You are on page 1of 1

Цар Едип најтрагичниот лик во старогрчката литература се бори да ја промени судбината и да ја

избегне несреќата.

Трагичниот живот на Едип започнува со неговото раѓање и целиот негов живот е предодреден од
пророштвото на богот Аполон,кое гласело дека Едип ќе си го убие својот татко и ќе се ожени со
неговата мајка со која ќе има деца.

Ова таканаречено пророштво кои ги застрашува родителите ,заслепени од стравот и гордоста тие
со намера да ја избегнат судбината наместо да ја променат, постапуваат нечовечно и без
чувствително наредувајки да се убие Едип.Спротивно од желбата на родителите тој да не
постои,Едип израснува со други родители.Слепилото како ограничување не дозволува да се видат
можностите и да се стекнат знаења со кои навистина би допринеле за да ја променат судбината
наместо да бегаат од истата.Слепилото како главна тема на ова дело исто така го ограничува и
Едип за вистински да се спротистави на судбината и да живее живот кој не е судбински
ориентиран.Мислејќи дека се справува со судбината тој влегува во заблуда дека се спротиставува
на судбината но вистината е дека тој бега од субината бидејки да се бориш со неа подразбира да
се самоспознајш и да се отвориш кон светот и да гледаш кон пејсажот со отворени очи.Слепилото
го води едип во ќорсокак,во делото неговиот трагичен живот започнува на раскрсницата каде го
убива својот татко.Раскрнсицата симболизира понудени можности,различни аспекти и различни
патишта до неговата цел.И втората цел на Едип, да ја убие свингата и да се ожени со вдовицата
кралица на Теба завршува трагично бидејки се жени со сопствената мајка.Тој на крајот навистина
се соочил со вистината за себе и не можноста да ја прифати истата тој се казнува себеси
ослепувајки се кон светот а отварајќи се кон самоспознанието.

You might also like