You are on page 1of 4

Стрептококции

Изработила: Ангела Блажевска III 1 мс


• Стрептококции претставуваат акутни инфективни бактериски заболувања. 
• Етиологија : Стрептококциите ги предизвикуваат бактерии од родот Стрептококус
(streptococus). Грам позитивни, аеробни и анаеробни, неподвижни, немаат капсула и
не создаваат спори. Имаат големина од 0,6-1μ, се култивираат на подлоги кои содржат
крвен серум или асцит. Најчесто се појавуваат здружени во форма на синџир.
Стрептококите излачуваат екстраклеточно разни токсини и ензими: еритроген токсин,
стрептолизин О и Ѕ, стрептокиназа А и В, фибринолизин, хијалуронидаза А, С и 6,
никотинамид - аделин - динуклеодитаза и други.

• Епидемиологија: Извор на зараза се болни лица од која


било стрептококција, реконвалесценти и клицносители. Се
пренесуваат аерокапковно или со индиректен контакт со контаминирани предмети и
храна. Начинот на ширење во човечкиот организам може да биде хематоген,
лимфоген, или per continuitatem. Влезна врата
се респираторната, дигестивната и урогениталната слузница или ледирана кожа.

• Патогенеза: По влегувањето и адапцијата се размножуваат на слузниците на влезната


врата, излачувајќи притоа ензими и токсини. Локално предизвикуваат воспалителни
процесипри кои доаѓа до некробиоза на ткивата и гноење. Ресорбираните токсини во
крвта доведуваат до токсични и токсоалергиски компликации во повеќе органи, а
особено на бубрезите, кардиоваскуларниот, остеоартикуларниот систем и ЦНС.
• Клинички манифестации: Стрептококциите се манифестираат на кожата,
слузниците и внатрешните органи. На кожата се во вид на имретиго, интертриго,
флегмона, еризипел, шарлах, целулитис, еритема нодозум, ревматска пурпура,
дисеминирана еруптивна пустулоза, ехтима и други, а на респираторниот тракт,
како тонзилитис, фарингитис, синузитис, мастоидитис, ринитис, бронхитис,
бронхопневмонии и други. Стрептококите можат да предизвикаат и менингитис,
ендокардитис и ревматска треска, на уринарниот тракт: циститис, уретритис,
пиелонефритис и гломерулонефритис, на дигестивниот: труења со храна,
апандицитис, улцерозен колитис и други. При навлегување на стрептококот во
крвта, настанува сепса.
• Дијагноза: Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката
слика, епидемиолошките податоци и лабораториските иследувања.
Идентификацијата се врши со култивирање и микроскопирање. Од серолошки
реакции се користат антистрептолизински (AST) и антихијалуронидаза тест со кои
се следи титарот на антитела во организмот кои настанале под дејство на
излачените ензими и токсини, а од кожните проби, Дикова проба и Шурц-
Шарлинтов тест, интрадермални проби и други. Хематолошки постои леукоитоза
со неутрофилија.
• Имунитет: По прележувањето на било која стрептококна инфекција во
организмот останува типски специфичен антитоксичен имунитет, што значи дека
луѓето може повеќе пати да боледуваат од стрептококции.
• Прогноза: Во денешнава ера на
антибиотерапија стрептококциите се
лесни инфективни заболувања и имаат
добра прогноза со ретки компликации.
• Терапија: Лекувањето е каузално со
пеницилин кој се ординира во дози од
800.000-1.600.000 ј.е. во траење од 7-10
дена, а поволни ефекти во превенцијата
на компликациите имаат депо
пеницилински препарати (extencillin) во
дози од 600.000-1.200.000
ј.е. Стрептококите осетливи се и на
цефалоспорини, линкомицин и
еритромицин. Во текот на лекувањето се
применуваат и симптоматски средства, а
во однос на негата спрема болните се
спроведува соодветен хигиенодиететски
режим. Се вмесуваат цинк, селен, Ц
витамин, цитруси, портокали итн.

You might also like