Professional Documents
Culture Documents
1.
Идејата за промена на правилата на изборниот модел во Република
Северна Македонија е во функција на понатамошно јакнење на
политичкот плурализам во услови кога е присутна голема поделба на
македонското општество по сите основи - политички,партиски, етнички,
социјални, религиски, идеолошки. …Моделот на избори на локално и
државно ниво треба да се базира врз елемемти кои треба да обезбедат
пред се, фер и демократски избори, и да овозможат избор на квалитетни
кадри, пропорционална застапеноста на претставници во органите на
власта на сите групи, на помалите задници и на политичките партии.
Собранието мора да ја одразува власта на граѓаните.
Гласањето е реализација на правото на глас на секој граѓанин, односно
донесување на одлука за понудените политички опции и кандидати, за
што неопходно е да се обезбедат фер и демократски избори. Процесот на
гласање во Македонија и гласачкото однесување е многу сложено и е под
влијание на многу фактори кои произлегуваат од етничката и
религиската припаност, биполарната партиска поделеност , социјалните
и економските фактори својствени за една од најсиромашните држави во
Европа, со низок стандард и квалитет на живот….
За Македонија има и други фактори кои се исто така значајни: се мисли
пред се на бинационалниот карактер на државата кој се препознава во
некои сфери однејзиното функционирање, што скоро две децении се
манифестира, особено во фромирањето на извршната власт,
формирањето на владеачите коалиции и слично.
Во Македонија, од најчесто практикуваните модели на изборни системи ,
моделот на партиска идентификација и социолошкиот модел се
најпрепознатливи, додека моделот на рационален избор и идеолошка
идентификација скоро непрепознатливи.
Моделот на партиска идентификација упатува на психолошка
поврзаност на гласачите кон партијата, гласањето е резултат на
пристрасност и партиска идентификација. Овој модел е најприсутен во
нашата држава, имајќи го предвид и фактот дека партиите се монолитни
во однос на етничката и религиозната припадност, што од гласачот-
граѓанин се бара лојалност, да се добие нешто кое се однесува на
групата/етничка и религиска, со што се заборава или занемарува
2