You are on page 1of 5

3/27/24, 8:37 PM ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ


Службен В. на Р.М. бр: 53/2024 од 04.03.2024
Влегува во сила на: 04.03.2024
Извор: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република
Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ

Се прогласува Законот за изменување на Законот за спортот, што Собранието на Република Северна Македонија го
донесе на седницата одржана на 29 февруари 2024 година.
Бр. 08-1472/1 29 февруари 2024 година Скопје Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, с.р.
Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, с.р.

Изменет член
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ

Член 1
Во Законот за спортот ("Службен весник на Република Македонија" број 29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/11, 51/11, 64/12,
148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и "Службен весник на Република
Северна Македонија" број 52/19, 98/19 и 244/19), членот 14-г се менува и гласи:
Корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции може да бидат:
- национални спортски федерации кои ги исполнуваат условите согласно со членовите 10, 11 и 14-а од законот и кои
имаат решение за вршење дејност спорт, не помалку од две години од денот на објавување на јавниот повик за
субвенции во областа на спортот,
- спортски клубови кои ги исполнуваат условите согласно со членовите 10 и 11 од законот, активни кои имаат решение
за вршење дејност спорт, не помалку од две години од денот на објавувањето на јавниот повик за субвенции во областа
на спортот и кои учествуваат во националниот систем на натпревари во последните две натпреварувачки сезони,
- активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови и учествуваат во националниот систем на
натпревари во последните две натпреварувачки сезони и
- други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, не помалку од две години од денот на објавувањето
на јавниот повик за субвенции во областа на спортот, кои ги исполнуваат условите согласно со членовите 10, 11 и 14-а
од законот и се активни во последните две натпреварувачки сезони.
Под поимот "субвенции" од ставот 1 на овој член, се подразбираат субвенциите од областа на спортот.
Националните спортски федерации, другите правни лица кои имаат добиено решение за вршење дејност спорт,
спортските клубови и активните спортисти можат да добијат субвенции од областа на спортот само еднаш годишно,
согласно со нивните остварени спортски резултати во рамките на матичните национални спортски федерации.
Собранието на националните спортски федерации во екипните спортови, согласно со членот 13 од овој закон, го
сочинуваат претставниците од општински, односно градски сојузи од ист спорт, здружени во федерациите, како и
претставници на спортските облици дефинирани од страна на националните федерации.
Собранието на националните спортски федерации во екипните спортови согласно со членот 14 од овој закон го
сочинуваат претставниците од клубовите од прва и втора лига и останатите клубови здружени во федерациите, како и
претставници на спортските тренери, ветерани, судии и спортисти од соодветниот спорт предложени од нивните
организациски облици.
Собранието на националните спортски федерации во индивидуалните спортови го сочинуваат претставниците од
клубовите здружени во федерациите, како и претставници на спортските тренери, ветерани, судии и спортисти од
соодветниот спорт предложени од нивните организациски облици.
Средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции за корисниците од ставот 1 на овој

https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-sportot-7 1/5
3/27/24, 8:37 PM ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ
член, можат да се користат врз основа на следниве критериуми:
а) за националните спортски федерации:
- број на активни спортски клубови во Националната спортска федерација,
- број на активни спортисти во Националната спортска федерација,
- функционирање на Националната спортска федерација (генерален секретар, правник и економист, кои се редовно
ангажирани, собрание, органи и тела и активна веб-страница),
- ранг на Националната спортска федерација на официјалните ранг-листи на меѓународните европски и светски
спортски асоцијации во одреден спорт,
- организациска структура на националниот систем на натпревари во машка и во женска конкуренција, во сите
возрасни категории,
- учество и остварени резултати во меѓународниот спортски систем на националните спортски репрезентации во
претходната натпреварувачка сезона,
- учество и остварени резултати во меѓународниот спортски систем на спортските клубови од Националната спортска
федерација во последната натпреварувачка сезона,
- организирање светски, европски, регионaлни и други меѓународни натпревари во земјата во последната
натпреварувачка сезона,
- учество и остварени резултати во меѓународниот спортски систем на спортистите во индивидуалните спортови, во
натпреварите од сите возрасни категории во последната натпреварувачка сезона,
- медиумска покриеност на националниот спортски систем,
- човечки ресурси во Националната спортска федерација (стручно-административни работници, тренери, судии, лекари,
спортски психолози, нутриционисти и друго),
- користење антрополошки мерења за младинци, кадети и пионери на јавнависоко образовна институција која
обезбедува наставна, научна и апликативна дејност од областа на спортот,
- поднесен извештај за искористеност на средствата, согласно со овој закон и со Законот за контрола на државната
помош и
- неблокирана жиро-сметка;
б) за спортските клубови:
- број на активни спортисти во спортскиот клуб,
- функционирање на спортскиот клуб (администрација, собрание, органи и тела),
- учество и пласман на спортскиот клуб во националниот систем на натпревари, за сите категории и возрасти во
последната натпреварувачка сезона,
- учество и остварени резултати на спортскиот клуб во меѓународниот спортски систем на натпревари во последната
натпреварувачка сезона,
- број на спортисти од спортскиот клуб во националните репрезентации од сите возрасти (сениори/ки, младинци/ки и
деца),
- учество и остварени резултати во меѓународниот спортски систем на спортистите во индивидуалните спортови, во
натпреварите од сите возрасни категории во последната натпреварувачка сезона,
- медиумска покриеност на националниот спортски систем,
- број на спортисти од спортскиот клуб кои имаат остварено спортска категорија, согласно со Правилникот за
категоризација на спортистите од Република Македонија,
- човечки ресурси во спортскиот клуб (тренери, лекари, спортски психолози, нутриционисти и друго),
- поднесен извештај за искористеност на средствата, согласно со овој закон и
- неблокирана жиро-сметка;
в) за активните спортисти кои се натпреваруваат во индивидуалните спортови:
- да биде член на спортски клуб и активно да тренира и да настапува за спортскиот клуб и за националната спортска
репрезентација,
- да е категоризиран спортист, согласно со закон и со Правилникот за категоризација на спортистите од Република
Македонија,
- да има учество и пласман во националниот систем на натпревари, организиран од Националната спортска
федерација,
- да има учество и пласман на официјални меѓународни натпревари, организирани од меѓународните спортски
асоцијации во кои членува Националната спортска федерација и
- пласман на ранг-листи на меѓународните спортски асоцијации.
Другите правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт треба да ги исполнуваат критериумите утврдени за
националните спортски федерации или спортските клубови и истите се рангираат согласно со нивниот статус утврден
во решението за вршење дејност спорт и усогласен со членот 14-а од законот.
Исплатата на средствата од ставот 1 на овој член се вршат врз основа на издадено решение од страна на Агенцијата за
млади и спорт.

https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-sportot-7 2/5
3/27/24, 8:37 PM ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ
Секоја Национална спортска федерација формира комисија, која подготвува предлоглиста со која се вреднуваат,
верифицираат и се рангираат спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на
средствата од Буџетот на Република Северна Македонија, по основа на субвенции.
Органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот најдоцна до 1 февруари во тековната година
објавува јавен повик и ги известува националните спортски федерации и другите правни лица кои имаат решение за
вршење дејност спорт, за користење средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции.
Националните спортски федерации и другите правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт имаат обврска
во рок од три дена од објавувањето на јавниот повик од ставот 6 на овој член да ги известат спортските клубови и
активните спортисти за истиот, преку директен допис, веб-страницата и преку социјалните медиуми.
Органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот формира Централна комисија за евалуација
на предлог- листата (во натамошниот текст: Централната комисија), за период од четири години, која се состои од
претседател и шест члена и тоа претседателот и двајцата членови се од редот на вработените во органот на државната
управа надлежен за работите од областа на спортот, двајца членови од националните спортски федерации од екипните
спортови и двајца членови од националните спортски федерации од индивидуалните спортови.
Националната спортска федерација е должна најдоцна до 1 март во тековната година до Централната комисија, а преку
органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, да достави барање за користење средства
од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции и предлог-листа на спортски клубови и активни
спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија
по основа на субвенции.
Предлог-листата на спортските клубови и активните спортисти, Националната спортска федерација има обврска да ги
објави на својата веб-страница најдоцна до 1 март во тековната година.
Спортските клубови и активните спортисти, кои доставуваат барања за користење средства од Буџетот на Република
Северна Македонија по основа на субвенции, имаат право во рок од осум дена од објавата на предлог-листата на
спортските клубови и активни спортисти од страна на националната спортска федерација на нивната вебстраница, да
поднесат приговор до Централната комисија преку комисијата формирана од националната спортска федерација.
Централната комисија во рок од три дена од денот на поднесувањето на приговорот има обврска да одговори на
истиот.
Централната комисија во рок од 20 дена од приемот на барањето за користење средства од Буџетот на Република
Северна Македонија по основа на субвенции, со прилог предлоглистата на спортски клубови и активни спортисти кои
ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на
субвенции и согласно со овој закон, врши евалуација и проверка и ја доставува предлоглистата до Советот за спорт на
усвојување.
Советот за спорт во рок од пет дена од приемот на предлог-листата на спортски клубови и активни спортисти кои ги
исполнуваат критериумите за користење на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на
субвенции, согласно со овој закон, на седница ја утврдува и ја усвојува предлог-листата, а органот на државната управа
надлежен за работите во областа на спортот ја објавува во рок од еден ден од нејзиното усвојување на својата веб-
страница.
На предлог-листата од ставот 15 на овој член, спортските клубови и активните спортисти имаат право на приговор во
рок од три дена од објавувањето на предлоглистата на веб- страницата, до органот на државната управа надлежен за
работите од областа на спортот, кој одлучува по истиот во рок од три дена од денот на поднесувањето на приговорот.
Органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот најдоцна до петти април во тековната
година ги објавува во "Службен весник на Република Северна Македонија" официјалните конечни листи на Национални
спортски федерации, на спортски клубови и на активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови и
на други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт кои ги исполнуваат критериумите за користење на
средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции и согласно со овој закон.
Функционерот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот донесува решение за
исплата на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции во рок од 15 дена од
денот на објавувањето на листите во "Службен весник на Република Северна Македонија".
Членовите на Централната комисија за својата работа примаат надоместок по присуство на одржана седница, не
повисок од 10% од минималната плата исплатена во последниот месец во Република Северна Македонија, а вкупниот
надоместок за еден член на Централната комисија за една година да не го надминува износот на една минимална
плата исплатена во последниот месец во Република Северна Македонија.
Функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот со
подзаконски акт ги пропишува поблиските квантитативни и квалитативни критериуми кои треба да ги исполнуваат
корисниците од ставот 1 на овој член за користење на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по
основа на субвенции, начинот на бодување и рангирање, како и формата и содржината на барањето за користење на
средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции и на листите од ставот 15 на овој
член.

https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-sportot-7 3/5
3/27/24, 8:37 PM ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ

Изменет член

Член 2
Членот 14-д се менува и гласи:
Корисниците на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции, средствата ги
користат за:
- плати, надоместоци и бонуси на спортистите и стручните лица врз основа на Правилникот на клубот, кој во писмена
форма се доставува до Националната спортска федерација,
- плати, надоместоци и бонуси за спортистите и стручните лица кои немаат државјанство на Република Северна
Македонија во износ не повисок од 25% од вкупните добиени средства по основа на субвенции,
- месечна плата за едно лице кое ќе извршува административно-технички работи во спортскиот субјект, во износ не
повисок од една минимална плата исплатена во претходниот месец во Република Северна Македонија, а вкупниот
износ на годишно ниво по оваа основа да не надминува 10% од вкупните добиени средства по основа на субвенции,
- организација на патувања и престој на клубот или активниот спортист во земјата и странство заради натпреварувања
или подготовки,
- плаќање за изнајмување деловен простор за работа на клубот, во износ не поголем од 10% од добиените средства
годишно,
- патувања заради учество на стручни семинари, конференции и усовршувања, а по претходна одлука на органот на
управување на спортскиот субјект,
- котизации и членарини во националните и во меѓународните тела во кои членуваат,
- набавка на опрема и реквизити,
- за научно-истражувачка дејност од јавни високообразовни институции кои обезбедуваат наставна, научна и
апликативна дејност од областа на спортот,
- плаќање комунални трошоци за националните спортски федерации и спортските клубови,
- здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и надоместок за осигурување од последици од несреќен
случај и ризици на активните спортисти и
- за организација меѓународни натпревари во Република Северна Македонија.
Средствата од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции се уплатуваат на посебна наменска
сметка и од нив не смее да се префрлаат парите на редовната или на друга сметка на Националната спортска
федерација, на спортскиот клуб, активниот спортист или на друго правно лице кое има решение за вршење дејност
спорт или, пак, да се исплаќаат обврски по договори од редовната сметка.

Изменет член

Член 3
Членот 14-ѓ се менува и гласи: "За незаконско користење на средствата од членот 14-д од овој закон се одговара
согласно со прекршочните одредби од овој закон и Кривичниот законик."

https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-sportot-7 4/5
3/27/24, 8:37 PM ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ
Изменет член
Член 4
Членот 14-е се менува и гласи:
Добиените средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции за националните спортски
федерации, спортските клубови и активните спортисти и другите правни лица кои имаат решение за дејност спорт кои
не се искористени до 31 декември во тековната година, истите имаат обврска да ги вратат во Буџетот на Република
Северна Македонија најдоцна до 15 јануари во наредната година и да достават писмена документација за истото до
органот на државната управа надлежен за работите во областа на спортот.
Спортските клубови и активните спортисти имаат обврска најдоцна до 20 јануари да ги достават извештаите за
наменско користење на средствата од субвенции за претходната година до националните спортски федерации и до
другите правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт.
Националните спортски федерации, другите правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, спортските
клубови и активните спортисти, како корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основа на
субвенции, се должни најдоцна до 31 јануари во наредната година да достават извештај за наменско користење на
средствата до органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, односно колку средства
примиле за претходната година и за кои намени се истите потрошени.
Извештаите од ставовите 2 и 3 на овој член се објавуваат на веб-страницата на Националната спортска федерација и
другите правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, најдоцна до 15 февруари.
Функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот ја пропишува
формата и содржината на извештаите од ставовите 2 и 3 на овој член.

Изменет член

Член 5
Членот 76-a се менува и гласи:
Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на Националната спортска федерација и на
правните лица кои имаат решение за вршење дејност спорт како корисници на средства од Буџетот на Република
Северна Македонија по основа на субвенции, доколку не постапат согласно со членот 14-е ставови 1, 2 и 3 и членот 14-ѓ
од овој закон.
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за прекршокот од ставот 1 на овој член ќе му се изрече на
одговорното лице во Националната спортска федерација и одговорното лице во другите правни лица кои имаат
решение за вршење дејност спорт како корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основа
на субвенции.
Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на спортскиот клуб корисник на средства од
Буџетот на Република Северна Македонија по основа на субвенции доколку не постапи согласно со членот 14-е став 3 и
членот 14-ѓ од овој закон.
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на активниот спортист корисник на средства
од Буџетот на Република Северна Макеоднија по основа на субвенции доколку не постапи согласно со членот 14-е став
3 и член 14-ѓ од овој закон.

Член 6
Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесенат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на
овој закон.

Член 7
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Северна Македонија".

https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-sportot-7 5/5

You might also like