You are on page 1of 29

Задача 1.1.

Потрошувачко подрачје се напојува преку преносен систем


што се состои од трансформатор T1, два вода и два трансформатора Т2
(слика З.1). Трансформаторот Т1 може да пренесе 100% од моќноста на
потрошувачкото подрачје. Секој од водовите може да пренесе по 80% а
секој од трансформаторите Т2 по 50% од моќноста на потрошувачкото
подрачје. Веројатностите за исправна работа (p) односно отказ (q) на
одделните елементи од системот се следни:

pT 1 = 0,98 qT 1 = 0,02;
pV = 0,95 qV = 0,05;
pT 2 = 0,97 qT 2 = 0,03

Слика З.1.1. Шема на напојување на потрошувачкото подрачје

Да се пресмета веројатноста за пренос на 100%, 50% и 0% од


моќноста на потрошувачката. Испадите на елементите Т1, V и Т2 да се
сметаат за независни настани.

Решение:

Веројатност за пренос на 100% од моќноста P100%.


За да може да се пренесе 100% од моќноста на потрошувачкото
подрачје неопходно е сите елементи од системот да бидат во погон
(исправни). Согласно теоријата на веројатност, веројатноста на таа
состојба ќе ја добиеме со множење на соодветните веројатности:
P100% = pT 1 ⋅ pV ⋅ pV ⋅ pT 2 ⋅ pT 2 ,
P100% = 0,98 ⋅ 0,952 ⋅ 0,97 2 = 0,832 .

Веројатност за пренос на 50% од моќноста P50%.


Пренос на 50% од моќноста на потрошувачкото подрачје ќе може
да се остварува кога испаднал еден од двата трансформатора Т2 а во
исто време трансформаторот е Т1 е во погон и во погон е барем еден
од водовите V. Можни комбинации со кои се остварува оваа состојба
чија што веројатност ќе ја означиме со P50, има вкупно 6. Тие се
прикажани во табелата З.1.1.1. Притоа со 1 се означени состојбите на
исправна работа а со 0 состојбите на испад (дефект) на соодветниот
елемент i (i = T1, V, T2).

1
Табела З.1.1.1. Состојби при кои преносната моќ
на системот е 50% и нивни веројатности

р. број Комбинација Веројатност


/ T1 V V T2 T2 /
1 1 1 1 1 0 0.025737
2 1 1 1 0 1 0.025737
3 1 1 0 1 0 0.001355
4 1 0 1 1 0 0.001355
5 1 1 0 0 1 0.001355
6 1 0 1 0 1 0.001355
Σ / / / / / 0.056893

Така. на пример, состојбата означена со бројот 1 во табелата


З.1.1.1 означува дека во погон се трансформаторот Т1, обата вода V и
првиот од двата трансфотматора Т2, додека вториот трансформатор Т2
е во дефект. Ако со p и q ги означиме веројатностите за исправна
работа односно дефект на одделните елементи, тогаш веројатноста P1
за настанување на таквата состојба ќе биде:
P1 = pT 1 ⋅ pV ⋅ pV ⋅ pT 2 ⋅ qT 2 =
= 0,98 ⋅ 0,95 ⋅ 0,95 ⋅ 0,97 ⋅ 0,03 = 0,025737
На таков начин се пресметуваат веројатностите за настанување и
на преостанатите 5 состојби. Резултатите од пресметките се сместени
во табелата З.1.1.1. Збирот од сите можни 6 комбинации со кои што се
остварува состојбата на системот со 50% пропусна моќ ќе ја даде и
бараната веројатност P50%:
6
P50% = ∑ Pi = P1 + P2 + " + P6 =
i =1 ,
= 2 ⋅ 0,025737 + 4 ⋅ 0,001355 = 0,056893.
P50% = 0,056893 .

Прекин во напојувањето или веројатност за пренос на 0%


од моќноста − P0%.

Бројот на можни комбинации на состојбите со елементите од


системот кои доведуваат до целосен прекин во електроснабдувањето е
многу поголем отколку за претходниот случај. Во основа постои само
една комбинација со единечен испад (комбинација од прв ред) – а тоа е
состојбата со испаднат трансформатор Т1. Сите преостанати комби-
нации кои што се однесуваат на разгледуваниот случај претставуваат
испади од втор или трет ред.

2
Веројатноста на настанување на било кој испад од трет ред е за
неколку десетини пати помала од веројатноста за настанување на било
кој испад од втор ред. Затоа, како малку влијателни, испадите од трет
ред нема да ги земаме предвид во натамошните анализи, па бараната
веројатност P0% ќе ја пресметуваме само преку комбинациите испади
од прв и втор ред.
Можните комбинации од прв и втор ред кои доведуваат до
целосен прекин во испораката на електрична енергија се прикажани во
табелата З.1.1.2.

Табела З.1.1.2. Единечни и двојни испади кои доведуваат до прекин на


напојувањето, и (преносната моќ на системот е 0%) и нивни веројатности

р. број Комбинација Веројатност


/ T1 V V T2 T2 /
1 0 1 1 1 1 0.016983
2 0 0 1 1 1 0.000894
3 0 1 0 1 1 0.000894
4 0 1 1 0 1 0.000525
5 0 1 1 1 0 0.000525
6 1 0 0 1 1 0.002305
7 1 1 1 0 0 0.000796
... ... ... ... ... ... ... ...
Σ ~ 0.022923

Значи веројатноста за целосен прекин на напојувањето изнесува:


P0% = 0,022923 .
Се разбира дека ова е приближна вредност во која не се
вбројуваат испадите од трет и повисок ред.
Се покажува дека "точната" вредност за оваа веројатност
изнесува:
P0% = qT 1+ qV2 + qT2 2 , или
P0% = 0,02 + 0,052 + 0,032 = 0,0234.
и таа се разликува за само 2% од приближната вредност добиена
претходно преку табелата на испади З.1.1.2, земајќи ги притоа само
испадите од прв и втор ред..

3
Задача 1.2. Потрошувачки подрачја со привидни моќности 55 MVA и
30 MVA се напојуваат на начин прикажан на сликата З.1.2. Преносните
можности на одделните елементи од системот и веројатностите на
нивните откази (испади) се дадени во табелата З.1.2. Да се пресмета:
а) верјатноста за целосно напојување на потрошувачките подрачја;
б) веројатност дека испаднатата моќност на конзумот не е поголема
од 30 MVA

Табела З.1.2. Преносни можности на елементите


и веројатности за нивен отказ

Елемент T1 T2 T3 T4 V1 V2 V3
Преносна
100 40 20 40 100 100 60
моќ (MVA)
Веројатност
0,005 0,008 0,01 0,008 0,05 0,05 0,06
за отказ q

Слика З.1.2. Шема на напојување на потрошувачките подрачја

4
Задача 1.3. Упростена шема на една ТС ВН/СН е прикажана на сли-
ката З.1.3.1. Интензитетот на отказите и просечното време за поправка
на елементите прикажани на сликата се дадени во табелата З.1.3.1. Да
се определат:
а) интензитетот на испадите (отказите) на трансформаторската
станица ТС;
б) фреквенцијата на испадите (отказите) на
трансформаторската станица ТС;
в) просечното очекувано годишно траење на испадите
(отказите) на ТС.

Табела З.1.3. Интензитет на отказите


и времиња на поправка (обновување)

интензитет на отказ средно времетрае-


реден
Елемент ње
број λ (1/god) на поправката r (h)
1 собирници VN 0,050 10
2 раставувач VN 0,0025 5
3 прекинувач VN 0,040 15
4 трансформатор 0,025 20
5 прекинувач SN 0,040 15
6 раставувач SN 0,004 5
7 собирници SN 0,050 10

Слика З.1.3.1. Упростена шема на трансформаторската станица ТС ВН/СН

Решение:

Набљудуваната трансформаторска станица претставува систем со


редна структура. Елементите од овој систем, кои што се веќе
нумерирани во табелата З.1.3.1, можат да се прикажан како на сликата
З.1.3.2.

Слика З.1.3.2. Редна структура на елементите од трансформаторската


станица ТС ВН/СН и нејзин еквивалент

5
За да го добиеме соодветниот еквивалентен елемент на целата
редна структура, најнапред ќе ги пресметаме времињата на исправна
работа mi и расположливоста Ai на секој од елементите i (i = 1, 7) од
прикажаниот систем (трансформаторската станица) со помош на
следните изрази:
1 1 mi μi
mi = ; μi = ; Ai = ≡ ; i =1, 2, ",7.
λi ri mi + ri λi + μi
Резултатите од пресметките се сместени во табелата З.1.3.2.

Табела З.1.3.2. Останати индекси на доверливост на елементите од ТС

реден λ μ m r
Елемент A
број (1/god) (1/h) (god) (h)
1 собирници VN 0,050 0,10000 20 10 0,9999430
2 раставувач VN 0,0025 0,20000 400 5 0,9999986
3 прекинувач VN 0,040 0,06667 25 15 0,9999315
4 трансформатор 0,025 0,05000 40 20 0,9999430
5 прекинувач SN 0,040 0,06667 25 15 0,9999315
6 раставувач SN 0,004 0,02000 250 5 0,9999977
7 собирници SN 0,050 0,10000 20 10 0,9999430

Бидејќи елементите во системот се врзани редно, за интензитетот


на отказите λ и за расположливоста A на еквивалентиот елемент се
добива:
n
λ = ∑ λi = λ1 + λ2 + λ3 + " + λ7 ,
i =1
n
A = ∏ Ai = A1 ⋅ A2 ⋅ A3 ⋅ " ⋅ A7 .
i =1

Ако извршиме замена на конкретните вредности, ќе добиеме:


λ = 0,050 + 0,0025 + 0,040 + 0,025 + 0,040 + 0,004 + 0,050
,
λ = 0, 2115 1/god.
A = 0,999943 ⋅ 0,9999986 ⋅ " ⋅ 0,999943 = 0,9996883 .
Еквивалентното време на исправна работа на целиот систем ќе
биде:
1 1
m= = = 4,728 god.
λ 0, 2115
Еквивалентното време на траење на прекините r ќе го добиеме на
следниот начин:

6
m m ⋅ (1 − A)
A= ⇒ r= ,
m+r A
m ⋅ (1 − A) 4,728 ⋅ (1 − 0,9996883)
r= = = 0,001474177 god.
A 0,9996883
или
r = 0,001474177 ⋅ 8760 = 12,914 h .
Фреквенцијата на испадите на целата трафостаница ќе биде:
1 1 1
f = = = 0, 21144 .
m + r 4,728 + 0,001474177 god.
Просечното, т.е. очекуваното годишно траење на испадите на
анализираната трансформаторска станица ќе биде:
τ = f ⋅ r = 0,211144 ⋅ 12,9138 = 2,73 часови годишно .

7
Задача 1.4. На сликата З.1.4 е прикажан еден извод од среднонапонска
(СН) дистрибутивна мрежа кој што се состои од фидер (0-1-2-3) и
отцепи 1-8, 2-7 3-6 и 4-5. Интензивноста на отказите за секциите од
фидерот изнесува λf = 0,1 1/(km·god), додека на отцепите λо = 0,15
1/(km·god). Јазлите 5, 6, 7 и 8 се потрошувачки. Бројот на потрошувачи
N, приклучени во тие јазли, изнесува: 200, 400, 550 и 600 – респектив-
но.
Да се пресметаат индексите на доверливост SAIFI, SAIDI и CAIDI
за дадената мрежа ако е познато средното времетраење на дефектите:
rf = 6 h за фидерите и ro = 4 h за отцепите.

Слика З.1.4.1. Приказ на посматраниот СН извод

Решение:

Нека со N го означиме вкупниот број потрошувачи во мрежата, а


со l ја означиме должината на поедините нејзини делници. Ако со f ја
означиме фреквенцијата (зачестеноста) на испадите а со D го означиме
вкупното годишно времетраење на прекините за секоја делница на
мрежата, тогаш ќе имаме:
f i = λi ⋅ li ;
Di = fi ⋅ ri ; i = 1, n .
На тој начин ја добиваме следната табела.

Табела З.1.4. Фреквенција f и времетраење D


на испадите на делниците од мрежата

реден елемент на li fi ri Di
број мрежата (km) (1/god) (h) (h/god)
1 0–1 3 0,30 6 1,8
2 1–2 1 0,20 6 1,2
3 2–3 3 0,30 6 1,8
4 3–4 1 0,10 6 0,6
5 4–5 2 0,30 4 1,2
6 3–6 2 0,30 4 1,2
7 2–7 2 0,30 4 1,2
8 1–8 1 0,15 4 0,6

8
Кога ќе настане дефект на некоја делница, без оглед дали се
работи за делница на фидерот или пак за отцеп, доаѓа до автоматско
исклучување на прекинувачот П на почетокот од изводот со што сите
потрошувачи негови остануваат без напојување. Прекинот во електро-
напојувањето притоа ќе трае се додека не се отстрани дефектот на
повредената делница. Во согласност со ова и во согласност со
дефинициите за показателите на доверливост SAIFI, SAIDI и CAIDI, за
разгледуваната мрежа ќе имаме:

SAIFI = ∑ f ⋅N i i
,
N

SAIDI = ∑D ⋅ N i i

N
N = N 5 + N 6 + N 7 + N8
N = 200 + 400 + 550 + 600 = 1750 потрошувачи.
Притоа во горните изрази сумирањето се врши по испадите на
елементите, така што со fi е означен вкупниот годишен број на испади,
а со Di е означено вкупното времетраење на прекинот во напојувањето
при испад на i-тиот елемент (делница), додека со Ni е означен бројот на
потрошувачи од мрежата што притоа останува без напојување.
Бидејќи за секој испад i (i = 1, n) на која било делница од мрежата
ефектот во поглед на електронапојувањето на потрошувачите е ист, т.е.
Ni = N, се добива:
n

∑ f ⋅N i n
SAIFI = i =1
= ∑ fi = ,
N i =1

= 0,30 + 0,20 + 0,30 + 0,10 + 0,30 + 0,30 + 0,15 = 1,95

SAIDI = ∑D ⋅ N =∑D
i
i =
n

N i =1

= 1,8 + 1, 2 + 1,8 + 0,6 + 1, 2 + 1,2 + 1,2 + 0,6 = 9,6 h/год.

Просечното времетраење на еден прекин по потрошувач ќе биде:


SAIDI 9,6
CAIDI = = = 4,92 h .
SAIFI 1,95

9
Задача 1.5. За мрежата анализирана во претходната задача да се
пресметаат показателите SAIFI, SAIDI и CAIDI за случајот кога на
почетокот од секцијата 2–3 од фидерот се постави раставувач, како
што е тоа прикажано на сликата З.1.5. Познато е дека времето потреб-
но за пронаоѓање (локализација) на дефектот и за вклучување на исп-
равниот дел од мрежата на напојување изнесува 1 h.

Слика З.1.5.1. Приказ на посматраниот СН извод со раставувачи


на делниците од фидерот

Решение:
Нека секој елемент (делница) од мрежата го нумерираме со
соодветен индекс, така што редниот број на делницата се совпаѓа со
редниот број на нејзиниот краен јазел, на начин како што е тоа
прикажано на сликата З.1.5. Во тој случај нумерацијата на
потрошувачите која е еднаква на нумерацијата на крајните јазли од
делниците, ќе се совпадне со нумерацијата на самите елементи.
Со воведувањето на разделувачот Р последиците од испадот ќе
зависат од тоа на кое место тој настанал, т.е. дали тој се случил пред
или зад разделувачот Р. За таа цел нека мрежата ја поделиме на два
дела. Притоа со ω1 ќе го означиме множеството елементи од мрежата
кои му припаѓаат на првиот дел, пред разделувачот Р, додека со ω2 ќе
го означиме множеството елементи од мрежата кои му припаѓаат на
вториот дел, зад разделувачот Р. Во тој случај ќе имаме:
ω1 ={1, 2, 7, 8} ; ω2 ={3, 4, 5, 6};
.
ω = ω1 ∪ ω2 = {1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8}
Слично, ако со π1 и π2 ги означиме множествата потрошувачи
што се напојуваат од првиот односно вториот дел од мрежата, ќе
имаме:
π1 ={N1 , N 2 , N 7 , N8} ≡ { 0, 0, 550, 600};
.
π 2 ={N 3 , N 4 , N 5 , N 6 } ≡ {0, 0, 200, 400}.
Кога ќе настане дефект на некој елемент од множеството ω2, што
припаѓа на вториот дел од мрежата, најнапред исклучува прекинувачот
П поради што сите потрошувачи од мрежата ќе останат без
напојување. Откога ќе се пронајде местото на дефектот, за што е

10
потребно време за локализација на дефектот од tL =1h, разделувачот Р
се исклучува а прекинувачот П се вклучува така што сите потрошувачи
од множеството π1 ќе добијат напојување, додека потрошувачите од
множеството π2 кои што се напојуваат од вториот дел на мрежата, ќе
останат и понатаму без напојување, сè до оној момент кога дефектот на
повредениот елемент ќе се отстрани. По отстранувањето на дефектот
следува привремено исклучување на прекинувачот П за период од
неколку десетини секунди за време на кој се вклучува разделувачот Р
(се разбира во безнапонска состојба) и повторно вклучување на
прекинувачот П. Ако со Пon и Пoff ги означиме операциите вклучување
односно исклучување на прекинувачот, а со Рon и Рoff ги означиме
операциите вклучување односно исклучување на разделувачот, тогаш
целата секвенца од операции Пoff + Рon + Пon, ќе трае најмногу една
минута така што сето тоа време може и да не се земе предвид во
пресметките.
Значи поставувањето на разделувачот Р на фидерот овозможил
при дефекти во втроито дел од мрежата ω2, времето на прекин на
напојувањето за потрошувачите од групата π1 да се скуси на само tL
=1h, што е помалку во однос на случајот кога нема таков разделувач во
мрежата. Но притоа разделувачот не помаѓа во скусувањето на
прекинот за потрошувачите од групата π2 кои што се наоѓаат зад него.
За разлика од претходно опишаниот случај, кога ќе настане
дефект на првиот дел од мрежата, ω1, времетраењето на дефектот
останува исто како и за случајот кога во мрежата нема разделувач,
случај што беше обработен во претходната задача.
Од изложеното произлегува заклучокот дека дефект на некој
елемент од множеството ω2 за потрошувачите од првиот дел π1 ќе трае
време tL =1h, додека за преостанатите потрошувачи од делот π2 ќе трае
време r, т.е. онолку колку што е потребно да се поправи (отстрани)
дефектот на повредениот елемент.
Врз основа на сето досега кажано може да се добие табелата
З.1.5.2 во која се прикажани последиците по потрошувачите од
испадите на одделните елементи на мрежата. Секоја редица од оваа
табела се однесува на еден настан – испад на соодветен елемент од
мрежата.
Во колоната /3/ е прикажан вкупниот годишен број на испади на
секој од елементите на мрежата. Во колоната /4/ се прикажани две
вредности за траењето на еден таков испад – првата се однесува на
потрошувачите N5 и N6, од групата π2 а втората на потрошувачите се
однесува на потрошувачите N7 и N8, од групата π1. Слично, во колоната
/5/ се прикажани две вредности за вкупното годишно времетраење на
еден таков испад – првата се однесува на потрошувачите π2 а втората
на потрошувачите π1. Во колоните /6/ . . . /9/ се дадени вкупните
годишни траења на прекините за секој од 4 потрошувачи. Во колонaтa
/10/ е даден вкупниoт број на потрошувачи опфаретни со испадот и во
последната колона /11/ е дадена сумата од производите на бројот на
опфатените потрошувачи со соодветното траење на прекинот.

11
Табела З.1.5. Фреквенција f и вкупно траење D на испадите на одделните
потрошувачи

реден испаднат fi ri Di N5 N6 N7 N8 ΣN ΣN·D


број елемент (isp/god) (h) (h/god) (h/god) (h/god) (h/god) (h/god) (потр.) (потр×h)
/1/ /2/ /3/ /4/ /5/ /6/ /7/ /8/ /9/ /10/ /11/
1 0–1 0,30 6/6 1,8/1,8 1,8 1,8 1,8 1,8 1750 3150
2 1–2 0,20 6/6 1,2/1,2 1,2 1,2 1,2 1,2 1750 2100
3 2–3 0,30 6/1 1,8/0,3 1,8 1,8 0,3 0,3 1750 1425
4 3–4 0,10 6/1 0,6/0,1 0,6 0,6 0,1 0,1 1750 475
5 4–5 0,30 4/1 1,2/0,3 1,2 1,2 0,3 0,3 1750 1065
6 3–6 0,30 4/1 1,2/0,3 1,2 1,2 0,3 0,3 1750 1065
7 2–7 0,30 4/4 1,2/1,2 1,2 1,2 1,2 1,2 1750 2100
8 1–8 0,15 4/4 0,6/0,6 0,6 0,6 0,6 0,6 1750 1050
Σ 1,95 9,6 9,6 5,8 5,8 12430

Сега, со помош на табелата З.1.5.2 можеме да ги пресметаме


соодветните индекси на доверивост на мрежата. Бидејќи дефектот на
било кој елемент предизвикува прекин на сите потрошувачи од
мрежата (Ni = N), за индексот SAIFI ќе добиеме како и во претхосдната
задача, ист резултат:
n

∑ f ⋅N i n
SAIFI = i =1
= ∑ fi ; .
N i =1

SAIFI = 0,30 + 0,20 + 0,30 + 0,10 + 0,30 + 0,30 + 0,15 = 1,95


Просечното траење на испадите на ниво на целата мрежа SAIDI
ќе го добиеме со помош на последната редица од табелата З.1.5.2. Од
неа гледаме дека потрошувачите N5 (N5=200) ќе имаат вкупно време на
прекини годишно D5 = 9,6 h. Слично за потрошувачите N6=400 се
добива дека ќе имаат вкупно време на прекини годишно D6 = 9,6 h,
потрошувачите N7 =550 ќе имаат вкупно време на прекини годишно D5
= 5,8 h, и потрошувачите N8=600 ќе имаат вкупно време на прекини
годишно D8 = 5,8 h. На тој начин за сумата Σ (Ni·Di/N) се добива:

SAIDI = ∑N ⋅D i i

N
200 ⋅ 9,6 + 400 ⋅ 9,6 + 550 ⋅ 5,8 + 600 ⋅ 5,8
SAIDI =
1750
SAIDI = 7,103 h/год.
Оваа бројка е помала од претходно добиената (9,6 h/год.) за 26%.
Просечното времетраење на еден прекин по потрошувач во овој
случај ќе биде:

12
SAIDI 7,103
CAIDI = = = 3,642 h .
SAIFI 1,95
Значи со поставувањето на раставувачот на третата секција од
фидерот бројот на испадите нема да се промени но вкупното времетра-
ење на прекините по потрошувач ќе се намали од 9,6 на 7,103 часови
годишно, т.е. за 26%. Во сличен износ ќе се намали и годишната
неиспорачана електрична енергија на потрошувачите од мрежата а со
тоа и штетите предизвикани од испадите. Просечното времетраење на
секој прекин по потрошувач CAIDI исто така ќе се намали за истиот
износ од 26%, т.е. од 4,92 на 3,642 часови по испад.

13
Задача 1.6. За мрежата анализирана во претходната задача да се
пресметаат показателите SAIFI, SAIDI и CAIDI за случајот кога на
почетокот од секциите од фидерот се постават раставувачи, како што е
тоа прикажано на сликата З.1.6. Познато е дека времето потребно за
пронаоѓање (локализација) на дефектот и за вклучување на исправниот
дел од мрежата на напојување изнесува 1 h.

Слика З.1.6. Приказ на посматраниот СН извод со раставувачи


на делниците од фидерот

Решение:
Во овој случај ситуацијата од аспект на должината на прекините
ќе биде уште поповолна отколку во случајот со само еден разделувач.
Рзмислувајќи на начин идентичен како и во задачата 1.5, ќе ја добиеме
табелата З.1.6.
Табела З.1.6. Фреквенција f и вкупно траење D
на испадите на одделните потрошувачи

N5 N6 N7 N8
реден испаднат fi ri Di ΣN ΣN·D
200 400 550 600
број елемент (isp/god) (h) (h/god)
(h/god) (h/god) (h/god) (h/god) (потр.) (потр×h)
/1/ /2/ /3/ /4/ /5/ /6/ /7/ /8/ /9/ /10/ /11/
1 0–1 0,30 6/6 1,8/1,8 1,8 1,8 1,8 1,8 1750 3150
2 1–2 0,20 6/1 1,2/0,2 1,2 1,2 1,2 0,2 1750 2100
3 2–3 0,30 6/1 1,8/0,3 1,8 1,8 0,3 0,3 1750 1425
4 3–4 0,10 6/1 0,6/0,1 0,6 0,1 0,1 0,1 1750 475
5 4–5 0,30 4/1 1,2/0,3 1,2 0,3 0,3 0,3 1750 1065
6 3–6 0,30 4/1 1,2/0,3 1,2 1,2 0,3 0,3 1750 1065
7 2–7 0,30 4/1 1,2/0,3 1,2 1,2 1,2 0,3 1750 2100
8 1–8 0,15 4/4 0,6/0,6 0,6 0,6 0,6 0,6 1750 1050
Σ 1,95 9,6 8,2 5,8 3,9 12430

Бидејќи за секој испад i (i = 1, n) на која било делница од мрежата


ефектот во поглед на електронапојувањето на потрошувачите е ист, т.е.
Ni = N, се добива:

14
n

∑ f ⋅N i i n
SAIFI = i =1
= ∑ fi = ,
N i =1

SAIFI = 0,30 + 0,20 + 0,30 + 0,10 + 0,30 + 0,30 + 0,15 = 1,95

SAIDI = ∑D ⋅ N i9,6 ⋅ 200 + 8,2 ⋅ 400 + 5,8 ⋅ 550 + 3,9 ⋅ 600


i
=
N 1750
SAIDI = 6,131 h/год.
Просечното траење на еден прекин по потрошувач ќе биде:
SAIDI 6,131
CAIDI = = = 3,14 h .
SAIFI 1,95

15
Задача 1.7. За мрежата анализирана во претходната задача 1.6 да се
пресметаат показателите SAIFI, SAIDI и CAIDI за случајот кога покрај
вградените три разделувачи на фидерот поставиме и осигурувачи на
почетокот од секој отцеп, како што е прикажано на сликата З.1.7. Да се
смета дека дефектот на фидерите во тој случај ќе предизвика
моментално прегорување на соодветниот осигурувач така што тогаш
не доажа до дејствување на главниот прекинувач П и дефектот се
локализира само на потрошувачот што се напојува преку повредениот
фидер. За дефектите на фидерот и понатаму времето потребно за
пронаоѓање (локализација) на дефектот и за вклучување на исправниот
дел од мрежата на напојување изнесува 1 h.

Слика З.1.7. Приказ на СН извод со раставувачи на фидерот


и со осигурувачи на отцепите

Решение:
Бидејќи дефектите на отцепите се исклучуваат автоматски со
помош на поставените осигурувачи, тоа значи дека со дефектот на
секој од нив ќе биде опфатен само локалниот потрошувач, додека
преостанатите потрошувачи во мрежата воопшто нема да го почувст-
вуваат тој испад. Тоа би значело дека во табелата З.1.7.2 времето на
прекин за преостанатите потрошувачи при дефект на отцеп е еднакво
на нула.
Да го посматраме потрошувачот N5, приклучен во јазелот бр 5.
Бидејќи дефектите на отцепите 1–8, 2–7 и 3–6 не предизвикуваат
прекин кај овој потрошувач, тие нема да влијааат ниту на бројот ниту
на траењето на на прекините кај него. На тој начин се добива следната
табела на настани во која што се прикажани показателите fi, ri и Di за
овој потрошувач.

16
Табела З.1.7.1. Фреквенција f и вкупно траење D на испадите за
потрошувачот N5

реден испад на fi ri Di
број елемент (isp/god) (h) (h/god)
/1/ /2/ /3/ /4/ /5/
1 0–1 0,30 6 1,8
2 1–2 0,20 6 1,2
3 2–3 0,30 6 1,8
4 3–4 0,10 6 0,6
5 4–5 0,30 4 1,2
Σ 1,20 6,6

На тој начин добиваат резултатите и за преостанатите


потрошувачи. Тие се прикажани во следната табела.

Табела З.1.7.2. Фреквенција f и вкупно траење D на испадите за одделните


потрошувачи

реден испад на fi ri Di
број елемент (isp/god) (h) (h/god)
/1/ /2/ /3/ /4/ /5/
испади на потрошувачот N5
1 0–1 0,30 6 1,8
2 1–2 0,20 6 1,2
3 2–3 0,30 6 1,8
4 3–4 0,10 6 0,6
5 4–5 0,30 4 1,2
Σ 1,20 6,6
испади на потрошувачот N5
1 0–1 0,30 6 1,8
2 1–2 0,20 6 1,2
3 2–3 0,30 6 1,8
4 3–4 0,10 1 0,1
5 3–6 0,30 4 1,2
Σ 1,20 6,1
испади на потрошувачот N7
1 0–1 0,30 6 1,8
2 1–2 0,20 6 1,2
3 2–3 0,30 1 0,3
4 3–4 0,10 1 0,1
5 2–7 0,30 4 1,2
Σ 1,20 4,6

17
испади на потрошувачот N8
1 0–1 0,30 6 1,8
2 1–2 0,20 1 1,2
3 2–3 0,30 1 1,8
4 3–4 0,10 1 0,6
5 1–8 0,15 4 1,2
Σ 1,05 3,0

Врз основа на пресметаните вредности за показателите fi, ri и Di,


за глобалните показатели на доверливост на системот (мрежата) ќе
добиеме:
n

∑ f ⋅N i i
SAIFI = i =1
=
N ,
1,2 ⋅ 200 + 1,2 ⋅ 400 + 1,2 ⋅ 550 + 1,05 ⋅ 600
SAIFI = = 1,149
1750

SAIDI =
∑D ⋅ N
i i

N
6,6 ⋅ 200 + 6,1 ⋅ 400 + 4,6 ⋅ 550 + 3,0 ⋅ 600
SAIDI = = 4,623 h/год.
1750
Просечното времетраење на еден прекин по потрошувач ќе биде:
SAIDI 4,623
CAIDI = = = 4,023 h .
SAIFI 1,149

18
Задача 1.8. На сликата З.1.8.1 е прикажана среднонапонска
дистрибутивна мрежа, На самата слика се прикажани должините на
поедините делници l (km), врвните моќности PM (kW) и употребните
времиња TM (h/год.). Dа се пресмета очекуваната неиспорачана
електрична енергијa на потрошувачите во текот на една година.
Познати се следните податоци:
• интензитет на испадите на водовите λV = 0,25 1/(km×god.);
• просечно времетраење на поправката на дефектите на водовите
rV = 5 h/испад;
• интензитет на планските испади на водовите λP.V = 0,20
1/(km×god.);
• просечно траење на планското исклучување на водовите rP.V =
5 h/испад;
• брзина на движење на персоналот долж трасата на водовите
заради откривање на дефектното место: v = 2,5 km/h;
• време потребно од моментот на дефектот до пробното
вклучување на прекинувачот П: t0 = 0,5 h;

Слика З.1.8.1. Приказ на анализираната СН дистрибутивна мрежа

Решение:

Вкупната должина на водовите во анализираната дистрибутивна


мрежа изнесува:
lΣ = l0−1 + l1−2 + l1−3 + l3−4 + l3−5 = 3 + 2 + 5 + 3 + 2 = 15 km .
Секој испад во мрежата подеднакво ги опфаќа сите потрошувачи
така што фреквенцијата на испадите за сите потрошувачи ќе биде иста:
f = λV ⋅ lΣ = 0,25 ⋅ 15 = 3,75 испади/годишно.
Фреквенцијата на планските исклучувања ќе биде:
f P.V = λP.V ⋅ lΣ = 0,2 ⋅ 15 = 3 исклучувања/годишно .
Времето што ќе биде потребно за да се пронајде дефектот што
настанал некаде на мрежата ќе зависи од местото на кое што настанал
дефектот и ќе се движи од 0 до v·lΣ. Просечното време на барање tb.d на
настанатиот дефект во мрежата ќе биде средна вредност од
претходните две гранични времиња, односно ќе биде:

19
1 lΣ 15
tb . d . = ⋅ = = 3 h.
2 v 2 ⋅ 2,5
Вкупното време без напојување при еден испад, неопходно да се
пронајде дефектот, да се отстрани дефектот и на крајот да се вклучи
прекинувачот, во просек, изнесува:
t f = tb.d . + rV + t0 = 3 + 5 + 0,5 = 8,5 h .
Вкупното годишно времетраење на сите прекини во
електронапојувањето на потрошувачите поради дефекти ќе биде:
τ = f ⋅ t f = 3,75 ⋅ 8,5 = 31,875 h/годишно ,
додека вкупното времетраење на прекините во електронапојувањето
заради планските исклучувања во текот на годината изнесува:
τ pl = f P.V ⋅ rP.V = 3 ⋅ 5 = 15 h/годишно .
Со вака пресметаните просечни гошишни времиња на прекини во
електронапојувањето веќе можеме да ја пресметаме неиспорачаната
електрична енергија на потрошувачите. За таа цел ќе биде потребно
најнапред да ги пресметаме просечните моќноси на потрошувачите.
Ако со P i ја означиме просечната (средна) вредност на моќноста на i-
тиот потрошувач, а со PMi и TMi ги означиме неговата врвна моќност и
неговото употребно време (т.е. време на максимална моќност) тогаш,
во општ случај, ќе имаме:
TMi T
P i = PMi ⋅ = PMi ⋅ Mi ; i =1," n .
Tgod 8760
На тој начин ќе ги добиеме следните вредности:
P ⋅T 230 ⋅ 4000
P1 = M 1 M 1 = = 105, 02 kW ;
8760 8760
P ⋅T 200 ⋅ 35000
P2 = M 2 M 2 = = 79,91 kW ;
8760 8760
P ⋅T 150 ⋅ 3500
P3 = M 3 M 3 = = 59,93 kW ;
8760 8760
P ⋅T 200 ⋅ 300
P4 = M 4 M 4 = = 68, 49 kW ;
8760 8760
P ⋅T 120 ⋅ 3000
P5 = M 5 M 5 = = 41,10 kW .
8760 8760
Вкупната годишна просечна неиспорачана електрична енергија
на потрошувачите заради дефекти во мрежата ќе биде:
n 5
W f = ∑ P i ⋅ τ f .i = τ f ⋅ ∑ P i =
i =1 i =1

= 31,875 ⋅ (105,02 + 79,91 + 59,93 + 68, 49 + 41,1) .


W f = 11.298,2 kWh.

20
Вкупната годишна просечна неиспорачана електрична енергија
на потрошувачите заради плански исклучувања во мрежата ќе биде:
n 5
W pl = ∑ P i ⋅ τ pl .i = τ pl ⋅ ∑ P i =
i =1 i =1 .
W pl = 15 ⋅ (105,02 + 79,91 + 59,93 + 68,49 + 41,1) = 5.316,8 kWh
Вкупната неиспорачана електрична енергија на потрошувачите
во текот на една година ќе биде збир од претходните две:
WΣ = W f + W pl = 11.298,2 + 5.316,8 = 16.615 kWh/god.

Забелешка.

Во пресметките е усвоено дека исклучувањата поради планските


ремонти се одвиваат на слчучаен начин, исто како и ненадејните
испади заради дефекти во мрежата. Но во практиката планските
ремонти се одвиваат обично во ноќните часови кога конзумот е најмал.
Освен тоа планските исклучувања се најавуваат благовремено така што
потрошувачите да можат своите идни активности привремено да ги
пренасочат и на тој начин, во периодот на планските исклучувања, тие
да имаат минимални потреби од електрична енергија. На тој начин
реалните количества неиспорачана електрична енергија заради плански
исклучувања во просек може да се намали и до три пати така што
наместо со времињата tpl.i би требало пресметките да се вршат со
третина од тие времиња (tpl.i/3). Ако постапиме на тој наичн, за
планските исклучувања би добиле:
1 n τ 5
W pl = ⋅ ∑ P i ⋅τ pl .i = pl ⋅ ∑ P i =
3 i =1 3 i =1 .
= 5 ⋅ (105, 02 + 79,91 + 59,93 + 68, 49 + 41,1) = 1.772,3 kWh
и
WΣ = W f + W pl = 11.298,2 + 1.772,3 = 13.070,5 kWh/god.

21
Задача 1.9. Дистрибутивен вод со должина l, оптоварен со рамномерно
распределен товар може да е напојува двострано, од две независни
напојни точки (трансформаторски станици) ТС1 и ТС2 (слика З.1.9.1).
Но режимот на работа на мрежата мора да биде радијален, т.е. постојат
три можности за напојување на потрошувачите: 1) целиот вод да се
напојува од ТС1; 2) целиот вод да се напојува од ТС2 и 3) еден дел од
водот, со должина l1, да се напојува од напојната точка ТС1 а
преостанатиот дел, со должина l2, да се напојува од другата напојна
точка, ТС2. Ќе ја избереме последната опција.
Под претпоставка дека обете напојни точки се апсолутно
доверливи да се определи најповолното место на прекин (поделба) на
водот така што вкупната годишна неиспорачана електрична енергија
на потрошувачите заради дефекти во мрежата да биде мининална.

Слика З.1.9.1. Двострано напојуван СН вод


со рамномерно распределен товар

Решение:
Нека е λ интензитетот на испадите а r просечното време на
поправките на водот. Тогаш фреквенцијата на испадите на делот од
водот со должина l1 ќе биде f1 = λ·l1, додека за преостанатиот дел, ќе
биде f2 = λ·l2. Нека со PM и TM ги означиме вкупната врвна моќност на
мрежата и времето ан максиамлна моќност на конззумот. Тогаш вкуп-
ната средна моќност на оптоварување на мрежата ќе биде:
PM ⋅ TM
P= = p ⋅l ,
8760
Нека P1 = p ⋅ l1 е средногодишната моќност на оптоварување на
левиот дел од мрежата. Слично, со P2 = p ⋅ l2 ќе ја означиме
средногодишната моѓност на оптоварување на десниот дел од мрежата,
така што важи: P = P1 + P2 = p ⋅ l . Тогаш вкупната неиспорачана
електрична енергија поради испади на левиот дел од мрежата ќе биде:

W1 = P1 ⋅ f1 ⋅ r = ( p ⋅ l1 ) ⋅ (λ ⋅ l1 ) ⋅ r = p ⋅ λ ⋅ r ⋅ l12 .
Слично се пресметува неиспорачаната годишна електрична
енергија и за вториот дел од мрежата:

W2 = P2 ⋅ f 2 ⋅ r = ( p ⋅ l2 ) ⋅ (λ ⋅ l2 ) ⋅ r = p ⋅ λ ⋅ r ⋅ l22 .

22
Збирната неиспорачана електрична енергија на потрошувачите
заради дефекти во мрежата ќе биде:

W = W1 + W2 = p ⋅ l ⋅ r ⋅ ( l12 + l22 ) =
.
W = p ⋅ l ⋅ r ⋅ ⎡l12 + ( l − l1 ) ⎤ = W (l1 ).
2
⎣ ⎦
Значи вкупната неиспорачана електрична енергија на потрошу-
вачите заради дефекти во мрежата зависи, меѓу другото од должината
l1 на првиот дел на мрежата. Со барање прв извод и негово прирамну-
вање со нула се добива вредноста за l1 за која неиспорачаната енергија
W е минимална:
dW
= 0 ⇒ 2 ⋅ l1 − 2 ⋅ (l − l1 ) = 0.
dl1
Од последниот услов за минимум на неиспорачаната енергија W
се добива:
l1 = l / 2 .
Значи, од аспект на доверливост, оптимално место на раздвојување е
на средината од водот.

23
Задача 1.10. Среднонапонски кабелски дистрибутивен вод со вкупна
должина l = 9,5 km, напојува четири ТС СН/НН, означени со Т1, Т2, Т3
и Т4. Средните моќности на конзумот од овие ТС изнесуваат: 280, 240,
150 и 200 kW – респективно.
Водот може да се напојува двострано, преку две ТС ВН/СН,
означени со ТС1 и ТС2 (слика З.1.10.1). Слично како и во претходната
задача, водот мора да се подели на два дела така што првиот негов дел
едениот дел ќе се напојува од првата трафостаница ТС1, а вториот дел
од втората напојна трафостаница ТС2. Фреквенцијата на испадите на
првата напојна трафостаница изнесува fTS1 = 0,4 1/год, додека на
втората fTS2 = 0,2 1/год.
Интензитетот на испади на одделните секции од водот изнесува
λV = 0,2 isp/(km, god).
Во секоја трафостаница СН/НН постојат по два разделувача, така
што не постојат ограничувања во начинот на поделба на водот.
При дефект на било која делница од СН мрежа или при дефекти
во напојните ТС ВН/СН времето што е потребно за изнаоѓање на
дефектот и за воспоставување на напојувањето на испаднатите
потрошувачи изнесува tf = 2 h.
Да се определи најповолното место на прекин (поделба) на СН
мрежа така што вкупната годишна неиспорачана електрична енергија
на потрошувачите заради дефекти да биде мининална.

Слика З.1.10.1. Двострано напојуван СН вод со 4 ТС СН/НН

Решение:
Разделувачите во ТС СН/НН ќе служат како места на
раздвојување на мрежата. Нека ја посматраме ј−тата ТС СН/НН. Со
Тј–I ќе ја означиме состојбата кога е отворен разделувачот во оваа ТС
лево (спрема напојната ТС1), додека со Тј–II ќе ја означиме состојбата
кога е отворен разделувачот во оваа ТС десно, спрема напојната ТС2.
Ако со fTj и ΔWTj ги означиме вкупниот годишен број на испадите
(фреквенцијата на испадите) и количеството на неиспорачана
електрична енергија на потрошувачот напојуван преку ТС СН/НН Тј,
тогаш, во општ случај, ќе биде:
fTj = fTS + λ ⋅ ∑ lk ,

ΔWTj = fTj ⋅ t f ⋅ Pj .

24
Притоа со fTS е означена фреквенцијата на испадите на напојната
трафостаница ТС ВН/СН од која во посматраната конфигурација се
напојува предметната ТС СН/НН Тј, додека со Σ lk е означена сумата
на должините на сите делници од напојната ТС ВН/СН до точката на
раздвојување на мрежата. За илустрација, ќе ја посматраме ситуацијата
прикажана на сликата З.1.10.2 каде што точката на раздел е во ТС
СН/НН Т2 и притоа е исклучен разделувачот од страната на ТС ВН/СН
ТС1 (состојба означена со Т2−I).

Слика З.1.10.2. Состојба на раздвојување на мрежата, означена како ТС2−I

Во мрежата од слика З.1.10.2 само Т1 се напојува од ТС1, додека


останатите ТС СН/НН Т2, Т3 и Т4 се напојуваат од ТС2.
Според тоа за состојбата на раздвојување на мрежата Т2–I
фреквенцијата на испади за потрошувачот напојуван од Т1 ќе биде:
fT 1 = fTS 1 + λ ⋅ ( l1 + l2 ) = 0,4 + 0, 2 ⋅ (2 + 1) = 1 испад/годишно ,
додека фреквенциите на испади за останатите потрошувачи при оваа
вклопна состојба на мрежата ќе биде иста и ќе изнесува:
fT 2 = fT 3 = fT 4 = fTS 2 + λ ⋅ ( l3 + l4 + l5 ) =
,
fT 2 = 0,2 + 0,2 ⋅ (2 + 1,5 + 3) = 1,5 испад/годишно.
Вретраењето на еден испад за сите разгледувани прекини на
напојувањето ќе биде исто, еднакво на времето што е потребно за
изнаоѓање на дефектот и за воспоставување на напојувањето на
испаднатите потрошувачи, кое што изнесува tf = 2 h.
Според тоа при испад на било кој елемент на мрежата напојувана
од ТС ВН/СН ТС1 (самата напојна ТС1, водот ТС1–1 или водот 1–2),
прекин во напојувањето ќе има само кај потрошувачите на ТС СН/НН
Т1. Притоа годишната неиспорачана електрична енергија на овие
потрошувачи изнесува:
ΔWT 1 = fT 1 ⋅ t f ⋅ P1 = 1 ⋅ 2 ⋅ 280 = 560 kWh .
На сличен начин се добиваат неиспорачаните енергии и на
останатите потрошувачи:
ΔWT 2 = fT 2 ⋅ t f ⋅ P2 = 1,5 ⋅ 2 ⋅ 240 = 720 kWh ,
ΔWT 3 = fT 3 ⋅ t f ⋅ P3 = 1,5 ⋅ 2 ⋅ 250 = 450 kWh ,

25
ΔWT 4 = fT 4 ⋅ t f ⋅ P4 = 1,5 ⋅ 2 ⋅ 200 = 600 kWh .
Вкупната неиспорачана електрична енергија за вклопната
состојба означена како Т2–I (исклучен разделувачот во Т2 од лева
страна) ќе биде:
ΔWT 2-I = ΔWT 1 + ΔWT 2 + ΔWT 3 + ΔWT 4
ΔWT 2-I = 560 + 720 + 450 + 600 = 2330 kWh/god.
Можни комбинации на вклопни состојби во мрежата се осум – по
две за секоја ТС СН/НН. Пресметките на неиспорачаната електрична
енергија за сите нив се врши на наполно ист начин како и во случајот
означен како Т2–I. Резултатите од пресметките се дадени во табелата
З.1.10.1. Најповолна е очигледно конфигурацијата T2–II.

Табела З.1.10.1. Резултати од пресметките на неиспорачаната енергија ΔW


Конфигу- ТС fTj ΔWTj ΔW
рација СН/НН (isp/god) (kWh/god) (kWh/god)
T1 1,7 952
T2 1,7 816
T1–I 2958
T3 1,7 510
T4 1,7 680
T1 0,8 448
T2 1,7 816
T1–II 2454
T3 1,7 510
T4 1,7 680
T1 1,0 560
T2 1,5 720
T2–I 2330
T3 1,5 450
T4 1,5 600
T1 1,0 560
T2 1,0 480
T2–II 2090
T3 1,5 450
T4 1,5 600
T1 1,4 784
T2 1,4 672
T3–I 2226
T3 1,1 330
T4 1,1 440
T1 1,4 784
T2 1,4 672
T3–II 2316
T3 1,4 420
T4 1,1 440
T1 1,7 952
T2 1,7 816
T4–I 2598
T3 1,7 510
T4 0,8 320
T1 1,7 952
T2 1,7 816
T4–II 2958
T3 1,7 510
T4 1,7 680

26
Задача 1.11. Заради можност за секционирање и скратување на
времето на прекин во електронапојувањето ан потрошувачите, во СН
дистрибутивна мрежа, прикажана на сликата З.1.11.1 е потребно да се
вгради еден разделувач. Потенцијални места за вградување се
почетоците од сите водови (делници) – без исклучок. Да се определи
она место на вградување на разделувачот со кое ќе се овозможи
најголемо смалување на неиспорачаната електрична енергија на
потрошувачите поради дефекти во мрежата. Колкаво е смалувањето на
неиспорачаната електрична енергија δW во тој случај.
Должините на поедините делници, изразени во km, се прикажани
на самата слика. Интензитетот на испадите за сите водови е ист и
изнесува λV = 0,1 испади/(km, годишно). Просечното времетраење на
поправките на повредената делница изнесува tV = 5 h. Времето
потребно за манипулација со раздвојувањето на исправниот дел на
мрежата од повредениот дел изнесува t0 = 1 h.

Слика З.1.11.1. СН дистрибутивна мрежа


во која треба да се вгради разделувач

Решение:
Потенцијалните места за вградување на разделувачот во мрежата
се прикажани со коси црти на сликата З.1.11.2 и притоа е извршена
нивна нумерација со броеви од 1 до 9.

Слика З.1.11.2. Потенцијални места за вградување на разделувачот во СН


дистрибутивна мрежа

27
Кога во мрежата ќе дојде до дефект на било која делница од
водот тогаш релејната заштита го исклучува прекинувачот П и сите
потрошувачи остануваат без напојување. Значи бројот, т.е.
фреквенцијата, на прекини во електроснабдувањето е ист без оглед
дали има или пак нема вградено разделувач во мрежата. Разликата се
состои во времетраењето на таквите прекини.
Кога во мрежата со вграден разделувач дојде до дефект на некој
вод кој што е позициониран пред разделувачот, гледано од страна на
напојната ТС ВН/СН, тогаш доаѓа до прекин на напојувањето на сите
потрошувачи во мрежата и прекинот трае се додека не се отстрани
дефектот, што изнесува tV = 5 h. Но при дефекти зад разделувачот,
повторно испадот ги опфаќа сите потрошувачи во мрежата но за
потрошувачите пред разделувачот прекинот ќе трае само онолку колку
што е потребно да се дојде до разделувачот, тој да се исклучи и
прекинувачот повторно да се вклучи, т.е. вкупно t0 = 1 h. За останатите
потрошувачи кои што се наоѓаат зад разделувачот прекинот ќе трае
повторно tV = 5 h.
Имајќи го ова предвид за неиспорачаната електрична енергија
ΔWR на потрошувачите во текот на една година за состојбата во
мрежата со разделувач, се добива:
⎛ ⎞ ⎛ ⎞
ΔWR = ∑ P ⋅⎜t
⋅ λ V ⋅ ∑ li + t0 ⋅ λV ⋅ ∑ l j ⎟ + tV ⋅ λ V ⋅ ∑ Pj ⎜ ∑ li + ∑ l j ⎟
i V
i ⎝ i j ⎠ j ⎝ i j ⎠
Притоа се воведени следните означувања:
Pi - средна моќност на i-тиот потрошувач што се наоѓа пред
разделувачот;
li – должина на i-тата делница што се наоѓа пред разделувачот;
Pj - средна моќност на j-тиот потрошувач што се наоѓа зад
разделувачот;
lј – должина на ј-тата делница што се наоѓа зад разделувачот;
lΣ = ∑l + ∑l
i
i
j
j – сумарна должина на сите делници во мрежата.

Доколку во мрежата не е вграден разделувачот на моќност


неиспорачаната електрична енергија на потрошувачите ќе биде:
ΔW = tV ⋅ PΣ ⋅ λ V ⋅ lΣ ,
или
⎛ ⎞ ⎛ ⎞
ΔW = tV ⋅ ⎜ ∑ Pi + ∑ Pj ⎟ ⋅ λ V ⋅ ⎜ ∑ li + ∑ l j ⎟ .
⎝ i j ⎠ ⎝ i j ⎠
Разликата δW = ΔW – ΔWR претставува намалување на
неиспорачаната електрична енергија на потрошувачите постигната со
вградување на разделувачот. Таа ќе изнесува:

28
⎛ ⎞ ⎛ ⎞
δ W = tV ⋅ ⎜ ∑ Pi + ∑ Pj ⎟ ⋅ λ V ⋅ ⎜ ∑ li + ∑ l j ⎟ −
⎝ i j ⎠ ⎝ i j ⎠
⎛ ⎞
− ∑ Pi ⋅ ⎜ tV ⋅ fV ⋅ ∑ li + t0 ⋅ λ V ⋅ ∑ l j ⎟ −
i ⎝ i j ⎠
⎛ ⎞
− tV ⋅ λ V ⋅ ∑ Pj ⎜ ∑ li + ∑ l j ⎟.
j ⎝ i j ⎠
⎛ ⎞ ⎛ ⎞
δ W = tV ⋅ ∑ Pi ⋅ ⎜ λ V ⋅ ∑ l j ⎟ − t0 ∑ Pi ⋅ ⎜ λ V ⋅ ∑ l j ⎟ ;
i ⎠ ⎝ i j ⎝ j ⎠
.
⎛ ⎞
δ W = (tV − t0 ) ⋅ λ V ⋅ ∑ Pi ⋅ ⎜ ∑ l j ⎟
i ⎝ j ⎠
На пример ако разделувачот е лоциран на позицијата бр. 4, ќе
имаме:
∑ P = 100 + 120 + 50 + 80 + 70 + 30 = 450 kW и
i
i

∑ l = 2 km .
j
j

Според тоа се добива:

⎛ ⎞
∑i i ⎜ ∑j j ⎟ = 450 ⋅ 2 = 900 kW×km .
P ⋅ l
⎝ ⎠
Ако оваа постапка ја повториме за сите девет можни локации на
разделувачот, ќе ја добиеме следната табела:

Табела З.1.11.1. Определување на најповолна локација


на разделувачот во мрежата

локација на
1 2 3 4 5 6 7 8 9
разделувачот
∑P i
i 390 100 220 450 260 310 420 410 460

∑l j
j 1,0 11,5 9,5 2,0 6,5 5,5 1,0 2,0 1,5

⎛ ⎞
∑ P ⋅⎜ ∑l
i j ⎟ 390 1150 2090 900 1690 1705 420 820 690
i ⎝ j ⎠

Од резултатите изложени во табелата З.1.11.1 се гледа дека


најповолно место за вградување на разделувачот е позицијата бр. 3. За
тој случај намалувањето на годишната неиспорачана електрична
енергија постигнато со вградувањето на разделувачот изнесува:
δ W = (5 − 1) ⋅ 0,1 ⋅ 2090 = 836 kWh/god.

29

You might also like