You are on page 1of 12

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

ПРАВИЛНИК
ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПЛИВАЧКИ НАТПРЕВАРИ И
МАНИФЕСТАЦИИ

I ОПШТИ УСЛОВИ

Член 1

Со Правилникот за организација на пливачки натпревари и манифестации на


Пливачката Федерација на Северна Македонија (во понатамошен текст: Правилник) се
регулираат општите правила и прашања кои се поврзани за организација на пливачки
натпревари и манифестации под ингеренција на Пливачката Федерација на Северна
Македонија (во понатамошен текст: ПФСМ), како и посебни услови и критериуми за
организирање на пливачки натпревари и манифестации на територија на Р. Северна
Македонија.

II ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПЛИВАЧКИ НАТПРЕВАРИ И


МАНИФЕСТАЦИИ

Член 2

Пливачки натпревари и манифестации може да организираат: ПФСМ, Спортски


организации, регионални пливачки сојузи и други физички и правни лица под услови
утврдени во согласност на закони и спортски правила на ПФСМ.
Техничкиот организатор на натпреварот е одговорен е за организација во склад со
Закон и спортските правила на ПФСМ.

Член 3

Во склад со законите на Р. Северна Македонија, организаторот на пливачки


натпревари и манифестации е обврзан да ги испочитува следните услови за несметано
одржување на пливачките натпревари и манифестации и тоа:
- да осигури несметано и безбедно одржување на пливачките натпревари и
манифестации;
- да превземе мерки кои овозможуваат предупредување на ризик од настанување
на штета за спортистите, гледачите и други учесници на натпреварите и трети
лица (предупредувања, истакнување на забрани, давање на известувања и
упатства и сл.), како и мерки со кои се влијае на зголемен ризик (безбедност на
спортскиот објект, адекватност и исправност на инсталирана и друга опрема,
обезбедување на итна медицинска помош, т.е дежурен лекар, одвивање на
натпреварот и манифестацијата во склад со пропозициите и др.);

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

- да превземе потребни безбедносни мерки за спречување на насилство и


недолично однесување на натпреварот во согласност со Закон и спортските
правила на ПФСМ;
- да превземе потребни мерки за спречување на допинг на пливачките натпревари
и манифестации во согласност со Закон и спортските правила на ПФСМ;
- да го пријави пливачкиот натпревар или манифестација на надлежен државен
орган во согласност со прописите со кои се уредува јавното собирање на
граѓаните.

Организаторот на пливачкиот натпревар или манифестација одговара за штетата која е


направена врз спортистите, гледачите и други учесници на натпреварот и врз трети
лица заради непочитување на обврските од став 1 на овој член, во согласност со
општите правила за одговорност при предизвикана штета.

Член 4

Пливачки натпревари и манифестации може да се организираат ако техничкиот


организатор има обезбеден соодветен објект, односно простор, опрема, стручни и
други лица и ако ги исполнува условите во согласност со Закон и спортските правила
на ПФСМ.
Пливачите, пливачките организации (клубови), тренери, судии, делегати, односно
други стручни и службени лица може да учествуваат на пливачки натпревар или
манифестација доколку ги исполнуваат условите утврдени со Законот за спорт и
спортските правила на ПФСМ.
За да може да настапат на пливачки натпревар или манифестација, пливачите мора да
имаат важечка натпреварувачка (регистрациона) легитимација издадена од ПФСМ и
потврда за извршен спортски преглед со кој се утврдува здраствената способност во
согласност со важечките закони и Правилник за утврдување на здраствената
способност на спортистот за извршување на спортски активности и учество на спортски
натпревари.
За да може да судат на натпреварот, судиите мора да имаат положен судиски испит и
учество на на FINA семинар за судии, како и судиска легитимација во согласност со
Закон и спортските правила на ПФСМ.
За да може да го претставуваат клубот на пливачкиот натпревар, спортските стручни
лица (тренери) мора да имаат важечка дозвола за работа која е издадена од
надлежниот орган во ПФСМ во согласност со Закон и спортските правила на ПФСМ.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПЛИВАЧКИ НАТПРЕВАРИ И МАНИФЕСТАЦИИ

Член 5

Пливачки натпревари и манифестации може да се одржат ако се исполнат основни


технички услови по поврзани со спортскиот објект (базен) и пропратните простори,
како и други услови пропишани со Закони и Правила.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Сите пливачки натпревари и манифестации кои се наоѓаат во календарот на ПФСМ се


одржуваат во согласност правилата на ПФСМ, FINA и LEN.

Член 6

Капацитетот на пропратните простории на пливалиштето мора да одговара на бројот


на натпреварувачите. Во Објектот мора да постојат санитарни јазли, тушеви, питка
вода, на завидно хигиенско ниво. Капацитетот на соблекувалните мора да одговара на
бројот на натпреварувачите и мораат да бидат одвоени посебно за машки, посебно за
женски натпреварувачи. Одржувањето на чистотата во објектот мора да бидат на
завидно ниво, а просторот околу пливалиштето без никакви предмето кои не се
користат за натпреварот.
Под пропратен простор се подразбира обезбедување на потребен простор за публика
кој мора да биде физички одвоен од просторот за натпревар и со ниту еден дел не
смее да го нарушува просторот околу стартот.
Организаторот на натпреварот е должен да обезбеди соодветен:
- простор за загревање на натпреварувачите (пливачите),
- простор за помошен старт,
- простор за церемонија на прогласување на победници.
Просторот за задржување на натпреварувачите (пливачите) и делегати на клубови
мора да биде видливо означен и одвоен од просторот кој го користат судиите на
натпреварот.
Натпреварувачите (пливачите), делегати на клубови, публика немаат право да
влегуваат во просторот кој го користат судиите, освен кога е потребно во контекст на
одвивање на натпреварот. Пристап на Записничка маса и просторот околу базенот
може да имаат само официјални делегати/претставници на клубови (само во контекст
на извршување на технички работи: одјава, пријава, жалба и сл.)
Сите останати услови мора да бидат во согласност со подзаконски акти со кои се
регулираат прашања околу организација на натпреварот и обезбедување материјални
и сигурносни услови за организација на натпревар.

Член 7

Потребна опрема: За организација на пливачки натпревари, техничкиот организатор е


должен да ја обезбеди следната опрема:
- столици за пливачи (по 1 столица на стартен блок);
- корпи за оставање на спортска опрема на пливачите (по 1 корпа на стартен блок);
- столици за судиите;
- маса и столици за Записничка маса;
- маса и столица за спикер;
- пластични кофи покрај секој стартен блок;
- разглас;
- штоперици;
- канцелариски материјал (хартија, хефталица, спајалици, самолеплива лента-
селотејп, пенкала и др)
- останата неопходна опрема за одржување на натпревар.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 8

Пропозиции: Пропозициите за пливачки натпревари и манифестации мора да


содржат:
 име на натпреварот/митингот;
 датум на одржување;
 име на спортскиот објект, точна адреса, место на одржување;
 вид на базенот (отворен/затворен), димензии на базен, број на патеки, вредност
на температура на вода и воздух во објектот;
 ако е предвидено, да се наведе можност за користење на дополнителен
простор/базен за распливување и испливување;
 има на техничкиот организатор на натпреварот (клуб или организација);
 натпреварувачки категории
 право на настап
 систем на натпреварување
 начин на мерење на време
 јасно дефинирана програма на натпреварот (планиран почеток на состанок на
делегати на клубови учесници, планиран почеток на натпреварот, почеток и
времетраење на загревањето, планиран редослед на дисциплини и церемонија
на прогласување на победници во рамките на секој дел, доделување на награди);
 начин на одредување на најдобрите поединци и екипа/клуб (доколку е
предвидено);
 награди и признанија на поединци и екипа/клуб (доколку е предвидено);
 рок за пријавување (ден, датум и време)
 рок за одјавување (ден, датум и време)
 износ на стартарина (доколку е предвидена);
 на крај од Пропозициите задолжително се наведува следниот текст:

"Натпреварот се одржува според одредбите на Законот за спорт, Натпреварувачкиот


правилник на ПФСМ и останати нормативни акти на ПФСМ. На сите прашања кои не се
регулирани со извадокот од пропозициите на овој натпревар, Натпреварувачкиот
правилник и Правилникот за организација на пливачки натпревари и манифестации и
учество на натпреварот, се применуваат меѓународните правила за пливање и
останати правила на FINA".
Пропозициите на сите пливачки натпревари и манифестации се објавуваат на web-
страна на ПФСМ
www.sfnm.eu

Член 9

Записници: Записниците од пливачките натпревари мора да содржат:


 насловна страна
 воведен дел
 евиденција на податоци за натпреварот
 завршен дел

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

насловна страна
- во заглавието: име на натпреварот
- наслов: ЗАПИСНИК
- место и датум

воведен дел
- датум и место на одржување на натпревар;
- име на организатор;
- пливалиште со наведени карактеристики (должина, број на патеки, температура
на вода и воздух);
- состав на судиско жири, име на делегат од ПФСМ (за Национални првенства и
натпревари во организација на ПФСМ), име на контролор (за натпревари кои се
наоѓаат во календар на ПФСМ);
- назнака дали мерењето на време е автоматско или полуавтоматско.

евиденција на податоци за натпреварот


- список на клубови учесници и нивни скратени имиња со број на пријавени
пливачи
- структура на натпреварот

- редослед на трките како што се одржани (име на дисциплина, презиме и име на


пливачот, година на раѓање, клубска припадност-скратено име), постигнат
резултат, освоени бодови (ако трката се бодувала), назначен рекорд (доколку е
испливан) и на крај дисквалификација (доколку постоела)
Штафети: покрај името на клубот и имињата на пливачи-учесници во штафета да се
наведат и нивните години на раѓање.

завршен дел
- пласман по дисциплини (први три места по категорија во дисциплина);
- поединечен пласман (мали/големи бодови или FINA бодови);
- пласман на клубови (доколку постои клубско бодување);
- статистика на освоени медали (по клубови);
- листа на постигнати рекорди на натпреварот.

Записниците од сите пливачки натпревари и манифестации се објавуваат на web-


страна на ПФСМ www.sfnm.eu

Член 10

Спортска опрема: Сите пливачи мораат да бидат облечени во непроѕирни костими во


согласност со FINA правила и списокот на дозволени костими од страна на FINA. На
костимите е дозволено да стои ознака на спонзор или клуб, како и на останатата
опрема во согласност со FINA правила. Забрането е рекламирање на тутунски и
алкохолни производи и спортски кладилници.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 11

Лекарска служба: За време на пливачките натпревари и манифестации задолжително


е присуство на дежурен лекар кој мора да располага со рачна-мобилна аптека и
прибор за давање на прва помош.
Во случај на повреда или болест на пливачот за време на натпреварот, лекарот за тоа
пополнува пропишан Извештај кој се приложува со формуларот за одјава.

Член 12

Одговорното лице за спроведување на пливачките натпревари и манифестации во име


на ПФСМ е застапник на ПФСМ или лице на кое е доверена техничката организација на
натпреварот.
Одговорното лице за техничка организација и за непосредно спроведување на
пливачките натпревари е лице кое е застапник на организацијата/клубот или лице на
кое е доверена техничка организација на натпреварот.

Член 13

Исполнувањето на условите пропишани со овој Правилник ги утврдува


Натпреварувачката комисија на ПФСМ.
Во случај на некој недостаток во врска со објектот и опремата за натпреварување во
Извештајот се констатираат (наведуваат) сите недостатоци кои се воочени.
Во Извештајот задолжително се евидентираат сите организациски пропусти
(недоволен број на редари, доцнење на лекарската екипа, лоша хигиена и сите
недостатоци во врска со потребната опрема која е наведена во овој Правилник и сл.).
Врз основа на Извештајот, Натпреварувачката комисија донесува заклучок за
категоризацијата на натпреварите.
Незадолната страна има право на жалба на заклучокот која се поднесува до Управниот
одбор на ПФСМ во рок од 8 дена по приемот на категоризацијата.

Член 14

Приговори и жалби: Доколку некој делегат на клуб има забелешка на одлуката на


Врховниот судија може да побара објаснување кое Врховниот судија може веднаш
писмено да го достави. Во случај делегатот да не е задоволен со одговорот може да
поднесе писмена жалба на посебно подготвен формулар за жалба, со уплатена такса,
чија висина ја одредува Управниот одбор на ПФСМ, најдоцна 30мин по завршување на
спорната трка. Жалбите се поднесуваат на делегатот на натпреварот, а за жалбите
одлучува Комисија за жалби која ја сочинуваат Врховниот судија, стартерот, и по еден
судија на цел, свртување и судија на стил. Одговор (одлука) на жалбата се дава
најдоцна во рок од 30мин од моментот на поднесување на жалбата, а писмено
објаснување (образложување) на одлуката се дава најдоцна 1 час по завршување на
тој дел од натпреварот. Комисијата за жалби носи одлука со мнозинство нагласови,
при што членовите на Комисијата не може да бидат воздржани во гласањето.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Ако некое друго тело е надлежно за решавање на предметната жалба т.е жалбата не
се однесува на судиска одлука, делегатот на натпреварот ја проследува до надлежен
орган за решавање. Надлежниот орган е должен жалбата да ја решава на својот прв
состанок. Решението на надлежниот орган има ретроактивна моќ.

Ред на пливалиштето: Организаторот на пливачките натпревари и манифестации и


Врховниот судија не смеат да дозволат натпреварот да продолжи кога со
однесувањето на пливачите, клубските функционери, гледачите или од други
околности, се спречува натпреварот да се одвива според сите пропишани правила.
Пливачите, делегатите на клубовите, публиката немаат право да влегуваат внатре во
оградениот простор, кој го користат судиите, освен кога за тоа е неопходно нормално
одвивање на натпреварот. Пристап до записничка маса и до просторот околу базенот
имаат само официјални делегати/претставници на клубови (само за завршување на
технички работи: одјава, пријава, жалба и сл.) и раководството на натпреварот.
До прекин на натпреварот ќе дојде во случај на:
 временска непогода (на отворени базени) која го оневозможува
натпреварувачкото пливање;
 оштетување на пливалиштето и опремата
 итн
Во тој случај организаторот на натпреварот е должен да ги испита сите можности
натпреварот во најкус можен рок, истиот ден, да продолжи. Доколку тоа не е можно,
одлука за продолжување на натпреварот ја носи делегатот на натпреварот, земајќи го
во предвид мислењето на делегатите на клубовите кои се учесници на тој натпревар.

Судиско жири: Делегирање на судиите на Национални првенства го врши Одборот на


судии при ПФСМ во согласност со Правилникот. Сите членови на делегираното судиско
жири се должни со своето совесно работење и однесување максимално да придонесат
за нормално и правилно одвивање на натпреварот, без застој во спортскиот дух во
целост. Врховниот судија е одговорен за работата на судиското жири, па затоа со овој
Правилник му се даваат и посебни права.

Делегат на ПФСМ: Делегатот е член на Натпреварувачката комисија на ПФСМ во


согласност со одлука на УО на ПФСМ.
Делегатот мора да биде запознат со одредбите на овој Правилник, пропозициите на
натпреварот и со останати спортски правила и закони.
Делегатот присуствува на натпреварите во организација на ПФСМ. Во случај на
спреченост, за тоа веднаш ја известува Стручната служба на ПФСМ, но и својот заменик
доколку претходно е назначен.
Ако во пропозициите на ПФСМ постои двосмислен текст, на состанокот на делегати се
утврдува текст кој ќе се применува секогаш и во духот на Правилникот на ПФСМ и
заклучоците на надлежните органи на ПФСМ.
Делегатот е должен да ги изврши своите рутински должности за време на состанокот
на делегати пред натпреварот во организација на ПФСМ (проверка на потврди за
извршен спортски преглед, полномоштва од делегатите на клубовите, да ги објасни
мерките на одржување на редот на пливалиштето кои мора сите да ги почитуваат и да
се придржуваат, итн.).

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Клубот чиј делегат не присуствува на состанокот, а состанокот е почнат во


предвиденото време, нема право на жалба на ниту еден заклучок донесен на тој
состанок.
Задача на делегатот е да го прати самиот тек на натпреварот со целосно почитување на
правилата и пропозициите и за тоа да поднесе Извештај.
На натпреварите во организација на ПФСМ, делегатот е надлежен да донесе одлука по
жалба чиј предмет не е во надлежност на судиското жири, ако е овластен за носење на
одлуки, а ги поседува сите елементи за решавање на жалби:
 за прекинот и продолжување на натпреварот ако судиското жири не се состанало
во пропишаниот број;
 за прекинот и продолжување на натпреварот преку нови услови доколку се случи
инцидент или невоспоставување на ред на пливалиштето.
Делегатот не смее со ништо да влијае врз носење на одлуки од страна на судиското
жири на натпреварот. Во случај на решавање на жалбата, негово право е да биде
советодавно по барање на Врховниот судија.
Како службен претставник на ПФСМ, Делегатот на натпреварите во организација на
ПФСМ може да донесе одлука:
 дали на некој пливач му се ускратува правото на настап врз основа на приложена
документација;
 да посредува во сите случаи во кои не е надлежно Судиското жири;
 по потреба ги повикува делегатите на клубовите, но само по најнужна потреба
(случаи).
Делегатот е должен во рок од 15 дена по завршување на натпреварот да достави
Извештај до Стручната служба на ПФСМ. За Извештај се смета уредно пополнет
Образец. Со Извештајот е потребно да се достават сите потребни прилози.
На Националните првенства и натпревари во организација на ПФСМ задолжително е
истакнување на знамето на Р. Северна Македонија на видно место на базенот во кој се
одржува натпреварот.

КРИТЕРИУМИ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ПЛИВАЧКИТЕ НАТПРЕВАРИ И МАНИФЕСТАЦИИ


ВО КАЛЕНДАРОТ НА НАТПРЕВАРИ НА ПФСМ

Член 15

Пливачките натпревари и манифестации кои се во календарот на ПФСМ се


категоризираат по нивоа: А, Б, Ц и Д.
Неопходен услов за категоризација на пливачките натпревари и манифестации е
исполнување на критериуми кои се дефинирани во членови 1-7 од овој Правилник.
Посебни услови за категоризација на пливачките натпревари и манифестации се:

А категорија Б категорија Ц категорија Д категорија


Исполнување на Исполнување на Исполнување на Исполнување на
условите пропишани во условите пропишани во условите пропишани во условите пропишани во
членовите 1-7 од овој членовите 1-7 од овој членовите 1-7 од овој членовите 1-7 од овој
Правилник Правилник Правилник Правилник, освен
опремата на

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

пливалиштето, односно
немање знаменциња за
грбно и јаже за
погрешен старт на 15м.
Опрема за автоматско Опрема за автоматско Полу-автоматско Рачно мерење на
(електронско) мерење (електронско) мерење мерење на времето времето
на времето со јавно на времето
прикажување на
резултатите
Максимално траење на Максимално траење на Максимално траење на Нема дефинирано
еден дел од еден дел од еден дел од ограничување за
натпреварот да биде натпреварот да биде натпреварот да биде траење на делот од
240мин (може и 240мин (освен во 240мин (освен во натпреварот
подолго ако постои случаи кога поинаку не случаи кога поинаку не
програм со настап на е можно) е можно)
првите 3 групи во
квалификации кои одат
на почеток на
натпреварот)
Присуство на минимум Присуство на минимум Присуство на минимум Присуство на минимум
12 регистрирани судии 8 регистрирани судии 5 регистрирани судии 3 регистрирани судии
во согласност со FINA во согласност со FINA во согласност со FINA во согласност со FINA
правилата правилата правилата правилата
Присуство на овластено Присуство на овластено Присуство на овластено
лице од ПФСМ за лице од ПФСМ за лице од ПФСМ за
обработка на податоци обработка на податоци обработка на податоци
Присуство на спикер за Присуство на спикер Присуство на спикер Не е задолжително
водење на програмата присуство на спикер
на натпреварот
(двојазично)
Натпреварот да се Јасно дефиниран Дефиниран систем на Дефиниран систем на
одвива со систем на систем на натпревар во натпревар во натпревар во
квалификации и финале пропозициите пропозициите пропозициите
Точно дефинирани, Точно дефинирани, Недефинирани зони во Недефинирани зони во
физички одвоени и физички одвоени и објектот: објектот:
видливо обележани видливо обележани -простор околу -простор околу
зони во објектот: зони во објектот: пливалиштето кој е пливалиштето кој е
-ограден простор околу -ограден простор околу наменет за службените наменет за службените
пливалиштето кој е пливалиштето кој е лица и пливачите кои се лица и пливачите кои се
наменет за службените наменет за службените подготвуваат за настап- подготвуваат за настап-
лица и пливачите кои се лица и пливачите кои се трка, трка,
подготвуваат за настап- подготвуваат за настап- -простор за публика- -простор за публика-
трка, трка, гледачи, гледачи,
-простор за публика- -простор за публика- -простор за церемонија -простор за церемонија
гледачи, гледачи, на прогласување на прогласување
-простор за церемонија -простор за церемонија победници, победници,
на прогласување на прогласување -простор за подготовка- -простор за подготовка-
победници, победници, загревање на загревање на
-простор за подготовка- -простор за подготовка- пливачите, пливачите,
загревање на загревање на -простор за сместување -простор за сместување
пливачите, пливачите, на екипите и тренерите на екипите и тренерите
-простор за сместување -простор за сместување
на екипите и тренерите на екипите и тренерите
Точно дефинирани и Точно дефинирани и Недефинирани и Недефинирани линии
видливо обележани видливо обележани нејасно обележани на движење како и

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

линии на движење како линии на движење како линии на движење како контрола на движење
и контрола на движење и контрола на движење и контрола на движење низ објектот (пливачи,
низ објектот (пливачи, низ објектот (пливачи, низ објектот (пливачи, тренери, службени
тренери, службени тренери, службени тренери, службени лица, гледачи)
лица, гледачи) лица, гледачи) лица, гледачи)
Без измени на Без измени на Измени на стартните Измени на стартните
стартните листи по стартните листи по листи по истекот на листи по истекот на
завршување на рокот за завршување на рокот за рокот за пријавување и рокот за пријавување и
пријавување и пријавување и одјавување одјавување
одјавување, со исклучок одјавување, со исклучок
во случај кога во случај кога
проблемот е заради проблемот е заради
технички пропуст технички пропуст
Објавување на Објавување на Објавување на Не објавување на
стартните листи 24часа стартните листи 24часа стартните листи до стартните листи пред
пред почеток на пред почеток на почеток на натпреварот почеток на натпреварот
натпреварот натпреварот
Натпреварот да има Натпреварот да има Интонирање на химната
церемонија на свечено церемонија на свечено на Р. Северна
отварање и отварање и Македонија на
интонирање на химната интонирање на химната почетокот од
на Р. Северна на Р. Северна натпреварот
Македонија при Македонија при
свеченото отварање свеченото отварање
На пливалиштето на На пливалиштето на На пливалиштето на
јасно видливо место јасно видливо место јасно видливо место
задолжително да биде задолжително да биде задолжително да биде
истакнато знамето на Р. истакнато знамето на Р. истакнато знамето на Р.
Северна Македонија и Северна Македонија и Северна Македонија
знамињата на другите знамињата на другите
земји учеснички земји учеснички
Постоење на пропратна Постоење на пропратна Постоење на пропратна
опрема: опрема: опрема:
-столици за пливачите -столици за пливачите -столици за пливачите
по 1-на на стартен блок по 1-на на стартен блок по 1-на на стартен блок
-корпи за оставање на -корпи за оставање на -столици за судиите
опремата по 1-на на опремата по 1-на на 2 -маса и столици за
стартен блок стартни блока записничка маса
-столици за судиите -маса и столици за - маса и столица за
-маса и столици за записничка маса спикер
записничка маса - маса и столица за
- маса и столица за спикер
спикер
-пластични кофи покрај
стартните блокови
Обезбеден технички Обезбеден технички Постоење на лош и
исправен разглас исправен разглас наразбирлив разглас

Член 16

Пливачките натпревари и манифестации кои ќе ги исполнат условите од А-категорија


се стекнуваат со право да бидат во календар на ПФСМ и меѓународните календари на
FINA и LEN со пропратна меѓународна промоција, доколку претходно се аплицира до

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

ПФСМ. Резултатите од натпреварот ќе бидат сместени во базата на ПФСМ и базата на


swimrankings.
Пливачките натпревари и манифестации кои ќе ги исполнат условите од Б-категорија
се стекнуваат со право да бидат во календар на ПФСМ и во меѓународниот календар
на LEN со пропратна меѓународна промоција, доколку претходно се аплицира до
ПФСМ. Резултатите од натпреварот ќе бидат сместени во базата на ПФСМ и базата на
swimrankings.
Пливачките натпревари и манифестации кои ќе ги исполнат условите од Ц-категорија
ќе бидат во календар на ПФСМ и ќе имаат соодветна промоција. Резултатите од
натпреварот ќе бидат сместени во базата на ПФСМ.
Пливачките натпревари и манифестации кои ги исполнуваат условите од Д-категорија
се од промотивен карактер и ќе имаат соодветна промоција.

Член 17

FINA ПРАВИЛА И НИВНА ПРИМЕНА

За сите официјални натпревари кои се одржуваат на територија на Р. Северна


Македонија се применуваат одредбите на FINA правила за пливање.

FINA е светска пливачка организација надлежна за утврдување на меѓународните


правила и прописи на пливачките спортови и за раководење на натпреварите во
пливање на Олимписките Игри и Светските првенства во пливање.

LEN е аналогна организација на FINA, надлежна за спроведување на Европските


првенства во пливање. Сите одлуки и нормативни акти на LEN, мораат да се почитуваат
и се засновани на правилата и прописите на FINA.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Не извршување/спроведување на одредбите од овој Правилник, покрај соодветни


санкции кои се предвидени со овој Правилник, повлекува и дисциплинска
одговорност.

Член 18

Измени и дополнување на Правилникот носи Управниот одбор на ПФСМ.

Член 19

Единствен орган кој е меродавен за толкување на овој Правилник е Управниот одбор


на ПФСМ.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 20

Правилникот се објавува на официјална web страна на ПФСМ: www.sfnm.eu и стапува


на сила 8 (осум) дена од објавување на официјална web страна на ПФСМ.

Охрид, 27.12.2019г.

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА
НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател
Александар Маленко

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63
www.sfnm.eu

You might also like