот Хамлет се однесува како луд, за
да не го насети чичко му и да може да го изведе своето одмаздување.
Следно гледаме како Офелија му раскажува на својот брат Лаерт, а
потоа и на татка си за тоа како Хамлет ја посетува и за неговата наклоност
кон неа. Полониј, таткото на Офелија им кажува на кралот и кралицита
дека можеби лудоста на Хамлет доаѓа од љубов кон Офелија. Потоа
кралот ги повикува пријателите на Хамлет, кои всушност се лицемерни и
се викаат Розенкранц и Гилденстрен. Тие повикуваат актери за да го
развеселат принцот Хамлет. Хамлет заедно со Хорацио смислуваат план за
да видат дали тоа што го вели призракот е точно или тоа е само демон.
Принцот им наредува на актерите да изведат точка со која ќе го претстават
убиството. Клаудиј се издава сам со тоа што им наредува на актерите да
престанат и се однесува нервозно.
Хамлет и Офелија се сретнуваат, надгледувани од Полониј и од кралот.
Хамлет и кажува на Офелија дека не ја сака и и вели да оди во манастир.
Потоа Хамлет разговара со мајка му Гетрурда, тој и кажува за убиството на
таткаси направено од Клаудиј и и го крши срцето на мајкаси. Тој насетува
некој зад завесата и го прободува мислејќи дека е кралот. Убиениот
всушност е Полониј. Кралот скришно го погребува Полониј и го испраќа
Хамлет во Англија, наредувајќи им на Розенкранц и Гилденстрен да биде
убиен.

You might also like