You are on page 1of 2

Марија Трајкоска I9

Лектира број 3:

“Скржавецот”

од Тит Макиј Плаут

1. Белешка за авторот на драмата

Тит Макиј Плаут е автор на комедии кој творел во првата етапа од римската
книжевност, односно, во периодот кога старогрчките епови, трагедии и комедии биле
преведувани на латински јазик. Но, она што е карактеристично за Плаут е тоа што тој
во старогрчките дела воведил вулгаризми, невкусни шеги и хумор. Неговиот хумор
бил едноставен, како и јазикот кој го користел. Причината за ова била тоа што тој
сакал неговите дела да допрат до поголем дел од населението. Од дваесетте зачувани
комедии на Плаут достапни се следниве четири: „Заробеници“, „Трговец“, „Скржавец“
(„Ќуп со злато“) и „Менехми“ („Менајхме“).

2. Интерпретација на драмата

Жанровска определба – комедија (античка комедија);


Тема – Еуклион – жртва на скржавоста и сопственото богатство;
Идеја – Скржавите и богати луѓе не уживаат во богатството кое го имаат
бидејќи стравот да не го изгубат истото ги совладува;
Дискурс – поетски;
Композиција: пролог (монологот на куќниот Бог), 4 епизоди и есхода;
Единство на дејство (стравот некој да не го пронајде ќупот со злато), време
(24 часа) и место (Атина);
Ликови: куќниот Бог, Еуклион (стар човек кој живее во сиромаштија,
скржавец), Федра (млада и бремена девојка, ќерка на старецот Еуклион),
Стафила (пристара жена, слугинка на Еуклион и дадилката на Федра), Мегадор
(стар и богат човек, сосед на Еуклион), Еуномија (сестра на Мегадор и мајка на
Ликонид), Ликонид (младо момче кое ја заведило Федра), Стробил (робот на
Ликонид), слугите и готвачите;
Универзални вредности: Со најблиските да ги споделуваме сите нешта што ги
поседуваме, вклучувајќи го и богатството, како и да не дозволиме стравот
поради загуба на богатството да не совлада.
3. Мое лично мислење за делото

Според мене, Плаут се обидел на хумористичен начин да ни ја покажи


скржавоста како негативна особина кај човекот. Односно, прикажал дека богатството
всушност не го прави човекот среќен. Туку, напротив, го уништува и покрај скржав го
прави и беден и тој се сомнева во секој еден дека сака да му го украде неговото
богатство. Исто така, сметам дека и ден денес постојат луѓе кои ја имаат оваа
негативна особина и не знаат да уживаат во животот, туку само се стражари на
нивните пари.

You might also like