You are on page 1of 1

Опис на Ликот Тартиф

Драма на Жан Батист Поклен Молиер позната како “Тартиф“ е една од најпознатите драми
во историјата на литературата. За прв пат била издадена во далечната 1669 година на 9
јануари истата година. Во оваа драма се споменуваат голем број ликови но еден од
најистакнатите е ликот на Тартиф.
Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при измамата
на луѓето што му требаат. Лицемерството, интрината, способноста брзо да ги открие слабите
страни на човечката душа, се средствата со кои се служи Тартиф. Втората карактеристика е
тоа што нема измама и лага кои Тартиф не би можел да ги оправда со повисока цел. Тој го
прима подарокот односно куќ ата на Оргон единствено од страв дека имотот може да падне
во лоши раце, и дека нема да биде употребен како што треба. Дури и кога доаѓа за да го
истера Оргон од неговата сопствена куќ а, тој себеси се нарекува „осветник на небото“. Оваа
карактеристика е толку вкоренета во душата на Тартиф, што тој кога го прививкува Господ
изгледа искрен. Третата црта на Тартиф се одвратните карактеристики на неговата душа во
моментот кога ја трга маската и се покажува каков е, а тој е лаком, ненаситен, а најмногу
развратник, што претставува остра спротивност на она што самиот го зборува. Во
додворувањето кон Елмира, Тартиф покажува необичен цинизам. Но, можеби најважна
особина на Тартиф е тоа што тој има врски насекаде, и во дворот и во административните
кругови. Тој брзо го наоѓа полицискиот службеник кога му затребал, и лесно може да дојде
до кралот. Лесно може своето лично прашање да го претвори во општо државно прашање. И
во моментот кога станува против Оргон, тој се претвора во ревносен шпион. Како и бројни
други големи дела, „Тартиф“ може да биде сфатен на повеќ е начини. Уште со првобитниот
наслов „Тартиф или лажливец“ Молиер сакал да се одбрани од нападите на католиците,
нагласувајќ и дека ги исмејува само лицемерите, а не и вистинските верници. И во самото
дело има стихови што ја потврдуваат таа теза. Сепак, постојат и мислења дека на тој начин
авторот само сакал вешто да се одбрани од потенцијалните напади на непријателите.
Навистина, членовите на моќ ната организација „Света причеста“ истакнувале дека неговата
критика се однесува на сите побожни луѓе.
Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силно прикажана што на режисерите и на
глумците им дозволува широки можности за интерпретација. Исто така, темата воопшто не
е локална, туку универзална бидејќ и, покрај луѓето кои цврсто веруваат во одредени идеи,
секогаш ќ е постојат и лицемери.

You might also like