You are on page 1of 7

СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Проектна задача по Хирургија

Тема: Трансфузија и компликации од трансфузија


Предмет: Хирургија (практична настава)

Ментор: Изработено од:


Марина Поповска Македонка Ангелова
Миа Атанасовска
Сашка Јакимовска

Скопје, 2023
Содржина
Крв................................................................................................................................... 2
Трансфузија на крв.........................................................................................................2
Крвни групи..................................................................................................................... 2
Rh-фактор....................................................................................................................... 3
Како се врши трансфузија?........................................................................................... 4
Потребен материјал:...................................................................................................4
Начин на изведба на манипулацијата:......................................................................4
Компликации од трансфузија.....................................................................................5
Рани компликации:.................................................................................................. 5
Доцни компликации:................................................................................................ 5
Олегова (биолошка проба)............................................................................................6
Можни исходи од пробата:.........................................................................................6

1
Крв
Крв (Sanguis) — течно ткиво кое се среќава кај
сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни.
Таа циркулира низ крвните садови и нејзина
најзначајна улога е транспортната — хранливи
материи, екскрети, кислород и јаглерод
диоксид од и до клетките. Меѓутоа, за разлика
од останатите сврзни ткива, во крвта нема
нишковидни творби, односно фибрили —
колаген или еластични влакна.
Крвта во крвните садови се наоѓа во течна состојба. Надвор од крвните садови
таа се засирува (коагулира). Доколку на крвта и додадеме определена количина
на некоја антикоагулантна материја до засирување нема да дојде.

Трансфузија на крв
Tрансфузија на крв е процес на пренесување крв од еден човек во друг.
Модерната медицинска пракса најчесто користи само компоненти на крвта, како
што се цела крв. Трансфузии се користат за различни медицински состојби за да
се заменат изгубените компоненти на крвта. Се аплицираат интравенски.
Сепак не може крв да се даде од билокој на билокого. Ова со текот на врмето се
дознало по пат на многу грешки и изгубени животи.

Крвни групи
AB-Единките ги поседуваат и двата антигена (А и В)
на мембраната на нивните еритроцити, и нивниот
крвен серум не содржи антитела кои би се бореле
против А или В антигенот. Според ова, единка со
крвна група АВ може да прима крв од било која друга
крвна група (претпочитајќи АВ), но може да дава крв
само на единки со крвна група АВ.
A- Единките го имаат само А антигенот на
мембраната на еритроцитите. Нивниот крвен серум
содржи IgM антитела кои дејствуваат (т.е. се борат)
против В антигенот. Според ова, единка со крвна група А може да прима крв само
од единки со крвна група А или О (претпочитајќи А), а може да дава крв само на
единки со крвна група А или АВ.

2
B- Единките го поседуваат В антигенот на мембраната на нивните еритроцити.
Нивниот крвен серум содржи IgM антитела против А антигенот. Според ова,
единка со крвна група В може да прима крв само од единки со крвна група В или О
(претпочитајќи В), а може да дава крв само на единки со крвна група В или АВ.
O- Единките ги немаат А и В антигените на мембраната на еритроцитите, но
нивниот крвен серум содржи IgM анти-А антитела и анти-В антитела кои
дејствуваат против А и В антигените. Според ова, единка со крвна група О може
да прима крв само од единки со крвна група О, а може да дава крв на сите
останати крвни групи (А, В, О или АВ).

Rh-фактор
Резус-факторот (или Rh-фактор) e антиген (белковина) кој се наоѓа на површината
на еритроцитите. Заедно со А и B антигените, тој ја сочинува главната шема која
се користи во класификацијата на крвта според нејзината нескладност за
трансфузија.
Секој од четирите крвни типови додатно
се класифицира според присуството на
друг белковина на површината на
еритроцитите кој укажува на Rh-
факторот. Повеќето луѓе (околу 85%) се
Rh позитивни. Меѓутоа, доколку жена која
е Rh негативна и маж кој е Rh позитивен
добијат бебе, постои опасност тоа бебе
да има здравствени проблеми. Бебето
кое расте во Rh негативната мајка може
да има Rh позитивна крв наследена од таткото. Приближно половина од децата
родени од Rh негативна мајка и Rh позитивен татко ќе бидат Rh позитивни.
Нескладноста во Rh обично не претставува проблем доколку мајката е за првпат
бремена, бидејќи, освен ако постои некое нарушување, крвта на фетусот во
нормални услови не влегува во мајчиниот крвоток во текот на бременоста.
Но, за време на породувањето, крвта на мајката и бебето можат да се измешаат.
Доколку ова се случи, телото на мајката го препознава Rh-белковината како туѓа
супстанца и може да започне да произведува антитела против Rh-белковините
вметнати во нејзината крв.
Други патишта на кои бремената жена може да биде изложена на Rh-белковината
и кои можат да предизвикаат производство на антитела се крвните трансфузии со
Rh позитивна крв, недоносеност и ектопична бременост.
Rh антителата се безопасни сè до втората или натамошна бременост на жената.
Доколку таа некогаш носи
друго Rh позитивно дете,

3
нејзините Rh антитела ќе ги препознаат Rh-белковините на површината на
бебешките крвни клетки како туѓи и ќе преминат во крвотокот на бебето, напаѓајќи
ги тие клетки. Ова може да доведе до појава на отоци и кршење на еритроцитите
на бебето. Хематокритот притоа може многу да се намали, состојба позната како
хемолитичка болест на новороденчето (Rh заболување или erythroblastosis fetalis).

Како се врши трансфузија?


Потребен материјал:
- Чисти ракавици
- Систем за трансфузија со филтер
- Соодветна крв за пациентот претходно чувана во стаклено шише или
пластична ќеса
- Поставена канила

Начин на изведба на манипулацијата:


- Најпрво се прави последна проверка на крвта пред истата да биде дадена
за трансфузија: се гледа датумот, интерреакција, крвна група по АВО-
систем, Rh- фактор, дали истата е негативна на крвно преносливи болести
на крајот се гледа дали има некои абнормални и атипични формации во
пакувањето
- Откако ќе се утврди дека крвта е валидна за трансфузија, истата се
припрема за манипулацијата, претходно оставена за се затопли на собна
температура или во водено купатило
- Потебниот материјал се носи кај пациентот кој треба да има трансфузија на
крв
- Повторно пред почетокот на манипулацијата се гледа температурната
листа за да бидеме сигурни дека сме кај точниот пациент. На
температурната или тераписката листа треба да пишува “Sanguis” заедно
со количината на крв која треба да се трансфундира (350-700 ml)
- По направените проверки го приклучуваме системот за трансфузија за
претходно поставената канила на пациентот. Канилата може да биде
поставена на: v. saphena magna, v. ceplalis или v. jugularis externa.
- На почетокот се пуштаат 20-30 капки во минута, притоа континуирано
набљудувајќи за ненадејна појава на одредени реакции (се прави
Олекова/биолошка проба)

4
- Доколку болниот не се жали на никакви болки или други компликации и
добро ја поднесува крвта, протокот на истата се егулира на 40-60 капки во
минута.
- За време на трансфузија не се даваат лекови од терапијата поради тоа што
постои можност истите да се поклопат со рекациите од крвта
- Пациентот треба да се набљудуа на секои 15 мин.
- По завршување на трансфузијата системот се трга од канилата и се
распрема материјалот: канилата се фрла во жолта кутија додека сè
останато во жолта ќеса.
Компликации од трансфузија
Рани компликации:
- Хемолитички реакции (непосредни и одложени)
- Нехемолитични фебрилни реакции
- Алергиски реакции на протеини, IgA
- Акутна повреда на белите дробови поврзана со трансфузија
- Реакции секундарни на бактериска контаминација
- Преоптоварување на циркулацијата
- Воздушна емболија
- Тромбофлебитис
- Хиперкалемија
- Токсичност на цитрати
- Хипотермија
- Абнормалности на згрутчување (по масивни трансфузии)

Доцни компликации:
- Пренос на инфекција
- Вирусен (хепатитис А, Б, Ц, ХИВ, ЦМВ)
- Бактериски (салмонела)
- Паразити (маларија, токсоплазма)
- Болест на графт против домаќин
- Преоптоварување со железо (по хронична трансфузија)
- Имунолошка сензибилизација (Резус Д антиген)

5
Олегова (биолошка проба)
Тоа е проба која се прави за време на изведувањето на трансфузија. За време на
правењето на пробата медицинската сестра не треба да ги напомене можните
реакции и нивните симптоми ос цел да избегне сугестибилност од пациентот.
Порбата се изведува со тоа што се следи состојбата на пациентот и можните
промени за време на истата.
Можни исходи од пробата:
1. Негативна проба – пациентот добро јаподнесува крвта на донаторот
2. Пирогена реакција – се манифестира со високо изразена треска, студ,
потење за време на или по трансфузијата кое може да тре половина до
еден час
3. Хемолитичка реакција – настанува хемолиза на еритроцити, која може да
биде: интраваскуларно (со циркулацијата) или екстраваскуларно (Во РЕС –
ретикуло еднотелниот систем). Се манифестира со треска, студ, болки во
лумбалниот предел како резултата на бубрежна капсуларна дистензија
4. Алергенска реакција – се манифестира со генерализиран осип и црвенило
(уртикарија) на телото, а може да биде проследено и со гушење и појава на
анафилактичен шок

You might also like