You are on page 1of 3

Електролити и Електролитна дисоцијација

Водени раствори на киселини,бази и соли имаат својство да спроведуваат


електрична струја(тие се спроводници од втор ред а металите се од прв ред) и се
викаат електролити. Супстанци чии водени раствори не спроведуваат
електричество се викаат неелектролити(тоа се органски соединенија).Научникот
Арениус поставил теорија на електролитна дисоцијација според која
молекулите на електролитите при растварање во вода дисоцираат (се
разложуваат ) на јони.Кога низ воден раствор на електролит се пропушти
еднонасочна струја јоните се движат кон електродите,катјоните се движат кон
негативната електрода(катода) а анјоните кон позитивната
електрода(анода).Појавата на создавање на подвижни јони во водени раствори на
електролити се вика електролитна дисоцијација. Електролитната дисоцијација
настанува под дејство на поларните молекули на водата(може и под дејство на
некој друг поларен растворувач).Јоните во растворот се опкружени со молекули
на вода и велиме дека се хидратизирани и во равенки тоа се означува (aq), ако е
некој друг растворувач велиме се солватизирани јоните а процесот се вика
солватација.

Реакции на електролитна дисоцијација


HCl(aq) → H+(aq) + Cl − (aq)
HBr(aq) → H+(aq) + Br− (aq)
HF(aq) → H+(aq) +F − (aq)
H2S(aq) →2H+(aq) + S 2− (aq)
HCN(aq) → H+(aq) + C N − (aq)
HNO3(aq) → H+(aq) + NO3 − (aq)
H2SO4(aq) →2H+(aq) + SO4 2− (aq)
H3PO4(aq) →3H+(aq) + PO4 3− (aq)
CH3COOH(aq) →H+(aq) + CH3COO − (aq)
NaOH(aq) →Na+(aq) + OH− (aq)
Ca(OH)2(aq) →Ca2+(aq) + 2OH− (aq)
Fe(OH)3(aq) →Fe3+(aq) + 3OH− (aq)
Pb(OH)4(aq) →Pb4+(aq) + 4OH− (aq)
NH4OH(aq) →NH4+(aq) + OH− (aq)
КNO3(aq) → К+(aq) + NO3 − (aq)
CaSO3(aq) →Ca2+(aq) + SO3 2− (aq)
Zn3(PO4 )2(aq) →3Zn2+(aq) +2PO4 3− (aq)
CH3COONH4(aq) →NH4+(aq) + CH3COO − (aq)
FeS(aq) →Fe2+(aq) + S 2− (aq)

Киселини и бази според теоријата на електролитна дисоцијација

Киселини се електролити кои во воден раствор при дисоцијација даваат


водородни катјони како единствен вид на катјони.
Бази се електролити кои во воден раствор при дисоцијација даваат хидроксидни
анјони како единствен вид на анјони.

Степен на електролитна дисоцијација

Сијаличката посилно свети во раствор на HCl, NaOH и NaCl.Тоа е така затоа што
тие се подобри проводници на електрична струја отколку растворите на NH4OH и
CH3COOH.Електроспроводливоста зависи од количеството на јоните во раствор
от.Доколку количеството на јоните е поголемо и спроводливоста ќе биде поголе
ма.Во растворите на HCl, NaOH и NaCl има само јони,што значи дека се целосно
дисоцирани.Во растворите на NH4OH и CH3COOH се наоѓа поголемо количество
на молекули отколку количество на јони што се образуваат со нивна дисоцијаци
ја.Затоа овие раствори слабо спроведуваат електрична струја.
Јачината на електролитите се изразува со степен на електролитна дисоцијација,
кој претставува однос помеѓу број на дисоцирани молекули и вкупен број на
растворени молекули од електролитот.Се бележи со алфа α и се изразува со
равенката:

α = n
N
n- број на дисоцирани молекули
N- број на вкупно растворени молекули
Ако се помножи со 100 се изразува во проценти.На пример ако е 60% значи од
100 растворени молекули 60 се дисоцирани.
Во зависност од вредноста на степенот на електролитна дисоцијација електроли
тите може да бидат силни,слаби или со средна јачина.Електролитити се силни ако
вредноста α е во интервал од 30 до 100%. Ако е помало од 3 се слаби електроли
ти а за вредности помеѓу 3 и 30 се сметаат дека се со средна јачина. Силни
електролити се скоро сите соли.Со средна јачина се сметаат HF, H3PO4, H2SO3.
Слаби електролити се азотеста киселина,јаглеродна киселина, сулфурводородна
киселина,оцетна киселина,цијановодородна киселина,амониум хидроксид,цинк
хидроксид,олово (II) хидроксид,бакар(II) хидроксид.
Степенот на електролитна дисоцијација зависи од повеќе фактори: од природата
на електролитот,температурата и концетрацијата на растворената супстанца во
раствор.Неговата вредност се зголемува со порастот на температурата и со
намалување на концетрацијата на растворената супстанца во раствор.Степенот
на електролитна дисоцијација се определува со експериментални методи а и со
формулата.
Пример: Во 1dm3 раствор растворени се 0,05 mol од H2SO3 .Од нив дисоцирале
0,01mol .Да се пресмета колку изнесува степенот на електролитна дисоцијација.
Решение:
n = 0,01 mol
N = 0,05 mol

α = n
N

α = 0,01 mol
0,05 mol

α=0,2 • 100= 20%


Според вредноста на α сулфуреста киселина спаѓа во електролити со средна
јачина.

You might also like