You are on page 1of 3

Средба на две мајки

Во првата четвртина на 19 век во Монфермеј постоеше крчма кои ја држеа маж и жена
Тенардиеви. На неа имаше штица и насликано нешто како маж носи на грбот друг маж.

остатокот од сликата беше чад и веројатно претставуваше некоја битка. Дење се читаше
натписот – Кај наредникот од Ватерло.

пред крчмата имаше преден дел од товарна кола која ја препречуваше улицата кај крчмата на
таа кола имало превиткан синџир на која седеле две мали девојчиња едното 2,5 год. а другото
околу 18 месеци. се лулаа на синџирот а една шамија врзана не даваше тие да паднат . Беа
убаво облечени а мајката ги нишаше двете девојчиња со долго јаже, инаку жена со многу
пресретлив изглед. фалшиво пееше една песна и додека ја почнуваше првата строфа на
романсата до самото уво слушна еден глас кој и кажа дека девојчињата се прекрасни. Таа
жена исто така имаше едно дете што го носеше в раце едно он најбоженствените суштества
што можат да се видат имаше 2-3 години. Тоа беше Фантина.. се уште беше убава и после 10
месеци од шегата што ја направија момчињата во Париз и таткото на девојчето –Толомиес, кој
ја напушти. Немаше никакви средства, одвај знаеше да чита и не знаеше да пишува. Преку
јавен писар му напиша неколку поисма на Толомиес но тој не одговори на ниедно.

Таа се откажа од работата и клиентите од сета своја свила од украсите и се облече во обично
платно. продаде се што имаше а тоа и донесе 200 франкови.На 22 години едно убаво пролетно
утро таа го напушти Париз. Кога стигна до крчмата во Монфермеј таа восхитено ги гледаше
двете девојчиња и во моментот кога мајката здивнуваше меѓу двата стиха Фантина таа и рече
дека има прекрасни деца а мајката ја поткрена главата и и се заблагодари.

Фантина ја раскажа малку изменето својата историја и кажа дека таткото на детето починал
дека во Париз останала без работа дека дошла пеш до Монфермеј. Мајката Тенардие ги
спушти девојчињата од нишалката и и им рече да си играат трите заедно. Тенардие праша како
се вика девојчето а Фантина одговори дека се вика Козета. Девојчињата веднаш почнаа да си
играат и да копаат по земјата а еден голем црв излегол од земјата и тие беа восхитени и
исплашени.

Фантина ја фати раката на Тенардиевица и праша дали ќе сака да го чува и нејзиното девојче.
Работата не ми дозволува да ја носам со себе. Кога ги видов вашите девојчиња толку чисти и
задоволни бев воодушевена и си реков еве една добра мајка.

Фантина кажа дека ќе плаќа по 6 франкови месечно. Но од дното на крчмата се случна гласот
од мажот – не помалку од седум и за 6 месеци однапред.

Фантина се согласи да ги даде. Откако Фантина преспа во крчмата и ги даде парите ја остави
Козета и продолжи пеш.

Тенардие некогаш бил војник учествувал во војната во 1815. Натписот бил алузија за негов
воен подвиг.

Тенардие сакал парите оф Фантина да ги даде за да исплати некој долг но бидејќи не му


стигнувале тој ги продал алиштата на Козета и сега девојчето повеќе немаше алишта и го
облекоа во стари здолништа и кошулчиња од малите Тернадиеви.

Ја хранеа со отпадоците кои остануваа од луѓето а мачката и кучето беа нејзина дружба и таа
јадеше со нив под масата во дрвена чинија.
Секогаш кога Фантина ќе прашаше за Козета Тенардиеви одговараа дека е во ред.

Фантина редовно плаќаше по седум франкови но не помина една година тие и напишаа да
праќа по 12 франкови. Мајката убедена дека Козета добро напредува се покори и прати 12
франкови.

Тенардие страсно ги сакаше двете свои ќерќи а тоа правеше да ја мрази Козета. И нејзините
ќерќи Епонина и Азелма исто така станаа лоши кон неа. Тенардие дознавајќи по разни патишта
дека детето можеби е вонбрачно а мајката не смее да признае почна да бара 15 франкови
навдеувајќи дека суштеството расте и јаде. Мајката ги прати парите.

Пред да наврши пет години Козета ја направија слугинка, ја тераа да ги чисти собите, дворот
улицата, да ги мие садовите, да носи товари. Фантина почна да заостанува со плаќањето
неколку месеци а тоа го разлутуваше Тенардие.

Изгледаше дека Фантина ја има напуштено Козета, но кога таа се врати во Монтреј после десет
години тој беше многу изменет а таа пропагаше од беда во беда.

Но нејзиниот град напредуваше, се случи еден пресврт во индустријата на црни артикли,


имено кон крајот на 1815 година се насели еден човек туѓинец и дојде на идеја во таа
фабрикација место смола да употреби лаки особено кај бразлетните, металните прстенчиња
на крајот веќе да не се заваруваат ами само да се доближат.

Таа измена ја намали цената на суровините и овозможи да се зголемат надниците на


работниците да се подобри производството, корист за купувачите цената да биде пониска а
добивката повисока - корист на производителите.

Малку се знаеше за овој човек но се кажувало дека во Монтреј на море во зградата на


општината избил пожар и тој човек се фрлил во огнот и спасил две деца а тоа биле деца на
капетанот на жандермеријата и затоа никој не помислувал да му го побара пасошот. Се викал
чичко Мадлен.

Фантина

Во Монтреј на море трошоците за даноците беа намалени за три четвртини, а министерот за


финансии г. Вилел често ја споменуваше таа околија. Кога фантина се врати овде никој не се
сеќаваше на неа.

Таа се пријави за работа во фабриката на Мадлен. Дневницата и беше мала но таа конечно
можеше да живее чесно од својата заработка.

Мислеше само на Козета и како да и обезбеди иднина. Редовно им плаќаше на шпопчетокот


на Тенардиеви. Во фабриката ја набљудуваа и завидуваа на убавата руса коса и убавите заби, а
таа не ја спомнуваше својата малечка ќерка, ниту дека не е мажена.

Забележаа дека најмалку двапати месечно пишува и плаќа поштарина. Го натераа писарот да
ја издаде тајната на Фантина. Така тој издрдори и дознаа дека има дете. Една дрдорка дури
отиде до Монфермеј и разговараше со Тенардие и го виде детето.

После една година работа во фабриката настојничката на работилницата и предаде 50


франкови и рече дека се од господин претседател и и кажа дека нема место веќе за неа во
градчето, ја отпушти.
Но неможеше да го напушти градчето поради долговите за кирија и мебел. Го мразеше
господин Мадлен мислејќи дека тој ја отпуштил.

Отиде во својот стан, немаше сила да каже ниту збор повеќе. сите знаеја за нејзината грешка.

Но господин Мадлен не знаеше ништо за тоа. Фантина се понуди и како слугинка, одеше од
куќа до куќа, но никој не ја прими. Почна да живее во беда, а единствена подршка имаше од
една стара жена која ја научи на вештината да живее во беда. навечер и ја палеше свеќата.
Фантина научи зимата да ја поминува без огрев, да заштедува на свеќа.

Беше должна на Тенардиеви, а по кратко време се разболе а кашлицата стануваше се полоша.

Тенардиеви постојано лажеа за состојбата на Козета. еден ден и пишаа дека е сосем гола на
тој студ и дека треба да плати 10 франкови.

Ја продаде својата руса коса на берберот и и купи плетена здолница на Козета. Ја прати на
Тенардиеви но тие ја облекоа Епонина.

Страдањето на Козета продолжило. Суровоста на Тенардиеви беше многу голема. тие напишаа
писмо на Фанина во која бараа 40 франкови или 2 нбаполеона лажејќи дека Козета е болна и
дека лековите се многу скапи. Фантина се најде пред нова агонија.

Два Наполеона за два заба

Одикќи на плоштадот Фантина здогледа необична кола со покрив. Еден човек во црвено
зборуваше нешто. Тој беше панаѓурски забар и и нудеше на публиката вештачки заби. Ја
здогледа Фантина и нејзините убави заби. И предложи да ги откупи нејзините два заба напред
за 2 наполеона. Фантина беше запрепастена од предлогот на човекот. Избега затворајќи си ги
ушите за да не го случа повеќе зарипнатиот глас на човекот.

Таа разговараше со старицата за наводната болест на козета која Тенардиеви излажаа дека се
вика огница. Старицата Маргарита и рече дека за таа болест се потребни скапи лекови и дека
може да умре.

Фантина беше безнадежна. Следното утро таа седеше на креветот бледа вкочанета. Маргарита
извикала дека штом свеќата изгорела се случило нешто големо. Фантина имаше крвава
насмевка. ги продала своите два предни заба на панаѓурскиот заболекар.Ги прати двата
наполеона. Тенардиеви станаа уште полакоми за пари. Фантина шиеше 17 часа за затворите,
но еден работодавец кој во затворите ви вработи затвореничките веднаш ја симна цената.
Фантина работеше за 9 суа. И го земаа мебелот, немаше веќе ништо. Тенардие пишуваше дека
покажал премногу добрина и му требаат сто франкови или ќе ја исфрли Козета надвор на
улица, која и така слабо закрепнува од болеста.

You might also like