You are on page 1of 1

Oд судбината и несреќата не се бега

Софокле е старогрчки драматург и е еден од тројцата големи трагичари заедно со Есхил и


Еврипид.
Преддејствието на ова драма започнува за време на владеењето на кралот Лај, Едиповиот татко.
Едип не бил ни свесен дека во целост го исполнил претскажувањето што на неговиот татко му
било проречено уште за време на неговото раѓање. Иако се трудел и настојувал по секоја цена да
го избегне претскажувањето и правел се до него да не дојде тој сепак на незнаејки го убил својот
татко и се оженил со својата мајка со која добил четири деца. Преку трагичната судбина на кралот
Едип, Софокле сакал да покаже дека човек колку и да се труди сепак има некои надворешни
околности кои влијаат на исходот од неговото дејствување. Понекогаш не е доволно само желба и
волја за да се оствари нешто туку треба и судбината да е наклонета. Со еден збор Софокле сакал да
каже дека за успех во животот треба и среќа. Животот на кралот Едип завршува така што со игла
од фустанот на Јокаста си ги искорнува очите. Тој се ослепува затоа што неможел да го види тоа
што го видел и Терезие, слепиот пророк. Неговата мајка неможејќи да се помири со сознанието
дека била оженета со својот син се обесува како чин на самоказнување.
Кралот Едип ,чесен човек кого го красат високи морални вредности го заврши животот како
кривец без вина, мислејки дека сам може да одлучува за својата судбина иако неговата судбина
била одамна одредена од боговите.

You might also like