You are on page 1of 2

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Во литературата постојат три родови (епика, лирика и драма) и во


филмската уметност има три родови: документарни, играни и анимирани
филмови.
Документарен филм (или разг. документарец) е научно-образовен
филм сниман за образовни цели. Документарните филмови најчесто
обработуваат теми со научен карактер и теми од: секојдневниот
живот,природата, културата, историјата, науката, спортот, политиката,
географијата, биологијата и слично.
Содржините на документарните филмови се вистински, се снимаат на
лице место каде што се одвиваат настаните.
Овие филмови може да се споредат со литературното дело расказ
зашто има тема, ликови,содржина.(Иако има и разлика меѓу нив).
За разлика од играните филмови,кои се снимаат со предходна
подготовка за се она што ќе се снима, документарните филмови се снимаат на
лице место каде што се одвива настанот и не може да се предвиди текот на
настанот.
Постојат кратки документарни филмови и долгометражни филмови,
најчесто снимани во повеќе продолженија.
Исто така, постојат и голем број на телевизиски куќи што произведуваат
и емитуваат документарни филмови. Такви светски куќи се: National
Geographic, Discovery Channel, Travel Channel, Via Sat Explorer, Via Sat
History,Da Vinci Learning, TLC и голем број на останати светски реномирани
куќи.
Со следење на документарните филмови ги збогатуваме нашите
сознанија од сите области на живеењето.

Документарен филм:
- го прикажува реалниот (вистинскиот) живот;
- ги забележува настаните на лице место или ги прикажува во вид на
документ (фотографии, весници, ракописи и сл.);
- ги користи документите како доказ за вистинитоста;
- избира тема, а содржината ќе ја драматизира.

При монтирањето (склопувањето) на снимениот материјал за да се


подготви филмот се води сметка за:

a) одбирање на снимениот материјал според мотивот, идејата и целта на


филмот;
b) дијалог меѓу личностите (правно вградување на аудитивните елементи);
в) Шумот, музиката да бидат соодветни со содржината.
Задача:
Секој ученик да се присети на веќе гледан документарен фил или да се
информира за да проследи таков вид филм.
Потоа писмено да одговори на прашањата кои следат:
1.Наслов на филмот и темата која ја обработува(од науката, од секојдневниот
живот, од историјата и сл.)
2. Кратка содржина на филмот
3.Локации каде што е снимен филмот
4. Кои нови податоци (сознанија,личности, предели и сл.)ги научи од филмот
5. Твој коментар (критика, оценка ) за филмот

https://www.youtube.com/watch?v=aZEqYiWvsZg
https://www.youtube.com/watch?v=N57fZIdZK-Q&t=542s

https://www.youtube.com/watch?v=UsFwlKPXp94

https://www.youtube.com/watch?v=B27ORUHlp6E&t=70s

https://www.youtube.com/watch?v=ChgE8Vq6Plw

Еве ви во прилог неколку документарни филмови кои може да ги


искористите при реализација на задачата.

You might also like