You are on page 1of 1

Опис на лале

Лалето е едно од најубавите пролетни цвеќиња. Тоа е едно од ретките цвеќиња кои ги има
во различни бои. Има жолти, бели, црвени, розови, виолетови, портокалови, има дури и
шарени лалиња, а и црни. Холандија е најпознатата земја каде се одгледуваат лалињата, а
кај нас може да се сретнат скоро во секој двор.
Цветот на лалето е како чашка и бидејќи е поголем од нежното тенко зелено стебло,
некогаш се витка надолу кон земјата.  Цверовите се крупни, со должина до 12 cm и
пречник од 3 до 10 cm, а целосно отворените цветови на некои видови достигнуваат и до
20 cm во пречник. Цветовите на лалињата се отвораат широко на сонце и се затвораат
ноќе и при облачно време.
Во светот има повеќе од 3000 видови на лалиња.

You might also like