You are on page 1of 3

Демобилизација

По таа катастрофа започнала третата фаза, односно последната фаза на Илинденското


востание што траела до почетокот на октомври 1903 година Во тој период населението
се враќало во селата, организирано се прекинувале партизанските дејства и се
демобилизирале востаничките сили. На 17 септември Христо Узунов заминал за
Демирхисарско за да воспостави врска со Главниот штаб, а останатите членови на
Горскиот штаб ги демобилизирале четите. Меѓутоа, во Горна Дебрца војската преземала
нови акции, па Горското началство било принудено да избега во Албанија, а оттаму да
се префрли во Црна Гора. Потоа на разни начини се префрлило во Бугарија.

Во Охридско останал само раководителот на околијата и претседателот на Горското


началство - Христо Узунов. Тој ги споделил сите трагедии со македонското население.
За време на востанието од почетокот на август до октомври 1903 година во Охридско
биле запалени 42 села, изгореле околу 2.064 куќи, 24 цркви и 18 училишта. Според
списокот на Христо Узунов убиени биле 483 души од кои 17 постојани четници, 116
селски четници, останатите биле жени, деца и невооружани мажи. По страдањата само
Костурската околија можела да се споредува со Охридската. Со голема заслуга на Х.
Узунов, Охридската организација брзо се опоравила и повторно се вклучила во
националноослободителното движење [11].

Белешки
Благодарејќи токму на него, за Битолскиот востанички реон во текот на Илинденското
востание се знае многу повеќе отколку за другите востанички области. Тој запишувал
сѐ, го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец, на секој
предавник кого организацијата го осудувала на смрт. Денес се познати имињата на
сите 478 лица од охридско-струшки крај кои загинале во востанието. За големата
посветеност на македонското дело на Христо Узунов зборува и неговата средба со
селаните од село Куратица, веднаш по трагичниот крај на востанието:

Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв,
и за сѐ знаете, јас сум виновен. Еве ви се предавам, убијте ме, предајте ме, што
сакате правете со мене..
А потоа востаниците ќе му одговорат: Не, ти не си виновен. Ако раководството даде
решение ние повторно ќе се кренеме.Христо Узунов за неуспехот на востанието
чувствува голема грижа на совеста. Неговиот сограѓанин Огненов во едно писмо ќе му
напише: Брату Арсение (прекар на Христо), тие за тебе имаат повеќе од добро мислење
(се смета за сограѓаните), те сметаат за идеален, особено по заминувањето на твоите
другари за Бугарија. Сите со гордост го споменуваат твоето име и се чувствуваат
особено привилегирани ако некој од нив зборувал со тебе....

Постилинденски период
Прилепски конгрес
Главна статија: Прилепски конгрес
Тој (Ѓорче Петров б.н) наоѓаше дека строго осудувачки било за нас патриотите -
револуционери да стануваме агенти на Егзархијата и на бугарската влада, кои никогаш
не го сакале нашето ослободување, туку просто се стремеле за постигање на државни
цели... тој отиде до таму, што напомна како многупати бугарските митрополити,
Егзархијата, министрите во Софија и самиот кнез биле многу поопасни за нашето дело,
отколку самите Турци. Во заклучокот тој предложи еднакво да ги истребуваме
бугарските, српските и грчките конзули и митрополити како дирекни предавници и
вистински виновници за националните расправи

— Јордан Тренков, Писмо [12]

Пере Тошев
Во почетокот на пролета 1904 година било донесено решение за конгрес на Битолскиот
револуционерен округ. Во првите денови на мај се собрале во прилепско, следните
револуционери: од битолскиот округ: Даме, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Узунов,
Ѓорѓи Сугарев, Георги Поп Христов, Никола Каранџулов, Петар Ацев, Георги Пешков,
Јордан Тренков [13].

На Конгресот дошло до спротивставување на две гледишта за поредокот на


Организацијата. Имено, Даме се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на
поддршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на
Организацијата и тој бил поддржан од сите повидни револуционери [14]. Пере Тошев
изработил предлог-статут наречен (Образец I) со кој се отфрлала мистериозната
централизација. Ѓорче Петров за првиот предлог истакува дека: И покрај силната
мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата
на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно
децентралистички и којшто не одговараше на една револуционерна организација, не
беше прифатен во неговата целост [14].

Даме знаел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов
проект-правилник познат како (Образец II) кој бил копија на првиот меѓутоа во
поумерена форма [14]. Двата проекти од страна на Ѓорче Петров му биле испратени во
Софија на Борис Сарафов кој требало да ги испечати [13][14]. На овој конгрес
преовладало влијанието на Реформска струја, а влијанието на Даме во Битолскиот
револуционерен округ, а и воопшто во Организацијата, опаднало, времето на големите
авторитети минало.

Грабнување на Даме Груев


Главна статија: Грабнување на Даме Груев
Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа
најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Михаил...
надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надоле пред граѓаните,
дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратл медикаменти од Кичево за
негово лекување

— Тома Николов, Ослободителните борби на Македонија, том два [15]

Мицко Крстевски

Ѓорѓи Сугарев
Во пролетта 1904 година со помош на српскиот конзул од Битола била формирана првата
српска чета на чело со просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Оваа чета била
составена од шестмина четници сите од Порече, а посебна помош при создавањето на
оваа чета добиле од Саватие Милошевиќ. Мицко со својата чета го привлекол
вниманието на самата Организација која протестирала во Белград за таквата
активност. Георги Герџиковиќ, автономист од Белград, бил задолжен заедно со Христо
Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата, меѓутоа наспроти тоа
војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30
души.

Поради ваквото држење на Мицко Крстевски, војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да ја


проследува неговата чета. Организацијата подготвила план за опколување на српската
чета во Порече. Во меѓувреме дошло до судир во Црешнево, Мицко му поставил заседа
на Ѓорѓи Сугарев меѓу тоа тој успеал да се извлече. По заседата, Мицко се префрлил
на левата страна на Треска и се спуштил на југ. Организациските чети следејќи го
Мицко се собрале во селото Слатино. Во исто време таму дошол и Даме со неколку
селски милиционери.

Мицко од локалните србомани дознал за четите и решил да ги предаде на турската


власт. Во селото набргу пристигала турската восјка која го блокирала селото, а
следното утро организациските стражари биле нападнати од аскерот и сите четници се
кренале. Тие се обиделе да се пробијат и дошле во судир со војската, а притоа
загинал Ѓурчин Наумов - Пљакот заедно со 4 четници. Најголемиот дел од четниците и
преостанатите војводи успеале да се засолнат, но во текот на борбата Даме бил ранет
и затоа тој со четникот Божин се засолнил во блиската шума. Од друга страна пак
Мицко со својата чета се наоѓал во близината на селото и го набљудувал судирот. Во
текот на ноќта Даме и Божин се вратиле во селото, а следниот ден во селото влегол
Мицко со својата чета и ја опколил куќата во која бил сместен Даме. Следниот ден
Мицко ги повел со себе Даме и четникот Божин низ Порече. По пат Мицко постепено ги
разоружал и Даме разбрал дека тие се грабнати од просрпскиот војвода Мицко и затоа
му укажал на Божин ако му се укаже прилика да избега, веднаш да го стори тоа и да
ја извести Организацијата. Божин успеал да побегне, а во меѓувреме Ѓорѓи Сугарев и
Петар Ацев започнале потрага по Груев и поминале низ селата Крапа, Локвица, Црешево
и др.

По едномесечното заложништво, Белград му наредил на Мицко да го однесе Груев во


Скопје и да го ослободи. Мицко го предал на главниот инспектор за српските училишта
во Македонија - Јован Ќирковиќ, а тој го предал на истакнатиот член на
Организацијата во Скопје - Георги Николов. Потоа Даме се упатил кон Куманово, а од
таму за Бугарија. Пошироката јавност не била запознаена со подробностите на целото
случување но се оставило печаток дека еден од најголемите раководители се нашол во
рацете на некој српски војвода, а тоа влијаело врз моралот на организациските луѓе.

You might also like