You are on page 1of 17

КАКО ДО

ПОЛЕСЕН
ПРИСТАП ДО
ВРАБОТУВАЊЕ
ПИШУВАЊЕ НА CV И
МОТИВАЦИОНО ПИСМО
Вовед!
Составувањето на кратката биографија претставува значаен чекор
кога барате работа или обука. Кратката биографија (CV) е
честопати првиот контакт со вашиот иден работодавач. Таа треба
веднаш да го привлечевниманието на читателот, и да покаже
зошто треба да ве викнат на интервју.
Важно! Вообичаено работодавачите посветуваат не повеќе од
една минута на секоја кратка биографија (CV) кога ја прават
првата селекција од апликациите кои се добиени. Ако не успеете
да го извршите вистинското влијание, ќе ја изгубите можноста
што ви е на располагање.
Внимателно прочитајте ги следните информации пред да ги
внесете личните детали во образецот.
Што е CV?
CV-то е кратка содржина на личните податоци, образование и искуство на
апликантот.

CV-то е маркетиншка алатка која има за цел да обезбеди интервју со


работодавецот. CV-то треба да биде напишано од гледна точка на
работодавецот т.е. апликантот треба да го осигура потенцијалниот работодавец
дека ги поседува клучните вештини и искуство што се сметаат за неопходни за
работното место.

Како предуслов за победничко CV, апликантот треба:

 Да ги знае вештините што може да ги понуди (проценка на вештини);


 Да ги анализира потребите и барањата на работодавецт;
 Да може ефикасно да го прикаже совпаѓањето на неговите вештини со
барањата на работодавецот.
Елементи на CV
 Делот за лични податоци ги
вклучува информациите како: Име и
презиме, адреса, фиксен телефон
и/или мобилен телефон,
електронска адреса. Овој дел треба
да биде краток, не повеќе од четврт
страна и апликантот треба да биде
лесно достапен на адресата,
телефонските броеви и
електронската адреса што ги навел.
Елементи на CV
 Личен профил: Еден параграф што веднаш ќе
му го привлече вниманието на работодавецот и
ќе го поттикне да дознае повеќе за апликантот.
Тоа би било изјаснување на главните вештини
на апликантот и треба да биде поврзано со
работното место за кое апликантот аплицира.
Елементи на CV
Историја на вработувања/работно искуство:
Во овој дел апликатите треба да ги наведат
работодавците за кои работеле. Овој дел му
покажува на работодавецот дека апликантот е
соодветен за работната позиција; па така, важно е
апликантот успешно да ги вклопи своето работно
искуство со целното работно место.
Потенцијалните работодавци се особено
заинтересирани за овој дел, па така историјата на
вработувања треба да биде направена на начин
што ќе го убеди потенцијалниот работодавец
дека апликантот е соодветен за огласената
позиција.
Елементи на CV
Образование: Овој дел
треба да вклучува
информации за училиштата
и универзитетите кои сте ги
посетувале и дипломите кои
сте ги добиле. Од овој дел
работодавецот ќе добие
информации дали
формалното образование на
апликантот е во согласност
со работната позиција.
Елементи на CV
Обука/Развој: Апликантите со
импресивно портфолио во врска со обуките
што ги следеле имаат поголеми шанси да
се успешни во процесот на барање работа.
Работодавците непрестано бараат докази за
професионално напредување, бидејќи ги
зголемува вештините на кандидатите и
покажува потенцијал за идно напредување
во кариерата. Ваквите портфолија на
кандидатите го покажуваат и искуството на
поранешните работодавци што го имале со
кандидатот, и покажува дали тие имале
желба да инвестираат во кандидатот.
Елементи на CV
Вештини: Во овој дел кандидатот
треба да ги наведе вештините кои се
релевантни за работната позиција и
одговараат со описот на работното
место. Во овој дел кандидатот треба
да вклучи информации во врска со
познавањето на компјутерски
програми, јазици и други вештини.
Важно е наведените вештини да се
поддржани со примери
(„Организациски вештни развиени
како Менаџер на одделот за
производство“, „Служба за
потрошувачите – Во продавница се
справував со 50 потрошувачи дневно
во деновите кога имаше гужва“).
Елементи на CV
Други информации: Ги наведувате сите други
информации кои не се споменати во другите делови
од CV-то, како што се возачка дозвола, информации
за хоби, интереси, некои постигнувања во области во
кои кандидатот е активен. Овој сегмент треба да
биде вметнат во CV-то само кога се работи за лица
што неодамна го завршиле образованието, а не кога
станува збор за лице со големо работно искуство и
добро портфолио што се однесува на обука. Меѓутоа,
работодавецот може да ви постави прашања од овој
дел за да го скрши мразот за време на интервјуто со
кандидатот.
Елементи на CV
Препораки: Ги наведувате
личностите кои работодавецот
може да ги контактира со цел да
добие информации поврзани со
работата на апликантот.
Добрите препораки ги
зголемуваат шансите за
вработување.
Фотографија?
Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на
кандидатите за работа е зошто во огласот за работа бараат да се
испрати и фотографија не постара од 6 месеци. Секој кандидат го
презентира и својот изглед, меѓутоа примарната цел на
приложување на фотографија е да може интервјуерот или
членовите на комисијата кога го вршат интервјуто и потоа прават
евалуација полесно да ги запаметат кандидатите. Биографијата е
текст, а со сликата добиваат и визуелна подршка и полесно може
да се присетат на одреден кандидат.
Во професионална биографија фотографијата се прикачува во
самиот документ, а таа е профил на кандидатот. Значи
избегнувајте слика од вашата свадба, одмор и слично.
Европас CV
е стандардизиран вид на CV што луѓето го користат за да
ги прикажат детално своите квалификации и вештини на
ниво на ЕУ. Има за цел да им овозможи на европските
граѓани да ги прикажат своите квалификации на
поефикасен начин, со што се олеснува пристапот до обука
или вработување во Европа. На веб локацијата подолу ќе
можете да најдете пример за Европас CV и оваа веб
локација дава можности на заинтересираните кандидати
да направат сопствено Европас CV преку интернет.
http://
europass.cedefop.europa.eu/europass/home/vernav/Europass+
Documents/Europass+CV.csp;jsessionid=DEA429887C81D6
85599B67331C3AEC37.wpc2
Eur o p ass Ставете фотографија. Избришете го заглавјето ако не е релевантно (види
Кр атк а би ог р афи ј а инструкции)

Лични информации
Име(-иња)/Презиме(-иња) Име(-иња) Презиме(-иња) (избришете го ако не е релевантно, види инструкции)
Адреса(-и) Број, улица, поштенски број, град, држава (избришете ако не е релевантно, види инструкции)
Телефон(-и) (избришете ако не е релевантно, Мобилен: (избришете ако не е релевантно,
види инструкции) види инструкции)
Факс (избришете ако не е релевантно, види инструкции)
E-мејл (избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Националност (избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Датум на раѓање (избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Пол (избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Посакувано вработување / (избришете ако не е релевантно, види инструкции)


Професионално поле

Работно искуство
Датуми Внесете го поединечно датумите за секоја релевантно вработување, започнувајќи од
најскорешното. (избришете ако не е релевантно, види инструкции)
Занимање или позиција/работно
место
Главни активности и одговорности
Име и адреса на работодавачот
Тип на бизнис и сектор

Образование и обука
Датум Додадете посебен запис за секој релевантен курс што го имате завршено, започнувајќи од
најскорешниот. (избришете ако не е релевантно, види инструкции)
Назив на доделената квалификација
Главни предмети/стручни вештини
опфатени
Име и тип на организацијата која го
обезбедила образованието и обуката
Степен/ниво во националната или (избришете ако не е релевантно, види инструкции)
меѓународна класификација

Лични вештини и знаења


Мајчин јазик(-ици) Наведете го мајчиниот јазик (ако е релевантно додадете друг мајчин јазик(-ици),
види инструкции)

Друг јазик(-ици)
Самопроценка Разбирање Зборув ање Пишувањ е
Европско ниво (*) Слушање Читање Говорна Продукција на
интеракција говор
Јазик
Јазик
(*) Заедничка европска референт на рамка за јазици

Социјални вештини и Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
способности (Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Организациски вештини и Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
способности (Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Технички вештини и способности Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
(Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Компјутерски вештини и Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
способности (Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Уметнички вештини и Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
способности (Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Други вештини и знаења Заменете го овој текст со опис на тие способности и назначете каде сте ги стекнале.
(Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Возачка дозвола Наведете дали поседувате возачка дозволач доколку поседувате наведете за која категорија на
возило. (Избришете ако не е релевантно, види инструкции)

Дополнителни информации Тука вметнете ги сите други информации кои сметате дека се релевантни, на пример лица за
контакт, препораки итн. (Избришете го заглавјето ако не е релевантно, види инструкции)

Прилози Наведете ги сите прилози. (Избришете го заглавјето ако не е релевантно, види инструкции)
Практични совети:
 Потрудете се Вашите најдобри квалификации и
достигнувања да бидат поставени на видно место во CV-
то
 Не дозволувајте да имате граматички грешки во текстот
 Гледајте да бидете концизни во изразувањето
 Не внесувајте небитни работи, само колку да имате
опширно и долго CV
 Во никој случај не правете преголемо CV
 Откако ќе го напишете Вашето CV побарајте од некој
друг да го прегледа
ПРАШАЊА

You might also like