You are on page 1of 5

Илија Ацески

Рецензија
на трудот ,, Митовите и политиката “ од Виктор Габер.

Трудот ,,Митовите и политиката,, од В.Габер е структуриран во четири


делови/глави, со предговор и заклучни согледувања и список на
литература на повеќе јазици.
На кратко за содржината и прашањата кои се обработени во секој дел
посебно, за да ја дојдеме до главната идеја која авторот се обидува и
во голема мера ја доловува на односот на политиката и митовите.
Во првиот дел анализата е главно посветена на митот и неговото
значење за човекот и неговата поврзаност со историјата и црковните
догми. За да се разбере односот на митотт и политиката нужно се
наметнува прашањето за улогата и значењето на митот во човековото
битисување како социјално суштество. Митот нуди, или претставува
објаснуање, опишување на една појава, настан или состојба за која
нема утврдени факти и тоа најчесто ,, добива религиозна димензија ,,
која е пренесувана низ историскиот развој и која учествува во
формирањето на културата на еден народ. Авторот го поставува
клучното прашање : дали постои историско-онтолошка основа за
вистинитост на митот? Анализата е главно посветена на голем број на
митови кои се дел од културите на различни социјални заедници во
светот,во индиската, словенската, христијанската , старогрчката и
други култури кои опстојувале низ историјата и кои денес егзистираат
во меморијата на луѓето на најразлични начини. Анализата на
митовите низ историјата авторот го наведува на заклучокот дека
митот како , приказна -искажување за нешто возвишено и нереално, на
луѓето им е потребен за надополнување на за нив ,, недофатливите и
несознаени феномени,, и дека тој е производ на човековото искуство.
Интересни се и согледувањата поврзани со митот и религијата,
ситуации кога митот добива спиритуални и религски форми, кога тие
стануваат мешавина од религиските догми и митовите од античките
времиња, како што се пример митовите за стапалата на Свети Петар,
појавата на Госпа во Меѓугорје….Но, митот не е догма не станува
институција во свеста , туку добива епитет на ,, убава прикзна “.
1
Сознанието дека и денес митовите се користат за објаснување на
минатото, однсосно историските настани не приближува до
средиштето на односот на политиката и митот, или поконкретно,
опсесивното влијание на митовите врз масите, нивната поврзаност со
историски настани и личности што се користи во политичката борба за
освојување на власта во државата. Во рамките на една држава
митологијата станува дел од националната историјаа која се вградува
во свеста на народот.Примерите со соседите на Македонија добар
пример кој авторот го илустрира со прашањето и заклучокот : дали е
тоа таа посакувана историја, се мисли на тоа дека заснованоста на
митовите ,, здрава” историја на еден народ и колку таквата историја
која е концентрирана на територијата на која опстојуваат
припадниците на еден народ со релативно воедначена културно/
јазичан и историска традиција , која се формира во држава му ,,
обезбедува развој и оперативни односи со соседните народи со слична
но друготворна традиција, претворена во негова историја? Кога ќе ги
прошириме и продлабочиме одговорите на ова прашање сериозно ќе
се соочиме со ситуацијата во која се најдуваат односите на Македонија
со некои од соседите.

Вториот дел е посветен на односот на митот и нацијата. Авторот


анализата ја насочува кон значењето на поимот нација, нејзината
појава на историската сцена, за да го нагласи значењето и улогата на
митот во формирањето на нацијата. Анализата на историјата на
Балканските држави , на примерите на Република Грција и Република
Србија, држави во кои сеуште се ,, робува на митските претстави “за
српската и грчката нација, ја покажува сложената природа на митот
кога станува збор не само за формирањето туку и опстојувањето на
една нација.На пример, косовскиот мит кака еден од ,, трите столба на
српскиот национален идентитет”што не дозволува така лесно да се
реши ,, Косовското прашање”.Заклучокот на авторот е дека митот е
неизбежен ,, инспиратор “ на раѓањето на една нација , кој ја доведува
до ниво на организиран инструментариум за фрмирање на државно
ткиво, и дека без формирање на држава на еден народ ,,не е можна
верификација на неговата нација”. Секако дека овој заклучок кога ќе
го сместите во приликите на ,, македонскиот случај “ на држава која
функционира со елементи на бинационалност отвора многу прашања .
Како митот е вграден во темелите на една нацијa, митологијата
станува и национална вредност, дел од колективната меморија ,
основа на образовниот систем, се прашања кои не носат во
средиштето на проблемите со кои денес се соочува Македонија, со

2
договорите со Грција и Бугарија: на кому му припаѓа минатото, потоа
дали станува збор за споделена заедничка историја, на кому му
припаѓаа истакнатите личности од минатото, дали тие може да се
споделуваат и многу други прашања кои денес ги измачуваат
историчарите, политичарите и интелектуалците во Македонија.
Повикот за заштита на ,,националните интереси” кој најчесто се
поврзува со ,, националниот мит” или митови, поточно со опседнатоста
на националните митови со големината на минатото, но и тоа дека
оние другите, од соседтвото се тие кои имаат или имале територијални
претензии кон нашиот народ, ја истакнува сеприсутноста на
негативното значење на митот, ја одржува и ја храни нетрпеливоста
кон другите, што обилно се користи од владеачките политички елити ,
оние кои се на власт или се борат за власт.
Ако се обидеме во една речница да сублимираме една од целите на
овој труд на Габер,неговото барање дека на социолозите ,
историчарите , антрополозите и интелектуалците воопшто
им ,,останува големиот товар - низ објективно истражување и
мултидисциплинарно анализирање - да ги ,,приземнуваат,, всадените
национални митови” односо да го елиминираат ниното егативно
влијание во односите меѓу народите и да им ја одземат оваа алаткаа ,
се мисли на миотот за освојување или опстојување на власт, не само во
рамките на една држава туку и на глобално ниво, на прмер на односите
на Западот кон Балканот , Западот преме Истокот, или митот на
постоење на ,, глобалниот свет “светот кој не опкружува и не
тероризира , да се мисли дека тој глобален свет и ние имаме некоја
посебна улога.
Анализата авторот во третиот дел ја насочува кон средиштето на
расправата, а таа е содржана во односот на политичката идеологија и
митотот:политиката како уметност да се владее со една држава и
митот како нејзина алатка во остварување на целите односно за
доминација од страна на политичкитеелити и се користи во еден
одреден период. Комплексноста на идеологијата и ,,како систем на
мислења” , на пример во марксизмот како идеологија за благосостојба
на масите, упатува на сознанието до што може да доведе процесот на
митологизација на вредностите кои се во функција на уредување на
системот на управување и владеење. Тука со право авторот го
поставува прашањето за митот за марксизмот, колку тој овозможува
да се разбере капитализмот како систем кој е заснован на профит и
зошто делото на Маркс се проучува и денес на Универзитетите во
светот.
Но, што се случува кога на површина избива потребата од
манипулација со користење на митот во дневно политички потреби, за

3
да се освои или задржи власта од една политичка елита.Потоа на што
се базира стабилноста на една заедница, како е можна демократија
заснована на принципи на слобода и еднаквост и човекови права; каде
да се бара стабилноста, што е суштината на нормативносто
зацврстување на демократските вредности, и најпосле како да се
разбере еднаквоста, рамноправноста во едно општество, и дали тоа
може да се постигне со ,, едноставно пловење по мирни води” се дел
од прашањата кои се анализирани во трудот на Габер,
Но, дали денес употребата на митот во политиката ,,е однапред
осудена на неразбиарање” и дека тоа го доведува под сомнение
напорот за институционални промени и развој на општеството е
дилемата со која полемизира авторот, се разбира имајќи ја пред вид
сегашната состојба во која се најдуваат Балканските држави, каде
приказните од минатото, се вградуваат во ,, багажот на актуелните
потреби на политичките елити”, односно робувањето на митовите се
доживува како гаранција за стабилност, а всушност води до судири и
тензии меѓу државите и народите. Најпосле, како митот да ја
изгуби ,,општествената функција “, својата светост, а општеството се
развива во согласност со демократските вредности и норми,
политичарот да се потпре прогресивните интелектуални сили и
материјални вредности.Полтиката во тој случај ќе се претври во
конструктивен фактор во развојот на едно општество, ќе ги избегне
радикализмот, и ќе го насочува човековиот нагон кон потрага кон
подобри услови за живот, сигурност и благосостојба, односно
политиката ќе биде реална, ефикасна и благодетна која се помалку ќе
се попира на митовите и идеолошките догми и на масите ќе им
обезбеди благосостојба и стабилен развој.
Трудот на Виктор Габер ,,Митовите и политиката” се обидува и во
неколку сегменти успева да навлезе во општествената структура на
митот, меѓу останатото и со неговата поврзаност со политиката и
политичките субјекти , оние кои се на власт или се ,,борат за власт “ а
не само во минатото, туку и денес особено во недемократските
општества , каде не само што се измислуваат нови митови и ритуали
туку се преувеличува значењето на оние кои се вгнездиле во
колективната меморија во идентитетското самопрепознавање.Она што
денес се случува меѓу односите на Република Северна Македонија , од
една и нејзините соседи од друга страна, најадекватно ја илустрира
сложеноста на митот од една и демонстрацијата на чувство на
припадност кон идентитетското себепрепознавање во контекст на
евроатланската интеграција на државите од Балканот, од друга
страна.

4
Авторот , во тој поглед со право го потенцира значењето на митот , од
една страна како незаменлив дел од една култура на еден народ , но и
манипулациите од страна на политичките елити од друга
страна.Прашањето: каде е границата на легитимитетот на
користењето на митот и историјата, се чини дека е средиштето на
спорот меѓу Бугарија и Македонија; На кому му припаѓа историјата , до
каде допираат митовите за ,,македонизмот,македонски народ/
нација” .Прашањето: што може да се случи кога разбирањето на митот
ќе се вплетка во зло/употреба во дневната политика , кога државните
интереси се гледаат од една историска перспектива која е завиена во
митовите. Што значи присвојувањето и создавањето на ,,етнички“мит
на Александар Велики, за македонците денес материјализиарано во
проектот ,,Скопје 2014” или митот со опседнатост со кратенката
ВМРО.
Анализата на авторот не води во средиштето на суштинските прашања
за кои нема едноставни и лесни одговори:имено до каде може да
доведе обземеноста со митовите од минатото и кога тие интензивно
се експлоатирани, присвојувани,етнизирани до тој степен што го
исклучуваат правото тоа друг да го прави. Најдобра илустрација на
таа состојба на присвојување на идентитетското препознавање во
ситуација на испреплетеност на историските настани е она што се
случува воодносите меѓу Бугарија и Македонија, кога се
проблематизира македонизмот, и се негира историската суштина на
еден народ. Анализата се обидува да ја долови политичката улога на
митот во материјализација на колективната меморија низ разни облици
. Состојбата во која се најдува Македонија во односите со соседите е
до тој степен обременета со ,, митологизација “ на историјата што е
проблематично понатамошнто градење на нормални соседски односи ,
ако не се разчисти разбирањето на минатото кое е дирекно поврзано
со идентитетското себепрепознавање и на македонците и на бугарите.
Трудот,, Митовите и политиката “ од В. Габер анализира еден од
најсложените феномени во развојот на човековата историја, тој е
интердисциплинарен во поставување на прашањата и
многудимензионален во анализата и со право се обидува да одговири
на многу прашања кои денес ги наметнува развојот на македонското
општество особено во односите со соседите , каде митологизцијата на
свеста на луѓето, зло/употребата на митовите во борбата за власт се
засилува и предизвикува несовладливи проблеми меѓу државите на
Балканот.

Скопје, 5.12.2020. Илија Ацески

You might also like