You are on page 1of 1

Опрашување и оплодување

1 Опрашување

Пренесување на поленот од прашниково ќесе до устенцето на толчникот се нарекува опрашување.


Оппашувањето може да биде самоопрашување и вкрстено опрашување. Опрашување при кое
поленот од еден цвет доаѓа до устенцето на истиот цвет се нарекува самоопрашување.
Опрашувањето при кое поленот од еден цвет се пренесува до устенцето на друг цвет се вика
вкрстено опрашување. Вкрстеното опрашување може да биде:

-Опрашување со помош на ветер. Ветеро го носи поленот од пршникот на едн цвет до устенцето
на столбчето на друк цвет. Формата на овие цветови е прилагодена за што полесно да може
ветерот да го разнесе поленот. Пример за опрашување со ветер се : брезата, оревот, лешникот и
др.

-Опрашување со помош на вода. Ова опрашување најчесто се одвива кај водните рстенија,
поленот од прашникот на воденото растение е носен од водата до устенцата од толчникот од друг
цвет. Пример : лотосот итн.

-Опрашување со помош на инсекти. Инсектитее собирајки нектар на своите екстремитети


налепуваат полен, одејки на друг цвет поленот испаѓа на устенцето. Ова е најчест начин на
опрашување кај растенија кои имаат убави, шарени и миризливи цветови. Токму со ове особини
цветовите ги привлекуваат инсектите.

-Опрашување со помош на животни. Ваквото опрашување се случува најчесто од мали птици со


долг клун и јазиче, кои се хранат со нектар како што е колибрито или животни како што е лилјакот.
При земањето на нектаро паѓа полен и тој бива однесен до устенцата на толчникот од друг цвет.

-Опрашување со помош на човекот. За добивање на подобри особини на градинарските,


овошните и декоративни растенија човекот врши опрашување. Со земање на поленот од еднен
цвет и пренесување до устенцата од толчникот на дуг цвет .

2 Оплодување

Одкако поленот ќе дојде до устенцето тоа се залепува и пушта поленова цевка низ столбчето.
Поленовата цевка се поврзува со плодницата, и поленот влегува низ неа во плодницата. Кога
поленот ќе се сретне со јајце клетката, која се наоѓа во плодницата, се спојуваат и настанува
оплодување. Се создава плод со семка.

You might also like