You are on page 1of 5

 Страшо Пиџур

Страшо Пинџур е роден како Страхил Пинџуров во Ваташа на 3-ти


март 1915 година. По смртта на татко му Димитар Пинџур, кој загинал
како бугарски офицер во почетокот на Прва светска војна,во борбите
кај Криволак, мајка му се премажила во Неготино, а грижата за него ја
презела баба му Наца. Основното училиште го завршил во Ваташа, а
нижа гимназија во Кавадарци. Потоа, образованието го продолжил
во Крагуевац, а во Белград студирал право. Во Белград се вклучил во
револуционерното движење и во 1934 година се зачленил во КЈП.
Куќата во која е
роден Страшо
Пинџур
Страшо
Пинџур
Како напреден студент, активно се вклучува во друштовото на напредните
македонски студенти „Вардар“, а станува и член на Акциониот студентски одбор.
Во текот на 1938 г. се обидува да се префрли во Шпанија и да се бори заедно со
Интернационалните бригади. Тој доаѓа до Прага, но не успева да фати врска и да
се враќа во Белград, поради неговата активност бил привиден во полицијата во мај
1938 и спроведен во Истражниот затвор во Ада Циганлија.
Во летото 1939 г. во Кавадарци, по негова иницијатива, заедно со Ристо Михов
и Ѓошо Бојаџиев, ја обновуваат работата на Комунистичката партија. По
завршувањето на Правниот факултет неговата активност како револуционер уште
повеќе се зголемува. Бил будно следен од полицијата и повторно е уапсен во
истиот затвор. Во еден обвинителен акт е заведен дека работел како адвокатски
приправник во Струмица. Пред самата окупација, Страшо бил пуштен на слобода.
На 19 декември 1942 г., тие биле провалени во куќата на Јован Митрев и биле
спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Потоа, двајцата биле
подложени на невидени инквизициони мерки со цел да ги извлечат бараните
информации од нив од страна на бугарскиот окупатор. Мирче не проговорил ниту
збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“.
На на 4-ти јануари 1943г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како
последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер,
неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така
што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило
претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933г., каде тој запишал: „Јас
ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.
Сведоштвото на началникот на Обласната полиција во Скопје, Љубомир Јорданов,
вака го опишува мачењето на Страшо

You might also like