You are on page 1of 15

1. Што претставува поимот урбанизација?

- Урбанизација претставува доста сложен поим.Се занимава со научната дисциплина


урбанизам, урбана социјализација, урбана географија, просторна економија, урбана
екологија.

2. Каков процес е урбанизацијата?


- Урбанизацијата е процес на кванитативен и квалитативен раст на градското население,
кој е пратен со неоговата социо-економска и англомерациска структра.
Урбанизација претставува планска координација на градежни дејности и сите други
елементи кои по пат на производство допридонесуваат за напредок на луѓето.
Самата урбанизацијата е планска координација на градежните дејности и сите други
елементи за напредна урнанизација и ни е процес низ кој се поголем дел од националната
популација живее во градските населби, односно се зголемува на бројот на лица кои
живеат во градски населбиво потрага за подобар живот.
3.Што е урбана револуција?
- Големото темпо на пораст на градското население се нарекува урбана револуција, 3/4 од
населението живее во градските населби.
4.Колку фази на равој на урбанизација има и кои се главните карактеристики на
секоја фаза?
- Има четири фази на развој на урбанизација
- Примарна фаза на развој на урбанизација- рурализација или прединустриска
фаза (и покрај тоа што од првобитната заедница се оди кон подобрување на животот и
раселување од селата сепак имаме мал и бавен развој на дејности)
- Секундарна фаза- индустријализација (развој на урбаната индустрија,
сообраќајот, со што се подигнува современата урбанизација, нивото на образование се
зголемува, имаме концентрација кон градовите, а со овој процес се придонесува за развој
на индустријализацијата, лугето од село одат на работа во град)
-Терцијална фаза- регионализација или метрополитанизација ( се става голем
акцент на сообраќајот, туризмот, занаетчиството, гратските трговски центри се повеќе се
намалуваат, а пригратските зони се урбанизираат, имаме нови урбани подрачја,
продуктивност во градежништвото, земјоделството..., но започнува и процесот на
еколошко загадување и потребата за зачувување на природата)
- Квартална фаза- тотална урбанизација (се очекува достигнува целокупниот
досегашен развој и дека населението ке постигне повисоко ниво на образование во сите
сфери)
5.Што е градска аггломерација, а што е конурбација?
- Градска агломерација е група мегусебно блиску разместени градови поврзани со густа
сообраќајна мрежа.
Конурбација е спојување на два или повеќе градови во урбана средина.

6. Што е ексурбанизација, а што субурбанизација?


Ексурбанизација е современ урбан феномен кој се манифестриа преку интензивно ширење
на градските подрачја надвор од границите на урбаната средина,притоа создавајќи
предградија кои се карактеризираат со слаба густина на население која опфаќа огромна
просторност. Овие предграда се многу зависни од автомоблискиот патен
транспорт.Претставува внатрешна миграција, од центрите кон периферијата на градот.
Субурбанизација е преселна на гратското население во пригратските населби.

7. Објасни го поимот урбанизам.


Научна, општествена и стручна дисциплина која истражува проучува и применува
принципи и односи кои треба да се обликува, уредува и да се користи простор. Уредување
на градовите, ги проучува сите елементи за организација на градското население главните
услови за живот и развивање на животот во заедници, здравстевни услови, знаменитости
за развој на градот, го предвидува степенот на пораст на населението во одредени етапи,
организацијата на градот во целина, с-мот на знаменитости на сообраќајни токови, с-мот
општествени центри и мрежа на општествени објекти.
Во суштина урбанизмот е збир на научни дисциплини за проучување на појави и промени
кои се јавуваат на една целина.

8. Што опфаќа теоретскиот аспект на урбанизмот?


Теоретски аспект е проучување на природните услови на населените места и нивниот
развој и опфаќа:
- проучување на историјата на населените места( генеза)
- анализирање и вредување на различни појави
- анализирање и вреднување на структруите на населените места
- планирање на наслените места.
9. Што офаќа практичниот аспект на урбанизам?
Практичниот аспект опфаќа:
- уредување на населените места поради естетски изглед
- преуредување на веќе постоечките населени места
- формирање на нови населени места
Практичниот аспект на урбанизмот ги уредува населените места заради естетски изглед и
задоволување на хигиенските потреби на жителите.

10. Која е основната цел на урбанизмот?


- Да обезбеди и подигне квалитетот на живеење во населените места- градовите т.е на
жителите да им пружат оптимални услови за домување,работа, општествен и културен
живот, одмор рекреација и освежување

11. Наведете 10 основни поими на урбанизмот и 5 објасни ги


- Населено место е изграден и функционален организиран простор кој обезбедува
наопходни услови приватен живот на жителите.
- Урбанистичка диспозиција е локација, место на одреден елемент во населено место. Таа
се определува во однос на целото населено место, според значајни објекти и страните на
светот.
- Катастарски број е број под кој таа парцела е забележана во Геодетски завод. Бројот
секогаш е завртен кон север по според него се определува положбата на парцелата.
- Градежна линија е линија над или под површината на земјата или вода, до која е
дозволено градење.
- Изградна површина е површина под надземни или подземни објекти и надстепници.

12. Што значи урбанистичко просторно планирање?


Просторно и урбанистичко планирање е континуиран процес кој се обезбедува со
изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со
цел да се обезбеди уредување, хуманизација и обликување на просторот заштитата и
унапредување на животната средина и природата. Диспозицијата се одредува во однос на
целото населено место, според значајните објекти и страните на светот.

13. Просторен план на РМ?


- Се донесува за целата територија на целата република и претставува стратегија за
просторен развој кој дава насоки за намената, користењето, заштитата, организацијата,
уредувањето и управувањето со просторот во РМ. Тој содржи
-основна намена на земјиштето;
-мрежа на населени места;
-насоки за уредување и планирање на просторот;
-просторна разместеност на сообраќајната и другата инфраструктура;
-мерки за заштита на животната средина и унапредување на природата;
-соодветни графички прикази;
- просторна разместеност на градовите

14. Што е генерален урбанистички план?


- Генерален урбанистички план е план кој се донесува за населено место односно град
утврдено со закон. тој содржи графички приказ на плановите, решенијата, текстуален и
нумерички дел со билансни показатели за планскиот опфат и за инфраструктурата.
Графички дел за ГУП-граница на планскиот опфат (граница на градот), граници на зони
според намената на земјиштето и
општиот режим на градење и употреба, примарна сообраќајна мрежа, примарна
инфраструктура, граници на урбани подрачја за детално планирање
на просторот, граници на споменички целини и други заштитени
добра како и други податоци потребни за планските решенија
Тексуален дел за ГУП-цел и средства на планските решенија, општи и посебни услови за
просторен
развој, параметри за спроведување на планот, плански услови за детално планирање на
просторот, мерки за заштита на природата и
животната средина, мерки за заштита од разурнувања, минимални мерки за заштита на
недвижното културно наследство
Нумерички дел за ГУП-нумерички податоци за површините на
градежното земјиште, наменска употреба на земјиштето во рамките на регулациона
линија, густината и површината на планираната изградба, податоци за инфраструктурата
како и други податоци за планските решенија утврдени согласно законот
15. Што е детален урабнистички план?
- Детален урабнистички план е план кој се донесува за плански опфатза кој е донесен
генерален урбанистлички план. Тој содржи графички приказ на планските решенија а
опфат, текстуален и нумерички дел.
Графички дел на ДУП-граница на планскиот опфат, регулациони линии, парцелација на
градежното земјиште, површини за градење на градби без определени
градежни линии, максимална висина на градбата изразена во метри, планско решение на
секундарната сообраќајна мрежа, граници на споменички целини, други податоци
потребни за планските решенија утврдени со закон
Текстуален дел на ДУП-општи услови за изградба, развој и користење на земјиштето и
градбите, посебни услови за изградба за поединечни градежни парцели, податоци за
секундaрната инфраструктура, мерки за заштита од разурнувања, детални мерки за
заштита на недвижното, културно наследство, мерки за заштита на животната средина и
природата, други податоци
Нумерички дел на ДУП-податоци за површините на градежни
парцели, планирани површини за градење, податоци за инфраструктурата, други
податоци потребни за планските решенија
16. Што е урбанистички план за село?
- Урбанистички план за село е план кој се донесува за подрачје на населено место село.
Содржи графички приказ и текстуален дел.
Графички приказ-граница на планскиот опфат која претставува граница на селото,
намена на земјиштето и градбите, планско решение на примарната и секундарната
сообраќајна мрежа, граници на споменички целини и други заштитени добра
Текстуален дел-општи услови за градба, развој и користење на земјиштето и градбите,
податоци за инфраструктурата, детални мерки за заштита на недвижното, културно
наследство, мерки за заштита на животната средина и природата доколку е спроведена
постапка за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и врз здравјето на
луѓето.
17. Што е урбанистички план за вон населено место?
Урбанистички план за вон населено место е план кој се донесува за плански опфат кој не е
опфатен со Генерален урбанистички план и со урбанисктичи план за село. Содржи
графички приказ и текстуален дел.
Графички дел- границата на опфат, намена на земјиштето и градбите, решенијата на
примарна и секундарна мрежа, граници на споменици и слично.
Текстуален дел- општи услови за градба, развој и користење на земјиштето и градбите,
податоци за инфраструктурата, детални мерки за заштита на недвижното културно
наследство, мерки за заштита на животната средина и природата доколку е спроведена
постапка за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и врз здравјето на
луѓето и други податоци потребни за планските решенија
18. Кои се основни параметри на Градски урбанистички план за уредување на
просторот во делот на сообраќајот?
- стационарниот сообраќај(обезбедување на паркирни и гаражни места)
- местата за паркирање и гаражите(наменето за било кое патничко возило под услови што
ги определува надлежниот орган на локалната самоуправа)
- проширување на железничка мрежа(со цел што поголем број локации за разни видови
работни активности да бидат директно поврзани со железница)
- определување простори за паркирње и запирање на возила(се врши со проекти за
сообраќај во постапка утврдена со закон)
- утврдување на патишта и улици на кои се забранува сообраќај за сите или одреден вид
возила(се врши со сообраќајни проекти за утврдување на условите и режимот на
сообраќајот)
- начинот за вкрсрување на улиците од примарната мрежа(сите вкрстосувања на
примарната со секундарната улична мрежа се решаваат со поставување на сообраќаен знак
за дефинирана предност на улиците, а по потреба и со светлосна сигнализација)

- крстосници во и вон ниво(прецизно се дефинираат во идејните и главните проекти)


- вкупен попрчен профил на сообраќајниците и попречниот профил на коловозот(не смее
да се стеснува, а другите сообраќајни површини меѓу регулационите линии на
сообраќајниците (како што се тротоарите,велосипедските патеки, зеленилото и сл.)
- етапност во реализиација на приарната сооб.мрежа(треба да се примени особено во
коридорите на магистралните улици за експлоатациони брзини поголеми од 60 км/ч)
- јавните пешачки површини, улиците пристапите до јавните објекти, објекти за семејно
домување, објекти во кои се вработени инвалидизарни лица(треба да бидат планирани во
плановите од пониско ниво и изведени на начин кој ќе им овозможи на лицата кои
користат инвалидски помагала или количка, инвалидски автомобил и други помагала)

19.Како се дели градежното земјиште во примарана поделба?


- се дели на працелирано градежно земјиште за поединечно градење и употреба и
непарцелизирано градежно земјиште за општа употреба.
Парцилизираното земјиште служи за изградба на градби и контрола на наменската
употреба на земјиштето, а градежното земјиште за општо употреба служи за изградба на
уличи, плоштади, инфраструктури и други видови површини за општа употреба.

20. Што е градежна парцела, блок и четврт?


- Градежна парцела е основна и најмала единица градежното земјиште. Таа е ограничена
со регулаторни линии: граница на градежна парцела и регулациона
- Блок е посложена единица пр. земја која се состои од повеќе парцели и градежно
земјиште за општа употреба. Гранизата на блокот се совпаѓа со оски на улии, регулациони
линии и граници на градежни парцели.
- Четврт е најголема единица на пр земја во населено место, која се состои од повеќе
блокови и земјиште за општа употреба. Границата на четврт за совпаѓа со границите на
блоковите од нејзината територија.

21. Што се регулаторни линии?


- плански одредби во графичкиот дел на урбанистичкиот
план кои го разграничуваат градежното земјиште од
аспект на носителите на правото за градење
- се регулациона линија и граница на градежната
парцела
- линија на разграничување помеѓу градежно земјиште
за општа употреба и парцелирано градежно земјиште
за поединечна употреба
- просторно дефинирана како ортогонална проекција на
пресекот на вертикална рамнина или закривената
вертикална површина со површината на теренот

22. Што е регулациона линија?


- Е линија за разграничување помеѓу земји за општа употреба и парцелирано земјиште за
поединечна употреба.
Регулациона линија е и ортогонална проекција на пресекот на вертикалната рамнина со
површината на теренот.

23. Што е граница на градежна парцела?


- Е линија на разграничување на носители на право на градење помеѓу две соседни
градежни парцели, ист носител на право на градење имаат градежната парцела.
24.Од колку класи е составен системот на класи на намени и кои се тие? Што
прествавува град?
Системот е составен од 6 класи и тоа:
а- домување
б- комерцијални и деловни намени
в- јавни институциски,
г- производство, дистрибуција и сервисни,
д- зеленило, спорт
е- инфраструктура

Град е збир на институции и обични административни тела: судови,


болници, училишта, полиција и различни општествени служби.

25. Објасни што е технички град?


- Француската револуција која ги прогласила човековите права, настапува по развој на
современата тениката кој во градот ќе донесе до нови општествени односи и до негова
брза трансформација во техничкиот град.

26.Која е задачата на урбанизмот во развојот на градот?


-разредување и расчленување на градот;
-градот да се поврзе со природата;
-да се обезбеди добро проветрување и допир на сончева светлина и да го вклопат во
зеленилото и природниот дел;
-да ја избегне буката од улиците и сообраќајот;
-да ги групира надворешни и внатрешни простории за работа и живеење;
-надворешно обликување на просторот кој ќе обезбеди здрав живот во просторот;

Во суштина задачата на урбанизмот во развојот на градот ни претставува целокупно


просторно планирање на самиот град, обликување на сите единици на градот,
организирани според задачата која треба да се исполни, а во склоп со човековите потреби.

27.Кои се 6-те основни елементи кој ја сочинуваат вкупната содржина на


градот(културна,техничка,социјална....).
-одмор и физичка култура;
-сообраќај т.е размена на луѓе стока и информации;
-снабдување на градот и изнесување на ѓубрето;
-вклучување на градот во пределите кои својата морфологија и тапографија могу работи
се предодредуваат и кои мора да се градат;
28.Кои функцунални зони го дефинираат граскиот систем?
-станбена зона;
-индустриска зона(теска и лесна индустрија);
-комунално-складишна;
-рекреативна зона;
-зона на зеленило;
-зона на специјални функции;
-надворешни сообраќајни зони;
-внатрешни сообраќајни зони;
-функција на поврзување –сообраќај;

29.При развој на градовите се применува теорија на зонирање и тоа со следниве


зони:
-зона на домување ;
-работна зона;
-зона за одмор и рекреација;
-мешовита зона за работа и рекреација;
-мешовита зона за работа и домување;
-мешовита зона за домување и рекреација;
-зона на гратски центар;

30.Кои се основни принципи за лоцирање на функцијата домување?


-Прифатлива одалеченост до функциите работа и рекреација и развиен сообраќај;
Локации со најповолни природни услови,еколошки конфор(врска со природата);
Со функцијата образование,услуги и снабдување(врска со нормите).

31.Кои се основни принципи за лоцирање на функцијата работа?


- Да не биде лоцирана во близина на домувањето (посебно индустрија);
-Посебните облици на функцијата работа (здравство, образование) треба да бидат
лоцирани во близина на местото на домување;
- Сообраќајот (посебно јавниот), да биде на задоволително ниво;
- Големи површини кои овозможуваат економичен развој.
32.Која е задачата на планирање на сообраќајот?
-Планирањето на сообраќајот е постојан,прогресивен процес со кој треба да се обезбеди
урамнотежена координација меѓу човекот,видот и количината на сообраќај средствата за
сообраќај, видот на возила и коловозите,како во статичен така и во динамиче
поглед.Секоја урбана заедница треба да се димензионира во склад со сообраќајните
потреби.

33.Што се изградени а што неизградени површини?


-Изградени површини-објект и настрешници.Имаат своја физичка форма волумен и
внатрешен простор. До нив се стигнува преку сообраќајните површини, со превозни
средства, лифтови или пешачење.

-Неизградени се површините без објект.Се делат на природни и создадени.


34.Што се зелени површини?
-Површнина со ниско, средно и високо зеленило(растенија)
-Подобрување на еколошките услови, естетски квалитет на просторот во кој се наогаат.
35.Што е урбана опрема?
-Детали се елементи кои го подигнуваат квалитетот на живеење.Се поставува на
градежно изградено и уредено земјниште без да се наруши основната намена на просторот
и безбедноста на сообраќајот. Вклучува: опрема за продажба на билети за јавен превоз,
весници, сувенири, цвеќиња,сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки.
Урбаната опрема треба да се интегрира во вкупниот дизајн на улицата, додека дизајнот на
опремата да задоволува одредени критериуми по однос на зачувување на уличната
безбедност.

36.Кои се елементи за конфор и удобност?


-Клупи, контејнери и корпи за отпадоци,киосци.
-Клупите овозможуваат починка, седење, релаксација или едноставно место да сепомине
времето помеѓу различните активности. Треба да имаат еднаставна форма и детали, да
бидат лесни за одржување, направени од траен материјал и отпорни на вандализам.
Пожелно е нивната локација да штити од ветар и сонце, да обезбедува добар видик,
формалност и неформалност.
-Контејнерите и корпите за отпадоци, служат за одлагање на отпадоци од домаќикствата и
минувачите. Не треба да се поставуваат директно пред влезовите/излезите од зградите,
додека треба и мора да се поставуваат во слободните пешачки зони и да им бидат
достапни на потенцијалните корисници.
-Киосците се елементи (монтажни), кои иако мали во урбан контекст, делуваат големи во
однос на останатите елементи на улицата, па како такви бараат внимателен дизајн и
поставување. Не смеат да се поставуваат директно на влез/излез од згради и други објекти
и нетреба да ја попречуваат прегледноста на пешаците и останатите учесници во
сообраќајот.

37.Кои се елементи кои го красат просторот а кои за комуникација?


-Просторот го красат фонтани дрвореди(се практични украсни градежни објекти.
Главниот мотив на фонтаните е млаз од вода кој под силен притисок се испушта од некој
дел на фонтаната, за да потоа се растура во вид на водени капки кон околината. Најчесто
се поставуваат на градските плоштади или каде е потребно);
-Елементи за комуникација се телефонските говорници(овозможуваат остварување на
телефонски разговор, најчесто со уфрлување на жетон, паричка или телефонска картичка.
Можат да бидат слободностоечки или прикачени за зид но мора да се поставуваат за да им
бидат на дофат на лицата со посебни потреби).

38.Кои се елемнти кои го подржуваат протокот на возила и пешаци?


-Улично осветлување(уличното осветлување се препорачува како најевтина интервенција
за намалување на незгодите, но и спротивно, тоа оддава чувство на безбедност кај
возачите што резултира со зголемување на брзината.Нивното растојание од ивицата на
зоната во која се поставени изнесува 0.8-1.0 м.)
- Рекламни паноа,билборди (треба и многу често се поставуваат ео насока на минување на
пешаците, заради обезбедување на интуитивна видливост. Се изработуваат од материјал
кој нерѓосува или друг траен материјал и мора да задоволуваат минимални стандарди во
поглед на обликувањето.Служат за сеопшто рекламирање.)
- Заштитна ограда(е техничка сигурносна конструкција чија основна цел е да спречи
излизгување и превртување на возилата, да ја оддели пешачката од површината на
возилата, да го спречи заслепувањето од светлата на возилата кои доаѓаат од спротивна
насока).
39.Што е урбанистичка диспозиција?
-Положбата на елементите(улица,плоштат,цпоменици) во однос на населено место како
целина. Таа може да се изрази на два начини:
• во однос ка геометриското тежиште на површината на населеното место;
• во однос на некое значајно место (центар на градот, главна улица).
40.Што е достапност?
-Можност за совладување на одалеченоста на некој елемент од останатите значајни места
во градот.Тое е воздусшно растојание кое се прикажува со изохрони линии.

41.Што е валоризација и што се вреднува/валоризира?


-Оцена на вреднување на сите анализирани аспекти на некој елемент со истакнување на
поволни и неповолни ситуации и појави.Се вреднуваат димензиите на сите
елементи,начин на паркирање, линии на ЈПГ и начинот на паркирање,фрекфентност на
сообраќајот,осветлување, сигнализација и ознаки,прегледност на крстосница,безбедност
еколошки услови,надложен профил, парцели,намена на објектите, фасади,урбани детали.

42.Кои се методите на урбанистичко истржување?


-анализа - детално расчленување на проблемот заради полесно разбирање,
согледување, констатација и објаснување.
-споредбена анализа - паралелно набљудување и споредба на два или повеќе
елементи од ист аспект, (фрекфенција на сообраќај село-град)
-синтеза - обединување на резултати од последователни или паралелни
истражувања и комплетно согледување на некоја ситуација
-заклучување - критички став по одредено прашање според претходно утврдени
Критериуми

43.Кои карактеристики ги опфаќа урбанистичката анализа?


-просторни (урбанистичка диспозиција, граници, морфологија, облик,
големина, пропорции, просторна организација, поделба на територијата
на подцелини)
-физички (изграденост, боја, урбана опрема, сообраќајна сигнализација и
ознаки, уличноносветлување, споменици,...)
-функционални (приоди, видови и начин на движење)
-програмски (намени, содржини,)
-архитектонско-градежни (начин и систем на изградба, тилологија,
обликување, силуета).

44.Што е урбана екологија?


-Една од основините дисциплии на урбанизмот.Се занимава со проучување на градот како
еколошка средина преку 3 основни еколошки елементи:земја, вода и воздух Се воведуваат
земени покриви кои што престваваат природни филтри на земјата.

45.Наведи 10 основни поими во сообраќаjот и транспортот и објасни 5.


-Учесник во сообраќај,моторно возило,патнички автомобил,товарно возило,сообраќаен
тек ,велосипед,возач, коловоз,коловозна лента,тротоар.
-укесник во сообраќај е лице кое на било каков начин учествува во сообраќајот;
-патнички автомобил е моторно возило за превоз на лица кои освен седиштето на возачот
има најмногу 8 седишта;
-Товарно возило е возило наменето за превоз на предмети;
-сообраќаен тек е колана од повеќе возила која се движи по улицата во иста насока;
-велосипед е возило што има најмалку две тркала и се движи исклучително со силата на
возачот;
46.Кои се основните елементи на сообраќајот?
-Инфраструктура транспортни средства и сообрачајна сигнализција (ознаки, знаци, светла,
уреди).

47.Кои се динамички а кои статички елементи на сообраќајот?


-Динамички се улиците сообрачајниците железничките пруги и патиштата;
-Статички се автобуските станици,железницките станици,аеродромит,терминали и
складишта,логистички центри,пристаништа.

48.Како се дели сообраќајниот систем?


1.Поделба според територија. Тоа е географска (територијална) поделба:
државен, регионален, градски.
2.Поделба според потребите кои треба да ги задоволува подсистемот
(функционален подсистем): превоз на патници, превоз на товар и пренос на пораки, како
и се она што се овозможува со тие движења.
3. Поделба според организацијата на сообраќајот: транспортни и шпедитерски фирми,
автобуски и железнички станици и терминали, товарни терминали, аеродроми, градски
сообраќајни фирми, фирми за планирање и проектирање во сообраќајот.

4.Според сообраќајните патишта:


КОПНЕН сообраќај (патен, железкички, гасоводи, цевоводи)

ВОДЕН сообраќај (морски, речен, езерски )

ВОЗДУШЕН сообраќај и посебните гранки (ПТТ сообраќај, градски патнички сообраќај,


претовар)

49.Развој на копнен сообраќај.


-Започнува во втората половина од XIX век и е одбележан по развојот на моторите со
внатрешно согорување. Karl Benz во 1885-та година го конструирал првиот автомобил со
внатрешно согорување на три тркала, тој се смета за ембрион на модерниот автомобил.
Истата година Gotlib Dajmler го конструирал првиот моторцикл, а една година подоцна и
првиот автомобил на четири тркала. 1913-та година се смета за пресвртница во
автомобилската индустрија, затоа што во фабриките на Ford се воведува подвижна
производствена лента, па во периодот 1909- 1927 произведени се 15 милиони автомобили
(познатиот модел ТТ), кои го преплавија пазарот на САД. Копнениот сообраќај ги опфаќа
патниот, железничкиот а и во поширока смисла и гасоводите и цевководите.

50.Објасни за карактеристиките на моторниот сообраќај.


-Планирањето управувањето и контролат на моторниот сообараќај е еден од позначајните
проблеми со кои се соочуваат сообраќајното и урбанистичкото планирање. Моторниот
сообраќај го сочинуваат: мопеди,моторцикли, патнички автомобили, автобуси, тролејбуси,
специјални возила(противпожарна, итна помош, полиција), комунални служби,
специјални камиони запревоз ка автомобили и посебна категорија -трамвај.Фактори кои
влијаат на анализа и планирање на моторниот сообраќај се:
-сообраќајниот тек и неговите пзраметри (брзина, проток, густина)
-задушување на мрежа и тесни грла;
-потрошувачката на гориво;
-бучава, вибрации, емисии;
-безбедност (сообраќајни незгоди);
-загадување на воздухот и деструкција на урбаната средина
- геометриско – конструктивни карактеристики

You might also like