You are on page 1of 2

Воведен збор Презентација на активности „Јас и природата“ (27.12.

2022)
Почитувани родители и гости,
Се собравме овде да го одбележиме реализирањето на една наставна
програма, поразлична од досегашните програми за наставни предмети. Со
доаѓањето на крајот на првото полугодие од оваа учебна година, завршува
изучувањето на наставната програма за слободниот изборен предмет Јас и
природата.
Имено наставникот кој е задолжен да го реализира слободниот изборен
предмет има обврска да изработи програма за иститот. Идеата за изработка
на програма за слободен изборен предмет Јас и природата потекна
токму од Едукативниот пакет Медена земја кој се состои од 3 компоненти:
илустрирана сликовница Медена земја, интерактивна игра со коцки и голема
интерактивна игра на табла, дистрибуиран во училишта од нашиот регион, а
преку кој учениците на креативен начин учат како да ја зачуваат природата од
уништување и каква е важноста на пчелите за човекот и природата.
Програмата беше доставена до Биро за развојот на образованието и доби
позитивно мислење, односно беше одобрена.
Содржините од програмата опфаќаат:
-едукативен дел за природата, екосистемите, екологијата и важноста на
рамнотежата во природата преку темата „Односот на човекот кон
природата“;
-пчеларството и користењето на природните ресурси, преку темата
„Одговорен сум за чување на природата“; и
- игри, творечки и практични активности за збогатување на природните
ресурси преку темата „Јас и природата“.
Содржините од програмата беа целосно реализирани, учениците учеа, ги
проследија и анализираа документарниот филм „Медена земја“ и истоимената
сликовница, раскажуваа „Нераскажани приказни од медената земја“, преку
интерактивната игра на табла „собираа мед“ играјќи ги ликовите на
пчеларката, детето, сточарот и трговецот, посетија пчеларник и преку посета
на пчелар производител на производи од мед и пчелни продукти се запознаа
со улогата на медот во животот на човекот, а од посебно значење и треба да
се истакне е акцијата за засадување на околу 200 садници медоносни дрвја -
багрем, реализирана со директна вклученост на родителите и Македонски
шуми ПЕ Кочани.
Програмата за слободниот изборен предмет Јас и природата согласно
принципите зацртани со пропишани насоки за изработка на овој вид програми
треба да придонесе за:
- стекнување на компетенции, односно знаења, вештини и
вредности/ставови во согласност со Националните стандарди за основното
образование;
- да ја збогатува воспитно-образовната дејност на училиштето;
-да се доживува како интересна и корисна од страна на учениците;
-да придонесува за подобрување на севкупната привлечност на самото
училиште и да ја подобрува севкупната клима за учење во училиштето.
Колку сме го постигнале ова оценете Вие.
---------------------------------------------------------------
- Читање на искази од учениците, што научив и што ми беше
најинтересно/забавно.
--------------------------------------------------------------
Овој предмет е еднакво важен како и задолжителните предмети и се
оценува редовноста, ангажираноста, придонесот во реализацијата и
напредокот на секој ученик.
Учениците се веќе свесни дека природата во голема мера зависи од
користењето и дејството на човекот врз неа, препознавајќи ги негативните
дејства кон природата, идентификувајќи дека многу е важно да ја заштитиме
животната средина од уништување и дека мешањето на човекот во законите
на природата често предизвикува катастрофални последици, истовремено
осознавајќи колкава е важноста на пчелите за општото добро.
На овој начин не само ние како ученици и наставници, туку и вие како
родители и соработници дадовте голем придонес во подигањето на свеста за
поголема грижа за природата, за одржливо користење и управување со
природните ресурси. Токму и денешниов настан е со една ваква цел, да ги
поттикнеме и другите да поддржуваат активности за враќање на природниот
баланс. Многубројните пораки кои учениците ги изработија, нека допрат до
сите и да ни бидат мотив и понатаму да продолжиме со вакви и слични
активности без разлика на тоа што сега завршува изучувањето на овој
предмет. Да останеме во интеракција со природата и да се грижиме за неа.
Уште еднаш упатувам голема благодарност што сте овде и што помогнавте да
се реалзира оваа наставна програма.
------------------------------------------------------------------------------------
-Проследување на фотографиите од активностите и изложбата
- Читање на неколку лични творби од учениците
-Благодарници за медопроизводителите
-Освежување со чај и мед

You might also like