You are on page 1of 4

-Полициска етика е насочена кон проучување на полициското постапување во

цивилното општество следејќи ги најдобрите практики на полициската професија,


а имајќи ги предвид меѓународните документи за полициско работење и човекови
права на кои се обврзала државата.
-Полициската култура се гради и развива паралелно со развој на полициската орг
како и тсо градење на сложениот систем на пол апарат во едно демократско
општествто.
-Културата всушност меѓусебниот однос на поединците кои комуницираат едни со
др преку процес на социјализација, па мерките кои се преземаат треба да го
одразуваат комбинираното влијание и да ја обликуваат културата.
- Пол култура е феномен кој потекнува од професионални ставови па се
споделува меѓу пол службеници и се манифестира на повисоко ниво низ цела пол
организација.
- Полициска супкултура во полициската орг често се прикажува како широко
распространета малигна и со моќно влијание врз однесување на пол службеници.
- Основни одлики на полициска супкултура се: чувство за пол мисија, желба за
акција и возбуда особено на величење на насилството.
-Принципот говор и акција е централен принцип при определувањето на пол
супкултура и од него потекнуваат првичните ставови во однос и на др теоретски
правци на градење на таквата култура, тој е претставен низ најмалку 2 начина, 1)
може да се сфати потесно преку променливите вариабили кои можат да го
објаснат пол однесување и 2) пол супкултура може да се концепира како
хипотетичка конструкција која овозможува кохерентност и континуитет на широк
спектар на пол мисла и пол практика.
-Принцип на непотребна сложеност укажува на тоа дека пол супкултура исчезнува
како резултат на речиси безконечните мулти супкултури, на тој начин
дополнително се влијае на зголемување на довербата на јавноста дека младите,
новите, пол службеници ке ги прифатат сериозните предизвици на пол етика кои
од нив ги очекуваат граѓаните.
-Градење на пол интегритет се заснова на 4 претпоставки: 1) Дефинирање на
прашања кои треба да бидат разјаснети за целите на развојот на пол интегритет.
2) Доставување на докази за различни видови неетичко однесување 3) Анализа на
бројни методи кои се користат да се истражи недостаток на пол интегритет 4)
Предлози и идеи за нов пристап кој треба да се користи за зголемување на пол
интегритет.
-Класифицкафија заснована врз легитимност или законска подршка на полициска
функција: Полициско работење со општество/граѓаните, Роберт Пил, Велика
Британија, со кое е создадена професионална и централизирана полициска
организација на пошироко подрачје на Лондон. По Роберт Пил полициските
службеници се познати како Боби, според овој модел пол службеници се граѓани
во униформа, кои своите овластувања ги црпат но и ги применуваат во
заедницата со недвосмислена подршка од граѓаните. - Полициско работење
според законски утврдени начела и овластувања се извршуваат стриктно со
почитување на законот и подзаконските акти, а се насочени кон одржување на
ЈРМ, спречување на криминал, итн.
-Класификација заснована на командната структура се дели на:- Број на сили кои
се командувани ( цела полициска сила под раководство на 1 командант –
сингуларен модел), различни полициски служби со различни команданти –
повеќеслоен модел, јасно дефирани територии при што не се преклопуваат со
функциите – повеќеслоен координиран модел, а функции и овластувања се
преклопуваат – повеќеслоен некоординиран. - Видови служби ( високо
организирани имаат единствена команда-централизирана командна структура), не
предвидува очигледна централизирана – децентрализирана служба).
-Според Боер и Пио постојат 9 модели на пол работење: Полиција во заедница,
Полициско работење насочено кон решавање на проблеми, Полициска работа во
соседството, Полиција како фактор на сигурност и доверба, Демократска работа
на полицијата, Полициско работење фокусирано на граѓани Работа на полиција
насочена кон почитување изаштита на човекови права, Засновано на
професионални вредности, Нодално полициско работење
-Плант и Скот дефинирале 7 модели на пол работење: Традиционален модел на
пол работа, Полициско работење насочено кон решавање проблеми, Модел на
криминалистичко разузнавање, Ситуациска привенција на криминалитет, Нулта
толеранција од страна на полиција, Статистички модел, Теорија на скршен
прозорец
-Четири пристапи за проактивно полициско работење: пристап базиран на место
на настан, Пристап за решавање проблеми, Пристап фокусиран на личноста,
Пристап базиран на заедницата.
-Модел САРА на полициско работење Означува скенирање, анализа, одговор и
процена.
-Теорија на полициско работење во заедница опфаќа 4 аспекти: Филозофски –
најшироко толкување на полициско работење, прифаќање на влијание на
заецницата.,Стратешки – оперативност на концептот ја става филозофија во
акција, Тактички – идеи и стратегии во конкретни проблеми на справување.,
Организациски – различни промени во организација, администрација,
раководење, контрола кои го олеснуваат работењето во заедницата.
-Раководење Е термин со кој се означува управување со организации, без разлика
за каква организација стнува збор, дали е дел од реалниот сектор или владини
служби. Подразбира преземање мерки и активности на организација со кои на
ефикасен начин се обезбедуваат, распоредуваат и искористуваат човечките
потенцијали и материјални ресурс: Праволиниски – непосредни раководители,
раководители на средно ниво, раководители на оддели, началници на сектори,
помошници на главен директор, главни и изврши директори (генерален директор,
главен и извршен директор, претседател на управен одбор, членови)
-Класичен систем на раководење (линиски, функционален, линиско штабен,
бирократски), Неокласичен систем на раководење (партиципативно
кооперативен), Современ систем на раководење (проектен, матрично проектен и
матрично тимски), Мешовит систем на раководење, Класичен систем на
раководење .
-Современ тип на систем на раководење- Постои во повисоки организации во кои
доминира истражувачко-развојна компонента на управување, се карактеризира со
дволиниски систем на раководење: 1) Вертикална линија – линија на одлучување
и раководење 2) Хоризонтална линија – линија на проекти и проектно управување
-Функции на раководење во полиција Разликуваме основни и дополнителни
функции, Основни функции се носечки активности на раководство без кои не може
да се очекува успех во работење(планирање, организирање, раководење,
контролирање), дополнителни функции се активности кои не се препознаваат како
суштински за развој на институција и воопшто за процес на работа но се добри
алатки кои раководителите ги користат да ги подобрат менаџирање во
институција. (мотивирање, координација и др)
-Јовановиќ го дефинира планирање како процес на изнаоѓање на рационални
решенија, постапки, и подготвување на програма за остварување на поставена
цел. Има за цел, настаните да не се следат, туку да се оди чекор напред пред нив,
или да им се излезе во пресрет на самите настани, а на тој начин се избегнува
стихиност во постапување. Основни термини кои се употребуваат во процес на
планирање се: - Со планирање се разрешуваат одредени проблеми, дилеми со
кои единицата или организација во иднина може да се соочи. Карактеристики што
се потребни да се потигне квалитетно планирање: - квантифицирање задачи,
цели, процеси, постпаки - Примена на научно теоретски методи - периодична
временска и просторна ускладеност -ограничување во можности на планирање на
раководител кој ја планира акцијата
-Организирање претставува функција на менаџира преку која организацијата се
подготвува за извршување на задачи, тоа е динамичен процес преку кој самата
организација се приспособува за задачите за да може ефикасно планирање да го
претвори во дело. Може да се јави во сите фази, но најчесто меѓу планирање и
раководење.(темелни подготовки, благовремено доставување на потребни
податоци, линиски, функционален и соработнички однос, рационално, сталожено
и ефикасно постпување.
Раководење Е целесообразен систем опфаќа збир на меѓусбно поврзани
раководители, органи за раководење, и нивни соодветни раководони функции.
Раководење од менаџер бара да ги мотивира вработените, да ги насочува
активностите на другите, да одбере најефективни комуникациски канали, да ги
решава меѓучовечки проблеми.
-Контролирање- Преку контролата се овозможува мерење и оцена на работа во
организацијата и исполнување на предвиденото. Контролирањето се состои од 4
фази и тоа, - Определување на потребни стандарди засновани на организациски
цели на служба - оценување и известување за актуелни состојби - спроведување
на двете претходни фази и - ако е потребно – преземање на корективни
активности
-Донесување одлуки Ова е една од најважни функции во раководење во
полицијата, без донесување одлуки практично не може да има ни раководење.
Јовановиќ смета дека одлука претставува секој субјективен акт кој е резултат на
авторитативно изразуање на волја на раководителот, а се однесува на решавање
на некое прашање или преземање на некоја акција. Секоја одлука за употреба на
полициска единица или припадник, за извршување конкретна акција треба да
содржи неколку елементи: - активност и задачи кои треба да се извршат - цел која
треба да се постигне -начин и тактика на извршување на задачата - извршител на
активноста - време, простор, мерки за безбедност и др
- Процес на донесување на одлуки се состои од 6 фази: препознавање на
проблем, донесување на одлука и постапување, евалузација на одлуки,
почитување вредности, разгледување на опции, проценување на можни решенија
- За да се постигне успех во донесување на успешни одлуки, потребно е
конципирање на вистинскиот модел за донесување одлука, со посветување
внимание на: процес на селекција од неколку производи, идеи, избори и
преземање акција, избирање помеѓу алтернативни насоки на дејствување процес
на пресликување на најверојатни последици од одлуките, работа на важноста на
индивидуални фактори и избор на најдобра акција за преземање.
-- Во насока на развивање на полициските науки, во Стокхолм, 2001, било
договорено да продолжи дискусија за потреба од развој на полициски науки со
следни заклучоци: 1) соодветноста на призната академска класификација на
полициски науки 2)Соработка во областа на полициски науки на европско ниво 3)
пренесување и користење на резултати од полициски науки во секојдневна пол
работа.
- Полициските науки претставуваат збир на знаење во кој полициската практика
отсекогаш играла важна улога во стекнување на ова знаење.
-Разлики меѓу полициско образование и полициска обука: CEOPOL го дефинира
образованието како процес и низа од активности кои имаат за цел да му
овозможат на поединецот да се стекне со знаење и да го развива знаењето,
вештини, вредности и разбирање кои не се поврзани со тесното поле на
активности, туку овозможува да се дефинира широк спектар проблеми. - Од друга
страна обуката претставува процес на стекнување знаење, вештини, и ставови
кои се потребни за извршување специфични задачи.
-Значење на полициски науки за полициско образование- Постојат 3 фази на
потенцијално влијание на полициски науки за полициско образование
содржината
методологија
интелектуалниот развој

You might also like