You are on page 1of 3

ПРАКТИЧНА НАСТАВА ПО

МИКРОБИОЛОГИЈА СО ИМУНОЛОГИЈА
Вежба бр. 6
СЕРОЛОШКИ И МОЛЕКУЛАРНИ ТЕХНИКИ ВО
МИКРОБИОЛОГИЈАТА

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА СТУДЕНТОТ Марина Ѓорговска


Број на индекс 0146/19

Проверка на знаење

1. Што користат имунолошките тестови?


- Имунолошките тестови користата нтиген за откривање на антитела на патоген или
користат антитела за откривање на антиген на патогенот во примероци од
пациентот.

2. Што претставува титар на антитела?


- Висина ( концентрација ) на антитела во тестираниот примерок (серум,
ликвор).
3. Што е сероконверзија?
- Одговор на организмот на настанатата инфекција со создавање на специфични
антитела.

4. Што означува титар 32?


- Титар 32 означува дека аглутинацијата се случила во раствор разреден до
1/32 од почетната концентрација.

5. Што може да се одреди со тестовите за аглутинација?


- Тестовите на аглутинација се помалку сензитивни од другите методи.Тие, исто
така, може да ги одредат серотиповите на некои бактерии.

6. Зошто се користи тестот врзување на комплемент?


- Овој тест го мери врзувањето на микробниот антиген кој реагира со антитело со
комплемент во серум или цереброспинална течност.

1
7. Кои се примери за ензимски имунотестови?
- Примери за тоа се тестовите ЕИА (enzymeimmunoassay-ензимско имуно
одредување) и ЕЛИСА (enzyme- linked immunosorbent assay – ензим -врзано
имуносорбентно одредување).

8. Зошто се користи Western blot test?


- Овој тест ги открива антимикробните антитела во примерокот на пациентот (на
пример, серум , други телесни течности) од нивната реакција со цел-антигени (на
пример, вирусни компоненти),кои се имобилизирани на мембрана со капнување.

9. Кои се поважни параметри за серолошките тестови?


- Осетливост и специфичност.

10. Кои параметри треба да се земат во предвид при избор на дијагностички тест?
- Добивките од брз тест.
- Дали тестот е лесен за изведување.
- Цената на тестот.

11. Што претставува „златен стандард?”


- Стандардот со кој се мери вредноста на другите тестови се нарекува златен
стандард.

12. Кои се предности ма молекуларните техники кои се користат во микробиолошките


лаборатории?
- 1.Брза и сигурна детекција на микроорганизмите, особено некултивабилните или
кои тешко и бавно се култивираат.
- 2.Дијагностицирање на делумно третирани инфекции.
- 3.Следење на текот на зболувањето преку мониторирање на количеството на
патогениот агенс во крвта и ликвор на пациентот.
- 4.Испитување на степенот на патогеноста на причинителите на заболувањата
преку детектирање на соодветните патогени на вируленција.
- 5.Испитување на резистенцијата на микроорганизмите кон одредени антимикробни
средства.
- 6. Молекуларна типизација на микроорганизмите во епидемиолошки цели преку
анализирање на нивните геноми.

13. На кој прицип работи Полимеразна верижна реакција?


- Принцип на полимеразна верижна реакција (ПВР) е амплификација на една
единствена копија од целниот ДНК-фрагмент во експоненцијално голема
количина на соодветниот продукт, во тек на 25 до 40 циклуси.

2
Датум, Асистент/Професор,
_____________________ ___________________________

You might also like