You are on page 1of 5

„Цар Едип“

1. Трагедија според Аристотел:


- Фабула (душа на трагедијата): откривање на трагичната судбина на царот Едип и
неуспешното избегнување од прореченото.
- Характери (карактери): Едип (главен лик), Јокаста (мајка на Едип), Креонт (брат на
Јокаста), Тирејсиј (пророк), свештеник, гласник, овчарот на царот Лај.
- Мисли: Едип по секоја цена сака да го најде убиецот на претходниот цар на Теба,
царот Лај, но на крај сфаќа дека тој го убил и дека воедно тој е негов татко.
- Израз (што произлегува од стилот на авторот, надворешни фактори, период во кој е
напишано делото, статус на ликовите): Софокле ја напишал оваа драма инспириран од
митот за Едип, драмата се случува во дворецот во Теба, ликот на Едип претставува
најтрагичен лик во историјата на трагедиите.
- Музика (се забележува при изведување на драмата)
- Сцена (се забележува при изведување на драмата - сценографија)

2.Теорија на заплет според Аристотел (фабула од 3 дела):


- Пресврт: Цар Едип го бара убиецот на Лај, но на крајот се пронаоѓа себеси. Исто така
сфаќа дека е во брак со својата мајка.
- Препознавање и премин од незнаење во знаење: Едип дознава дека е таткоубиец и
мајкољубец.
- Страдање, болка: Едип го убива татка си Лај, Јокаста се беси, Едип си ги боде очите.

3. Трагичен ефект (услови):


- Крв убива крв: Едип го убива Лај (исполнет услов)
- Делото го направил ликот од незнаење: Едип не знаел дека Лај му е татко, а воедно ѝ
наштетил и на мајка му Јокаста.

4. Трагичен лик (постојат 7 услови кои ликот треба да ги исполни):


- Луѓе од висок слој: Едип е цар
- Незнаење: Едип не знаел дека си го убива татка си
- Заслепеност: Едип е заслепен од моќта
- Грешка: Едип греши кога го убива Лај
- Сопствена вина: Едип греши по своја вина
- Препознавање на грешка: Едип ја дознава вистината
- Каење, страдање: Едип се кае и страда

! Според оваа анализа, можеме да заклучиме дека драмата „Цар Едип“ ги исполнува
сите услови кои ги навел Аристотел во неговото дело „За реториката“ во врска со
трагедијата.
„Парите се отепувачка“

1. Трагедија според Аристотел:


- Фабула (душа на трагедијата): животот и трагедијата на едно македонско сиромашно
семејство кое е принудено да го испрати својот син на печалба и проклетството на
парите кои го заслепиле Митре, па си го убил синот.
- Характери (карактери): Митре, Мара, Анѓеле, Ката, Софре, Ана, Коте, Депа, Фроса,
Панде
- Мисли: безизлезноста во сиромашното семејство ги тера Митре и Мара да го пратат
на печалба синот Анѓеле, па по 20 години кога истиот ќе се врати дома страда од татка
си кој е заслепен од богатството, не знаејќи дека тој е нивниот син.
- Израз (што произлегува од стилот на авторот, надворешни фактори, период во кој е
напишано делото, статус на ликовите): Ристо Крле ја напишал оваа драма инспириран
од вистинска случка која ја слушнал додека работел како чевлар во Подградец,
Албанија; драмата се случува во куќата на Митре и во куќата на ќерка му Ката; Митре
иако го убил својот син, не се смета за негативен лик бидејќи не убива тој, туку
сиромаштијата, желбата за подобар живот и зависта.
- Музика (се забележува при изведување на драмата)
- Сцена (се забележува при изведување на драмата - сценографија)

2.Теорија на заплет според Аристотел (фабула од 3 дела):


- Пресврт: Желбата за пари прераснува во убиство на сопственото дете.
- Препознавање и премин од незнаење во знаење: Митре дознава дека го убил
сопствениот син.
- Страдање, болка: Митре го убива синот Анѓеле, Мара умира од срцев удар, а Митре
си забодува нож во срцето.

3. Трагичен ефект (услови):


- Крв убива крв: Митре го убива синот Анѓеле
- Делото го направил ликот од незнаење: Митре не знаел дека Анѓеле е негов син, а
воедно ѝ наштетил и на жена си Мара (умрела од срцев удар кога дознала дека Митре
го убил нивниот син).

4. Трагичен лик (постојат 7 услови кои ликот треба да ги исполни):


- Луѓе од висок слој: Митре не е човек од висок слој, тој е сиромав
- Незнаење: Митре нне знаел дека си го убива синот
- Заслепеност: Митре бил заслепен од богатството на Анѓеле
- Грешка: Митре греши кога го убива синот
- Сопствена вина: Митре греши по своја вина
- Препознавање на грешка: Митре ја дознава вистината
- Каење, страдање: Митре се кае и страда

! Според оваа анализа, можеме да заклучиме дека драмата „Парите се отепувачка“ ги


исполнува сите услови кои ги навел Аристотел во неговото дело „За реториката“ во
врска со трагедијата.
Споредба
„Цар Едип“ : „Парите се отепувачка“

- Сличности постојат бидејќи и во двете драми се зборува за убиство на крвно врзани


ликови, во „Цар Едип“ синот го убива таткото, а во „Парите се отепувачка“ таткото го
убива синот. Во двете драми грешката се случува поради заслепеност од пари или моќ,
во двете драми ликовите кои се сметаат за трагични страдаат, се каат, ја препознаваат
грешката и ја прават по своја вина. Во двете драми се исполнуваат условите за
трагичен ефект.

! И двете драми ги исполнуваат условите за трагедијата што ги поставил Аристотел во


своето дело „За реториката“.

(Единствена разлика, освен тоа кој кого убива, е во тоа што трагичниот лик Едип е
човек од висок слој односно е цар, додека трагичниот лик Митре не е човек од висок
слој односно е сиромав)

You might also like