You are on page 1of 1

Прераскажување на текстот „Малата самовила“

Во некое кралство живееле крал и кралица кои имале син единец. Кога синот прославувал
полнолетство, направиле голема богата забава на која дошле најубавите девојки. После забавата
на полноќ кога заминале гостите, принцот отишол да прошета низ шумичката каде здогледал
мала самовила во златен фустан. Била многу мала и многу убава и под сјајот на месечината
изгледала магично. Кога принцот ја фатил за рака, му останала само нејзината малечка нараквица
во неговата рака, таа побегнала, а на принцот многу му се допаднала самовилата.

Следната вечер принцот повторно ја барал самовилата низ шумата но таа не се појавила. Кога ја
извадил нараквицата, тогаш пред него се појавила самовилата која почнала да расте како што
шетале низ шумата. Принцот почнал да се заљубува во неа, 9 ноќи по ред се сретнувале, а
самовилата растела и растела.

Принцот повеќе не сакал да живее без неа и по 3 дена направиле свадба, а принцот и ветил на
самовилата дека ќе ја сака засекогаш, а таа му рекла дека ќе биди негова само ако засекогаш ја
сака само неа. Живееле среќно 7 години се додека не почина кралот. На неговиот погреб, принцот
се загледал во друга девојка.

Тогаш самовилата веднаш се смалила и фустанот и станал предолг, а принцот тоа не го забележал.
Тој се загледувал во другата девојка, а неговата жена се смалувала се додека целосно не
исчезнала.

Принцот се оженил за девојката, но со неа не бил воопшто среќен, таа била многу разгалена и
неблагодарна, па набрзо му здосадила и принцот ја избркал.

Откако сфатил колку згрешил, секој ден плачел и ја барал малата самовила, ја чекал под старата
липа каде порано се сретнувале, остарел чекајќи, но таа никогаш не се вратила.

You might also like