You are on page 1of 4

ЕПП наварување со електродна жица во форма на кабел

Оваа простапка на наварување со ЕПП користи електродна жица во форма на кабел кој е составен
од седум жици кои се намотани во вид на кабел. Една жица која е во средина се нарекува
централна а другите се намотани околу неа и се нарекуваат периферни жици. Процесот на
наварување со овој вид на електродна жица има потреа од еден извор на струја, еден туркач на
жицата и еден електричен лак кој ги топи сите седум жици истовремено.
За оваа постапка е експериментирано во областа на мешање на материјалите, депонирање на
додатен материла, микроструктурата и тврдоста во однос на традиционалното ЕПП наварување со
една жица.

Сл.1 Шематски приказ од електродна жица во вид на кабел

Во однос на традиционалното наварување со една електродна жица, кај наварувањето со оаа


постапка мешањето на основниот материјал со додатниот се намалува за 33%.
Сл.2- Форма на навар кај (а) ЕПП со стандардна жица и (б) жица во форма на кабел

Депонирање на додатен материјал


Резултатите покажуваат дека депонирањето на додатниот материјал при наварување со ЕПП
постапка со жица во форма на кабел се зголемува со зголемување на јачината на струјата и
напонот, додека кај наварувањето со стандардна жица депонирањето е константно од 400А до
500А и кога ќе надниме 550А имаме нагло зголемување на депонираниот додатен материјал.

Сл.3- Количина на депонрање на додатен материјал во зависност од параметрите при наварување

Микроструктурата во зоната на премин од наварот и основниот материјал покажува и кај двата


вида на наварување состав од бел еутектоиден ферит и сив перлит со тоа што кај наварувањето со
жица во вид на кабел големината на еутектоидниот ферит е помала и микроструктурата е по фина
и more uniform.
Сл.4-Микроструктрна снимка направена со електронски микроскоп а) стандардна жица и б) жица
во форма на кабел

Тврдината при наварување со двата вида жици опаѓа како се движиме од површината па во
внатрешноста на наварот. Тврдината на површина наварена со жица во вид на кабел е поголема
од онаа со стандардна жица и истото се случува и по длабочина, во ЗВТ се до основниот
материјал.

Сл.5-Точки на испитување на тврдина со кабел електродна жица и стандардна жица


Сл.6- резултат од испитување на тврдина
При наварување со ЕПП постапка со електродни жици во вид на кабел, со непрекинато туркање
на жицата и нејзино топење, сите шест периферни жици топејќи се ротираат во насока обратно од
онаа во која се намотани и формираат само-ротирачки лак. Поради ефектот на ротитачкиот лак,
растопениот метал во заварувачкото кулатило се движи во форма на спирала, со што се зголемува
ладењето и се намалува опасноста од прегревање.

Предности
Намалено мешање на основниот со додатниот материјал до 33% од онаа со стандардна жица
Депонирање на додатен материјал и до 40% повеќе од стандардната постапка
Поголема тврдост и микроструктура на површината која е по фина од онаа со стандардна жица
поради ротирачки лак
Ротирачки лак кој предизвикува про еутектоидниот ферит да се расдели на ситни делови,
формирајќи по фина и униформирана микроструктура.

You might also like