You are on page 1of 3

Волкот (Canis lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а

предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен
волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците
по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за семејство.
Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот
живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Подигање

Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и
седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им
помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални
услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од
претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата
зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат
во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот
подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.

Исхрана

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној
вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се
распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот
улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како и зајци,
куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.

Распространетост

Волкот е распространет во Северна Америка, Гренланд, Европа и Азија.

Волкот како тема во уметноста и во популарната култура

Волкот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Волкот како тема во книжевноста

„Глупавиот волк“ - кавкаска народна приказна.[3]

„Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.[4]

„Лисицата му се одмаздила на волкот“ (српски: Лисица се осветила вуку) — српска народна


приказна.[5][6]

„Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.[7]

„Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[8]


„Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.[9]

„Волчицата и волчињата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]

„Волкот, бабата и детето“ - басна на Езоп.[11]

„Лавот, волкот и лисицата“ - басна на зоп.[12]

„Волкот и овцата“ - басна на Езоп.[13]

„Волкот и коњот“ - басна на Езоп.[14]

„Волкот и ждралот“ - басна на Езоп.[15]

„Волкот и козата“ - басна на Езоп.[16]

„Волкот и лавот“ - басна на Езоп.[17]

„Волкот и јагнето“ - басна на Езоп.[17]

„Волкот и јагнето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[18]

„Волците и кучињата“ - басна на Емброуз Бирс.[19]

„Волкот и нојот“ - басна на Емброуз Бирс.[20]

„Волкот и бебето“ - басна на Емброуз Бирс.[21]

„Волкот и овчарите“ - басна на Емброуз Бирс.[22]

„Волкот и жеравот“ - басна на Емброуз Бирс.[23]

„Сточарот и волкот“ - басна на Емброуз Бирс.[24]

„Волчица“ - расказ на италијанскиот писател Џовани Верга.[25]

„Волкот и девојката“ — краток расказ на македонскиот писател Бардил Заими.[26]

„Друштво на волци“ - расказ на англиската писателка Анџела Картер.[27].

„Волк“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[28]

„Волчја авантура“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[29]

„Песната на волците“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[30]

„Волчја сенка“ (српски: Вучја сенка) - песна на српскиот поет Васко Попа.[31]

„Волчја сол“ (српски: Вучја со) - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.
[32]

„Поклонение на Куциот Волк“ (српски: Поклоњење Хромом Вуку) - циклус песни на српскиот
поет Васко Попа од збирката „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година.[33]

„Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.[34] [35]

„Волкот и лисицата“ – сказна на браќата Грим.[34]

„Волкот и човекот“ – сказна на браќата Грим.[34]

„Волкот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[36]


„Вечно гладен“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[37]

„Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од


1963 година.[38]

Волкот како тема во музиката

„Страшниот волк“ (Dire Wolf) - песна на американската рок-група „Грејтфул дед“ (Grateful Dead)
од 1970 година.[39]

„Брате волк, сестро месечино“ (Brother Wolf; Sister Moon) - песна од истоимениот албум на
британската рок-група „Калт“ (The Cult) од 1985 година.[40]

„Како ќе преживее ли волкот?“ (How Will the Wolf Survive? ) - музички албум на американската
рок-група „Лос лобос“ (Los Lobos) од 1984 година.

„Ќе преживее ли волкот?“ (Will the Wolf Survive? ) - песна на американската рок-група „Лос
лобос“ (Los Lobos) од 1984 година.[41]

„Волкот што живее во Линдзи“ (англиски: The Wolf That Lives In Lindsey) - песна на
американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1979 година.[42]

„Волците умираат сами“ (Vukovi umiru sami) - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ од
2005 година.[43]

„И волците излегуваат“ (...And Out Come The Wolves) - албум на американската панк-група
„Ренсид“ (Rancid) од 1995 година.[44]

Волкот како тема во филмот

„Танц со волците“ - (англиски: Dances with wolves) - американски вестерн филм од 1990,
режиран од Кевин Костнер.[45]

„Часот на волкот“ (шведски: Vargtimmen) - шведски филм од 1968 година, во режија на Ингмар
Бергман.[46]

You might also like