You are on page 1of 5

DAHLTA 020

ВОВЕД
Овај тахиметар го произведува фабриката Carl Zeiss од градот Јена во
Германија. Овој модел почнал да се произведува во 1950 година.

ОБЛАСТИ НА ПРИМЕНА

За тоа време бил еден универзален модел на редукционен тахиметар, кој


што има примена во топографијата и тахиметријата. Со него можат да се
вршат тригонометриски и полигонометриски мерења т.е. со него можат да се
мерат хоризонтални, вертикални агли, хоризонтални должини и одредување
на висински разлики, односно тахиметриски мерења- тахиметрија.

ОПИС

ГЛАВНИ ДЕЛОВИ НА ИНСТРУМЕНТОТ

-Дурбин

Се состои од: објектив, окулар, дијаграм кој што се наоѓа во средината на


дурбинот, кончаница која се наоѓа пред објективната леќа и други делови
како што се призми и леќи кои што служат за оформување на ликот на
набљудуваниот предмет. Ликот на предметот го гледаме во права-
оригинална форма. Во дијаграмот има две константи за должина (100 и 200)
и три константи за висина +/-10, +/-20, +/-100.

Должините се мерат со помош на дијаграмот на летва со поделба од 1см, а


мм се ценат. Точноста на висинските разлики зависи од константата за
висина +/-10=1 см, +/-100=0.1м.

-Либели

Една центрична либела која што служи за центрирање на инструментот


Една хоризонтална цевкаста либела која што се наоѓа над хоризонталниот
лимб, што служи за прецизно мерење на хоризонтални агли.

Една цевкаста либела која се наоѓа на вертикалниот лимб и служи за мерење


на вертикални агли. Вертикалните агли можат да се мерат од 0˚ до +45˚ и од
0˚ до -45˚.

-Лимб

Хоризонтален лимб служи за мерење на хоризонтални агли. Дијаметарот на


лимбот е 94мм. Периметарот на лимбот е поделен на 360˚. Читањето се
врши со помош на нониус кој што е поделен на 60 дела со точност од 1’ , а
деловите меѓу минутите се читаат со проценка во вид на децимала.

Пример: 215˚ 55’,4 = 215˚ 55’ 24“

Вертикален лимб служи за мерење на вертикални агли. Дијаметарот на


лимбот е 74мм. Се наоѓа прицврстен за дурбинот. Читањето се врши исто
како кај хоризонталниот лимб.

-Микроскопски окулар

Се наоѓа непосредно до окуларот на дурбинот. Има зголемување 65 пати и


служи за читање на делови од вертикалниот и хоризонталниот лимб.

Други составни делови на теодолитот се:


1. Призма во која се гледа коенцидирањето на вертикалната либела
2. Либела на вертикален лимб
3. Огледало за осветлување за читање на аглите
4. Гвинт за прицврстување на инструментот за стативот
5. Три положбени гвинтови
6. Гвинт за зацврстување и вадење на целиот инструмент
7. Гвинт за грубо закочување по хоризонтала
8. Гвинт за фино поместување по хоризонтала при визирање
9. Гвинт за коенцидирање на вертикална либела
10. Гвинт за фино поместување по вертикала
11.Груб нишан на дурбинот
12. Гвинт за грубо закочување на дурбинот по вертикала

Употреба
Пред да се започне со мерењето, инструментот треба да се испита и
ректифицира.

Покрај наброените области на примена, овој инструмент има голема


примена во инженерската (практичната) геодезија.

-Градежништвото- при изградба на објекти (надземни и подземни)


каменоломи, канали и др.

- За мерења во рударството на подземните објекти, бидејќи има опрема


за осветлување и надземните објекти (површински ископи) и друго.

- Исто така има исклучително голема практична примена во тунелите и


рударските коридори и подземните железници-метроата затоа што има
потребна ознака за вертикално центрирање што се наоѓа на средината на
обртната оска на дурбинот, т.е. лежи на оската на алхидадата, бидејќи во
рудниците и тунелите мерните точки се поставуваат на сводот од тунелот,
а не на површината на земјата затоа што ќе се оштетат, неможат да се
пронајдат, ќе се покријат со материјал и што е најважно во тунелите се
визира при мерење на аглите на конецот со висок обесен на точката горе.

-Исто може да се користи за нивелирање како нивелир- кога дурбинот ќе


го поставиме во положба 90˚ или 270˚.
Карактеристики
-Дурбин

Зголемување 25х

Дијаметар на објективот 210мм

Агол на гледање 1˚ 15’

Најмало растојание на гледање 3м

Константа за должина 100 и 200

Константа за висина +/-10, +/-20, +/- 100

-Либели

Осетливост на кружна либела 8’

Осетливост на цевкаста либела 30“

-Хоризонтален лимб

Дијаметар 94мм

-Вертикален лимб

Дијаметар 74мм

-Зголемување на микроскопскиот окулар 65х

-Големина и тежина

Висина на инструментот 213мм

Тежина 4,9кг

Димензија на кутија за пакување 39х25х18см

Статив со должина 150см


Понов модел од оваа фирма ZEISS е редукционен тахиметар Dahlta 010.

Ги има истите карактеристики како Dahlta 020 и плус има уште една
константа во дијаграмот за должина (100 и 200) и за висина +/-10, +/-20,
+/-50, +/- 100. Нема вертикална либела на вертикалниот лимб, туку иима
компензатор и се врши директно читање без цевкаста либела.

You might also like