You are on page 1of 1

Приватизација

Приватизацијата има долга историја. На пример, во 1492 година, шпанската кралица


Изабела и кралот Фердинанд Арагонски изнајмиле приватни поморци за да го пронајдат
морскиот пат до Индија. Сепак, најголемиот бран на приватизацијата настапил во 1980-тите и
во 1990-тите години. На пример, од 1988 до 1993 година биле приватизирани 2 700 државни
претпријатија во 95 земји во вредност од 271 милијарда долари при што овде не е земена
предвид приватизацијата преку ваучери. Најголемо учество во овие зделки имала
приватизацијата во Латинска Америка (57%).Исто така, од 1992 година, само во Русија биле
приватизирани 75 000 мали и 14 000 средни и големи претпријатија. Во истиот период,
неколку десетини илјади претпријатија биле приватизирани во Источна Европа.

Државите спроведуваат приватизација поради различни причини: Една цел е да се зголеми


ефикасноста на дотогашните државни претпријатија. На пример, според еден извештај на
Меѓународната финансиска корпорација, 67% од претпријатијата кои биле приватизирани со
нејзино посредување покажале добра профитабилност, додека само 29% од нив се
одликувале со добра профитабилност додека биле во државна сопственост. Друга цел е
државата да оствари буџетски приходи од продажбата на јавните претпријатија. Во
неразвиените земји, со приватизацијата се настојува да се заживее пазарот на капитал. Од
друга страна, приватизацијата може да има и негативни последици, како што е масовното
отпуштање на работниците во приватизираниет претпријатија. [

Постојат повеќе форми на приватизација. На пример, приватизацијата може да се спроведе


преку денационализација, односно кога државата се ослободува од претпријатијата кои
дотогаш биел во нејзина сопственост (на пример, пристаништа, рафинерии, рудници итн.).
Друг облик на приватизација е кога државата склучува договор со приватни фирми за
извршување на некои активности кои дотогаш ги извршувала таа (на пример, собирање на
отпадот, снабдување со топлинска енергија итн.). Понатаму, вообичаена форма на
приватизација е давањето субвенции на луѓето и на претпријатијата за да купуваат производи
од приватни претпријатија. Таков е случајот со прехранбените маркички во САД, кои владата
им ги доделува на сиромашните луѓе. Притоа, наместо државата да основа сопствени
продавници, таа им дава вредносни бонови на сиромашните, кои со нив купуваат храна во
приватните продавници. Посреден начин на приватизација е кога приватниот сектор во
земјата расте побрзо од јавниот така што со текот на времето поголемиот дел од економијата
станува приватна

You might also like