You are on page 1of 2

Зошто УКИМ не може да се реформира…

Повод: избор на ректор и понудените програми

Овде не расправаме за тоа која програма е подобра или полоша,


без разлика кој што под тоа подразбира, и не само за овие кои ги
поднесоа кандидатите туку и оние пред четири или осум и повеќе
години ,од моментот кога се воведе Болоњскиот процес. Се
разбира има и подобри и полоши во начинот на претставување на
идните задачи или проблеми со кои се соочува УКИМ…

Прашањето е многу едноставно: Дали УКИМ може да се


реформира, се мисли на две работи: да се подобри системот на
учење-подучување и да се истражува, да се реализираат
истражувања како дел од наставниот процес , две нешта според
кои се цени квалитетот на еден универзитет. Останатите нешта се
поврзани со овие две карактеристики, или вредности. Ако нема
подучување -учење или тоа е со слаб квалитет не може да се
говори за добар универзитет, и ако нема истражување тогаш нема
наука ни може да има подучување/учење.
Програмите на кандидатите за ректори говорат за тоа дека треба
да има истражување , дека нема пари, дека се прекинати врските
со економијата, дека нема автономија доволно и дека квалитетот
е слаб итн. и веднаш следи дека кандидатот ќе се погрижи тоа да
го има во наредните 3 години. Слично како партиските програми
за време на избори.
Но, дали на УКИМ може да се подобри состојбата и дали е можна
реформа на систем од типот на УКИМ кој долго време од
деведесетите години на минатиот век не реформирал во никој
поглед.
Реформамата на сложените системи , УКИМ е таков систем, не е
можна ако не е радикална, коренита .Воведувањето на Болоња и
отворањето на приватни универзитети требаше да ја подобрат
состојбата, во системот на учење и истражувањата и со
конкуренцијата да се подобри квалитетот, оној кој нуди квалитет
да биде поатрактивен и биде репер за останатите. Работите
тргнаа обратно:конкуренцијата го урниса квалитетот, и тука УКИМ
има морална одговорност што прифати многу лесно да падне
квалетот за да добие студенти и се случи стотици студенти на
еден наставник на многу факултети, многу предмети и часови на
еден наставник и се разбира за кратко тоа се преточи во пари за
малкумина , особено за раководните структури и за кратко за пет/
шест години се урниса системот.
УКИМ влезе во систем на приватно/државно партнерство се
елементи на автономија/анархија и сеуште е таму, но сега нема
студенти, нема пари но и тоа не предизвикува некоја
вознемиреност, инаку кака да разберете професор, редовен, со
највисоко звање да има нешто над просечна плата….се разбира
не сметајќи хонорари, неодговорен однос кон работата, избор без
основа и слично да не реагира на таа состојба!
Дали е можна радикална реформа на УКИМ во ситуација кога
скоро сите се редовни професори, кога има ниски плати, кога
добар дел од професорите никогаш сериозно не истражувале,
кога со години нема редовна настава, кога добар дел немаат
достапни предавања /книга /скрипта, кога имаат по десетина
предмети , кога пријавуваат по дваесети и повеќе часови неделно,
кога произведуваат кадар кој тешко се снајдува на пазарот на
труд, кога тие кои ги образоваат имаат малку , некаде ни малку,
претстава што ќе работат,кога нема подмладок/асистенти , кога
нема пристап до важни бази на податоци и литература……
Што ќе реформирате, како ќе реформирате ако зафатот не е
целосен, од основа.

You might also like