You are on page 1of 12

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"– ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистика-Скопје

Проектна активност по предметот:

Туристичка картографија

Тема на проектната активност:

Топографија и топографска карта

Ментор: Изработила:
Вон. Проф. Д-р Цане Котески Ива Радојковиќ 175665

Скопје,Февруари 2020
Содржина

Вовед 4
1.Топографија 5

2.Топографски техники 5

2.1.Директно топографско проучување.........................................................................5

2.2.Далечинско топографско проучување 5

3.Топографски поими 6

4.Топографска карта …………………………………………....…………………………….7

4.1.Размер на топографски карти..................................................................................7

4.2.Топографски знаци...................................................................................................8

4.3.Генерализација на топографска карта....................................................................8

4.4.Математички елементи на топографска карта.......................................................9

4.5.Универзален трансверзален меркаторов координантен систем........................10

Заклучок.........................................................................................................................11

Користена литература..................................................................................................12

2
Апстракт

Во современото мапирање, топографската карта е тип на карта која се


карактеризира со големи детали и квантитативна репрезентација на релјефот,
која обично користи контурни линии, но историски користи различни методи.
Традиционалните дефиниции бараат топографска карта за прикажување на
природни и вештачки карактеристики. Топографското истражување обично се
објавува како серија на мапи, составена од два или повеќе листови со карти што
се комбинираат за да ја формираат целата карта. Контурната линија е линија која
ги поврзува местата на еднаква височина.

Аpstract

In modern mapping, a topographic map is a type of map characterized by large-scale


detail and quantitative representation of relief, usually using contour lines, but
historically using a variety of methods. Traditional definitions require a topographic map
to show both natural and man-made features. A topographic survey is typically
published as a map series, made up of two or more map sheets that combine to form
the whole map. A contour line is a line connecting places of equal elevation.

3
Вовед

Картографијата е активност која се занимава со собирање, преработка,


подранување и употреба на просторните информации, со посебна нивна
визуелизација на картографските прикази. При тоа за просторната информација
се смета секој запис, кој заедно со изјава за значењето на предметот му припаѓа
позиционо определување на системот. Картографијата според објектот што го
прикажува се дели на:

 Tопографска;
 Tематска картографија;

-Топографската картографија е дел од картографијата која ги проучува:

• Начините на создавање;
• Изработка;
• Употреба; и
• Одржување на топографските карти.

Топографија е дисциплина на геодезијата која ја проучува површината на копното


и ја претставувана топографска карта или план. Топографијата ја
проучува ориентацијата и начините на мерења на земјиштето, впишување на
податоците преку топографски знаци, ја објаснува содржината на картата и
начинот на правилна употреба. Целта на топографијата е да ја одреди
местоположбата на одреден објект во реалноста и да ја претстави на карта,
користејќи ги својствата на објектот, како географска должина, географска
ширина и височина. Топографска карта е во однос намалена, математички
конструирана и воопштена слика на дел од земјината површина, прикажана на
рамна подлога со посебни топографски знаци и на која земјиштето е прикажано со
размер 1:200 000 или покрупно. На топографска карта се прикажуваат мрежата

4
од напоредници и меридијани, релјефот, висинските точки (коти), изохипси,
размерници, координатометри, еквидистанцата и деклинацијата.

1.Топографија 

Топографија(грч. τόπος topos, "место", и γράφω graphō, "пишување") е дисциплина


на геодезијата која ја проучува површината на копното и ја
претставувана топографска карта или план. Топографијата ја
проучува ориентацијата и начините на мерења на земјиштето, впишување на
податоците преку топографски знаци, ја објаснува содржината на картата и
начинот на правилна употреба. Целта на топографијата е да ја одреди
местоположбата на одреден објект во реалноста и да ја претстави на карта,
користејќи ги својствата на објектот, како географска должина, географска
ширина и височина. Ваквиот вид на карти имаат повеќестрано значење, како
геолошко, научно, градежно, безбедносно-разузнавачко и воено-тактичко.

2.Топографски техники
(Тахеометар)
2.1.Директно топографско проучување

Директното проучување на површината на


копното се изведува на самото место кое е
предмет на интерес, со помош на помагала
како тахеометри,  теодолити, 
клинометри, телеметри,
механички курвиметри, планиметри и сл.

2.2.Далечинско топографско проучување

Далечинските топографски испитувањасе вршат


со авионски или сателитски снимања на теренот
(фотографирање, инфрацрвено

5
зрачење, ултразвук или електромагнетна радијација). Преку методот
на фотограметрија, добиените слики се користат за изработување на топографска
карта, или со компјутерска елевација се добива тридимензионална електронска
топографска карта.

Сателитскиот радар, ласер и сонар, се користат за изработување електронски


тридимензионални елевациони топографски карти и за изработување
топографски карти на морското и океанско дно.

3.Топографски поими

 Земјиште е површинскиот слој на дел од копното со сите возвишенија и


вдлабнатини, води, растителен свет, населени места и комуникации.
 Релјеф е надворешниот изглед на земјиштето со сите свои вдлабнатини и
возвишенија. Возвишенијата и вдлабнатините претставуваат релјефни
облици, а сите други природни или вештачки творби се нарекуваат
земјишни објекти.
 Возвишенијата се основни елементи на релјефот кои се повисоки од
својата непосредна околина. Кај нив разликуваме: подножје, страна, раб,
врв и теме. Возвишенијата може да бидат:

o Ритче (релативна висина до 10 м)


o Рид (релативна висина до 100 м)
o Брдо (релативна висина над 100-500 м)
o Планина (јасно изразено, пространо возвишение- ниска 500-1000м;
средна 1000-2000; висока над 2000м).
 Превој е вдлабнатина меѓу две планини во која има сообраќајна врска.
 Апсолутна надморска височина е верикалното растојание меѓу точка на
теренот и нивото на морето.
 Релативна надморска височина е разликата на апсолутните висини на две
точки.

6
 Вдлабнатините се основни елементи на релјефот кои се пониски од својата
непосредна околина. Тие може да бидат:
o Вододелници (вдлабнатини кои настануваат поради
поројните дождови и низ кои водениот талог тече);
o Долина (издолжена вдлабнатина со должина од неколку стотини метри
или километри низ која тече река). Тесните делови на долините се
викаат клисури. Долините со стрмни страни се викаат кањони.
o Котлина е пространа вдлабнатина со рамно дно и стрмни страни.
Настануваат заради тектонски поместувања или поради дејството на
водите.

4.Топографска карта

Топографска карта е во однос намалена, математички конструирана и


воопштена слика на дел од земјината површина, прикажана на рамна подлога со
посебни топографски знаци и на која земјиштето е прикажано со размер 1:200 000
или покрупно. На топографска карта се прикажуваат мрежата
од напоредници и меридијани, релјефот, висинските точки (коти), изохипси,
размерници, координатометри, еквидистанцата и деклинацијата.

4.1.Размер на топографски карти


Размерот е степен на намалување на сите линии и димензии на картата во однос
на линиите и димензиите во природата. Тој покажува колку пати се намалени
димензиите на картата во однос на димензиите во природата. На топографска
карта, размерот може да биде прикажан бројчано, графички или со објаснување.

 Бројчан размер: пр.: 1:100 000 (1мм на карта одговара на 100 м во


природата);
 Графички размер: со размерници (линиски и трансверзален);
 Размер со објаснување: (“1 см на картата изнесува 1000м во природата“).

Врз основа на размерот, топографските карти се делат на:

7
 топографски карти со крупен размер
(1:25 000; 1:50 000);
 топографски карти со среден размер
(1:100 000; 1:200 000);
 топографски карти со ситен размер
(1:500 000; 1:1 000 000).

Топографската карта со размер 1:25 000 се


нарекува детална, а топографската карта
со размер 1:50 000 се нарекува основна
тактичка карта.

4.2.Топографски знаци

Според обликот и својствата, топографските знаци прикажани на топографска


карта можат да бидат:

 контурни (пр.: пасишта, шуми, лозја - во размер или вонразмерни),


 линиски (пр.: автопати, реки, патишта - во размер на должината, но не и во
ширина) и
 слики и симболи (пр.: бања, рудник, чешма - вонразмерни).

4.3.Генерализација на топографска карта

Генерализација на топографска картата означува неможност да се прикажат сите


детали од земјиштето на картата, туку само најзначајните, а тоа што некои делови
не се прикажуваат, се нарекува воопштување. Генерализацијата се врши по
одредени критериуми, а при проектирањето на топографски карти се нарекува
топографско генерализирање.

8
4.4.Математички елементи на топографска карта

Земјата има форма на геоид (ротационен елипсоид или топка). Има површина од
510 милиони км2 и над 70% е под вода. Дијаметарот на Екваторот е 12.740км, и
тој е за 43км поголем од оската на ротација. Нивото на мирните води во морињата
и океаните се нарекува нивовска површина. Положбата на секоја точка на Земјата
се одредува со географските координати - географска ширина и географска
должина.

Основни замислени точки и линии на Земјата се: географските полови,


меридијаните, напоредници и Екваторот. Замислената линија околу која ротира
Земјата се нарекува земјина оска. Географските полови се крајните точки на
оската. Замислените кругови кои минуваат околу двата пола се викаат
меридијански кругови, а половината од едниот до другиот пол - меридијан.
Земјата е поделена на 360 меридијани и 180 напоредници. На секои 15 степени
географска должина, временската разлика е 1 час. Напоредниците се линии
паралелни на рамнината на Екваторот. Паралелите се кругови, а меридијаните се
елипси.

Мрежата на елипсоидот која ја формираат меридијаните и напоредниците се


нарекува географска мрежа. Географската ширина е агол кој го формира
нормалата на таа точка со рамнината на Екваторот. Географската должина е агол
кој го формира рамнината на меридијанот на некоја точка во однос на рамнината
на почетниот меридијан. Географската координатна мрежа е прикажана како
рамка на картата, со мрежа од меридијани и напоредници.

Меридијанска конвергенција е аголот под кој правоаголната координатна мрежа


е закосена во однос на географската координатна мрежа.

Основен правец во топографската картографија е север-југ. Аголот се зголемува


во правец на движењето на стрелките на часовникот. Координатите х (север-
југ), у (исток-запад) и z се нарекуваат апциса, ордината и апликата. Z е
надморската височина.

9
4.5.Универзален трансверзален меркаторов координатен систем

Универзалниот трансверзален меркаторов координатен систем (УТМ) е основен


систем за изработка и користење на топографски карти кои се користат од
армиите на земјите членки на НАТО, како и во Република Македонија. Системот
се карактеризира со:

 мерна единица - метар,


 ширинска граница на картите - до 80 степени северна и јужна географска
ширина и
 три степени на обележување.

Во првиот степен на обележување на топографската карта, Земјата е поделена на


редови и колони со големина од 6 степени за меридијаните и 8 степени за
напоредниците. Има 60 колони (1-60) и 20 редови (C-X без O и I). Вака
ограничениот простор се вика зона (пример: 33Т, 56Х). Во вториот степен на
обележување, секоја зона се дели на квадратни површини од по 100 километри,
додека третиот степен се користи за одредување на положба на точка.

10
Заклучок

Картографија  е наука која се занимава со изучување и изработка на


карти и глобуси.Картографијата е активност која се занимава со собирање,
преработка, подранување и употреба на просторните информации, со посебна
нивна визуелизација на картографските прикази. Картографијата според објектот
што го прикажува се дели на:

 Tопографска;
 Tематска картографија;

-Топографската картографија е дел од картографијата која ги проучува: начините


на создавање; изработка; употреба; и одржување на топографските карти.

Топографска карта е во однос намалена, математички конструирана и воопштена


слика на дел од земјината површина, прикажана на рамна подлога со посебни
топографски знаци на која земјиштето е прикажано со размер 1:200 000 или
покрупно. Постојат неколку топографски техники кои се користат тоа се :директно
топографско проучување и далечинско проучување. Додека топографија како
дисциплина припаѓа на геодезијата која ја проучува површината на копното и ја
претставува на топографска карта или план. Топографијата ја
проучува ориентацијата и начините на мерења на земјиштето, впишување на
податоците преку топографски знаци, ја објаснува содржината на картата и
начинот на правилна употреба. Целта на топографијата е да ја одреди
местоположбата на одреден објект во реалноста и да ја претстави на карта,
користејќи ги својствата на објектот, како географска должина, географска
ширина и височина.

11
Користена литература

 https://www.pmf.unizg.hr/_download/repository/Kartografija_22.pdf

 https://www.usgs.gov/core-science-systems/national-geospatial-
program/topographic-maps

 http://www.katastar.gov.mk/en/data/cartographic-products/topographic-
maps/

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%BE
%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BA
%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0

12

You might also like