You are on page 1of 2

4.

Класицизам (втора половина на 17 век)

Да се запомни!
-рационалистичка основа-доминира разумот

-култ кон антиката

-типичен лик(скржавец,измамник)

-совршенство на формата-нема мешање на стиловите

-се создаваат творби за различни категории луѓе: виши(трагедија,химна,ода,епопеја),


средни(елегија,идила,сатира,епиграм),нижи(комедија-сликање на секојдневниот живот)

,,Тартиф’’ Жан Батист Поклен – Молиер

-Напишал 33 комедии во стихови, од кои најпознати се: „Тартиф“, „Дон Жуан“, „Мизантроп“,
„Вообразениот болен“, „Скржавец“ и др. (претставник на францускиот класицизам);

--Драма-комедија напишана во стихови-5 чинa;

-Драма-комедија, комедија на интриги, комедија на карактери,комедија на нарави,


комедија –фарса;

-Во драмата има единство на време ,простор и дејство(повод да се напише драмата било
француското општество-кое било против неговата работа)

- Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро
против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против
ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа
Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност
како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Тартиф(лажен свештеник)

Приврзаници на Тартиф Противници на Тартиф

-Оргон-главата на семејството -Елмира-втора жена на Оргон

-г-ѓа Пернел -Дамис-Оргонов син

-Маријана-ќерка на Оргон

-Валер-љубовник на Маријана

-Дорина-придружничка на Маријана

Клеант-шура на Оргон

Тема-Конфликтите во богатото и угледно семејство на Оргон поради величењето на


лажниот свештеник Тартиф.

Идеја-Да се исмее и искритикува религиозното лицемерие и лажната набожност.


Содржина- Судир меѓу лагата и вистината низ лицемерието на Тартиф.

-Тартиф се појавува во 3 чин,а дотогаш ние вистински не знаеме кој е во право.

1 чин- г-ѓа Пернел го идеализира Тартиф, а заслепен од него е и нејзиниот син Оргон.

2 чин –Вметната е љубовта меѓу Маријана и Валер,кои сакаат да се земат,но Оргон ја


убедува ќерка си да се омажи за Тартиф.

3 чин-Се појавува Тартиф,кој најпрво и нас како читатели не’ убедува во неговата побожност,
но се’ додека не започне да и’ се додворува на Елмира.Овој разговор го слуша Дамис, но
Оргон не му верува на сопствениот син и толку е заслепен што го брка од сопствениот дом.

4 чин-Поставување стапица-конечно Орган дознава за лицемерието на Тартиф и го брка од


куќата(настанува пресврт)

5 –чин Клеант ја кажува класистичката идеја дека човек треба да се води од разумот ,а не од
страстите и чувствата.Тартиф го бара наследството од Oргон со полиција. Конечно, расплетот
е во полза на семејството на Оргон и полицијата го апси Тартиф,зашто веќе се дознало дека
тој е лажливец и лицемерник кој го барале веќе долго време.

Тартиф и ден –денес е синоним на лицемерство и лажна побожност.

You might also like