You are on page 1of 3

Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот

вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има
насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на
жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е
задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации,
феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.

Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно,


еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како
ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за
да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира
човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат
и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на
пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од
кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се
претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа,
Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало
дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно", [1] една понова студија,
од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската
дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2]
Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500
години на Кипар.[3][4]

Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

Kot na parapecie.jpg

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста

„Приказна за мачката“ – приказна на африканското племе Свахили.[5]

„Кокошката и мачорот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[6]

„Куцото петле и мачорот“ - македонска народна приказна.[7]

„Круг“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.[8]


„Ах, тоа маче“ - расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.[9]

„Мачката и кралот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[10]

„Мачорот и птиците“ - басна на Емброуз Бирс.[11]

„Жена и мачка“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[12]

„Црн мачор“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[13]

„Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.[14]

„Папагалот и мачката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[15]

„Четирите мачки“ (српски: Четири мачке) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[16]

„Ќе има игранка“ (српски: Биће игранка) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[17]

„Концерт“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[18]

„Кукањето на мачката“ (српски: Мачково јадање) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[19]

„Куќата на сивиот мачор“ - збирка раскази на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1922
година.[20]

„Чуден мачор“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[21]

„Ева е во својот мачор“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.[22]

„Мачка во магла“ - книга на македонскиот писател Владимир Мартиновски.[23]

„Големата авантура на Фигаро“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера


Николова.[24]

„Мачето на Господ Бог“ - расказ на руската писателка Људмила Петрушевска.[25]

„Мачор-астроном“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[26]

„Црна мачка“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[27]

„Cat's Avanger“ - расказ на романскиот писател Алекс Точилеску.[28]

„Мачка со исклучителна убавина“ - расказ на руската писателка Људмила Улицка.[29]

„Мачка на дождот“ - расказ на американскиот писател Ернест Хемингвеј.[30]

„Мачор“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[31]

„Мачорот Мур“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.[32]

„Безимената мачка“ - расказ на рускиот писател Варлам Шаламов.[33]

„Мачка во празен стан“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[34]

Мачката како тема во филмот

„Мачка“ (Die Katze) - германски филм од 1988 година, во режија на Доминик Граф.

„Мачорот во чизми“ (англиски: Puss in Boots) - американски анимиран филм од 2011 година, во
режија на Крис Милер.[35]
„Лошиот мачор“ (Kötü Kedi Şerafettin) - турски анимиран филм од 2016 година.[36]

„Риба и мачка“ – ирански филм од 2013 година, во режија на Шарам Мокри.[37]

„Мачка во вреќа“ - германски филм во режија на Флоријан Шварц.

Мачката како тема во музиката

„Луѓе-мачки“ (Cat people) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.
[38]

„Мачки во чинија“ (Cats In A Bowl) - песна на американската рок-група „Дајносор“ (Dinosaur) од


1985 година.[39]

„Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група „Кјур“ (The Cure).[40]

„Кога мачката е замината“ (When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група
„Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[41]

„Мачки и кучиња“ (Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група „Ментал ез енитинг“
(Mental As Anything) од 1981 година.[42]

„Блуз за мачките-скитници“ (Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“
(The Rolling Stones) од 1968 година.[43]

„Дивите мачки од Килкени“ (Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The
Pogues) од 1985 година.[44]

„Мачката е во ормарот“ (Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит


Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година.[45]

„Мачка“ - песна на југословенската рок-група „Фит“ од 1988 година.[46]

„Како да одериш мачка“ (How To Skin A Cat) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“
(Hüsker Dü) од 1985 година.[47]

„Мачор“ (Puss) - песна на американската рок-група „Џизас лизард“ (The Jesus Lizard) од 1992
година.[48]

„Myau“ - песна на македонската рок-група „The John“ од 2012 година.[49]

You might also like