You are on page 1of 5

ВЕЖБА 1: Интерни и екстерни фактори

Управувањето со ризици е основен дел од стратешкото управување во секоја


организација. Тоа е процес со кој организациите методички се справуваат со ризиците
што ги следат нивните активности со цел да постигнат одржлива корист во рамките на
секоја активност и низ портфолиото на сите активности.

Фокусот на добро управување со ризиците е идентификување и третман на овие


ризици. Неговата цел е да додаде максимална одржлива вредност на сите активности
во организацијата. Тоа придонесува за разбирање на потенцијалните позитивни
страни и негативни страни на сите оние фактори што можат да влијаат на
организацијата. Со примената на управувањето со ризици се зголемува веројатноста
за успех, се намалува веројатноста за неуспех и се намалува неизвесноста за
постигнување на целокупните цели на организацијата.

Управувањето со ризиците треба да биде континуиран и развоен процес кој се


применува низ стратегијата на организацијата и спроведувањето на таа стратегија.
Управувањето со ризици треба да ги опфати системски сите ризици што ги опфаќаат
активностите на организацијата во минатото, сегашноста и особено иднината.

Управувањето со ризици мора да биде интегрирано во културата на организацијата со


ефективна политика и програма предводена од највисокото раководство.
Управувањето со ризици мора да ја прилагоди стратегијата според тактичките и
оперативните цели, доделувајќи одговорност низ целата организација со секој
менаџер и вработен одговорен за управување со ризикот, како дел од описот на
нивното работно место. Управувањето со ризици треба да поддржува отчетност,
мерење на перформансите и награда, со што се промовира оперативната ефикасност
на сите нивоа.

Интерни и екстерни фактори

Ризиците со кои се соочува организацијата и нејзините операции можат да


потекнуваат од надворешни и внатрешни фактори на организацијата.

Во приказот на дијаграмот се сумирани примери на основни ризици и покажува некои


специфични ризици кои можат да имаат и надворешни и внатрешни фактори и затоа
се преклопуваат во двете области. Тие можат да се категоризираат понатаму во
видови на ризик како што се стратешки, финансиски, оперативни, итн.

1
Слика 1: Пример за интерни и екстерни фактори за основни ризици

ФИНАНСИСКИ РИЗИЦИ СТРАТЕГИСКИ РИЗИЦИ


Каматни стапки Конкуренција
Надворешна трговија Промени на купувачите
Кредити Промени во индустријата
Побарувачка

Спојување и
преземање

Ликвидност и
Истражување и развој
Готовински текови
Интелектуален капитал

ИНТЕРНИ ФАКТОРИ

Сметководствена Јавен пристап Вработени Имот


контрола Информациони Производи и услуги
системи Јавен пристап Вработени Имот Производи и
услугиДоговори Настани
Регрутирање Синџири на снабдување

Регулација Култура
Систем на управување
ОПЕРАТИВНИ РИЗИЦИ
Добавувачи Околина
ХАЗАРДНИ РИЗИЦИ

Студентите во оваа вежба избираат едно претпријатие и ги детерминираат интерните


и екстерни фактори кои влијаат на ризичноста на претпријатието. Да се напишат 10-15
фактори, да се категоризираат според влијание на настанување (интерни и екстерни) и
да се групираат според видовите на основни ризици. Секој од факторите да се објасни
во продолжение и да се даде пример од работењето на претпријатието кое се
обработува. За оваа задача е зададена табела во која треба да се внесат видовите на
фактори (под Интерни и Екстерни) и во остатокот на табелата со знак  (штикла) да се
распределат според нивното делување т.е. предизвикувачи на определени основни
ризици (пр. Финансиски, Стратегиски, Оперативни и Хазардни).
Основни Финансиски Оперативни Стратегиски Хазардни
ризици ризици ризици ризици ризици
Фактори
Интерни
Вработени ✔

Производи и услуги ✔
Истражување и

развој
Ликвидност ✔

Регрутирање ✔

Екстерни

Добавувачи ✔

Настани ✔

Конкуренција ✔

Побарувачка ✔
Финансиска помош

од државата

Интерни и екстерни фактори кои влијаат врз ризичноста на претпријатието - Арт Кафе
Апореа.

Станува збор за претпријатие од угостителската дејност.

Интерни фактори:

Вработени – вработените претставуваат хазардни ризици бидејќи во ова претпријатие


тие се движечка сила на претпријатието. Доколку менаџерот на претпријатието не успее
да им овозможи добри услови (и атмосфера) за работа постои ризик од нивно
заминување од претпријатието а тоа би ја намалило работата на истото или во најлош
случај би довело до затворање на претпријатието на одредено време.
Кога барав работа, најпрво се информирав за условите кои ги нуди кафичот а потоа и за
големината на дневницата, дали има некакви бонуси и слично. Од неколку опции јас ја
избрав таа што најдобро ми одговараше.

Производи и услуги – бидејќи овој тип на претпријатие силно зависи од квалитетот на


производите кои ги нуди, мора добро да ги бира производите кои ги нуди и начинот на кој
ги нуди истите. Во конкретниот случај менаџерот мора во секој момент да гарантира за
квалитетот (начинот на кој се создаваат и нудат) на производите од кафе, пијалоците,
производите од топло чоколадо итн.. и оптимално време за нивно служење.
Во делот на услуги, позитивно влијае и нудењето на бесплатниот интернет и можноста
за организирање на родендени или помали собирања од најразличен карактер.
Во ова претпријатие, се служи Illy кафе, кое е малку поскапо од другите па затоа
менаџерот обрнува премногу внимание кога станува збор за служењето на кафето. Не
смее да биде изгорено, мора да се носи навреме и филџаните мора да бидат чисти.
Благите работи се приготвуваат во моментот на порачување а не претходно и сите
пијалоци се служат добро изладени. Ваквиот начин на работа е долго време
препознатлив за кафичот.

Истражување и развој - менаџерот на претпријатието мора постојано да истражува и да


бара нови можности за развивање и унапредување на своето претпријатие. Во овој
случај мора да изнајде начини да ги задржи веќе постоечките клиенти и да стекне нови.
Ова може да го постигне со подобрување на своите производи или услуги, воведување
на нови или обнова на инвентарот и слично.. Доколку не го прави ова постои ризик од
губење на клиентите.
За време на моето работење во кафичот бев сведок на неколку нови продукти кои му се
допаднаа на клиентите и кафичот стана препознатлив по нив но и низа неуспешни кои
едноставно немаа потенцијал да станат дел од менито. Ова значи дека мора постојано
да се истражува и да се испробуваат нови работи бидејќи само така претпријатието
може да се развува. Во сите други случаи тоа стагнира.

Ликвидност – претпријатието треба да има ликвидност во секој момент бидејќи парите


претставуваат основно и единствено средство со кое ја врши својата дејност. Доколку
претпријатието не може да обезбеди проток на средствата тогаш постои ризик од
ненавремено плаќање на трошоците за сметки, набавките и платите на вработените а со
тоа и огромен ризик од пропаѓање на претпријатието.
Една од работите што најмногу ми се допадна во ова претпријатие е точноста на
платата. Станува збор за неделна плата која ја добиваме во недела и ниту еднаш не се
случи таа да касни или да биде помала од договорената. Исто така менаџерот редовно
ги подмируваше сите трошоци и претпријатието немаше никаков проблем при набавките.

Регрутирање – во ова претпријатие од моето лично искуство ми се докажало дека


проблемот со недостиг од вработени е постојан и значаен. Затоа менаџерот мора
постојано да биде спремен да изврши регрутирање на нови вработени во моментот кога
тоа ќе биде потребно. Во најголем дел од случаите потребата од работници се
зголемува во летниот период бидејќи тогаш и претпријатието работи со поголем
капацитет но исто и во периодот есен/зима кога голем дел вработените заминуваат од
претпријатието бидејќи работеле само сезонски или се студенти и мора да почнат со
студирање. Доколку менаџерот не успее да се прилагоди на промената на потреба од
работници тогаш претпријатието стои пред ризик да остане со недоволен број на
вработени.
Во моите две години работа во ова претпријатие, можам да кажам дека персоналот се
променил повеќе од 10тина пати но менаџерот е свесен за ваквото работење на
неговото претпријатие и знае како да се прилагоди. Во потребните периоди постојано се
вршеше регрутирање на нови работници а на постоечките им се нудат бонуси за да не
заминат од претпријатието.

Екстерни фактори:

Добавувачи – добавувачите се битна алка во синџирот на работењето на претпријатието


бидејќи од нив зависи и квалитетот и интензитетот на работа на претпријатието. Доколку
тие се ненавремени или ги оштетат продуктите кои ги добавуваат тогаш квалитетот на
претпријатието опаѓа и целиот бизнис трпи загуби. Доколку ваквите случаи се чести
тогаш менаџерот мора да најде нов добавувач се со цел да го одржи квалитетот на
претпријатието.

Во ова претпријатие постојат неколку добавувачи за најразлични производи. Едни ги


носат алкохолните пијалоци, други неопходните продукти за работа во шанк, трети носат
овошје и слично но заедничко за сите е тоа што сите се подеднакво важни за работата
на претпријатието. Низ годините, менаџерот на ова претпријатие стекнал доверливи
добавувачи со кои одлучил да ја остварува соработката. Ова е многу важно бидејќи
постојат претпријатија од истиот тип кој се мачат со набавките а со тоа настануваат и
проблеми во нивното работење.

Настани – настаните кои се случуваат во околината на претпријатието имаат големо


влијание врз работата на истото. Доколку има некакво случување или некој собир во
близина тоа доведува до зголемена работа на претпријатието. Тогаш има потреба од
повеќе производи во пократко време. Ако менаџерот е внимателен и ги следи
случувањата во неговата околина може навремено да се подготви за зголемувањето на
интензитетот во работата но доколку не успее во тоа, тогаш постои ризик од
неискористување на можноста за поголема заработка.
Локацијата на ова претпријатие му овозможува максимално да ги искористи сите
случувања во градот. Бидејќи се наоѓа во центарот на градот веднаш до домот за
култура Марко Цепенков, овој локал е прв кога станува збор за собири од културен
карактер. Во моето работење ги забележав придобивките од нудењето на своите услуги
баш во периодите кога има некакви случувања и настани во близина.

Конкуренција - конкуренцијата е битен фактор во работата на едно претпријатие и


менаџерот мора постојано да ја следи работата на своите конкуренти. Но само
следењето нема да му доведе никакви придобивки бидејќи мора и да биде подобар од
нив. Дали ќе понуди пониска цена, подобри услови, подобра атмосфера некој уникатен
производ или нешто друго тоа зависи од способноста на менаџерот. Доколку не успее да
ја победи конкуренцијата, тогаш претпријатието ја губи можноста да биде најдобро на
пазарот а со тоа и опстанокот на претпријатието е под ризик.
На само неколку метри од ова претпријатие, постои и друг локал од истиот карактер па
конкуренцијата помеѓу двата е голема. Менаџерот на претпријатието во кое јас работев
постојано се труди да понуди побрза услуга, поквалитетно кафе, подобар асортиман на
производи и слично но едно од најважните нешта е тоа што успеал да создаде уникатен
производ. Станува збор за два производи од топло чоколадо, Орео и Чоко Арт. Ова
претпријатие е единствено кое ги прави овие производи а се веќе препознатливи во
целиот град. Голема е бројката на луѓе кои доаѓаат во локалот само за да ги пробаат
овие два продукти.

Побарувачка – побарувачката силно влијае врз работењето на претпријатието бидејќи од


неа зависи бројот на потребни вработени, големината на набавките и слично.
За време на Ковид пандемијата, кога беше дозволено работење на угостителските
објекти но со намален интензитет се намали бројот на вработени во претпријатието со
самото намалување на побарувачката. Многу мал број на луѓе излегуваа од домовите а
уште помал беше бројот на луѓе кои доаѓаа во кафичот. Но битен момент е кога
менаџерот ја донесе одлуката да не го затвори локалот бидејќи добро ја знаеше
причината за намалувањето на побарувачката и одлучи да го “истурка” периодот.

Финансиска помош од државата – Исто така во периодот на пандемијата, државата


понуди финансиска помош за вработените кои мораа да останат дома а претпријатието
не е во можност да им исплати. Ваков беше случајот во ова претпријатие и можам да
кажам дека без ваквата помош , претпријатието беше осудено на пропаст.

You might also like