You are on page 1of 14

Лектор М-р Мери Тодорова Младеновска

Технички уредник Симе Младеновски


Компјутерска обработка и дизајн Даме Ѓурчиноски
Издавач ”Лица и дела” – ТВ Сонце

ПРЕДГОВОР

Јазикот како жива материја е нешто што расте и созрева


од миг во миг и претставува огромно богатство, и лична
карта за родените говорители, каде и да се во светот.
Негувањето на јазикот е основна дејност на секој човек,
затоа што без јазикот лесно би се претопиле со сивилото
на позадината и би станале безлични трагачи по
сопствениот идентитет и корени. Јазикот е основната
алатка за будење и отстапување од матрицата на
униформноста и безличноста, затоа што примарната
слика на светот во кошто живееме е шаренилото и
убавината на различностите. Затоа, ние како народ сме
должни да придонесеме кон универзалната убавина со
нашата природна убавина и карактеристики кои се
својствени за нас и нашето тло. Нема ништо лошо во тоа
неизмерно да се сака својата земја, својот народ, своите
корени... на таков начин се отвараме кон љубовта кон
ближниот, несебичноста во давањето, безрезервното
примање на вистинските информации. Гледајќи ја
убавината и важноста на јазикот, стануваме свесни дека
при неговото создавање вткаена е огромна љубов и
благост кон човечкиот род, огромна почит кон нас кои
имаме потреба да се разликуваме и идентификуваме
како народ со свои карактеристики и специфики, потреба
од израз и претставување на нашата мисла, култура,
уметност, традиција, живот, визија за иднината.

Ние, како народ сме свесни за себе и за своето


делување и истото на убав и единствен начин го
пренесуваме на младите генерации, затоа што е од
голема важност да се сфати тоа дека нашиот јазик е
прозорец кон светот. Без него не би можеле да ги

1
повлечеме паралелите кон сè што не окружува и она што
е во нас. Како би ја опишале убавината на постоењето
ако не со јазикот и како поинаку би зазвучило нашето
име надвор од нашите граници кога не би постоел
нашиот јазик?

Ако постои каква било претстава за тоа што е херој и


борец, тоа би биле ние и нашиот јазик, ехото на нашите
предци и светлата точка во иднината... а тешки и темни
мигови постоеле и ќе постојат, и тука се за да ја
тестираат нашата цврстина и издржливост пред
искушенијата. Напротив, искушенијата не постојат за да
го предизвикаат нашиот пад, туку за да не обликуваат во
нешто уште поубаво, поцврсто, посветло. Да се
потклекне пред ударот и неправдата е лесно, но да се
истрае и да се извојува победа е вистинската суштина на
живеењето, затоа што тоа е единствениот пат кон
обелоденувањето на вистината – македонската вистина.
Затоа, оваа манифестација може да се гледа како поле
без граници, терен на којшто ќе се скршат копјата на
невистината и ќе се досонува денот на нашето конечно
разбудување, дочекувајќи ја ветената светла иднина.

2
СОДРЖИНА:

ЉУБОВ ЗА МАКЕДОНИЈА ............................................. 7

ЗА ТЕБЕ ГРАДУ МОЈ……………………………………….. 8

КРАЛОТ………………………………………………………..12

МАЈКА МАКЕДОНИЈА ………………………………………15

МИРИСОТ НА МОРЕТО…………………………………….16

МОЈОТ ИЗВОР НА ЉУБОВ………………………………..17

БОЖЕСТВЕНА КАПКА………………………………………19

ЉУБОВ КОН... онаа на која не ѝ понудив чувства……..20

МАКЕДОНИЈО – НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ………………….22

ПРОМЕНИ СЕ………………………………………………...23

ТРАНСФОРМАЦИЈА………………………………………...25

ИСКОНСКИ ЗВУЦИ………………………………………… 28.

СО ТЕБЕ В СОНЦЕ………………………………………….29

ТИ СИ………………………………………………….………..31

3
ПОЈ НА ЧУДЕСНИОТ РАЗБОЈ……………………..………32

ЗНАМ ДЕКА КОПНЕЕШ.....................................................34

СОЛЗА ВО ОКОТО НА ГАЛЕБОТ………………….………37

АКО СПИЕШ……………………………………….…………..38

ВЕЧНА ЉУБОВ……………………………………………….40

БЛАГОДАТ………………………………………….………….42

ВО ВОЗОТ ТАТКОВИНА…………………….………………44

ГИ ЗАТВОРИВ ОЧИТЕ ДА БИДАМ СО ТЕБЕ……..……..46

СВЕТА ЗЕМЈА……………………………………….………..48

ЗА КОГО……………………………………………………….50

МЕЃУ СЕГДЕ И НИГДЕ……………………………………...52

ЗАСТАНЕТЕ………………………………………….……….54

И ПИРЕЈОТ НИ ГО ОТКОРНАА……………………..……56

ЈА СЛУШАМ ЗЕМЈАТА………………………… …………58

КОРЕНИ ……………………………………………… …….59

ЛУЗНИ…………………………………………… ………….61

4
ЉУБОВ КОН СÈ ШТО МЕ ПРАВИ СРЕЌНА…… ….…63

ЉУБОВ КОН СОВРШЕНОТО ТРАЈНО(Сонце да заоѓа, јас да


умирам)……………………………………… …….65

НА МАЈКА МИ………………………………………...……..67

СТИХОВЕН ПОТПИС……………………………… …….69

СВЕСТЕТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ…………………………….71

НЕЖНАТА НЕПОСРЕДНОСТ НА ЉУБОВТА………….72

БОЛКА………………………………………………………...73

СТРАДАНИЈА…………………………… …………………75

КОГА ПАТУВАМ………………………………..… ……….77

НЕ ДАЈ БОЖЕ………………………….…………… …….78

ПЕЧАЛБАРСКА………………….…………….……………..81

ВРАЌАЊЕ ДОМА…………………………………………….83

ТАМУ СИНКО………………………………………………...85

КОРЕНИ МАКЕДОНСКИ……………………………………87

Македонија!!!.....................................................................89

ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА………………………………………91

5
ЌЕ ПОСТОИШ………………………………………………...93

НЕДОРАСНАТ ПАТНИК…………………………………….95

ОГНИШТЕ МИЛО……………………………….…………….97

ОТВОРЕНИ РАНИ…………………………………………..98

ЉУБОВ КОН... МОЈАТА ТАТКОВИНА…………………..99

МАКЕДОНИЈО! …………….………………………………101

ДА ДАДЕШ!(на Свети Илија) ……………………………..102

НЕВЕСТА…………………………………………………….106

СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО………………………………107

6
ВЕЧНА ЉУБОВ

Во отсјајот на бистрата, езерска вода


ги гледам твоите искрени небесно-сини очи.
Во езерската длабочина ја наоѓам
твојата душа,
добронамерна и човекољубива.

Внесена во своите спомени,


за љубовта што ми ја даде,
за твојата нежност и грижа постојана,
за твоите совети мајчински...

Една далга, бунтовна


водата ја разбранува, ја замати,
споменот го избрка, но љубовта остана
како бисер во школка,
како детска искрена прегратка.

Како светлина во мракот,


ти си имоја водилка-
мугра денот што го води.
Мајчината насмевка е надеж,
Надеж кога нема убавини
Мајчиното срце е топлина,

40
Што со радост и среќа ме грее.
Мајчице!
Вечна си во моето срце,
во моите мисли и во мојата душа!

Автор: Анетка Трајкова

41
БЛАГОДАТ

Господи!
Стави ја под твоја закрила,
подај ги твоите раце,
спаси ја мојата татковина.
Мојата вековна, Македонија!

Мајка-страдалница, со срце крваво.


Срце желно за мир и слобода.
Мајка со болка непреболена
за своите чеда одвоени.
За Егеј и Пирин македонски.

Македонија!
Скапоцена е секоја буква твоја.
Ти си симбол за безвременско постоење.
Вечно е Сонцето на небото што сјае.
Вечна е Македонија на Земјата што како пиреј трае.

Божјиот дар и убавина, кој ли би можел да ги раскаже?!


Тие езера бистри, потоци брзи, гори зелени,
планини високи и долини плодни
со збор да ги опише?!
Дојди, погледни – срце и душа наполни,

42
рај и спокој осети!
Волшебна, занесна и единствена е!

Господи!
Мојата Македонија,
мојата лулка на исконот-
чувај ја и спаси ја од сите зла!
Една е Македонија!

Автор: Анетка Трајкова

43
Во оваа електронска публикација се поставени
стиховите на учесниците на Интернационалната поетска
манифестација „Сплоти се Македонијо“, кои зедоа
учество на истата во 2020 и 2021 година. Изминатите
две години манифестацијата беше организирана и
одржана online, а учество зедоа поети од Македонија и
дијаспората, но и странски поети кои со своето учество
го поддржаа и збогатија овој настан.

Стиховите во овој Зборник претставуваат влог во


пишаниот збор и истовремено го збогатуваат светскиот
поетски фонд, за што организаторите на оваа
манифестација се неизмерно благодарни на учесниците
кои со своите творби го создадоа овој Зборник и се
отворени кон понатамошна соработка со сите автори кои
на ваков начин на овој свет во наследство ќе го остават
својот личен печат.

Благодарност до организаторите, соработниците и


поддржувачите за нивната улога и неуморност во
создавањето на манифестацијата и нејзино
прераснување во традиција на пренесување на
пишаниот збор.

„Лица и дела“ – Тв Сонце


Симе Младеновски, продуцент
Бранко Николовски, текстописец
Соња Манасиевска Конеска, поетеса
М-р Мери Тодорова Младеновска, уредник и водител
Проф. д-р Златко Тимковски, книжевник

109

You might also like