You are on page 1of 9

Конфликти и нивно

решавање

Горјан Михајловски
ОУ „Гоце Делчев“ V2 одделение
Што е конфликт ?
Конфликтите се дел од секојдневниот живот. Тие се еден
вид судир, расправија, караница или насилство меѓу две
или повеќе лица.

Кога двајца или повеќе луѓе имаат различни мислења,


кога се навредуваат, се обвинуваат, закануваат или кога
човековите потреби не се задоволени, доаѓа до конфликт.

Ако конфликтот не се разреши, се нарушуваат добрите


односи меѓу луѓето.
Видови конфликти

Конфликтите ги делиме на:


 - Вербални конфликти (со зборови)
 - Конфликт со примена на сила (насилен)
Вербален конфликт
Вербалниот конфликт е расправија која се одвива
преку зборување и често вклучува:
-Повишен тон

-Навреди

-Потсмевање
Физички конфликт
 Физички конфликт е кога се применува сила и
насилство меѓу две или повеќе лица.

 Туркање

 Удирање

 Употреба на некаков вид предмети кои може да


го повредат човек.
Решавање на конфликтите -
метод бр.1
Избегнување или преправање дека ништо не се случило
(Загуба-загуба)

Ситуација во која ниту една страна не добива ништо од


решавањето на конфликтот и често значи дека
конфликтот привремено исчезнал и најверојатно
повторно ќе се појави.
Решавање на конфликтите –
метод бр.2
Прилагодување и попуштање (Победа-загуба или загуба-
победа)

Ситуација во која едната страна губи, а другата добива и често


значи дека конфликтот повторно ќе се појави.
Решавање на конфликтите –
метод бр.3
Компромис и преговарање (Победа-победа)
Ситуација при која двете страни се договараат и
наоѓаат решение поволно за сите.  
На  ова  се  гледа  како  на  најидеално решавање на
конфликтни ситуации и конфликтот не се враќа во
иднина иако и двете страни претрпуваат одредена
загуба
Заклучок

Сите сме се нашле и ќе се наоѓаме во некоја


конфликтна ситуација во животот. Најдобро е да
научиме да ги избегнуваме конфликтите и да се
справуваме со нив преку разговор. Мора да бидеме
толерантни и воздржани при ваквите ситуации.
Физичкото разрешување на конфликтот е најлошиот
избор бидејќи насилството никогаш не е решение!

You might also like