You are on page 1of 15

ГЛАВА 12

Реформирањето на сопственоста во македонската економија на 1990-години

12.1 Приватизација и преструктуирање на деловниот сектор во Македонија

ШТО СЕ СТРУКТУРНИ РЕФОРМИ?

1. КОИ МОДЕЛИ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА БИЛЕ ДЕФИНИРАНИ СО


ЗАКОНОТ ЗА ОПШТЕСТВЕН КАПИТАЛ
ОД 1989 Г ?

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА


ВО РМ ?

Видовите на сопственост се основен елемент кој го дефинира типот и карактерот на


секој економски систем. Транзицијата започнала со промена на доминантниот тип
на сопственост. Приватизацијата е една од првите рефоми на економскиот систем
во Македонија.

Приватизацијата бележи 4 периоди:


Приватизација преку емисии на интерни акции
- се формираат приватни акционерски друштва и ДОО и започнува
процесот приватизација на општествениот капитал.
- се издаваат интерни акции (за да се прибави дополнителен капитал)
имаат право да ги купуваат само вработените во претпријатието
- се продава цело и дел од претпријатието
- конверзација на долгот

Приватизација преку примена на модели на трансформација


- Согласно Законот за трансформација на претпријатијата се
трансформираат интерните во обични акции
Приватизација со продажба на акции преку спогодба со стратешки
инвеститор согласно законот од 1999г.
Приватизација со продажба на акции преку Македонска берза или по
пат на јавна берзанска аукција согласно измените на законот од 2003г.

9. ШТО ЗНАЧИ КАРАКТЕРИСТИКАТА ИНСАЈДЕРСКА ПРИВАТИЗАЦИЈА


?

Приватизацијата во РМ започнала во 1989 година кога премиерот на СФРЈ Анте


Марковиќ овозможил издавање на интерни акции со што се започнува претежно
инсајдерска приватизација од раководниот кадар и вработените на претпријатијата,
а во помал обем на домашни граѓани или странски инвеститори.

2. НА КОЈ НАЧИН ТРЕБАЛО ДА СЕ ОВОЗМОЖИ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО


НА ЕФИКАСНОСТА НА ЕКОНОМИЈАТА КАКО ЕДНА ОД
ОСНОВНИТЕ ЦЕЛИ НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА РМ ?

Основни цели на приватизацијата во Македонија, преку доминантниот облик на


сопственост биле:

зголемување на ефикасноста на економијата


- преку промена на управувачкиот тим
стабилизирање на економските движења во државата
- во функција на економскиот развој
привлекување на странски капитал во РМ
- за да можат поуспешно да се одвиваат дугите рефоми
обезбедување на можности за враќање на надворешниот долг(кон
странство) и внатрешниот долг на државата (заробените девизи на
граѓаните)
поддршка на развојот на пазарот на капиталот

Најголем дел од деловните субјекти биле приватизирани според Законот за


трансформација во верзијата од 1993 г. со што бил предвиден метод на
комерцијална приватизација, а не на модел на масовна приватизација со
ваучери. Комерцијалната приватизација одела случај по случај (т,е, секое
претпријатије посебно), и за секое претпријатие е направена проценка на
неговата вредност, според однапред утврдена методологија со која се
одредувала почетната цена на претпријатијата.

4. КАКВИ ВИДОВИ НА АКЦИИ БИЛЕ ИЗДАДЕНИ СОГЛАСНО


ЗАКОНОТ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД 1993
Г?

Приватизацијата во другите социјалистички земји одел според принципот на


издавање ваучери на сите полнолетни граѓани (модел на масовна приватизација).
Во РМ пак секое претпријатие се приватизирало одделно, по претходна проценка
на неговата вредност со што се утврдувала неговата цена.Тоа е така наречена
комерцијална приватизација. Во овој процес биле вклучени само индустриските
дејности а исклучени земјоделството и монополите како и јавните дејности. При
тоа се издавале:

- обични и приоритетни акции и удели со што се вршело корпоративно


организирање(тоа се хартии од вредност кои не даваат право на глас на
сопствениците туку само % од дивидендата)
- со што се вршело корпоративно организирање (се формирале ДОО, АД)
5. КОИ СЕ МОДЕЛИТЕ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА ЗА МАЛО
ПРЕТПРИЈАТИЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА
ПРЕТПРИЈАТИЈА СО ОПШТЕСТВЕН КАПИТАЛ ОД 1993?

КАКО СЕ ИЗВЕДЕНИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА И


ПРЕСТРУКТУИРАЊЕТО НА ДЕЛОВНИОТ СЕКТОР ВО РМ ?

Постоеле различни модели за различни големини на претпријатија, чие


категоризирање се врши според следниве услови:

Законот за трансформаци на претпријатијаја ги предвидувал следните модели на


приватизација.

За мало претпријатие

1. продажба на идеален дел


2. продажба на цело претпијатие

За средно претпријатие

1. продажба на идеален дел


2. откуп на претпријатието
3. подажба на лица кои го превземаат управувањето
4. издавање на акции, заради дополнително вложување
5. побарувањата на претпријатието да се претворат во траен долг

За големо претпријатие

Исто како за средно претпријатие само што почетниот влог е помал

Модели на приватизација без оглед на големината:

1. лизинг (закуп со право на откуп)


2. продажба на сите средства на петпријатието
3. трансформација во стечај
8. КОЈ СЕ ИМАЛ ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ВО РМ
СПОРЕД ЗТПОК ?

Продажбата на акциите и уделите се вршела врз основа на птретходно објавен


јавен повик за прибирање на понуди за секое претпријатије, на кој освен кај
моделот откуп на претпријатијето од страна на вработените (кај мали претријатија
каде што вработените имале право на првенство) можело да учествува секое
домашно и странско, правно и физичко лице. Но во поголем број случаи
приватизацијата била од страна на вработените, така нарешена инсајдерска
приватизација.

Законот за трансформација на претпријатијата предвидел и купување на акции и


удели под повластени услови:

- лицата вработени во претпријатието најмалку 2 год пред приватизацијата,


било тие да работат таму или не и пензионерите имале право на попуст од
30% и + 1% за секоја година од работа во претпријатието, но максимум до 25
000 германски марки. 15% од акциите се префрлиле на Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување.

Продажбата на акциите се вршела на следниот начин:

- јавен повик за прибирање на понуди за сите домашни и странски физички и


правни лица
- кај малите претпријатија – само вработените

6. КОЈ БИЛ НАЈМНОГУ ПРИМЕНУВАН МЕТОД НА


ПРИВАТИЗАЦИЈА ГЛЕДАНО СПОРЕД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ
НА ПРИВАТИЗИРАНИОТ КАПИТАЛ ?

Најголем дел според бројност од субјектите приватизирани според ЗАПТОК од


1993 г. биле приватизирани по моделот :

- откуп од страна на вработените (определен само за маилите претпријатија,


а тие се најбројна категорија)
- но според проценетата вредност на приватизираниот капитал најмногу бил
применуван моделот продажба на лица кои го превзеле управувањето (за
големите и средните претпријатија)
Двата модела се откуп на кациите на одложено плаќање намногу за 5 години
и најмалку до 51% од вкупниот капитал на субјектот кој се приватизирал,
согласно со договор и со плаќање на одреден почетен износ.
3. КОИ ВИДОВИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ГИ ВКЛУЧУВААТ ЗАКОНОТ
ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД
ОПШТЕСТВЕН КАПИТАЛ ОД 1993 ?

Со Законот за трансформација од 1993г биле опфатени сите претпријатија освен


земјоделските задруги, банките и јавните претпријатија како што се
водостопанство, телефонијата и сл.

7. КОИ ЛИЦА ИМАЛЕ ПРАВО НАКУПУВАЊЕ НА АКЦИИ И УДЕЛИ


ПОД ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД ОПШТЕСТВЕН
КАПИТАЛ ОД 1993 ?

Честопати имало инсајдерска приватизација, зошто акциите ги купувале


раководството на претпријатијата со помал или поголем бој на вработените.

Најголем дел од претпријатијата биле приватизирани по моделот откуп од страна


на вработените (повеќе малите претпријатија) или пак продажба на лица кои го
превземаат управувањето (средни и големи претпријатија) . Со тоа се вршел
откуп на акциите со одложено плаќање најмногу на 5 год и најмалку 51% . Оние
акции кои останале (резидуални акции) биле префрлани во Агенцијата за
трансформација на претпријатијата со општествен капитал апотоа биле продавани
на берзата на хартии од вредност.

Во 1999 г. била овозможена приватизација со продажба на акции со непосредна


спогодба на стратешки инвеститор (но во 2000 г. е напуштен). Во 2003 г. поради
останување на резидуални акции на Агенцијата за пиватизација донесен е нов
закон за забрзување на продавање на акциите по пат на јавна берзанска
аукција. По згаснување на Агенцијата за приватизација резидуалните акции биле
префрлени на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како имот и во
Министерство за финансии за продажба.
Структурна реформа

1. Структурирање на претпријатијата

Во период пред транзицијата започната е структурна реформа наречена


предприватизационо преструктуирање на претпријатијата загубари. На
почетокот се мислело дека е подобро претпријатијата структурно да се
реформираат по приватизацијата од новите сопственици, затоа што реформите се
скапи. Но потоа се осознало дека некои претпријатија без да се структуираат не
можат да се приватизираат. Тоа се однесувало на големите претпријатија кои
постојано работеле со загуби. Тогаш се опфатени 25 претпријатија, кои биле
генератори на најголемите загуби. Владата имала поддршка од Светската Банка во
тој проект.

Втор бран на престуктуирање на загубарите започнал во 2000 г. во рамките на


FESAL 2 аранжман со ММФ и тоа преструктуирање требало да заврши во 2003 г..
Одбрани се 40 загубари кои вработувале 10% од вработените и генерирале загуби
од 4,5% БДП. Дел од нив се продадени на стартешки инвеститори, дел
ликвидирани со стечај а дел со продажба на нивниот имот. Нивни доверител
најчесто била државата.

2. Структурирање на земјоделските претпријатија

На почетокот биле изземени од реформите и поединечно опфатени со посебен


закон во 1996г. Сложените земјоделски комбинати кои располагале со големо
земјиште неопходно било да се преструктуираат пред приватизацијата па да се
подаваат одделно според одделни дејности. Преструктуирањето било потребно за
зголемување на ефикасност и конкурентност при прдажбата на одделните делови.
15% од земјиштето кое било во владение на земјоделските комбинати било
продадено на приватните фармери и со тоа се потикнал развојот на пазарот на
земјиште во РМ.

Така во РМ денес доминантен вид на сопственост е приватната сопственост, при


тоа е намален бројот на вработените, но пак од друга страна се зголемува
добивката на сметка на намалување на загубите. Други истражувања укажале на
заклучокот дека подобрите претпријатија ја прифатиле приватизацијата а полошите
чекале да видат пто ќе се случи.
ШТО Е ТОА ОРГИНЕРЕН НАЧИН НА МЕНУВАЊЕ НА
СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА НА ЕДНА ЕКОНОМИЈА?

10. КОИ ВИДОВИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ИМААТ НАЈДОБРИ


ПЕРФОРМАНСИ ОД АСПЕКТ НА ПРОДУКТИВНОСТА,
ТРОШКОВНАТА ЕФИКАСНОСТИ ПРОФИТАБИЛНОСТ ?

1.2. Развој на оргинерен приватен деловен сектор на Р.Македонија

Приватизацијата во РМ е изведена од дрчавна во приватна сопственост. Но постои


и паралелно со неа оргинеен начин за менување на сопственичката структура на
една економија. Наместо приватизирање преку инвестирање на "оргинално
приватен капитал" со што доаѓа до зголемување на доминацијата на приватна
сопственост. Тоа се ново формираните "de novo" фирми.

Во РМ промената на структурата се одвивала паралелно на двата наведени методи.


Со транзицијата е донесена правната рамка на либерализација за влез на пазарот,
т.е. се дозволило формирање на приватни деловни субјекти со лични/приватни
инвестиции. При тоа рапидно се зголемува бројот на деловните субјекти
(новоотворените мали претпријатија). Малите претпријатија доминираат во РМ.
Направена е споредба на новите и приватизираните фирми по однос на нивната
продуктивност, трошковна ефикасност и профитабилност. Од оваа споредба
јасно се уочува дека новоформираните фирми покажуваат поголем успех во
работењето по претходно наведените аспекти. Додека пак приватизираните
претпријатија се најнестабилна категорија.
ШТО ОПФАЌА САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РМ ?
12.3. Санација и приватизација на банките

1. Двострана улога на банките во социјализмот::


Од една страна банките давале кредити на претпријатијата
Од друга страна тие биле сопственост на претпријатијата, зошто биле
формирани со нивни влогови.

Таа ситуација била апсурдна.

2. Концентрација на капиталот во мал број на банки на почеток на


транзицијата. Во РМ пред распадот постоеле банки од другите републики.
Само Стопанска Банка била македонска. Банките за време на транзицијата
биле натрупани со неисплатени кредити, посебно од фирми кои не можеле да
ги вратат, а кредитите ги добиле политички.
3. Неликвидност на банките да ги сервисираат своите обврски, како и
заробените девизи на граѓаните.

11. КАКО СЕ НАРЕКУВАЛ ПРИСТАПОТ КОН ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА


БАНКИТЕ ВО РМ ?

Поради фактот што и должници и сопственици на банките биле претпијатијата се


одело кон пасивна приватизација. Но поради фактот што банките се многу битен
деловен субјект, приватизацијата на истите била извршена со интервенција на
владата. Југобанка втора по големина во РМ била ликвидирана, а Стопанска банка
АД Скопје која работела слабо била предмет на санација во 1995 и таа имала 70 %
од финансискиот пазар.Исто така капиталот бил сконцентриран во мал број на
големи банки. За тоа била формирана Агенција за санација на банките која го
спроведувала процесот.

12. ШТО ОПФАЌАЛА САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ВО РМ


?

Санацијата се одвивала со чистење на билансите и тоа:

1. Девизните штедни влогови на граѓаните кои биле гарант на РМ (заробените


девизи)
2. Ненаплатливите кредити

Со оглед на тоа дека РМ станала гарант за превземените обврски се издале


бескаматни обврзници во вредност од 52 милиони евра со рок на отплата 5 год.
Отплатата била завршена во 2000 г.

12. ШТО ОПФАЌАЛА САНАЦИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ?

Владата направила санација на Стопанска Банка во два наврати:

Во 1995 г. кога ги санирала загубите со што биле превземени лошите


денарски пласмани во рамките на процесот на санирање на претпријатијата
загубари, со што се зголемил внатрешниот долг врз основа на гарантирање за
заробените девизи чие учество изнесувало 60,7 % од вкупниот долг мерено
според иницијалните износи на издавање на обврзници.
2000 г. кога ја продала на странски инвеститор и биле издадени обврзници
како замена за претпријатијата загубари, со што се зголемил внатрешниот
долг на РМ.

13. ШТО ОПФАЌАЛО ФИНАНСИСКОТО ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ НА


БАНКИТЕ ?

Со внесување на домашен и странски капитал се менува сопственичката структура,


се менува и менаџерскиот тим односно нови форми на управување. Приватизирани
се 95% од банките. А исто така биле воведувани и новитети во работењето на
банките, електронско банкарство, дебитни и кредитни картички, нови кредитни
линии и сл.

14. КОИ СЕ ОСНОВАЧИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИМЕ НА РМ


?

Основачи на јавните претпријатија во име на РМ се: Собранието, Владата и


единиците на локалната самоуправа.

Како стопански дејности од јавен интерес се сметаат: енергетика, железнички


сообраќај и јавен превоз на патници, одржување на патна мрежа, воздушен
сообраќај, транспорт на нафта и гас, стопанисување со шуми, води, пасишта и
други природни богатства, планирање и уредување на просторот, комунални
дејности, ветеринарство, спорт и други утврдено со Законот за јавни
претпријатија.

15. КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ДЕЈНОСТИТЕ ОД


ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО РМ СЕ ПОДЛОЖЕНИ НА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА
СОПСТВЕНИЧКО РЕФОРМИРАЊЕ ?

Во Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал од 1993 г.


и неговите подоцнежни измени од приватизацијата биле изземени дејностите кои
се од јавен карактер и кои имале специфични карактеристики, од причини што кај
нив е неопходна постојаност и сигурност во вршењето на стопанските дејности од
јавен интерес, што е неопходен услов за квалитет на животот и работата на сите
граѓани. Кај јавните дејности постои потреба за создавање услови за еднаков
пристап (те пристапност ) на сите граѓани до услугите кои тие ги пружаат, што не
е можно кај нејавните дејности. Во РМ право на ексклузивитет за работење на
дејноста била дадена на еден или на мал број на субјекти. Приватизација во тие
услови можела да доведе до прекинување на вршењето на некои од јавните
дејности.

Во првиот бран на приватизација биле пропуштени, а подоцна се донесувани


закони со кои се регулирала приватизацијата или пак одредби во рамки на
постоечките закони. Со нив се одредувале:

начин и услови за вршење на јавните дејности,


предмет на опфатот на ексклузивните или посебните права кои им се
доделени на субјектите кои ги вршат јавните дејсности
времетраењето на правата не е ограничено со рок
КАКО Е РЕФОРМИРАН СЕКТОРОТ НА ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ ВО
РМ ?

You might also like