You are on page 1of 5

Јодометрија

Изработила Верица Стефанова 2-7


 Јодометрија е оксидационо-редукциона метода која се заснова
на својството јодот да се однесува и како оксидационо и како
редукционо средство. Тоа се гледа од основните равенки:
l 2l-2e → l2
ll l2+2e → 2l
 Поради тоа јодометриски може да се определуваат и
редукциони и оксидациони супстанции. Како стандардни
раствори се користат: стандарден раствор од натриум тиосулфат
и стандарден раствор од јод.
 Карактеристично е да се напомене дека оксидационите
супстанции (КМnО4, КВrО3, K2Cr2O7, Cu²) јодометриски се
определуваат индиректно. Тие во присувство на вишок од калиум
јодид се редуцираат, при што се издвојува определено
количевство јод кое е еквивалентно со количевство на
испитуваната супстанција.
n( l2 ) = n(испитувана супстанција)
 Завршна точка на титрација се определува со додавање на свежо приготвен
1% раствор од скроб како индикатор. Скробот со јодот дава интензивно сино
обојување.
 Јодометријата е една од најчесто употребувани волуметриски ме тоди,
бидејќи, завршната точка многу точно се определува поради големата
осетливост на скробот. Со неа може да се определуваат и траги од
испитуваната супстанција.
 Подготвување на стандарден раствор од натриум тиосулфат со

с( Na2S2O3 ) = 0,1 mol/dm³ и негово стандардизирање


 Натриум тиосулфат е кристалохидрат со формула Na2S2O3 *5H20 Тој е
секундарна супстанција, па затоа прво се подготвува раствор со приближна
концентрација, а потоа се определува неговата точна концентрација. На
пример: за да се приготви 1 dm³ раствор од натриум тиосулфат со
концентрација од 0,1 moldm, на саатно стакло се мери маса од тиосулфатот
добиена со пресметување по формулата:
m( Na2S2O×5H2O) = c( Na₂S303) ×V( Na2S2O3) × M( Na2S2O3)
 Супстанцијата се раствора во превриена дестилирана вода. Во- дата
треба да биде превриена за да се отстрани од неа СО2 кој може да
доведе до распаѓање на натриум тиосулфатот и растворот да се замати
од издвоен елементарен сулфур.
 Добиениот раствор се претура во одмерна колба од 1 dm³, се додаваат
0,2 g натриум карбонат како конзерванс, а потоа колбата се до полнува до
марката со превриена и изладена дестилирана вода. Растворот се става
во темно стаклено шише кое се затвора со стаклен шли фуван затворач,
се остава да стои околу 10 дена, а потоа се стандардизира.
Стандардизирање на раствор од натриум тиосулфат најдобро е да се
врши со примарен стандарден раствор од K2Cr2O7, меѓутоа од практични
причини може да се употреби и раствор од калиум перманганат кој
предходно е стандардизиран. Реакцијата што се одвива помеѓу двата
раствора се претставува со следната равенка:
2KMnO4 + 10KI + 8H₂SO4 → 2MnSO4 + 6K2SO4 + 5l2 + 8H₂O
 Ослободениот јод се титрира со раствор од натриум тиосулфат при
што се одвива следната реакција:
l2+2Na2S2O3 → 2Nal + Na2S406
 Од двете равенки се наоѓа однос на бројот на моловите со кој
реагираат калиум перманганатот и натриум тиосулфатот и се
изведува равенка по која се пресметува точната концентрација на
стандардниот раствор од натриум тиосулфат.
c(Na2S2O3)= 5c(KMnO4)×(KMnO4)÷V(Na2S2O3)
 Tочната концентрација на стандардниот раствор се запишува на
етикета залепена на шише

You might also like