You are on page 1of 2

РАСКАЗИ ОД ЧЕХОВ

Смртта на чиновникот

Една вечер, чиновникот Иван Димитрич седел во вториот ред фотељи и ја


гледал претставата Корневилски Камбани. Се чувствувал многу среќно, но
наеднаш кивнал, што не го вознемирило многу бидејки на сите им се случувало
да кивнат. Погледнал наоколу и ведаш се вознемирил кога приметил дека го
испрскал цивилниот генерал кој работел во службата за комуникации. За да не
се чувствува непријатно, тој му се извинил на генералот. Потоа продолжил да ја
следи претставата но повеќе не се чувствувал толку смирено и среќно како
претходно. По завршувањето на претставата тој повторно отишол да му се
извини на генералот, кој што рекол дека не е важно иако на Иван сеуште му
изгледало како да е лут. Па затоа тој сеуште се чувствувал непријатно, мислејки
дека генералот ќе помисли дека тој намерно сакал да го плукне. Кога дошол
дома тој веднаш и ја раскажал случката на жена си, која не се вознемирила
многу но сепак му рекла да оди повторно да се извини, за да не помислат дека
тој не знае како да се однесува во друштво. Следниот ден Иван Димитрич
облекол нова униформа, се потстрижил и тргнал кај генералот да разговара.
Кога влегол во приемната соба на генералот тој видел многу молители, кои сите
биле дојдени да зборуваат со генералот. Откако ислушал неколкумина, тој го
приметил Иван Димитрич кој веднаш почнал да раскажува за вчерашната
случка. Но генералот не сакал да зборува со него и ведаш почнал да зборува со
следниот молител. Червјаков побледел но одлучил да остане и да разговара со
генералот кога ќе си заминат сите молители. Кога тоа се случило,Червјаков го
запрел генералот кој сакал да си замине и почнал да се извинува велејки дека
се кае и дека не било намерно тоа што се случило минатата ноќ. Генералот
направил плачливо лице и замавнал со раката па го прашал чиновникот дали му
се потсмева, што го вознемирло Червјаков уште повеќе. Тој одлучил дека
повеќе нема да му се извинува и да доаѓа, дека ќе напише писмо и дека со тоа
работата ќе биде завршена. Но по долго мислење тој сепак не успеал да му
напише писмо на генералот. Затоа следниот ден тој повторно отишол на посета
кај генералот и почнал да се правда, велеејки дека немал лоша намера и дека
тој нема право да му се потсева на толку значаен човек. Но генералот разлутен
го избркал чиновникот. Тој премногу вознемирен излегол и неразмислувајки си
заминал дома. Несоблекувајки ја униформата тој легнал на креветот и умрел.
РАСКАЗИ ОД ЧЕХОВ

Да се претстави општествената хиерархија во Русија низ сатирична слика.

Со реченицата „Кивањето не е забрането никому и никаде.“.се прикажува


стравот и јадот од сопствената физиолошка потреба да се кивне, стравот од
лутењето на повисокиот авторитет што е важна особина за Чеховите раскази.
Овој ирационален страв ги опишува состојбите во тоа предреволуционерно
руско општество во кое поклоништвото, ирационалните стравови и забрани,
автоцензурата, цензурата воопшто не биле отсутни, напротив, нивната
сеприсутност овозможила создавање вакви раскази и пиеси.

You might also like