You are on page 1of 7

ЖИТИЕ НА КИРИЛ

1.Бог милостив и дарежлив, кој сака да се покае човештвото, за сите да бидат спасени и да ја
спознаат вистината, бидејќи Тој не ја сака смртта на грешниците, туку покајание и живот,
бидејќи дури и да е (човекот) најмногу склон кон зло, да не му дозволи на човечкиот род да
падне од слабост, да подлегне на ѓаволското искушение и да умре, но во сите години и времиња
не престанува да создава милост како првично, така е и сега, прво преку патријарсите и отците ,
по нив преку пророците а потоа преку апостолите и мачениците и праведните мажи и учители,
со нивно избирање од овој многу бурен живот.
Затоа што Господ ги познава неговите, и тие Него, како што рече: “Моите овци го слушаат
Мојот глас и Јас ги познавам и ги нарекувам по (нивното) име, да одат по мене и им давам
живот вечен ” Како што стори (и) за нашата генерација, издигајќи ни таков учител, кој го
просветли нашиот народ, затоа што нашиот ум беше во сенка на слабост, па дури и повеќе ,на
зајадливиот ѓавол, и не сакавме (ние) да одиме во светлината на Божјите заповеди.Житието
негово, иако овде кратко раскажано, покажува како (се) било, за некој кој сака да го слушне,
почна да го имитира, примајќи храброст и отфрлајќи ја мрзеливоста, како што вели апостолот:
“Бидете подобни на мене, како што јас сум на Христос”.
2.Во градот Солун бил некој маж, богат и од добро семејство, по име Лав, ракоположен за
друнгариј под (некој) стратег. Исто така бил и благоверен и праведен и ги одржувал сите Божји
заповеди, како некогаш Јов.Живеел со својата сопруга, родил седум деца, од кои најмлад беше
седмиот, Константин Филозоф, наш наставник и учител.Кога го родила неговата мајка , го дале
на доилка, за да го дои, но детето не сакало никако да земе туѓи гради, но само на мајката и не
било надоено.И тоа било според желба на Бог, за добра гранка од добар корен да не се отхрани
на лошо млеко.Потоа добрите родители се согласиле да не живеат едни со други, да се
воздржуваат, и така живееја во Господа, како брат и сестра, повеќе од 14 години додека смртта
не ги раздели, не прекршувајќи ја оваа одлука.Кога (Лав) требаше да оди на суд (Божји), мајката
плачела над детето , велејќи: “За ништо не се грижам освен за ова дете, како ќе порасне?” А тој
и рекол: “Верувај ми, жено,се надевам на Бога , дека Бог ќе му даде татко и чувар кој се грижи
за сите христијани. “. Така и се случи.
3.Кога детето имаше седум години, тоа виде сон и раскажуваше на татка си и мајка си, и рече :
“Стратегот, собирајќи ги сите девојки во нашиот град,ми рече,” Одбери си една од нив, која
сакаш,за брачен другар ,за помош и твоја врсничка. “Јас пак ,гледајќи и разгледувајќи ги сите,
видов една поубава од сите, со насмеано лице, украсена со злато и бисерни ѓердани, и сите
убавини, какво што беше нејзиното име ,Софија, која е мудрост, и јас ја одбрав. “Слушајќи ги
овие зборови, неговите родители му рекле: “Сине, задржи го законот на татка си и не ја оставај
мајка си, бидејќи заповедите на законот – се светлина, и се свети.Кажи и на мудроста: биди ми
сестра запознај ме со мудроста . Мудроста свети посилно од сонцето и ако ја земеш неа, како
своја сопруга, со неа ќе се ослободиш од многу зло “.Кога го дадоа на учење книга, во науката
успеваше повеќе од сите сите ученици благодарение на меморијата и големата вештина, така
што сите беа воодушевени.
Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето,
земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог ,се крена ветер, го
потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб.Бог
милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го
фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега – со јастреб. Размислувајќи во
душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: “Таков ли е овој живот, каде место радост се
раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите
денови нема залудно да ги потрошам. ”
И започна да учи, седејќи во својата куќа, учејќи ги книгите во спомен на свети Григориј
Богослов.
И тој направи знак на крстот на ѕидот, и напиша пофалба на Свети Григориј вака:
“О Григориј, со телото – маж а со душата – ангел! Ти, иако со телото човек, се покажа како
ангел.Твојата уста е, како еден од серафимите кои го слават Бога и го осветлуваат целиот свет со
продолжување на вистинската вера .Така прими ме и мене , кој ти припаѓам со љубов и вера, и
биди мој учител и просветител. “И така го фалел Бога.
Кога стапил (во светот), на многуте расудувања и возвишени мисли (на Григориј) и не можел да
ја дознае нивната длабочина, паднал во голема депресија.Таму беше и некој странец, кој знаеше
граматика, и (Константин) му пријде, и паѓајќи му под нозете, му рече: “. Направи добро,научи
ме на уметноста на граматиката”.Овој го беше закопал својот талент и му рекол: “Не труди се,
момче.Си дадов завет себеси – никого да не го подучувам во мојот живот. “Момчето повторно
со поклони и со солзи, рече, “Земи го сето мое богатство ,од куќата на татко ми ,кое ми припаѓа
на мене, само научи ме.”И (кога) тој одби да го послуша, отиде дома и остана во молитва за да ја
исполни желбата на своето срце.
Скоро Бог ја исполнува вољата на оние кои се бојат од Него.За убавината негова, и мудроста, и
ажурноста во науката, кои му биле карактеристични ,слушнал управителот на цезара, наречен
логофет, и испратил по него, за да учат заедно со цезарот.Момчето кога слушнало за ова, среќно
тргнало на пат ,по патот клекнало на колена и се молело, велејќи: “Боже на нашите отци,
милосрден Боже, кој со слово си создал се и со својата мудрост си го создал човекот, да владее
со содадените од Тебе суштества , дај ми мудрост која се наоѓа на работ на Твојот престол,за
дознавајќи што ти е угодно, да достигнам спасение, зашто Јас сум син на твој роб и син на твоја
робинка. ”
И потоа го кажа остатокот од молитвата на Соломон, и стана и рече: “Амин”.
4.Кога дојде во Цариград, го дадоа на учење кај наставниците .И во 3 месеци завладеа со сета
граматика и зеде друга наука, го научи Хомер, и геометрија, и дијалектиката на Лав и Фотија , и
сите филозофски учења, а озгора и реторика, и аритметика и астрономија и музика и сите други
елински ученија. И така изучи се ,како што не изучил никој ,така што брзината се спои со
вниманието, помагајќи си едно на друго со подобрување на науката и уметноста.
И повеќе од (способноста за) учење, тој покажа благ темперамент: разговараше со оние со кои
беше корисно, а ги избегнуваше оние кои скршнуваа на крив пат.И[мислеше] како, ќе ја замени
земјата со небото, ќе отстапи од ова тело и ќе живее со Бога.
Кога го видел логофетот дека е таков му дал власт над својот дом и (дозволил), без страв да
влегува во царските палати.И тој го прашал еден ден, велејќи: “Филозофе, би сакал да знам што
е филозофија”. Тој (со неговиот) искусен ум веднаш на господарот му одговорил: “знаењето за
нештата божествени и човечки, за да може човек да пријде поблиску до Бога, кој го учи човекот
да биде по образот и делото на неговиот Создател . “И од тогаш го засакал уште повеќе, и
постојано го прашал за се овој толку голем и чесен човек.Тој, исто така го подучувал и
филозофија, изразувајќи длабоки мисли во неколку зборови.
Престојувал во чистота, и колку повеќе му угодувал на Бога, толку повеќе го засакувале сите
луѓе.
И логофетот му даде достојна чест и му даде многу злато, но тој не го прифати.Еднаш му рече:
“Твојата убавина и мудрост ме присилува да те сакам уште повеќе.Имам ќерка,прекрасна и
духовна, која ја крстив, убава и богата, од добар и голем род.Ако сакаш, да ти ја дадам за жена, а
од цезарот пак ,ќе добиеш особена чест и власт, а очекувај и повеќе, бидејќи наскоро стратегот
си оди. ”
Му одговори Филозофот: “. Голем е подарокот за оние кои го сакаат тоа, за мене не постои
ништо над учењето, благодарение на него собрав знаење, сакам да го барам богатството и честа
на прадедовците “.Слушајќи го неговиот одговор,појде логофетот кај кралицата и и рече: “Овој
млад филозоф не го сака овој живот, но сепак нема да го пуштам од (нашето)општество, туку
потстрижувајќи го во свештеник ќе му дадам служба, нека биде библиотекар на патријархот во
Света Софија,можеби така ќе го задржиме. “И така со него и сториле.
Минувајќи малку време со нив, отиде на Тесното море(Босфор) и избега тајно во еден манастир,
го бараа 6 месеци и едвај го најдоа, и бидејќи не можеа да го принудат насилно на истата
служба, го замолија да биде ракоположен за наставник ,да предава филозофија на своите и на
странци со секоја поддршка и помош.И за тоа се нафати.
ЖИТИЕ НА МЕТОДИЈ
Во месец април 6 ден
спомен и житие на нашиот татко
и учител Методиј
Моравскиот Архиепископ
Благослови ме, Оче
1. Бог милостив и семоќен, кој создаде битие од небитие се видливо и го украси со сета убавина,
за која, ако некој сака да размислува, мал дел може разбере и познае ,од Оној кој беше создал
толку многу и прекрасни суштества. Бидејќи според величината и убавината на суштествата
преку размислување се познава нивниот Создател, за кој пеат ангелите со трисвети гласови и(
кој ние) верниците го славиме во Света Троица, односно во Отецот, Синот и Светиот Дух, што
значи во три подобија, кои може да ги наречеме три лица, но во едно божество.Впрочем, пред
секој час, време и година и вон од секој разум и нетелесно поимање Таткото самиот го создаде
Синот , како што вели Премудроста :
“Пред сите ридови ме роди Мене” . И во Евангелијата зборува Божјото Слово од пречиста уста,
отелотворено во крајно време за нашето спасение: “Јас сум во Отецот и Отецот е во мене” Од
тој Отец и Светиот Дух произлегува, како што рече Синот Божји со гласот: “Духот на
вистината, кој од Отецот произлегува„. Овој Бог го создал секое создание, како што вели Давид
, “Зборот на Господ го стврдна небото и здивот од устата негова е сета сила негова.Затоа што Он
рече, и започна, Он нареди,и се создаде “.
Пред се го создаде човекот, земајќи прав од земјата, и од себе вдахновувајќи душа со
животворен дух.И кога му даде разбирање на говор и слобода на волјата, го воведе во
рајот,поставувајќи му како тест заповед ,ако ја зачува, ќе остане бесмртен ,ако ја прекрши, ќе
умре по сопствена воља, а не според Божјата заповед.
Кога ѓаволот виде дека на човекот му е укажана таа чест, и му е доделено тоа место од каде што
тој падна поради својата гордост, направи така ,тој(човекот) да ја прекрши заповедта.
И (Бог) го изгони човекот од Рајот , и го осуди на смрт.И од тоа време започна ѓаволот да ја
мами човечката раса со многу интриги , но Бог во својата голема љубов и милосрдие не го
напушти човекот до крајот , туку во секоја година и во секое време избра маж и им ги покажа на
луѓето неговите дела и подвиг, да станат подобни на нив, и охрабрувани да прават добро.
Таков беше Енос,кој со надеж прв го повика името на Господ.(Битие 5:6)
А, потоа, Енох, угодувајќи му на Бога, беше префрлен (на небото).(Битие 5:24)
И Ное беше пронајден праведен во својот род (и) потопот го избегна во ковчег, за повторно
земјата да се наполни (со живи) суштества Божји и да се украси.(Битие 5:29)
Авраам, по поделбата на јазиците по која сите паднале во грев, Бога го позна и беше прогласен
за другар (Божји) и положи заклетва: Блажени се сите народи (добиени) од потомството
твое.(Битие 17:5)
Исак подобно на на Исус беше изведен на гората(да биде принесен) како жртва.(Битие 22:6-
10),(Послание на Евреите 17-19)
Јаков ги уништи идолите на тестот и виде скала од земјата на небото, на која се вознесуваа и се
спуштаа Божјите ангели, и со благослов на неговите синови, тој прорече за Христа.(Битие28-
10;32:28-30)
Јосиф ги нахрани луѓето во Египет, покажувајќи се како (човек) на Бог.(Битие 42:1-6)
За Јов овситидински Книгите говорат дека бил праведен,справедлив и непорочен: тој бил ставен
на испитание ,го претрпел и бил благословен од Бога.(Јов 1)
Мојсеј со Арон сред свештениците(иереите) Божји беше наречен Бог (од) фараонот, и беше
подложен на мачење во Египет и го изведе (оттаму) Божјиот народ, одејќи дење по светол облак
и навечер по столб од оган и го подели морето, и (тие) минаа на суво, и Египќаните се удавија, и
во пустината безводна ги напои луѓето со вода и ги нахрани со леб ангелски и птици, и потоа
откако разговараше со Бога лице в лице, како што луѓето можат да разговараа со Бога, им даде
на луѓето закон напишан со Божјиот прст.(Излез)
Исус Навин ја подели земјата помеѓу Божјиот народ по војната со непријателите.(Книга на Исус
Навин)
Судиите, исто така се стекнаа со многу победи, добивајќи милост од Бога.(Книга за израелеви
судии)
Самуил го постави и го помаза цезарот според словото Господово.(Самоил 1-2)
Давид беше кроток (вистински) пастир на народот и го учеше на песните на Бога (Цареви 1-2)
Соломон, надарен со мудрост од Бога повеќе од сите луѓе, создаде многу добри проповеди со
параболи (приказни), иако тој самиот (сите) не ги следеше.(Пословици)
Илија со глад ја отфрли човечката лутина, и мртвото дете го воскресна и со збор снесе оган од
небото, и изгори многумина и многу жртви изгоре со чудесниот оган и нечесните свештеници ги
скрши и се вознесе на небото во огнена кочија и коњи, давајќи им на учениците двоен
Дух.(Цареви2)
Елисеј земајќи ја (неговата) мантија, два пати повеќе чуда сотвори.(Цареви 2-3)
Останатите пророци, секој во своето време, прорекуваа за прекрасните дела кои ќе се случат .
По нив, големиот Јован посредникот помеѓу Стариот и Новиот Завет стана Крстител и сведок на
Христос и проповедник на живите и мртвите.(Нов завет,Евангелие според Јован)
Светите апостоли Петар и Павле со останатите ученици на Христос, минувајќи низ сиот свет
како молња ја осветија целата земја.По нив, мачениците со крвта своја,ја измија нечистотијата, а
наследниците на Апостолите, крстејќи го цезара, со многу дела и труд го скршија
паганството.(Посланија на апостол Петар и Павле)
Многупочитуваниот Силвестер со 318 отци го зеде на помош своја големиот Цезар Константин
и прв собор собра во Никеја, Арија го порази и го проколна него и неговата ерес, бидејќи тој се
спротивстави на Светата Троица, како што некогаш Авраам со неговите 318 момчиња ги победи
Кралевите и доби благослов и леб и вино од Мелхиседек, царот салимски, зашто тој беше
свештеник на севишниот Бог.
Дамас, исто така, и Григориј Богослов со сто и педесет отци и големиот цезар Теодосиј во
Цариград го потврдија светиот символ(на верата), (кој почнува со зборовите):Јас верувам во
еден Бог, и го отсекоа (од телото на Црквата) Македониј, и ги проколнаа него и неговото
богохулење, кој зборуваше против Светиот Дух.
Селестин и Кирил со двесте отци и со вториот Цезар (Теодосиј) во Ефес го совладаа Несториј со
сите заблуди кои ги говореше против Христос.
Лав и Анатолиј со правоверниот Цезар Маркијан и со шестстотини и триесет татковци го
проколнаа лудилото во Халкидон и заблудите на Евтихиј.
Вигилиј со добротворниот Јустин (ијан?) и со сто и шеесет и пет татковци, се собраа на петтиот
собор и (било какви грешки кои ги ) најдоа, ги проколнаа.
Агатон, апостолскиот папа со 270 отци, и со достојниот цезар Константин, кога на шестиот
совет се крена многу возбуда, ги изгонија, и ги проколнаа сите кои создаваа метеж,
именоТеодор Тарански, Сергеј и Пир, Кир Александриски, Онориус Римски , Макариј
Антиохиски и други потчинети на нив, а христијанската вера, поставувајќи ја на вистината, ја
потврдија.
2.Но, по сите нив милостивиот Бог, кој сака секој човек да биде спасен и зачуван и да го
достигне познанието на вистината во наше време, за нашиот народ, за кој никој и никогаш не се
грижел, го поттикнал на добро дело нашиот учител, блажениот Методиј.
Ако го споредиме него според сите доблести и дела со секој од овие светци,нема да се
посрамиме, бидејќи тој на едни им бил рамен, од други малку помал, но а од трети подобар,
оние кои биле познати по зборови, ги победил во дела, а оние кои станале познати со дела, ги
надминал со збор.На сите ним подобен, станал олицетворение на сите нивни доблести: страв од
Бога, чување на заповедите, чистотата на телото, посветеност во молитва и светост, силни и
кротки зборови, силни за противниците а кротки за приемачите на проповедите, лутина и
тихост, милост и љубов, страст и трпение, и тој им стана на сите се’ , за да ги привлече.
И тој не беше од обете страни од лош род, но од добар и чесен, добро познат од почеток на Бог и
на Цезар, и на целата Солунска земја, кое нешто го покажуваше и неговиот надворешен изглед.
Поради ова и противниците, кои го сакаа уште од детството, зборуваа со него како еднакви, а
Цезар,откако [слушна]за бистрината негова , му даде да управува со славјанското кнежевство,
велам, како што е предвидено, дека ќе го испрати до Словените како учител и прв архиепископ
за да се научи на словенските обичаи и малку се се привикне нив.
3.Кога минал во владеење многу години и видел многу случајни премрежија на овој живот, ја
променил својата посветеност кон темнината на земјата со помислата на небото, бидејќи не
сакал својата благородна душа да ја збуни со она кое не постои засекогаш, и наоѓајќи погодно
време, се ослободил од кнезувањето и пошол на Олимп, каде што живеат светите отци, се
потстригал и се облекол во црна риза. И ги почитувал со покорност и ги исполнувал сите
правила на монашкиот живот , оддавајќи се на книгите.
4.Дошло време, кога испратил цезарот по Филозофот(Константин Филозоф,Св.Кирил), неговиот
брат, (да оди) кај Хазарите* и да го земе со себе на помош.Таму имало Евреи, кои силно хулеле
на христијанската вера.Тој рекол дека е подготвен да умре за Христовата вера, и не
послушувајќи, отиде да служи како роб на помалиот брат,покорувајќи му се.Тој со молитва, а
Филозофот со зборови превзеле превласт над врвните и ги засрамиле.
Кога Цезар и патријархот го виделе неговиот подвиг толку прикладен на божјиот пат, се
обиделе да го убедат да се посвети во архиепископ на првото место, каде што има потреба од
таков маж.И кога тој не сакал го принудиле и го направиле игумен во манастирот, кој се
нарекувал Полихрон, со приход од 24 мери злато, и со не повеќе од 70 монаси.
5.Се случило во тие денови, Ростислав, кнезот словенски, со Свјатополк да испрати од Моравија
кај цезарот Михаил , велејќи: “Ние сме здрави по Божја благодат, и дојдоа кај нас многу
учители, Италијанци и Грци и Германци, и не учеа на многу начини, и ние сме Словени,
едноставни луѓе, и ние немаме (некој) кој ќе не води и ќе ни ја даде вистината и знаењето.Така,
добар владико (господару), испрати ни маж кој ќе не води сите нас кон вистината ”
Потоа цезарот Михаил му рече на Константин Филозоф:” Го слушаш ли, Филозофе, овој говор?
Никој друг не може да го направи ова, освен тебе.Еве јас ќе ти дадам многу подароци и оди,
земи го и својот брат игуменот Методиј.Вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто зборуваат
славјански “.
Потоа тие не се осмелуваа да го одбијат ни Бога, ниту Цезара според зборовите на Апостолот
Петар, кој рече: “Бојте се од Бога, почитувајте го Цезара”
Но, откако слушнаа за ова велико дело,се дадоа на молитва и со други, кои имаа иста мисла како
нив.
И Бог тука му го откри на Филозофот (Св.Кирил) словенското писмо.И тој брзо создаде букви и
состави беседи , па замина за Моравија, земајќи го се себе Методиј.И тој повторно почна
покорно да го почитува, да му служи на Филозофот и да учи со него.А кога поминаа три години,
се вратија од Моравија, откако научија ученици.
6.Кога дозна за овие луѓе апостоликот (папата) Николај испрати по нив, бидејќи сакаше да ги
види како ангели Божји, (и) да го благослови нивното учење, ставајќи го славјанското Евангелие
на олтарот на црквата на Свети Апостол Петар . И го посвети во свештеник благословениот
Методиј.
И таму имаше многу луѓе кои ги оцрнуваа словенските книги, велејќи дека ниту еден народ не
треба да има свои букви, освен Евреите, Грците и Латините според натписот на Пилат, кој
напишал на крстот Господов. Апостоликот ги проколнал, нарекувајќи ги пилатници и
тријазичници, и на еден епископ, кој бил болен од истата болест му заповедал да посвети од
учениците славјански три во свештеници и два во чтеци (читачи).
7.Минале многу денови, и Филозофот одејќи на суд (Божји) му рече на Методиј, братот негов
“Еве, брате,бевме зедно впрегнати во ралото и оравме (иста) бразда, и јас паднав на полето,
завршувајќи ги своите денови. Ти многу ја засака планината, но не смееш за планината да ја
напуштиш својата настава, затоа што со што друго може подобро да се постигне спасението? ”
8.Коцел потоа испратил молба до апостоликот со барање да му го испрати Методиј, нашиот
учител. И рече апостоликот: “Не само на тебе еден, но на сите земји словенски, ќе го испратам
учителот од Бога и од Светиот апостол Петар, првиот намесник (од Христос на земјата) и
носител на клучевите на царството небесно ” и го испрати пишувајќи ја оваа порака:
“Јас Адријан, епископ и слуга Божји,
на Ростислав Свјатополк и Коцел .
Слава на вишниот Бог и на земјата мир и добра воља на луѓето.
Слушнавме ние за вашата духовна (радост), која ја чекавме со нетрпение и желба и молитва за
вашето спасение,за да ги подигне Господ вашите срца да го побараат Него и да ви покаже дека
не само со верата туку и со добри дела треба да му служат на Бога, верата без дела е мртва ,и
отпаѓаат, оние кои замислуваат дека го знаат Бога, а во делата се одрекуваат од Него.
Бидејќи не само од светителскиот трон(?) ние побаравме учител , но, исто така, и од
благоверниот цезар Маихаил ,да го испрати кај вас блажениот Константин Филозоф со братот,
бидејќи ние не бевме подготвени ( да ви помогнеме).
Тие пак дознавајќи дека вашата земја е под надлежност на апостолскиот престол, не направија
ништо спротивно на каноните,но дојдоа кај нас и ги донесоа со себе моштите на Св Климент.
Ние пак почувствувавмe тројнa радост замисливме, да се обидеме и да го испратиме во вашата
земја, посветувајќи го заедно со неговите ученици,Методиј, нашиот син, совршен маж и
побожен ум, за да ве научи,како што баравте, книги напишани на вашиот јазик и исполнувајќи
ги сите црковни обреди(на него), и со Света миса, односно служба,и со крштение како што
започна Константин со Божја благодат и со молитвите на Свети Климент. Ако некој друг може
да пишува достоинствено и верно, тогаш тоа нека биде свето и благословено од Бога и од нас и
од целата Вселенска и Апостолска Црква, за да може полесно да ги научите божјите
заповеди.Само овој обичај да се задржи, така што за време на мисата прво ќе се чита
Евангелието и Апостолот на латински а потоа на словенски.Да се исполни словото на писанието
дека ќе го фалат Господа сите народи и уште: “И сите ќе започнат да зборуваат за големината на
Бога на различни јазици, на кои Светиот Дух ќе им овозможи да вдахновуваат “.

You might also like