You are on page 1of 3

Емисиите што се прикажуваат преку телевизиските екрани се

викаат телевизиски емисии.


Телевизиските емисии можат да се следат преку:
- ТВ – приемници
- преку интернет
- на компјутер и други апарати.
ТВ – емисии кои се интересни за децата се
следниве:Образовни;Научно – популарни;Детски квизови;Народни
приказни.
*Филмот е форма на културата позната како седма уметност. Тој
претставува вид на комуникација која користи движечки слики и
звук со цел да се раскажат приказни или да се помогне на луѓето да
научат нешто ново и да дојдат до нови идеи.
На почетокот филмовите биле црно – бели и неми (филмска снимка
која не содржи звучен запис).
*Филмот може да биде: цртан, игран, сериски,документарен,
краткометражен и долгометражен.
ПЛАН
1.Филмот е магија на подвижни слики.
2.Филмот е дело што се снима со камера и се претставува преку
телевизиските екрани или преку филмско платно во кино салите.
3. *Филмот може да биде претставен наеднаш – игран филм или да
има продолженија – серии.
4.Првиот снимател на Балканот бил Милтон Манаки.
ЦРТАН ИЛИ АНИМИРАН ФИЛМ
1.Цртан филм претставува илустрација која е исполнета со
хумористични елементи.
2. Цртаните филмови можат да бидат прикажани во куси серии, во
подолги серии или во едно прикажување.
3.Луѓето кои ги произведуваат цртаните филмови се викаат
илустратори и аниматори.
ЕНЦИКЛОПЕДИЈА
1.Енциклопедија е пишана збирка на знаење.
2. Енциклопедија можат да бидат општи,содржејќи статии на теми
во многу различни полиња или специфични за одредено поле.
3. Енциклопедијата исто така се дели за деца и за возрасни.
ТЕАТАР
План за во тетратка:
1. Театарот е место, (зграда), каде гледаме театарска претстава.
2. Гледачите се сместуваат во седиштата за публика.
3. На сцената излегуваат глумците – актерите.
4. Сцена (бина) е местото на кое се изведува претставата.
5.Актерите се облечени во костуми.
КУКЛЕН ТЕАТАР
1.За куклените претстави се изработуваат кукли.
2.Гласот на куклата го интерпретираат актери -куклари.
3.КУКЛИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗРАБОТУВААТ ОД НАЈРАЗЛИЧНИ
МАТЕРИЈАЛИ,(КАРТОНИ,СУНЃЕРИ,ТЕКСТИЛ ,ХАРТИЈА ,ДРВО И ДР).
4.КУКЛЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ СЕ МНОГУ ПОУЧНИ, СО ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ
ЗА РАЗВОЈОТ НА ДЕЦАТА.
БИБЛИОТЕКА
1.Библиотека е местото каде што се чуваат и позајмуваат
книги,списанија и други извори
на/знаења(речници,прирачници,лексикони,енциклопедии).
2. Градската библиотека има голем број на книги и во неа можат да
се зачленат сите жители на еден град.
3. Книгите од библиотека се изнајмуваат со членска книшка.
4.За секоја изнајмена книга се плаќа симболична сума на пари ,а
книга се задржува онолку колку што е пропишано со правилата за
работа на секоја библиотека.
ТЕЛЕФОН
Телефон (од грчки:„теле“ (τηλέ) што значи „оддалечен“ и „фон“
(φωνος) што значи „звук“) е уред за комуникација на далеку, којшто
се користи така што прима и пренесува звук (главно, човечки говор)
од едно место на друго и обратно.

You might also like