You are on page 1of 2

Испитни прашања за

Проект за детални геолошки истражувања на минерална суровина - мермер на


локалитетот „Горна Краста“ општина Сопиште

1. Кој ја прави и потпишува проектната задача?


2. Што содржи проектната задача?
3. Дали проектната задача треба да е пред текстот или во склоп на текстот?
4. Според кој Правилник се изработува проектот за детални геолошки истражувања?
5. Колку дела (посебни целини) содржи проектот?
6. Со какви бројки се врши нумерацијата на независните целини (поглавија) а со какви
бројки се означуват делoвите во рамките на независните целини ?
7. Кои се општи податоци за проектот за детални геолошки истражувања?
8. Колку поглавја содржи текстуалниот дел?
9. Што содржи воведот?
10. Во кое поглавје се опишани податоците за присуство на историските споменици?
11. Во кој лист од ОГК во мерка 1:100 000 спаѓа овој истражен простор локалитетот
„Горна Краста“ општина Сопиште ?
12. Во кое поглавје се дава краток опис на геолошката градба на истражниот терен и
поширокиот терен?
13. Според тектонската реонизација каде припаѓа локалитетот „Горна Краста“ општина
Сопиште.
14. Од што е изграден Пелагонскиот хорст-антиклинориум?
15. Од што е изграден истражниот простор?
16. Кои инженерскогеолошки групи на карпести маси може да се издвојат на поширокото
подрачје?
17. Според хидогеолошките истражувања кој тип на порозност може да се издвојат?
18. По кој правилник се врши класификација на наоѓалиштата и од која година е истиот?
19. Кои геолошки работи е потребно да се применат при истражувањето?
20. На колку групи и подгрупи се подделнии наоѓалиштата на мермер?
21. Колку е вкупната длабина на дупчење на истражните дупнатини?
22. Како се делат истражните работи според начинот на изведба, и што опфаќаат истите.
23. Кое е максимално дозволено растојание на истражните работи за А категорија на
резерви на мермер од прва група и прва подгрупа?
24. Кое е максимално дозволено растојание помеѓу истражните работи и дупчење за А
категорија на мермер од втората група и втора подгрупа?
25. Кое е максимално дозволено растојание на истражните работи за Б категорија на
резерви на мермер од прва група и втора подгрупа?
26. Кое е максимално дозволено растојание на истражните работи за Б категорија на
резерви на мермер од втора група и прва подгрупа?
27. Кое е максимално дозволено растојание на истражните работи за Ц1 категорија на
резерви на мермер од прва група и прва подгрупа?
28. Кое е максимално дозволено растојание на истражните рударски работи и дупчење за
Ц1 категорија на истражување на мермер од втората група и втора подгрупа?
29. Што содржи економското образложение на проектот.
30. Дали во поглавјето за динамички план треба да се напише динамиката на изведување
на истражните работи и времето за кое треба да се изведат.

1
31. Во кој формат се прикажува графиконот за динамиката на изведување на истражни
работи.
32. Дали цената на изработка на проектот е иста со цената изработка на елаборатот (што
има поголема вредност)?
33. Како (по кој редослед) се прави списокот на содржината и фондовската
документација?
34. По кои вообичаени методи се врши пресметка на рудните резерви?
35. Колку истражни дупнатини се планирани да се изведат на истражниот простор со
проектот?
36. Колку лабораториски анализи се планирани со проектот?
37. Што содржи графичката документација во проектот?
38. Во кој размер е геолошката карта со проектираните истражни работи.
39. После колку дена од предавањето на проектот во Министерството за економија може
да се отпочнат истражните работи на терен?
40. Дали треба да има надзор за вршење на истражните работи и кој може да го врши
истиот?
41. Дали може да се изврши промена на распоредот на истражните работи и кој одлучува
за тоа?
42. Кој врши ревизија на проектите и елаборатите од деталните геолошки истражувања?
43. Која е цената за изработка на ревизија на Елаборатот од детални геолошки
истражувања на украсни камења - мермер
44. Кој може во Република Северна Македонија да изработува проекти и елаборати од
геолошки истражни работи?
45. Кој може да биде автор на елаборат и проект за ДГИ?
46. Кој ја издава лиценцата за изработка на геолошка документација, изведување и надзор
на геолошки истражувања?
47. Како се добива овластување за изработка на геолошка документација, изведување и
надзор на геолошки истражувања?
48. Кога може да се изгуби стекнатата лиценца за изработка на геолошка документација,
изведување и надзор на геолошки истражувања?
49. Кога ревидентот може да ја изгуби стекнатата лиценца за изработка на геолошка
документација, изведување и надзор на геолошки истражувања?
50. Во кој случај се губи овластувањето за изработка на геолошка документација,
изведување и надзор на геолошки истражувања?

You might also like