You are on page 1of 6

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ - Скопје


Градежен Факултет

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЧЕЛИЧНИТЕ ОБЕСЕНИ КОНСТРУКЦИИ


ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ОТВОРЕНИ ТРИБИНИ

Студент: Ментор:

Дипл.Град.Инж. СЛАВЧЕ ЗДРАВЕВ Проф.Д-р. ПЕТАР ЦВЕТАНОВСКИ

Скопје, 2010
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Градежен Факултет

ПРЕДГОВОР
Овој труд е изработен на Градежниот факултет при Универзитетот
„Св.Кирил и Методиј“ Скопје,Р.Македонија,за стекнување со титула магистер по
градежништво под менторство на Проф.Д-р.Петар Цветановски.
Трудот има за цел да ги опфати висечките конструкции, односно
обесените конструкции за покривање на отворени трибини. Примената на овие
конструкции во Р.Македонија,економската предност во однос на другите
конструкции и можностите кои ги нудат со нивната примена: големи
распони,лесна конструкција,поволни карактериски во сеизмички активни
подрачја и сл.

БЛАГОДАРНОСТ
Сакам да изразам голема благодарност до мојот ментор Проф.Д-р.Петар
Цветановски,што ми овозможи да работам под негово менторство, за
драгоцените совети,предизвици и подршка. Исто така би сакал да се
заблагодарам на сите други учесници кои на било каков начин беа
инволвирани во изработката на трудот. Сакам да се заблагодарам на лугето од
катедрата за Челични конструкции при Градежниот факултет, како и до
Професорот Симеон Танев,за подршката и советите.

Скопје, 2010
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Градежен Факултет

АБСТРАКТ

Терминот „Обесени конструкции“ или „Tension structures“ често се користи за


оние конструкции каде еден или повеке носечки елементи примаат сила на затегање.
Такви конструкции се: Cable roofs(висечки покриви),Membrane roofs(затегнати
платна),Cable bridges(висечки мостови),Guyed masts,towers(јарболи и кули) и сл.

Затегнати елементи можат да бидат јажина-сајли,платна,кои треба да се


комбинираат со конструктивни елементи кои можат да примаат сили на притисок.

Овој труд се однесува на обесените конструкции,конкретно на покривните


обесени конструкции при отворени трибини. Во трудот се разработени материјалите,
аналитички преглед, илустрација на форми и најновите иформации и трендови за
висечките конструкции.

Извршена е анализа и компарација на современи покривни конструкции со


класичните покривни конструкции,предности во однос на класичните, економскиот
ефект кој може да се постигне со имплементација на овој тип современи конструкции,
застапеноста на висечките конструкции во Р.Македонија.

Краток опис на историскиот развој на овој тип на конструкции исто така е


застапен во трудот.

Скопје, 2010
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Градежен Факултет

СОДРЖИНА
Предговор I
Благодарност I
Абстракт II
Содржина III

I ДЕЛ – ВОВЕД
1.1.Историски развој 2
1.2.Методологија 3
1.3.Резултати 3
1.4.Диспозиција на трудот 4

II ДЕЛ – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ПРИ ПРОЕКТИРАЊЕ


2.1.Материјали
2.2.Јажина
2.3.
2.4.

III ДЕЛ – МАТЕРИЈАЛИ


3.1.Материјали
3.2.Јажиња
3.3.
3.4.

Скопје, 2010
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Градежен Факултет

ПРВ ДЕЛ

1.1. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ

Овој тип на конструкции датира од минатиот век и нивната примена постепено


се зголемува како резултат на развојот на технологијата и информатиката.

На почетокот на шеесетите години се сметало дека архитектонскиот и


економскиот потенцијал на висечките конструкции ке доведе до зголемување на
употребата на истите.Како резултат на ова големи истражувања се вршат во
изучувањето на овие системи и нивното однесување. Инетересот кој се пројавува за
овие конструкции почнува до го стимулира истражувањето и развојот на нумеричките
методи за решавање на големи системи не-линеарни равенки,сето ова не би било
можно без развојот на комјутерската технологија.

На почетокот очекувањата за висечките конструкции биле големи,но сепак


нивната функција не е сватена до ден денес и нивното присуство,односно застапеност
глобално гледано е релативно мало.

Причините поради ова се повеке.Немањето потреба односно слаба


побарувачка на објекти со големи распони,недоволната запознаеност на инжинерите
како и архитектите со процесите за конструкција и димензионирање на овој тип на
конструкции,а кога се користени најчесто се применуваат за спортски
стадиони,саемски хали и сл.Додека потенцијалот кој го поседуваат овие конструкции
за нивна примена во индустријата и сеизмички активните подрачја никогаш небил
доволно или воопшто искористен.

Трошоците се наведуваат дека се главна причина за малата застапеност на


овој вид на објекти,но сепак тоа е резултат на недоволна експертиза на проектантите
како и недоволно истражување,односно унапредување на овој тип на конструкции.

Овој магистерски труд има за цел да ја охрабри употребата на обесените


конструкции,а воедно и покаже дека голем број на форми и практични решенија можат
да се реализираат,кои воедно ке претставуваат финансиски рационални и
конструктивно едноставни решенија.

Скопје, 2010
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје
Градежен Факултет

1.2. МЕТОДОЛОГИЈА
Трудот е разработен во неколку поглавја.
Првото поглавје се однесува на историскиот развој на висечките
конструкции.Почетоците на овој тип на конструкции,нивната примена во
денешни услови,развојот и новите и современи методи на пресметка на
математичките модели и сл.
Второто поглавје се однесува на основните принципи при проектирање
на висечките покривни конструкции.
Третото поглавје се однесува на материјалите кои се користат кај
висечките покривни конструкции,типови на јажиња,

1.3. РЕЗУЛТАТИ

Со анализата спроведена во склоп на магистерскиот труд ке се добијат


дополнителни и систематизирани сознанија за предностите, недостатоците,
рационалноста и сл. На висечките челични покривни конструкции во однос на
класичните покривни конструкции.
Наведените резултати треба да дадат допринос во однос на пресметката
на висечките покривни конструкции како и нивна поголема примена.
Со примената на основните пресметковни модели и примената на
суфистицирани тродимензионални модели ке се овозможи компарација на
резултатите и оценка на предностите во однос на другите покривни
конструкции.

Скопје, 2010

You might also like