You are on page 1of 1

- Азот(II) оксид (NO) е неутрален оксид

- Азот(III) оксид (N2O3) е кисел оксид кој е анхидрид на азотеста киселина


- Азот(IV)оксид (NO2) е отровен гас со црвенокафена боја
- Азот(V)оксид (N2O5) е цврста безбојна супстанција која е кисел оксид и е анхидрид
на азотната киселина
- Метафосфорна киселина (HPO3) е еднобазна киселина.Нејзините соли се
нарекуваат метафосфати.
- Пирофосфорна киселина(H4P2O7) е четирибазна киселина која се добива со
загревање на фосфорната киселина.
- Фосфореста киселина(H3PO3)се добива со растварање на фосфор(III)оксид со вода.
- Хипофосфореста киселина(H3PO2)е еднобазна киселина .
- H2SiO3 е метасилициумова киселина
- H4Sio4 е ортосилициумова киселина
- H2Si2O5 е диметасилициумова киселина
- H6Si2O7 е ортодисилициумова киселина
- Како лантаноиди се означуваат елементите со атомски број 58 – 71.Тоа се
цериум(Ce), празеодим (Pr), неодим(Nd), прометиум(Pm), самариум(Sm),
европиум(Eu), гадолиниум(Gd), тербиум(Tb), диспрозиум(Dy), холмиум(Ho),
ербиум(Er), тулиум(Tm*), итербиум(Yb) и лутециум(Lu)
- Лигандите кои се сврзуваат со централниот атом преку три атоми се нарекуваат
тридентатни, оние со четири квадридентатни, со општо име полидентатни
лиганди.
- Комплексните соединенија образувани од полидентатни лиганди се често многу
стабилни соединенија и се нарекуваат хелати.
- Имиња на некои анјонски лиганди , Br – бромо, Cl – хлоро , F – флуоро , CN –
цијано , OH – хидроксо , О2 – оксо , CO32 – карбонато , SO42 – сулфато , C2O42,
оксалато.
- Имиња на некои неутрални лиганди , NH3 – амин , H2O – аква , CO – карбонил ,
NO – нитрозил , CS – тиокарбонил .
- Растворите претставуваат хомогени смеси од две или повеќе супстанци измешани
во состојба на молекулска или јонска дисперзија.
- Максималното количество од определена супстанца коешто може да се раствори во
определено количество растворувач при дадена температура се нарекува
растворливост на супстанцата.
- Количеството топлина што се ослободува или апсорбира при растворувањето на
еден мол супстанца се нарекува топлина на растворувањето.
- Ако при растворувањето доаѓа до ослободување на топлина, енталпијата на
системот се намалува и процесот е егзотермен.
- Ако при растворувањето доаѓа до апсорбирање на топлина,енталпијата на системот
се наголемува и процесот е ендотермен.
- Бази се оние супстанци кои при растворувањето во вода ја наголемуваат
концентрацијата на хидроксидните, OH јони.
- Амфотерни електролити се оние супстанци кои во водени раствори образуваат и
H3O+ и OH- јони.
-

You might also like