You are on page 1of 3

АГЛУТИНАЦИСКИ(СЛЕПУВАЧКИ) РЕАКЦИИ

Преципитација е појава слична со аглутинација, за да се формираше кај преципитација мрежеста


структура потребно беше да имаме оптимална концентрација на антитела и антигени,истите
принципи важат и кај аглутинација,но поентата е кога се формираат талозите се формираат и
различни компоненти.Аглутинација е процес на формирање на солидна маса нешто што може да се
види од партикули кои се наоѓаат во растворот односно од некои големи
молекули(еритроцити),додека кај преципитација беа мали молекули антигени.Преципитација е
процес на формира на нерастворлива солидна маса од јонски реакции со слаби хемиски врски.Кога
збориме за преципитација имавме ринг техника каде во епрувета се формираше прстен на
преципитација на средина на растворот додека кај аглутинација аглутинатот талогот се формира
долу на дното не на средина на раствор.Самиот збор аглутинација потекнува од зборови кои значат
слепување.Антителата кои правеа преципитација беа преципитини додека овде се аглутинини оние
антитела кои прават аглутинација.Мора да имаме некоја оптимална концентрација на антитела со
антигени со цел да се случи и аглутинација.Пример имаме партикули кои на нив имаат некои
антигени и што ке се случи ако имаме премногу антитела за овие антигени во тој случај секое
антитело ке се врзе со едниот крај само на дадениот антиген и сите епитопи ке бидат пополнети ке
неможе да се донесе една партикула (еритроцит) да се слепи со другиот еритроцит и поради тоа ке
нема аглутинација и ако почнеме да го разредуваме растворот на антитела се додека не псотигнеме
конц на антитела каде што ке биде оптимална за да може да се направи мрежеста структура во тој
случај ке имаме аглутинација,исто неможе да имаме премалку антитела пак нема да е доволно за да
се случи аглутинација.Треба оптимален сооднос на антигени на еритроцитите со антителата.Исто
битно е антителата да се поливалентни да имаат 2 антиген врзувачки места со цел да може да слепи
една партикула со друга.Серумот кој се користи да е релативно моноклонски треба,ако е
поликлонски ке си пречат едни на други антителата нема да биде ефикасно формирањето на ваква
мрежеста структура нема да има аглутинација.Битно е да имаме моноклонси антисерум со антитела
кога сакаме да извршиме аглутинација.Некои антитела иако се поливалентни иако ставаме
моноклонски антисерум повторно не би можеле да извршат аглутинација и тие антитела кои не би
можеле да извршат аглутинација се всушност=нецелосни антитела,не дека им фали нешто
едноставно тие се некои антитела каде зглобниот регион можеби не име убаво формиран или пак
се антитела кои имаат тежок синџир кои немаат ваков зглобен регион а ако немаат зглобен регион
потешко му е на антитело односно на двете антиген врзувачки места да се движат бидејки знаеме
дека е битен зглобен регион за да имаме движење со цел да може да се врзат два антигени кои
можеби се на поразлична позиција.Тие антитела кои немаат ваков зглобен регион потешко им е да
извршат аглутинација поради тоа што им фали зглобен регион нема движење на антиген врзувачки
места.Аглутинацијата ке зависи и од други фактори од пх на средина од температура на средина од
други хемиски соединија во растворот од време на аглутинација ако ги оставиме подолго можеби и
ке се случи аглутинација.Зависи од многу фактори каде во најголем дел од тие фактори ние може да
влијаеме.

Како се користи за одредување крвни групи ова?

Имаме крвни групи А ,Б ,АБ, НУЛТА,оној кој е А крвна група има антитела за Б антиген ,оној кој е Б
крвна група има антитела за А антиген,оној кој е АБ крвна група нема антитела а оној кој е НУЛТА
има и А и Б антитела.Со ова може да одредиме крвна група така што го земаме серумот од некој
пациент незнаеме која крвна група е и капнуваме во плоча која ке има 4 дупки каде ке ставиме крв
во сите од пациенти со А,Б,АБ и НУЛТА крвна група стандарди.Ке капнеме во сите од серумот на
нашиот пациент и кај Б и АБ имало аглутинација,која крвна група е сега пациентот?Одговорот е е
крвна група А бидејки тоа значи дека имал антитела за Б крвна група кои се врзале за епитоп кај Б и
за епитоп кај АБ а кај А не се врзале и кај НУЛТА не се врзале затоа во А и во НУЛТА немаме
аглутинација но зошто не е нулта?Ако беше нулта во тој случај ке ги имавме антителата за А антиген
и за Б антиген во серумот тоа значи ке имавме аглутинација и во А затоа бидејки имаме само во Б и
АБ тоа значи дека крвна група на пациентот е А е сега нормално треба да се погоди пх температура
колкав волумен се става но овде е стандардизирано се знае точно колкав волумен се става од
пробите 10мл и се зема 1 мл од серум и се меша во тој сооднос пример бројки. Иссто може на
плоча со 2 отвори ке капнеме крв од пациентот и врз нејзе ке капнеме спремне антисерум одреден
во првото од антисерум А а во второто од антисерум Б ,ако има аглутинација само спрема
антисерумА во антисерумБ нема аглутинација тоа значи дека е крвна група А.Ако има аглутинација
во двете значи дека е крвна група АБ а ако нема во ниту една значи е НУЛТА крвна
група.Концентрацијата на антитела била доволна оптимална во првите 3 петриевки со цел да се
предизвика аглутинација а понатамошни разредувања ради недоволно антитела не предизвикале
аглутинација.

Методите со еритроцити може да се користат и за одредување дали антитела на мајка можеби ке


нападнат еритроцити на фетусот?Пример ако се земат еритроцити од фетус и антитела на мајка ги
нападнале ке има антитела од мајка кои ке се залепени за еритроцитите на фетусот.Е сега како ке
воочиме дека тоа се случило,се додаваат едноставно на еритроцити од фетус античовечки антитела
или antihuman immunoglobulin и овие антитела се врзуваат за краевите на хуманите антитела и ке
направат комплексот да аглутинира и ако тоа се случи значи дека имало антитела од мајка кои се
врзале за еритроцити на фетус .И може да се тестира дали ке има антитела ако бебето е Rh+,ако се
земе серум од мајка а татко е Rh + и тоа не го знаат ,се зема серум од мајка кој содржи антитела и се
тестира врз примерок за кој се знае дека на него има D антигени кои се однесуваат на Rh+ ако се
случи аглутинација тоа значи дека мајката има антитела кои врзуваат D антигени односно врзуваат
Rh+ ако таа мајка има дете со Rh+ маж тоа значи дека дете ако биде Rh+ мајката ке има антитела кои
ке го напаѓаат фетусот затоа треба да се земе терапија со цел да се спречи.Ова е проблем при втора
бременост кога веќе ке има спремни антитела.

Како овие реакции може да искористат за да се одреди колку е напредната одредена инфекција од
бактерија или пак од која бактерија е инфекцијата.Пример ако земеме плоча со бунарчиња каде ке
ставиме иста количина на антиген од одредена бактерија и секаде ке ставиме иста количинапример
100 бактерии,за која знаеме дека е присутна во организам.Сакаме да видиме до кое ниво е стигната
инфекцијата а тоа ке го одредиме според тоа колку антитела има во серум на пациентот,ако има
многу значи инфекцијата долго време постоела и се акумулирале многу антитела.Ако имаме малце
антитела во серум на пациентот тоа значи е релативно нова инфекцијата.Ако знаеме за 100 бактерии
да аглутинираат потребни се 500 антитела и 100 антигени(бактерии).Ние знаеме дека во секое
бунарче имаме 100 бактерии,антигени.Земаме епрувета каде е извршено центрифугирање долу се
еритроцитите горе е серумот ,го земаме серумот и вршиме серија на разредување во прво ставаме 1
полн волумен во наредниот ставаме пола од тоа па 4ина па 8мина па 1/640 или 1/50 000 огромни
разредувања,значи ви што поразреден серум ке се случи аглутинација значи дека е понапредна
инфекција,Ако при 1 немаме аглутинација и стигаме до 1/640 поразреден од почеток и тука имаме
агллутинирање бактерии ке аглутинираат со антителата на дното тоа значи дека од волумен кој сме
го земале ние сме требале да го разредиме 640 пати со цел да стигнеме до овие 500 антитела,тоа
значи дека во почетниот кога не сме го разредиле сме имале 500х640,ако во првото се случеше
аглутинација тоа значи дека во еден волумен имаме само 500 антитела тоа значи има малце така
што и во мал волумен ке се случи аглутинација додека кај 1/640 треба многу да го разредиме со цел
да се случи аглутинација.На сличен принцип може да одредиме која бактерија зивршила
инфекција,истоо на табла со бунарчиња ставаме од крв на пациент и ставаме исто количество во
сите и имаме готови шишенца со антисеруми со разни антитела веќе подготвени ставаме од сите
различно онаму каде што ке настане аглутинација тоа значи дека пациент има од бактерии чии
антигени реагираат со соодветни антитела готови кои сме ги додале.На овие аглутинациски реакции
може да се базираат одредени тестови коишто служат за одредување одредени нелегални
супстанци например нелегални дроги,стероиди и т.н.Пример имаме сад во кој имаме урина од
некоја личност и сакаме да одредиме дали во негова урина има одредени нелегални хемиски
супстанци и сад со урина во која нема такви супстанци.Ние знаеме која супстанца сакаме да ја
тестираме пример супстанца А и ке ставиме антиА антитела веќе готови во двата сада.Овие анти А
антитела ке ги оставиме еден вечер смесата да се инкубира и ке се врзат за соодветна супстанца кај
што е присутна а кај што ја нема ке останат антителата слободни во растворот.По некое време 24
часа ги земаме садовите и во нив додаваме латекс молекули на која имаме ставено нелегална
супстанца ставено која ја бараме,и таа латекс молекула е носач на која ставаме антигени или
нелегална супстанца ги ставаме во растворите.Во растворот во кој е присутна нелегална супстанца
нема да се случи ништо а онаму кај што ја нема нелегална супстанца тие латекс молекули со
антигени на површина ке се врзат со антителата кои ги ставивме денот пред тоа и ке имаме
аглутинација,и тоа ни кажува ако имаме аглутинација немало забранета супстанца во урина.Ако не
се случи ништо значи дека имало некоја супстанца и всушност отсуството на аглутинација поради
тоа што нема аглутинација ни кажува позитивен резултат.Освен што се третираат нелегални
супстанци ова исто се користи кога сакаме да видиме дали е бремена жена или не и ке се базира на
овој метод.Кај жена која е бремена и небремена имаме урини 2 кај онаа која е бремена ке има
многу од хуман хорионски гонадотропин додека кај небремена ке го нема и едноставно ке ставиме
пак одредени антитела кои се врзуваат со овој хормон и кога ке помине време одредено во садот кај
бремена жена антитела ке се врзат со хормонот додека кај небремена ке останат слободни
антителата бидејки нема за што да се врзат и ке додадеме една латекс молекула врз која ке ги
прикачиме антигените ке ги додадеме во двата сада и кај оној сад со урина од небремена жена ке
имаме аглутинација латекс честички ке се залепат со антитела кои останале слободни,а кај садот со
урина од бремена жена нема ништо да се случи,и ова е повторно исто но може да се користи за
многу работи.

You might also like