You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА И ДИЕТЕТИКА

ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ ПО ПРЕДМЕТОТ

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ

НА ТЕМА

GLOBAL DISTRIBUTION SYSTEM (GDS)

Ментор: Изработиле:

Доц. д – р Tања Ангелкова Петкова Младен Мицевски, 173430

Дејан Димитровски, 173701

Јован Кузманоски, 173708

Штип, март 2015


Содржина

Краток извадок............................................................................................................3

Клучни зборови...........................................................................................................3

Abstract.........................................................................................................................4

Key words.....................................................................................................................4

Вовед (Introduction).....................................................................................................5

1. Суштина на Глобален Дистрибутивен Систем (GDS)......................................6

2. GDS во функција на хотелите.............................................................................8

3. GDS во функција на туристичките агенции.....................................................10

4. Amadeus..............................................................................................................11

5. Примерот со Alternate Image.............................................................................12

Заклучок (Concluding remarks).................................................................................16

Користена литература (References)........................................................................17


Краток извадок

Во оваа проектна задача е опфатена темата за Глобалните


Дистрибутивни Системи. Објаснета е суштината и различните дефинирања на
самиот поим ГДС, а подетално е прикажан бенефитот од овој систем за
хотелите и туристичките агенции, како примарни стејкхолдери. Со примерот за
Alternate Image доловена е суштината на ГДС, а воедно може да се направи
слика за тоа како може да се имплементира поврзувањето со ГДС, трошоците
кои се поврзани со имплементацијата, бенефитите од поврзувањето итн.

Клучни зборови: суштина, хотели, агенти, имплементација, трошоци

3
Abstract

In this project activity is covered the thesis about Global Distribution Systems.
It is explained the essenciality of the term GDS, and more specifically are shown the
system benefits for hotels and tourist agents, as primar stakeholders. With the
example of Alternate Image is perceived the essentiality of GDS, and you can make
an image of system implementation, costs related with the implementation,
connection benefits etc.

Key words: essentiality, hotels, agents, implementation, costs

4
Вовед (Introduction)

Информатичките системи се едни од современите алатки со кои една


компанија успева да се оддржи на пазарот и со чија помош ги олеснува сите
работни процеси, преземањето акции, донесувањето одлуки, планирањето итн.
Бизнисот во XXI век не може да се замисли без имплементација и користење
на информатичките системи.

Кога станува збор за туризмот и угостителството, употребата на


информатичките системи е еден од предусловите за успешно „производство“ и
пласирање на туристичките производи и секако напредок на целокупниот
бизнис.

Како еден значаен сегмент кој е карактеристичен за туризмот и


угостителството се издвојуваат учеството на „жива материја“, т.е. работењето
во туризмот и угостителството е работење со луѓето, со нивните лични
карактеристики, психолошки состојби, желби, ставови, размислувања итн.
Успешното задоволување на овие туристичките потреби е фундаментот на
целокупната туристичка индустрија. Задоволениот клиент повторно ќе се врати
во дестинацијата.

Ставајќи ги во релација задоволувањето на потребите и информатичките


системи, неизбежно е да се напомене дека постојат информатички системи
специјализирани за оваа проблематика или се на некаков начин поврзани со
истата.

За успешно задоволување на тие туристички потреби, потребно е


повискоко ниво на колаборација помеѓу истите и различните видови на
претпријатија кои се дел од туристичката индустрија. Разни поврзани мрежи
кои овозможуваат размена на информации и кои извршуваат различни
активности, се предуслов за успешно работење на една работна организација
од туристички вид. Глобалниот дистрибуционен систем е еден од
најзастапените мрежи кои се користат помеѓу компаниите, а се во функција на
успешно управување со работните процеси преку соработка со останати
компании.

5
1. Суштина на Глобален Дистрибутивен Систем (GDS)

Глобалниот дистрибутивен систем е еден од најупотребуваните


инструменти кои се користат во туризмот и угостителството. Често кога ќе се
спомене GDS првата асоцијација на оние кои барем имаат мали познавања
околу оваа проблематика е резервациони системи преку кои може да се
резервира одредена услуга.

Постојат многу различни дефинирања на поимот GDS. GDS претставува


акроним (скратеница) од Global Distribution System (на анг.), што на македонски
би се превело како Глобален Дистрибутивен Систем. GDS претставува
компјутеризирани, централизирани услуги кои обезбедуваат трансакции
поврзани со патувањето.1 Оваа дефиниција е општа и не ги опфаќа подетално
содржинските делови на овој поим.

Глобалниот дистрибутивен систем е резервационен систем најчесто


наменет за туристички агенции.

Исто така овој поим може да се сретне дефиниран како светска


компјутерска мрежа за резервации која се користи за единствна точка за
пристап за резервирање на места во авион, хотелски соби, изнајмување на
автомобили, или други активности поврзани со патување, а се однесуваат на
активности кои произлегуваат од туристички агенции, онлајн резервации и
друго.2 Ова дефинирање подетално ги опфаќа сегментите во кои Глобалниот
Дистрибутивен Систем има функција и помага за поуспешно работење на
компаниите.

Глобалниот Дистрибутивен Систем (GDS) е мрежа управувана од


компанија која обезбедува автоматизирани трансакции помеѓу трети лица и
агенции за букирање со цел да овезбедат услуги поврзани со патување за
крајните корисници. GDS може да постави релации помеѓу услугите, цените и
букирање, комбинирајќи ги производите и услугите во сите три сектори од

1
About Travel (2015). What is a GDS (Global Distribution System)?. Преземено на 21 март 2015 г.
http://businesstravel.about.com/od/faqs/g/Glossary-GDDS.htm
2
Business Dictionary (2011). Global Distribution System (GDS). Преземено на 21 март 2015 г.
http://www.businessdictionary.com/definition/Global-Distribution-System-GDS.html

6
патувањето, т.е. авионските резервации, хотелски резервации, изнајмување на
автомобили и други активности.

GDS се разликува од комјутерските резервациски системи, кои се


резервациски системи коритени од страна на соодветните продавачи (најчесто
компании). Примарните корисници на GDS се туристичките агенции (и тие кои
работат онлајн, и оние кои работат класично) со цел да прават резервации на
различни резервациони системи кои се пуштени во употреба од страна на
продавачите (компаниите за кои посредуваат). GDS нема регистар, туку
регистарот е директно сместен во самиот резервационен систем на
продавачот. GDS системот секогаш има пристап до базата на податоци на
продавачот. На пример, кога една туристичката агенција ќе побара
резервирање на некоја услуга во одредена авиокомпанија, GDS системот го
испраќа барањето до соодветниот резервациски систем на авиокомпанијата.
Ова овозможува една туристичка агенција која е е поврзана со GDS да одбере
и да букира различни летови, хотели, активности и поврзани услуги во
системите на сите продавачи во светот кои се дел и поддржуваат GDS.

Глобалниот Дистрибутивен Систем бил за прв пат воведен од страна на


Американ ерлајнс (American Airlines) во 1946 година. Со неговото воведување
во бизнисот се олеснило најпрвин купувањето на авионските билети, а потоа се
дошло и до други бенефити.

Со самото резервирање се зачувуваат одредени информации за


патниците. Чувањето на тие информации, пред сѐ во врска со нивните
закажани патувања во воздушниот сообраќај најчесто се користат од страна на
авиокомпаниите, туристичките агенции и сајтовите за резервации на патување.

Технологијата на глобалниот дистрибутивен систем исто така се


користи од страна на неколку компании за патување кои не се поврзани со
воздушниот сообраќај како што се патувањата со воз, како и хотелските
синџири, па клиентите може да направат повеќе резервации за различни
билети и локации.

7
Глобалниот Дистрибутивен Систем е исто така back – end3 од сите услуги
за патување кои се базирани на интернет. Како и да е, различни глобални
дистрибутивни системи сѐ уште опслужуваат ограничен број на авиокомпании.
На пример, Sabre е користеон од American Airlines, PARS од USAir, TravelSky од
Air China, Worldspan од Delta, итн. За да се воочи како работи GDS накратко е
наведен примерот со оној GDS што го поседува Amadeus. Amadeus е користен
од преку 90.000 туристички агенции и преку 32.000 канцеларии на
авиокомпании за дистрибуција и продавање на туристичките услуги. Услугата
процесира повеќе од 480 милиони трансакции дневно и преку 3 милиони
букирања во текот на еден ден. Дури 74 милиони имиња на патници кои се
запаметени во системот можат да бидат активни во исто време. Од
авиокомпаниите кои се партнери со Amadeus можат да се наведат оние кои
всушност се и најголемите, како British Airways, Qantas, Lufthansa и други.4

Овој глобален дистрибуционен систем довел во последните години


зголемување на купувањето на билети директно од веб страните на авио
компаниите.

2. GDS во функција на хотели

Работењето на хотелиерите е макотрпна работа која бара огромна


посветеност и поседување на многубројни информации. Со појавата на
современата технологија работењето на хотелиерите е драстично олеснето и
доведено до степен да се појави сѐ поостра конкуренција и сѐ поголем успех.
Глобалниот дистрибутивен систем се појавува и во хотелиерството.
Најголемиот број на трансакции кои се прават во хотелиерството се засновани
на GDS.

За хотелите кои сакаат да излезат од локалните пазари, глобалното


поврзување е повеќе од витално. Како и да е, тоа не е лесно. Истото се должи
на тоа што постојат, условно кажано, безброј купувачи (како агенти,
корпорации) и продавачи (како хотели, одмаралишта, апартмани, хостели итн.)

3
Back – end означува подреден процесор или програма, кој не е директно достапен за
корисниците кој врши специјализирана функција во име на главен процесор или софтверски
систем.
4
About Travel (2015). What is a GDS (Global Distribution System)?. Преземено на 21 март 2015 г.
http://businesstravel.about.com/od/faqs/g/Glossary-GDDS.htm

8
кои се дел од глобалната низа во хотелиерството. Во вакви услови, на голема
конкурентност и збунетост во работењето, GDS е најсоодветното решение.
Хотелите кои се ставени во глобалните дистрибутивни системи се осигурани
дека нивните капацитети за ноќевање ќе бидат успешно дистрибуирани преку
најдобриот систем за хотелско резервирање. Како и да е, интерфејсот на GDS
може да биде предизвикувачки за хотелиерите. Големиот обем на туристички
агенти и хотели кои се натпреваруваат меѓу себе насочуваат на тоа дека
менаџирањето на капацитетите преку GDS може да одзема многу време.5

GDS обезбедува моментална и во реално време достапна информација


за хотелите. Неговата суштина е тоа што поседува регистар на собите и
објавените цени/пакети. Скоро секој портал за букирање во хотел е поврзан со
GDS. Таа бројка се движи околу 100.000 портали низ целиот свет. Поради тоа,
GDS е најзначајниот медиум кој осигурува еден хотел да биде изложен на
онлајн пазарот.

Благодарејќи на напредните поврзувања, туристичките агенции можат во


секој момент да ги проверат хотелските цени, зафатеноста на собите и вредни
информации за патувањата надополнети со фотографии од хотелските
капацитети и нивната околина. Користејќи го овој пристап, агентот може да
достави до клиентот веродостојни и сигурни информации, како и потврдени
резервации.

Најголеми и најпознати глобални дистрибутивни системи се:

- Amadeus
- Galileo
- Worldspan
- Sarbe (Слика 1)

Постојат повеќе компании кои се занимаваат со дистрибуција на


Глобални Дистрибутивни Системи. Истражувајќи по интернет може да се најдат
податоци за некои од тие компании. Меѓу нив може да ги издвоиме Hotelogix и

5
HOTELOGIX smart hoteliering. Get Global Visibility Increase your online reach Enjoy a 2-way

interface. Преземено на 21 март 2015 г. http://www.hotelogix.com/hotelogix-gds-connect.php

9
Expedia. Hotelogix ги дистрибуира следниве системи: Amadeus, Sabre, Galileo и
Worldspan. Додека, Expedia работи со следниве системи: Worldspan и Pegasus.6

Слика 1. Најпознатите Глобални Дистрибутивни


Системи

Figure 1. The most famous Global Distribution Systems

3. GDS во функција на туристичките агенции

Ако од едната страна беа хотелите (и останатите продавачи), од другата


страна се наоѓаат туристичките агенции (покрај останатите помали купувачи).
Значајноста на GDS за хотелите е со ист интензитет и за туристичките агенции.
Всушност, тие се оние кои ги користат информациите добиени преку GDS и кои
информации ги искористуваат во привлекување на клиенти, а отпосле и
продавање на туристичките производи.

Неодамнешно истражување во Њу Јорк од страна на TravelClick


предводено од Danielle DeVoren и Taylor McGrann спроведено на повеќе од 650
агенти од 34 држави покажала дека туристичките агенции го користат GDS
многу повеќе од претходно. GDS е еден од двата канали кои постојат, а ги
користат туристичките агенции. Овој систем е користен во поголем процент во
последните години. Од 2011 година па наваму, бројот на корисниците на GDS
од страна на агенциите се зголемил за неверојатни 14%. Употребата на
другиот систем за разлика од овој (hotel/chain websites) пораснал за 3%.7

6
Expedia (2015). GDS Hotels. Преземено на 21 март 2015 г.
http://www.expedia.com/daily/home/vendor/gds.asp
7
Travel click (2013). Travel Agent Use of GDS Growing More Than Any Other Booking Channel.
Презенемо на 21.03.2015 г. http://www.travelclick.com/en/news-events/press-releases/travel-agent-
use-gds-survey-results

10
Иако со драматичната експанзија на интернетот и брзото зголемување
на нови извори кои нудат патувачки букирања, GDS се сѐ уште примарните,
најсеопфатни и најсигурни платформи за туристичките агенции кои осигуруваат
задоволување на потребите на клиентите. Исто така, со помош на GDS и
нивните богати портфолија кои содржат планирањa за патување и менаџмент
алатки туристичките агенции и корпорации успеваат да го менаџираат
секојдневниот патувачки бизнис. Благодарејќи на ширината, обемот и односот
со набавувачите GDS се фундаментот за понудување на туристичките
производи во малопродажбата – што се однесува на онлајн малопродажба.

Глобалните дистрибутивни системи обезбедуваат 268 милијарди долари


во глобалните продажби, што се однесуваат на туристичките агенции, со
просек од 243 долари од една трансакција. Повеќе од 1 милијарда трансакции
се одвиваат годишно, користејќи GDS и проценето е дека речиси 500.000
туристички агенции ги користат GDS секојдневно на светско ниво. 8.

4. Amadeus

Системот Amadeus (Amadeus Global Travel Distribution). Тоа е


мултифункционален систем во кој влегуваат 38.000 туристички агенции преку
108.000 терминали, 430 авиокомпании со 60.000 терминали, 55 фирми за
рентакар и др. Овој систем поседува и користи информација за билетите за
летовите на меѓународните авиокомпании, за рентакар, за резервирање на
хотел и др. Него го користат околу 170.000 професионалци од целиот свет кои
работат во сферата на туризмот и патувањата. Преку овој систем може да се
резервираат услугите на локални фирми (воз, воден транспорт, фирми за
културни манифестации) и претставува најпопуларен компјутерски систем за
резервации. Дава можност на секој да добие во реално време точна и
гарантирано неутрална информација за резервациите. Системот ги содржи
следниве потсистеми:9

8
Travelport (2011). What do travel agents really need from a global distribution system today?.
Travelport, 2
9
Ташков, Н. и Методијески, Д. (2012). Скрипта по хотелиерство. Универзитет „Гоце Делчев“
Штип, 104

11
а) Amadeus Flights – содржи распоред на летовите на повеќе од 400
авиокомпании. Гарантира точна информација за летовите до секоја
дестинација во светот и дава актуелни податоци за слободните места.
б) Amadeus Trip tools – најпопуларната база на информации за
тарифите на авиолиниите, информации за размена на валута,
туристички водичи, мапи, временска прогноза, метро станици и др.
в) Amadeus Hotels – содржи информации за околу 35.000 хотели во
светот. Дава и дополнителни информации за местоположбата на
хотелот, бројот на слободните места, видовите на услуги и цени
договорени од конкретна агенција.
Со помош на различни програми кои се лесни за работа на клиентите
може да им се понуди точно собата која највеќе одговара на нивните
барања.
г) Amadeus Cars – содржи информации за фирми кои даваат коли под
наем во населените места на многу светски држави. Постои
интерактивен режим за добивање на информација за специјалните цени
и понуди, како и вредноста на локалната валута т.е. клиентот може сам
да се запознае со условите и услугите на соодветната компанија.
Амадеус е многу поволен за планирање на екскурзии низ целиот свет.
Содржи значајна информација за сите поважни културни манифестации во
дадена држава, туристички патувања (со избор за над 1.000 туроператори),
инфо за железничкиот транспорт во Европа, морскиот транспорт,
осигурителните компании и сл.
Системот Амадеус нуди услуги за добиените и зачувани податоци на
клиентот, автоматизирано претставување на картите и др. документи за
патување, вклучително и сметката, отчет за маршрутата на патувањето и др.

5. Примерот со Alternate Image 

Alternte Image е компанија која што се занимава со имплментација на


GDS.

Една од услугите кои ја обезбедува Alternate Image е поврзување со GDS


директно преку хотелските аплкикации. Имаат обезбедено лесен начин на
менаџирање на цените и регистрите преку еден систем за менаџирање.

12
Овозможуваат преку поврзување со GDS дупло да се зголеми изложеноста на
продавање на услугите преку учевствување, т.е. поврзување со познати веб
страници за патување и системи на туристички агенции.

Оваа компанија има одговорено на 10те најпоставувани прашања од


страна на заинтересираните. Истите можат да ни доловат една појасна слика
за GDS, неговите трошоци, како се имплементира, кои се бенефитите од тоа и
сл. Во продолжение следуваат 10те прашања и нивните одговори: 10

1. Што е GDS?

GDS е акроним од Global Distribution System и е онлајн систем кој


доставува цени, регистри, намаленија, соби и описи за системите кои се
поддржани од страна на GDS.

2. Какви се системите кои се поддржани од страна на GDS?

GDS вклучува страни кои овозможуваат висок сообраќај, а поврзани со


патување или одредени канали како што се Expedia, Hotels.com,
Travelocity, AAA, HOTWIRE, Priceline и TravelWeb. Исто така, може да се
наведе и Orbitz, но за него е потребно регистрирање на нивната
програма за трговци. Системите на туристичките агенции се вклучени во
конекцијата со GDS, како Sabre, Pegasus, Galileo, Worldspan и Amadeus.

3. Колку чини вклучување во GDS?

Нивните цени се високо конкурентни и вклучуваат setup (еднаш) кој чини


$500. Отпосле, месечно се претплатува најмалку по $75 или $12 по
резервација.

4. Може ли сопственоста да биде на повеќе од еден GDS


провајдер?

Постојат неколку компании кои обезбедуваат пристап до GDS. Но, за


жал, еден клиент не може да биде поврзан со повеќе од еден GDS
провајдер. Доколку една компанија е поврзана со еден GDS провајдер и

10
Alternate image (2012). TOP 10: GDS Frequently Asked Questions. Преземено на 23 март 2015 г.
http://alternateimage.com/index.cfm

13
сака да го промени, потребно е барање за промена. Барањето се состои
од откажување на еден провајдер и активација на друг.

5. Кои карактеристики на Alternate Image можат да се користат на


GDS?

Нивниот постоечки систем работи рамо – до – рамо со интерфејсот на


GDS без додатни внесувања на податоци или пристап за трети лица.
Опис на соби, фотографии, попустим цени, регистри – сѐ ова е во
корелација со GDS каналите, а во функција на компанијата која што се
поврзува со GDS.

6. Кој е процесот за имплементација?

Процесот за имплементација вклучува одделни договори за GDS и некој


систем (во овој случај Priceline/TravelWeb). Секој од договорите треба да
е потполнет, потпишан и вратен пред да се започне имплементацијата.
Кога ќе се добијат договорите Alternate Image им испраќаат онлајн setup
во 5 чекори кои мора да бидат извршени што е можно потемелно. Во
формуларот се содржат сопственото име, адресата, собата, услугите,
фотографии и описи. Овие информации најчесто постојат на страницата
на компанијата која имплементира GDS, но подобро е кога овие
информации ќе ги добијат од самата компанија и да се консултираат на
кој начин истите да бидат претставени преку каналите.

7. Колку време е потребно да се вклучат во овој систем?

Целиот процес би требало да трае од 4 до 6 седмици и овозможува 2


седмици за да може да се види. Кога setup чекорите се комплетирани AI
ќе треба да креираат account – от користејќи ги информациите кои се
приложени. Поради тоа, значајно е што потемелно да се заврши setup –
от со цел да се имаат сите информации за креирање на account – oт.

8. Колку време е потребно за да се направи поврзувањето


овозможено за букирање?

Секој GDS канал ги ажурира нивните бази на податоци на различни


фрекфенции и повеќе пати. За жал, AI не знаат за колку пати или

14
фрекфенции станува збор и може само да предвиди дека тоа ќе биде
најмалку еден пат месечно. Ако поврзувањето со GDS е ново, а пред тоа
немало други поврзувања со GDS веројатноста за видливоста да биде
пократка е поголема. GDS каналите ќе додадат нови карактеристики
пред да се ажурираат старите. Поради тоа, 2 седмици се потребни за
видливоста, а во некои случаеви и повеќе.

9. Зошто е важно да се биде поврзан со GDS?

Значајно е да се биде поврзан со GDS бидејќи овие информации се


единствените кои ќе можат агенциите да ги гледаат. Исто така,
страниците за патувања се вообичаено првите места каде што гостите ќе
пребаруваат за нивниот следен одмор. Колку повеќе се застапени на
интернет, толку повеќе резервации ќе примаат.

10. Какви се статистиките за букирање на резервации користејќи


GDS?

Речиси 300 милиони активни корисници на Интернет имаат купено


патување онлајн. Онлајн букирањето за патувања надминува 100
милиони долари од 2005 година, па наваму. GDS просечно се одговорни
за околу 30% од сите хотелски букирања. Најголемата предност за секој
хотел е да има што поголема изложеност на онлајн пазарот преку GDS
каде милиони купувачи и продавачи работат заедно со цел размена на
услуги за патување. Барањата за директен електронски пристап до
хотелските веб страни расте експоненцијално. Но, хотелските компании
можат да си дозволат да го игнорираат овој експлозивен порат на онлајн
букирања на хотелски резервации.

15
Заклучок (Concluding remarks)

Поврзувањето со GDS е една од најесенцијалните активности кои треба


да се преземат со цел обезбедување на проширување на сопствениот пазар и
зголемување на успехот на целата компанија (независно дали станува збор за
хотели, туристички агенции и др. Стејкхолдери.

Од обработка на оваа тема може да заклучиме дека најзначајните


корисници на GDS системите се хотелите (како едни меѓу најуспешните
продавачи на туристички услуги) и туристичките агенции (како едни од
најзначајните купувачи, т.е. посредници на тие услуги). Хотелите со помош на
овој систем обезбедуваат поголем пласман на своите производи, а со тоа и
поголема конкурентност и успех, додека агенциите обезбедуваат успех на
својот бизнис користејќи ги услугите на хотелите. Генерално земено,
бенефитот од GDS е најчесто позитивен за сите стејкхолдери во туризмот и
угостителстово.

Исто така, може да се заклучи дека најпознатите системи кои се


поврзани со GDS се Amadeus, Pegasus, Worldspan, Galileo и други. Сите овие
овозможуваат повисока функционалност на целиот систем. Компаниите кои
обезбедуваат пристап, т.е. поврзување со GDS се исто така значајни за
успехот на бизнисите кои се поврзани со оваа проблематика, а оттука и успех
на сопствениот бизнис.

16
Користена литература (References)

1. Методијески, Д. и Ангелова, Т. (2014). Информатички системи во


угостителството и туризмот. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
Факултет за Туризам и Бизнис Логистика – Гевгелија
2. Ташков, Н. и Методијески, Д. (2012). Скрипта по хотелиерство.
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

3. Travelport (2011). What do travel agents really need from a global distribution
system today?. Travelport.

Интернет извори:
1. About Travel (2015). What is a GDS (Global Distribution System)?.
Преземено на 21 март 2015 г.
http://businesstravel.about.com/od/faqs/g/Glossary-GDDS.htm
2. Alternate image (2012). TOP 10: GDS Frequently Asked Questions.
Преземено на 23 март 2015 г. http://alternateimage.com/index.cfm

3. Business Dictionary (2011). Global Distribution System (GDS). Преземено


на 21 март 2015 г. http://www.businessdictionary.com/definition/Global-
Distribution-System-GDS.html
4. Expedia (2015). GDS Hotels. Преземено на 21 март 2015 г.
http://www.expedia.com/daily/home/vendor/gds.asp
5. HOTELOGIX smart hoteliering. Get Global Visibility Increase your online
reach Enjoy a 2-way interface. Преземено на 21 март 2015 г.
http://www.hotelogix.com/hotelogix-gds-connect.php

6. Travel click (2013). Travel Agent Use of GDS Growing More Than Any Other
Booking Channel. Презенемо на 21.03.2015 г.
http://www.travelclick.com/en/news-events/press-releases/travel-agent-use-
gds-survey-results

17

You might also like