You are on page 1of 7

ОТПОРИ ПРЕМА КОНТАКТОТ

Сите среќни семејства си наликуваат едно на друго, секое несреќно


семејство е несреќно на свој начин.
Лав Толстој

Секој знае како изгледа среќен пар или семејство.Тие поседуваат


карактеристики или комбинација на овие карактеристики : се слушаат
едни со други; поседуваат сопствени чувства и мисли; без страв ги
воочуваат и прифаќаат разликите; се прилагодуваат едни на други; се
борат за она што е “право” или “добро” за двајцата; ги споделуваат
тагувањето, радозналоста, каењето, нежноста, многуте потреби и
недостатоци; меѓусебно ја почитуваат приватноста и во исто време ја
нарушуваат кога другиот ќе се повлече во болка; го подржуваат
интересирањето и вложувањето на еден со друг и уште многу други.
Вежбањето на вакво однесување воопшто не е лесно од причина што
прво, ваквото функционирање бара работа и тоа тешка и напорна работа,
второ, паровите се лошо обучени во вештините за внатрешен живот кои
се пренесуваат од генерација на генерација во вид на болест, како
семеен “ недостаток”. Бидејќи овие обрасци на лошо функционирање се
најчесто несвесни, сметаме дека спроти секоја сила во нас која тежи кон
“ добро” функционирање во рамката на парот или семејството, постои и
несвесна сила со подеднаква вредност која пружа отпор на добриот
контакт помеѓу членовите на парот или семејството.Трето, свесноста за
некои работи е скоро неподнеслива, а некои работи е премногу тешко да
ги направиш.
Ние често не се слушаме едни со други, премногу е болно да се научи
нешто страшно или страмно или дури и убаво за нас или оние околу нас.
Често не сакаме да размениме идеи кои меѓусебно би не “договориле “
затоа што не сакаме да го напуштиме сопственото мислење или затоа
што секогаш кога сме се прилагодувале во детството сме добивале ќотек,
сме биле усрамени, напуштени, навредувани, потценувани и потоа
оставени да патиме.
Ние можеби не сакаме да ги прифатиме меѓусебните разлики затоа
што едноставно е неприфатливо да брачниот партнер, родителите или
братот или сестрата “мислат на тој начин” или да бидат така “
неосетливи” “наивни” “идеалисти” “глупи” “злобни” ”тесногради”
итн.Према тоа зошто би сакале свесно да се прилагодиме на така
различно гледање?. Вистинска казна е да бидеш свесен за тоа, тоа
премногу боли.
Зошто ние би се бореле за нешто кога во минатото секогаш сме
губеле, кога сме биле премногу слаби или премногу безпомошни, храбро
да застанеме наспроти брачниот партнер, нашите родители или браќата и
сестрите.
Списокот на нашите несвесни забелешки на идеалите родени во
нашите младешки сонови и оптимизам е бескраен. Ние многу пати сме
-2-
доживувале одбивање, сме биле повредени и разочарани. Во нашиот
несвесен селф содржани се овие повреди.
Лесно е да се зборува за развојот како прекрасен ослободувачки процес кој
го проширува умот. Но, не е лесно да се набљудува што тука всушност се
случува и не е лесно да носиш одговорност за тоа што се прави или не прави.
Често е неподносливо болно да се живее со загуби, со неизбежни сопствени
порази и неизбежни порази на другите кои ни се важни и согледувајќи ја
состојбата на светот е големо оптеретување да се биде потполно свесен за сите
овие работи. Да се знае е благослов, но сепак со знаењето доаѓа и казна во вид
на страдање заради тоа сознание. Не е никакво чудо дека поголем дел од нас
делумно спие. Оваа поспана будност, оваа креативна адаптација на болка во
светот се изразува како отпор спрема контактот и отпор спрема свесноста. На
овој начин, отпорот е тип на контактот во кој се дозволува избегнување на еден
тип контакт во корист на одржување на контактот со нешто друго, но не и
дирекни искуства. За организмот несвесноста станува
“помало зло од двете зла”. Во оваа дискусија ќе го прикажеме отпорот во
неговото традиционално појмовно определување како дисфункционален облик
на избегнување на контактот и свесноста.
Ние никогаш не сме сами во нашите отпори. Тие се развиваат во нашето
детство во содејство со нашите семејства и се провлекуваат од тогаш до нашите
сегашни важни односи. Потребно е најмалку двајца учесници во отпорот но
целото семејство може да учествува во блокирањето. Отпорите имаат за цел
прилагодување за да се преживее. Тие се усвојуваат и развиваат низ свесна или
несвесна соработка на членовите во семејната средина и на тој начин се и
природни (инхерентни ) и наследени. Најпосле тие се изнесуваат надвор од
системот и надворешниот свет и во други системи на врски.

Феноменологија на отпорот

Секое движење создава отпор. Нашиот внатрешен отпор се доживува како


противење на промената на начинот на кој нешто правиме. Природно е да се
утешиме со она што е постојано.
Отпорот, за жал, е поим кој подразбира надворешно набљудување на нечиј
отпор. Иако другите можат да забележат како ние даваме отпор на некое
однесување, идеја, став или некој начин на гледање на работите, нашето
искуство е ние да го заштитиме, одржуваме или да се јакнеме себеси и нашиот
психолошки интегритет. Она што на друг му изгледа на прв поглед како
неодредено противење на промената, за мене може да претставува внатрешна
криза, борба за мојот живот. Тоа е феноменолошката дефиниција на отпорот –
дефиниција која става нагласок на вредноста на нечие внатрешно искуство,
внатрешен живот.
Нашето постоење и проживување секогаш се плашат од состојбата на
нашите потреби и нивниот циклус на “фрустрација – задоволување”. Како
многу сложени и лесно програмирани организми, ние можеме да научиме да го
блокираме задоволувањето на нашите потреби. Ова блокирање може да се
-3-
дозволи на секое ниво на процесот на голтање и асимилација, вклучувајќи
сетилни впечатоци, жлезди и други внатрешни органи, мускули и многу други
животни поткрепувачки функции како што е дишењето. Блокирањето исто така
се случува на кортикално ниво во облик на премислување, опсесија и
стереотипни мисли кои се повторуваат. Тоа е она што се подразбира под
фиксација, фиксацијата го блокира непрекинатиот развој на организмот. За цела
психопатологија може да се размислува како за екстензивно и често хронично
прекинување на временско-просторниот процес со кој организмот хармонично
се движи за да задоволи цел опсег на свои потреби. Доживувањето се менува
единствено во целта на прилагодувањето на овие застои. Осакатеното
однесување има свои посебни карактеристики, а тоа што ни изгледа “болно”
всушност е состојба на прилагодување на блокирањата на другата личност.

Типови на отпори

Во почетокот на етапата на свесност, сензацијата е организирана во


идентификуваното искуство помеѓу две лица. Лицата меѓусебно слушаат
гласови, чувствуваат кожа, се набљудуваат и се гледаат, се мирисаат и
веројатно чувствуваат вкус едни од други кога се блиску. Свесноста се активира
со помош на овие дразби: потребите се будат, чувствата доаѓаат во прв план
како фигура, а мислите се развиваат и покасно дејствуваат.
Отпорот кој се јавува во текот на етапата на сензација во споменатиот
циклус, се вика десензитација. Во овој случај луѓето се гледаат едни со други
малку концентрирани, површно го скенираат јазикот едни на други или
воопшто не се трудат да слушаат. Тие со тоа го избегнуваат допирањето, или
допирнувајќи се , го блокираат “потполниот влез” на сензациите во своите тела,
умови или срца. Нитката на контактот исчезнува дури пред да се појави
можноста човек да почувствува дека го разбрале. Кога ќе се “заглават” на ова
рано ниво на интеракција, паровите или семејствата се досадуваат, се
чувствуват невклучени и интелектуално заспани или неприсутни едни за други.
Членовите на парот или семејството меѓусебно не се стимулираат а нивниот
дом е мрачен, досаден и неинтересен. Тие ја прифаќаат досадата како начин на
заеднички живот не препознавајќи се и сметаат дека во прашање е “сивило”
изшарано со бои како ТВ екран, или некоја друга попречувачка замена за
активност или некое друго интелектуално меѓусебно прогонување. Нивниот
систем не го вреднува будењето на сензациите и идеите. Тие водат досаден
живот и на тој начин се чувствуваат сигурно и исполнето во рамките на своите
чувани лични граници.
Десензитираните парови и семејства меѓусебно се чуваат од повредување
така што не чувствуваат. Тие често успеваат во тоа, но по цена да незнаат колку
многу пропуштаат во животот.
Главниот отпор према контактот во етапата на свесноста е проекцијата.
Проекцијата постои кога едно лице, без поставување на прашања,
заклучува во име на другото лице. Другиот ниту дава информација ниту ја
исправува проектираната информација. На пример лицето кое проектира би
-4-
можело да каже: “Мора да сте гладни”. “Одам да донесам нешто за
јадење”.или ,, Мора да ви е ладно, ќе вклучам греење”. Во таа ситуација мора да
постои некој на другата страна кој не дава информации или кој му дозволува на
оној другиот да одговара наместо него. Другиот не вели: “ Не не ми е ладно”
ниту тој ниту таа се расположени јасно да одговорат на прашањето.
Проектирачкиот пар или семејство се често очигледно несинхронизирани:
лицето кое проектира се движи побрзо а лицето кое ја апсорбира проекцијата
побавно сфаќа.
Проекциите имаат тенденција да се повторуваат зошто како што оној кој
заклучува без проверка, го припишува на другиот она што го сака, односот
помеѓу членовите на семејството станува стереотипен, му недостасуваат
промени, станува умртвен. Парот или семејството што го поддржуваат
проективниот животен стил се навалуваат кон “ оди – среди ги” и кон пасивни
рамнодушни следбеници. Тука има малку разговори или животни расправии.
Тие што не зборуваат отворено имаат тенденција кон натрупување на лошо
расположение што целото семејство плаќа со изливи на бес, кои ионака слабиот
однос го доведуваат до степен на непромислена ситуација.
Договорите помеѓу членовите на семејството се, во најдобар случај слаби и
без животна сила. Однесувањата кои се резултат се само до некаде почитувани
и ценети. Еднаш кога парот или семејството отиде во ресторан, едно лице не е
навистина гладно, на друго не му се допаѓа таа кујна а третото сака да оди на
кино.
Кога свесноста во парот или семејството почнува да добива сила, проекцијата е
начин на кој и тромиот систем пружа отпор на свесноста. Идеја или солуција е
наметнување од страна на еден член и проголтано парче од страна на
останатите.
Интроекцијата бара вложување на само мала количина на енергија наместо
поголема енергија потребна за жестоко испитување или докажување.
Распавиите и напорите за постигнување “усогласување” на сите им одзема
енергија и време. Интроекцијата избегнува зголемување на енергијата со
своеволни договори. Семејството се сложува да не размислува за работите и
овде нема инвестирање како сите би биле заедно.
Како и во проекцијата и интроекцијата ги избегнува живите расправи.
Семејството го вреднува дејствувањето на вообичаен начин, користејќи стари
правила, пред да создава нови, средени начини на дејствување. Равнодушноста
и недостатокот на возбудување се очигледни во вакви парови и семејства.
Чувството на лажна сигурност се постигнува така што групната свесност се
одржува ограничено, непридвижувачки и непроменливо. Прилагодувањето на
правилата има за цел вид на заедничко дремење. Ова се случува како во
главниот систем, така и во внатрешните подсистеми. Лицата во ваков вид
семејство мораат да се потчинат на авторитетот – на пример папагалско
повторување на информациите и ставовите на медиумите или другите
влијателни извори – и така имаат тенденција кон правилното дејствување во

-5-
високо структурираното опкружување кое не бара многу креативност или
незвисен суд. Тие често ги прават работите по “пропис” и ја проценуваат
“постапката на стандардно дејствување”. Кога започнуваат нова работа тие
често се загрижени во врска со новите правила – т.е. додека не ги научат. Овие
лица обично се повеќе заинтересирани за тоа “ што ќе мисли шефот” отколку за
донесување вистинска одлука, бидејќи “ вистинската одлука” во нивните глави
зависи од тоа “ што ќе мисли шефот”.
Ретрофлексијата е друг метод која семејството несвесно го користи за да
избегне свесност и контакт. Таа се случува помеѓу етапата не енергија и
акцијата на интерактивниот циклус. Потребно е да се ослободи енергијата од
поединецот и да се инвестира во заедничките работи на еден пар или семејство,
за да силно влезе во проектот, активноста или било која заедничка акција. Во
ретрофлексивниот систем луѓето се вртат кон себе и прават за себе она што би
сакале да им го прават на другите членови на семејството или да добијат од нив.
Паровите или семејството го контролираат бесот, агресијата и сексуалната
експресија и не бараат поддршка, утеха ни допир. Сите на некој начин се
чувствуваат изолирано и во исто време сигурно во својата внатрешна борба.
Оваа борба често е затворена во мускулите, гласните жици или другите делови
на телото кои претставуваат можен експресивен механизам на човечкото
суштество. Лицата носат “скаменета енергија” во своите напрегнати тела,
развивајќи така многу физички симптоми. Опасно е да се препушти нешто на
некој друг, да се забележи дека другиот чувствува болка, или да му се понуди
на другиот помош за да излезе од проблемите: луѓето се чувствуваат посигурно
ако се свртат кон работата, алкохолот или дрогата, наместо кон родителите,
братот, сестрата или пријателот.
Членовите на ретрофлективните семејства и паровите се изолирани едни од
други. Тие не го споделуваат својот бес или болка, нити нудат еден на друг
утеха или олеснување. Нивните граници се премногу крути. Приватноста
премногу се почитува а членовите се закопани во својата сопствена осаменост.
Самодоволноста е ценета повеќе од воспоставување на врски.
Ретрофлексивното семејство како целина, има слични карактеристики како
и нејзините подсистеми. Нивните граници се засилени и не е лесно да се помине
преку нив. Не е лесно да се бара помош од комшијата, пријателот или
терапевтот. Овој вид семејство исто така не се движи меѓу пријателите со
задоволство, поканувајќи ги луѓето на вечера, приредувајќи забави или
уживајќи во другите. Членовите на семејството се обидуваат да се заштитат зад
бедемот на своите лични психолошки замки.
Лесно е да се замисли како ваков вид на системот ја задржува енергијата
внатре во себе и како го осуетува експресивното однесување. Контактот меѓу
членовите на семејството е ограничен на најосновното и има многу малку
важни работи кои се разменуваат. Ваквото семејство е изолирано од заедницата
која го опкружува.
-6-
Таа е таинствена како внатре во својот систем така и во однос на
надворешниот свет. Мама вели: “И немој сега да му кажиш на татко ти”.
Сестрите и браќата ги задржуваат своите лични тајни. Возрасните не ги
споделуваат мислите, чувствата, грижите или увидот со децата. Децата се
двоумат да им постават прашања на возрасните. Интелектуалната клима е
неплодна. Иако пишувањето за себе “дневници” или слично , може да биде
многу застапено, тоа ретко се споделува со други. Типични се и болеста,
кривицата и низа самоуништувачки однесувања, иако таквите семејства се
често “ праведни” и добро се однесуваат во надворешниот свет.
Овие личности се “ јаки, тивки типови” који ја почитуваат автономијата. Тие
ретко учествуваат кога се дел од група, макар што обично се добри играчи во
тимот, зошто имаат тенденција да не ги изразуваат своите грижи или
нерасположение, туку да истраат. Заради нивното непроменето лице “ лице на
покераш,, тешко е да знаеш што мислат. Тие се однесуваат во животот како ,,
цел свет да е против нив “.
Дефлексијата е уште еден начин на кој парот или семејството избегнува да
ја збогати етапата на контакт во интерактивниот циклус. Овде луѓето го
избегнуваат спојот со префрлање на контактот на друга тема која предизвикува
помалку анксиозност.Ќе прикажеме еден пример кој е даден во книгата на две
типични интеракции со едно семејство, која е доста дефлексивна.
(прва интеракција)
пр: Џозеф: ( Поздравувај ќи ги своите родители после долга одвоеност) Тоа
патување траеше бесконечно! Здраво! Здраво! Ми недостигавте.
Таткото: Здраво, косата ти е во хаос. Зошто не се ошишаш, и...........
(втора интеракција)
пр: Џозеф: ( После операцијата на мајкаму) Како се чувствуваш? Загрижен сум
за тебе.
Мајка: Малку ме боли овде. Па, кажи ми, дали планираш да останиш за
викенд?
Наместо воспоставување на цврста врска, пораките се одбиваат една од
друга, неприметувајќи ја дефлексијата, системот соработува на прифаќање на
незавршените работи. Дефлексираните парови или семејства не можат да
обликуваат прави теми за истражување, кои би ја задоволиле цела група. Едно
искуство се топи во друго и се губи. Нема голем развој и цврст заклучок за
предметот на расправата или искуството. Границите помеѓу лицата се
неодредени со што се избегнуваат меѓусебните тешкотии.
Дефлексијата како да изразува вртоглавица и “ го прави лицето лудо” бидејќи
членовите на семејството не се чувствуваат вкоренети нити потполно поврзани
измеѓу себе. Гласовите меѓусебно се преклопуваат, започнуваат на средина на
туѓа реченица, го менуваат предметот на разговор. На своите најекстремни
нивоа лицата со дефлексија зборуваат сите во еден глас и никој нема чувство на
припадност нити пак дека другите го разбираат.

-7-
Конфлуенција е исто така начин на кој членовите на парот и семејството
избегнуват непријатност меѓусебе. Конфлуенцијата е заедничка свесност како
дел на циклусот и етапите на резолуцијата и повлекувањето. Тоа е основен
начин на кој се потценуваат и занемаруваат разликите. На нивото на свесност
во циклусот, лицата прерано се сложуваат со нешто, пред тоа искрено да го
истражуваат со сопствено размислување и да го искажат на свој начин.
Конфлуентните семејства исто така имаат тенденција кон ретрофлексија.
Постои мал поттик за “ прожвакување” идеи на оној другиот и искрено давање
на одговори. Постои вид на интелектуална мрзливост во која лицата не се
трудат сериозно да размислуваат за тоа за што се дискутирало. Тие влетуваат во
полусклопени договори, кои кога поблиску ќе се разгледаат немаат секогаш
смисол. Да бидеш со некого во љубов секогаш вклучува несогласување и
активно согледување на темата за која се дискутирало. Конфлуенцијата секогаш
спречува ова да се случи и затоа го смалува бројот на искуства и количината на
љубов во рамките на системот, енергијата е неутрализирана.
Конфлуентните и дефлексивни семејства не прават работи кои резултираат
со блискост полна со љубов, која се потврдува со меѓусебна поддршка,
инсистирање членовите меѓусебно да се слушнат, предизвикување на лутење
или сочувство, дискутирање за понуденото гледиште и согласување со или
неподготвеност на лесно решение на сложениот проблем. Дефлексијата и
конфлуенцијата имаат за последица стереотипни изрази на љубов кои не
делуваат искрено затоа што навистина не се проверени. Лицата во овие
семејства не можат во потполност да сметаат едни на други, или да
почувствуваат вистинска солидарност помеѓу себе.
Во делот на циклусот кое го нарекуваме повлекување на конфлуентниот пар
или членови на семејството тешко е да си дозволат еден на друг да заминат.Тие
очајно се фаќаат еден за друг плашејќи се од одвојување, кое го следи крај на
едно искуство, носејќи загуба од меѓусебна поддршка. Можат да се споредат со
услужни работници како што се продавачите или финансиските директори на
рекламните агенции кои се платени да бидат сакани, манипулирајќи со своето
улизувачко однесување. Ова се “ да луѓе” или ,”луѓе на организацијата”. Тие се
познати по своите дипломатски вештини бидејќи имаат фобија од конфликт.
Навистина конфлуенцијата обично се јавува кај оние кои се многу несигурни
или несвесни на своите внатрешни сили, така што се плашат од било која сила
која доаѓа однадвор.
Заклучок
Гледајќи ги овие различни творби наречени отпори, гледаме дека тие се
заштита од ризикот од психичка болка, повреда, непријатност, тешки
соочувања, одфрлувања. Во исто време сведоци сме на цената која се
плаќа: равнодушност, недостаток на интелектуална искра и боја,
потрошена енергија, депресија, губење чувство за хумор и палавост и
чувство дека работите често не завршуваат на општо задоволство.

Користена литература:
Терапија со парови – Јозеф Цинкер ( од делот за превод)

You might also like